Контакт

Бизарно

Се обидела да го убие сопругот поради невозвратен подарок

Објавено пред

Јапонската полиција уапси во понеделникот 43-годишна жена под сомневање дека се обидела да го убие сопругот откако тој не возвратил на нејзиниот подарок за Денот на вљубените со соодветен дар.

dobivaj vesti na viber

Жената од Сакаи во западната јапонска префектура Осака е уапсена во нејзиниот дом по повикот за помош од нејзиниот 12 години помлад сопруг, пренесува новинската агенција Kyodo, повикувајќи се на извори од истрагата. „Тој не ми возврати на подарокот за Денот на вљубените. Бев бесна…“, рекла жената име именувана во извештајот како Нишијама.

Полицијата дошла на повикот малку по полноќ токму во моментот кога гневната жена го давела мажот со вратоврска. Мажот притоа се здобил со полесни повреди.

„Вистина е дека му ја ставив вратоврската на вратот :Но немав намера да го убијам“, изјавила жената во полицијата, чиј претставник изјавил дека сепак е уапсена под сомнение за обид за убиство.

Појаснила дека била „вознемирена“ од тоа што сопругот не и’ купил подарок за ткн „Бел ден“ кој се паѓа на 14-ти март, кога во Јапонија сопрузите им возвраќаат на жените на подарокот кој овие им го купуваат еден месец порано, на Денот на вљубените./крај/мф/сн

Извор: Kyodo News‎



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа

Објавено пред

Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.

dobivaj vesti na viber

Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.

Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр

Објавено пред

На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.

dobivaj vesti na viber

Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.

Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.

Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.

Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.

Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.

Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.

Прикажи повеќе...

Бизарно

УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена

Објавено пред

Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!

dobivaj vesti na viber

Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.

Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

МВР со апел до граѓаните: Внимавајте на лажни е-пораки – фишинг линкови, се злоупотребуваат имињата на повеќе македонски компании

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатираше зачестена појава на така...

Европа2 часа

Со какви санкции му се заканува ЕУ на Путин?

Главните европски сојузници на Украина ја повикаа Русија на безусловно 30-дневно примирје и се заканија со нови санкции, според заедничкото...

Македонија3 часа

Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот е во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци. Поради незгодата од 07:30...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: ЕУ игра повалкано од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно ја нападна Европската Унија, велејќи дека е полоша од Кина во многу аспекти, само...

Свет4 часа

Кинескиот претседател по договорот со Трамп: Малтретирањето води до самоизолација

Кинескиот лидер Кси Џинпинг ги осуди малтретирањето и хегемонијата во своето прво јавно појавување откако САД и Кина постигнаа привремен...

Македонија4 часа

Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое...

Свет4 часа

(Видео) Трогателна средба: Еден Александар го прегрнува своето семејство откако е ослободен од Хамас

Израелско-американскиот заложник Еден Александар се врати на своето семејство во Израел, откако помина 19 месеци во заробеништво на Хамас во...

Европа4 часа

Ултиматумот на Европската Унија до Путин и Русија истече

Украина и европските лидери се согласија на безусловно примирје во траење од 30 дена, почнувајќи од 12 мај, со поддршка...

Македонија13 часа

Одиме во опозиција, доколку има сомнежи во тие што се во Владата, нема што да бараме таму, соопшти Таравари

Минатата година со гордост ја донесовме промената во албанскиот блок после 20 години и за тоа сме многу гроди, изјави...

Свет15 часа

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе отпатува во Истанбул на мировни преговори и дека е подготвен да се сретне...

Свет16 часа

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Зapaдната стратегија насочена кон уништување на Русија не успеа, санкциите не ја постигнаа својата цел, а Русија ја спречи Украина...

Македонија22 часа

Левицата предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот, знамето и химната: МВР реагира за сквернавење, но не влегува во канцеларии

Партијата Левица оваа недела ќе поднесе предлог-закон за формирање инспекторат за употреба на грбот, знамето и химната на државата, како...

Македонија23 часа

Мицкоски: Државата беше во слободно паѓање, ни требаше стабилизација во оваа прва година

Премиерот, Христијан Мицкоски, на денешниот Самит 2025 во организација на „Македонија 2025“ истакна дека првиот ден од стапување на функцијата...

Економија23 часа

Се зголемуваат цените на бензините, се намалува на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

„ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции...

Свет1 ден

Масовни апсења деца во Европа, планирале терористички напади врз концертни сали и верски објекти

Вештачката интелигенција, колку и да е корисна, е сè повеќе фактор во радикализацијата на младите луѓе, што го покажуваат случаите...

Свет1 ден

САД и Кина постигнаа договор

САД И Кина се согласија за значително намалување на царините за стоките меѓусебно за период од 90 дена, по разговорите...

Македонија1 ден

Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата не може да биде под минималната во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест. „Полициската...

Европа1 ден

Захарова: Русија и Кина се борат да го зачуваат историското сеќавање на Втората светска војна

Русија и Кина се борат да го зачуваат историското сеќавање на херојските дела на своите народи во Втората светска војна,...

Свет1 ден

Трамп: На корумпираните демократи им пречи бесплатниот авион

Владата на американскиот претседател Доналд Трамп има намера да прифати авион „Боинг 747-8“ како подарок од катарското кралско семејство, кој...