Контакт

Бизарно

Сибирски тигар уби жена во Зоолошка

Објавено пред

Една жена смртно настрада, додека друга е тешко повредена во напад на сибирски тигри, што се случил во моментот кога излегле од сафари автомобил во Зоолошката градина во Пекинг, откако претходно се скарале.

Настанот се случил во саботата, кога жената заради кавга излегла од автомобилот во паркот за диви животни Бадалинг, по што била нападната од тигар. Втората жена излегла да и помогне, кога врз неа скокнал друг тигар.Во автомобилот имало уште еден маж и дете, но тие останале неповредени.Повредената жена е хоспитализирана.На посетителите им е дозволено да ги возат сопствените возила низ паркот на диви животни, но им е забрането да ги напуштаат во одредени делови.Од зоолошката одбија да го коментираат инцидентот, но соопштија дека паркот е затворен на два дена бидејќи се прогнозирани поројни дождови. /крај/он/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Во пратка со кафе адресирана до филмски лик италијанската полиција пронашла кокаин

Објавено пред

Италијанската полиција пронајде 130 грама кокаин скриен во повеќе од 500 зрна кафе во пакет испратен од Колумбија.

Полицијата на аеродромот „Малпенса“ во Милано соопшти дека го открила кокаинот кога на тој аеродром пристигнал сомнителен пакет адресиран до Сантинo Дантониo, а тоа е името на мафијашкиот бос од вториот дел од филмот „Џон Вик“, јави Би-би-си.

Полицијата дозволила пратката да стигне до својата крајна дестинација – Фиренца, а потоа бил уапсен 50-годишен маж, кој дошол да го собере пакетот.

Прикажи повеќе...

Бизарно

„Фолксваген“ се извини поради расистичка реклама за новиот „голф“

Објавено пред

Управниот одбор на „Фолксваген“ денеска се извини за расистичката реклама објавена на инстаграм-профилот на компанијата, која се однесува на новиот модел „голф 8“.

Од компанијата велат дека контроверзното видео било објавено поради недостиг на сензибилитет за културната различност, а не поради расистички намери.

„Можеме да кажеме дека расистичките намери немаат никаква улога во објавувањето на ова видео. Откривме недостиг на сензибилитет и процедурални грешки“, рече Хилтруд Вернер, член на Управниот одбор на „Фолксваген“, надлежен за правни работи.

„Исто така, во име на одборот, сакам официјално да се извинам до луѓето кои се повредени поради недостигот на меѓукултурна чувствителност во овој случај“, додаде Вернер.

На видеото се гледа црнец кој стои покрај новиот модел на „голф“ и поместуван од џиновска бeла рака која во еден момент го турка во влез на зграда со натпис „Петит Колон“.

„Петит Колон“ е вистинско кафуле во Буенос Аирес, сместено во близина на театарот „Театро Колон“. На француски јазик, тоа значи „мал доселеник“ што има колонијални конотации.

„Фолксваген“ и претходно имаше слични гафови.

Во март минатата година, надзорниот одбор го осуди потегот на тогашниот извршен директор на „Фолксваген“, Херберт Дис, кој рече дека „EBIT (профитот пред камата и даноци) macht frei“.

„Arbeit macht frei“ (Работата ослободува) е натпис кој стоел над вратата на концентрацискиот логор Аушвиц.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Холивудски ѕвезди кои се откажале од своите деца

Објавено пред

Холивудскиот актер Ентони Хопкинс ја шокираше јавноста кога објави дека цели дваесет години не разговара со својата ќерка Абигејл ниту пак знае дали има внуци.

Тој не е единствена личност во светот на познатите која има семејни проблеми.

Од своите деца се откажа и Том Џонс, како и актерот Лоренс Фишбурн.

Синот на Том Џонс, Џонатан Беркериј, денес живее како бездомник, а неговиот татко никогаш не пројавил желба да го види.

„Не ги сакам неговите пари, туку сакам само да се запознаеме“, рече несреќното момче.

И легендарниот Лоренс Фишбурн се откажа од својата ќерка, бидејќи снимаше филм за возрасни пред цели десет години очекувајќи дека и таа ќе стане славна како својот татко. Меѓутоа, таа не ја дочека славата поради малата гледаност на филмот.

Заработката била само 60.000 долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

(Видео) Демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут

Демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут, извикувајќи пароли против владата, пренесуваат светските медиуми. Претходно денеска...

