Контакт

Бизарно

Српски турист на автопат во хрватска налетал на мечка

Објавено пред

Еден српски државјанин со своето патничко возило налетал на мечка на автопатот Ријека-Загреб, јавија хрватските медиуми.

 

 

Инцидентот се случил кај местото Врбовско во Горски Котар, ноќта помеѓу понеделникот и вторникот.

 

Како што соопшти хрватската полиција, патничко возило дачиа логан управувано од 38-годишен српски државјанин удрило во мечка. Во сударот загинала мечката, додека нема повредени во возилото.

 

Материјалната штета се проценува на околу 675 евра. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

„Фолксваген“ се извини поради расистичка реклама за новиот „голф“

Објавено пред

Управниот одбор на „Фолксваген“ денеска се извини за расистичката реклама објавена на инстаграм-профилот на компанијата, која се однесува на новиот модел „голф 8“.

Од компанијата велат дека контроверзното видео било објавено поради недостиг на сензибилитет за културната различност, а не поради расистички намери.

„Можеме да кажеме дека расистичките намери немаат никаква улога во објавувањето на ова видео. Откривме недостиг на сензибилитет и процедурални грешки“, рече Хилтруд Вернер, член на Управниот одбор на „Фолксваген“, надлежен за правни работи.

„Исто така, во име на одборот, сакам официјално да се извинам до луѓето кои се повредени поради недостигот на меѓукултурна чувствителност во овој случај“, додаде Вернер.

На видеото се гледа црнец кој стои покрај новиот модел на „голф“ и поместуван од џиновска бeла рака која во еден момент го турка во влез на зграда со натпис „Петит Колон“.

„Петит Колон“ е вистинско кафуле во Буенос Аирес, сместено во близина на театарот „Театро Колон“. На француски јазик, тоа значи „мал доселеник“ што има колонијални конотации.

„Фолксваген“ и претходно имаше слични гафови.

Во март минатата година, надзорниот одбор го осуди потегот на тогашниот извршен директор на „Фолксваген“, Херберт Дис, кој рече дека „EBIT (профитот пред камата и даноци) macht frei“.

„Arbeit macht frei“ (Работата ослободува) е натпис кој стоел над вратата на концентрацискиот логор Аушвиц.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Холивудски ѕвезди кои се откажале од своите деца

Објавено пред

Холивудскиот актер Ентони Хопкинс ја шокираше јавноста кога објави дека цели дваесет години не разговара со својата ќерка Абигејл ниту пак знае дали има внуци.

Тој не е единствена личност во светот на познатите која има семејни проблеми.

Од своите деца се откажа и Том Џонс, како и актерот Лоренс Фишбурн.

Синот на Том Џонс, Џонатан Беркериј, денес живее како бездомник, а неговиот татко никогаш не пројавил желба да го види.

„Не ги сакам неговите пари, туку сакам само да се запознаеме“, рече несреќното момче.

И легендарниот Лоренс Фишбурн се откажа од својата ќерка, бидејќи снимаше филм за возрасни пред цели десет години очекувајќи дека и таа ќе стане славна како својот татко. Меѓутоа, таа не ја дочека славата поради малата гледаност на филмот.

Заработката била само 60.000 долари.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Украинските власти ги ставаат на аукција милениците на луѓето со долгови кон државата

Објавено пред

Расни кучиња запленети во Украина врз основа на судска наредба поради долговите на нивните сопственици, ќе бидат продадени на аукција преку интернет, што предизвика бројни критики во јавноста.

Многумина првично мислеле дека аукцијата на државната интернет-страница за продажба на запленета стока е шега, но кога на аукција се понудиле две кучиња, се покажало дека во прашање се вистински миленици, пишува Би-би-си, а пренесе хрватски „Индекс“.

Опозицискиот пратеник Михајло Волинец објави фотографии од двете кучиња, со порака дека властите ги користат истите како уцена за наплаќање на долговите. Почетната цена за овчарско куче била 44 евра, а за другото била многу пониска сума.

„Навистина мора да ги одземеме милениците од сопствениците“, изјавил украинскиот министер за правда, Денис Маљушка. „Иако беа однесени поради долгови на нивните поранешни сопственици, често се докажува дека ова е најдоброто решение за нив, затоа што во вакви случаи финансиски немоќните газди многу лошо постапуваат кон своите миленици“, рекол тој.

Животот е многу скап за многу Украинци, а во последните години пензионерите имаат проблем со остриот пораст на цената на гасот. Претходно годинава, член на владејачката партија на претседателот Володимир Зеленски се извини откако јавно советувал пензионерка, кој едвај врзувала крај со крај, да го продаде своето куче.

Ресорниот министер исто така се правдал дека запленетите миленици често се откупуваат од страна на сопствениците или нивните роднини и тоа за симболична сума.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Заев: САД се нашиот најголем партнер во градењето на стабилна, демократска држава

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, испрати честитка по повод 4 јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави. Во честитката...

Свет2 часа

Осумгодишно момче убиено во пукање во САД

Осумгодишно момче загина, а тројца други се повредени во пукање во трговски центар во Алабама, објави АП. Полицијата сè уште...

Свет2 часа

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет3 часа

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет3 часа

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет3 часа

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион14 часа

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет15 часа

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет16 часа

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ19 часа

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија20 часа

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа21 час

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија22 часа

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ22 часа

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет23 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија23 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет1 ден

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија1 ден

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија1 ден

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион1 ден

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Досие