Свет7 часа

Британските медицински работници на протест, бараат повисоки плати

Mедицинските работници во Велика Британија се собраа да протестираат во неколку градови, барајќи од владата повисоки плати за нивната макотрпна...

Македонија7 часа

Нови 200 заболени и четворица починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на...

Свет9 часа

(Видео) Португалски канадер се урна во близина на шпанската граница, има и жртви

Португалски канадер за гаснење пожар се урна денеска близу шпанската граница и според информациите од медиумите, најмалку едно лице го...

Свет10 часа

Документ на британската влада: Карантинот предизвикал смрт на илјадници луѓе

Карантинот убил илјадници луѓе кои не можеле да дојдат до медицинска помош или кои избегнувале да одат во здравствени установи...

Македонија10 часа

МЗ: Во Геријатриската болница се преземени сите мерки по појавата на позитивни случаи

Министерството за здравство реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека новите случаи на коронавирус во Геријатриската болница во Скопје го демантираат...

Свет11 час

Почина сопругата на амбасадорот на Холандија која беше повредена во експлозијата во Бејрут

Сопругата на холандскиот амбасадор во Либан почина денеска од повредите со кои се здоби во експлозијата што се случи во...

Регион12 часа

Косовскиот политичар Беџет Пацоли пријавил имот вреден стотици милиони евра

Поранешниот претседател на Косово и лидер на Алијанса за ново Косово, Беџет Пацоли, пријавил во Агенцијата за борба против корупцијата...

Македонија12 часа

Медицински техничар од Шведска еден месец ќе помага на Инфективната клиника

Ханс Јорген Михаел Селберг е медицински техничар од Шведска којшто пристигна во нашата држава на 4 август преку европскиот механизам...

Македонија14 часа

Во Скопје се роди бебе во „водена обвивка“ – редок феномен што се случува еднаш во 80 илјади породувања

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, наделава се случи несекојдневно породување. Станува збор за медицинско чудо и редок феномен...

Топ14 часа

Жени од Македонија, Албанија и Косово пронајдени во угостителски објект, сопственикот осомничен за трговија со луѓе

Десет женски лица од Македонија, Албанија и Косово биле пронајдени во угостителски објект во село Добридол, Гостивар. Сопственикот на објектот...

Македонија15 часа

Казнети 378 лица за неносење маска

Полицијата казнила 378 лица за неносење заштитна маска во текот на изминатиот ден. „Во текот на изминатото деноноќие (07/08.08.2020 година)...

Свет15 часа

Во последните 24 часа во светот над 270.000 нови случаи на коронавирус

Во светот во последните 24 часа се регистрирани вкупно 278.291 нови случаи на коронавирус, а починале 6.815 лица, објави Светската...

Свет16 часа

Рекорден број нови случаи на коронавирус во Јапонија

Во Јапонија во изминатите 24 часа се потврдени најголем број случаи на дневно ниво од почетокот на епидемијата на коронавирус....

Македонија16 часа

Деветнаесет години од нападот кај Карпалак во кој беа убиени 10 војници

Денеска се одбележуваат деветнаесет години од нападот врз конвојот на АРМ во кој беа убиени десет воени резервисти кај месноста...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 16 лица загинаа, а 123 се повредени во авионот кој се преполови во Индија

Најмалку 16 лица загинаа, а 123 повредени во авионската несреќа на „Ер Индија експрес“ што излета од пистата и се...

Свет1 ден

Седумгодишно момче почина од вирусот во САД – немало други болести

Седумгодишно момче кое почина од Ковид-19 е најмладата личност којашто го загибила животот од од оваа болест во американската држава...

Свет1 ден

Сè повеќе млади луѓе умираат од Ковид-19, кои се причините за тоа?

Високиот крвен притисок, дијабетес, дебелина и возраст се покажаа како најчести причини зошто некои пациенти не го преживуваат Ковид-19. Станува...

Свет1 ден

(Видео) Авион со 190 патници излета од писта во Индија и се преполови

Авион на „Ер Индија експрес“ со 191 патник од Дубаи се излизга од пистата и се преполови на аеродромот „Кожикоде“...

Топ1 ден

Велешанец исчезна во водите на Вардар при обид да спаси екипа на ЕВН

Полицијата трага по маж од Велешко кој со трактор се обидел да извлече возило на ЕВН, но бил повлечен од...

Досие