Бизарно
Заборавил да ја подигне добивката од 1,3 млн евра

Среќникот кој на 20-ти јуни ги погоди сите шест бројки во играта „лотико“ на словенечката државна лотарија, до рокот кој истече во четвртокот не ја подигна својата добивка во износ од 1,3 милиони евра, па оваа сума според правилата ќе биде вратен во наградниот фонд, објави во петокот Лотарија на Словенија.
Среќникот кој на 20-ти јуни ги погоди сите шест бројки во играта „лотико“ на словенечката државна лотарија, до рокот кој истече во четвртокот не ја подигна својата добивка во износ од 1,3 милиони евра, па оваа сума според правилата ќе биде вратен во наградниот фонд, објави во петокот Лотарија на Словенија.
Ова е првпат, барем во Словенија, некој да на ја подигне добивката, особено во толкав износ, истакнуваат од словенечката лотарија.
Не е јасно дали добитното ливче кое непознатото лице го уплатило во една пошта во главниот град Љубљана е загубено или среќникот кој се претвори од четвртокот во голем несреќник, воопшто го погледнал по извлекувањето, па заборавил на целата работа и покрај тоа што лотаријата на Словенија повеќепати преку медиуми предупредуваше дека истекува рокот за подигнување на добивката./крај/мф/сн
Извор: STA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно
Се бара милионер на лото, не си ја подигнал наградата две и пол години

Германската лотарија бара добитник од милион евра на лото, кој две и пол години не ја подигнал добивката, а правото на тоа му истекува за половина година.
Сопственикот на добитниот тикет е од провинцијата Саксонија-Анхалт, од регионот Мансфелд-Хетштад, кој на крајот на 2019 година освоил милион евра.
„ Сè уште има време да се пријави до 31 декември до 23:59 часот“, вели директорот на Лотаријата, Штефан Еберт.
Инаку, сопственикот на тикетот ги уплатил комбинациите за две лото извлекувања „6 од 49“ на 28.11.2019 година. Два дена подоцна ги добил првите добивки, една двојка со „супер број“ и една недела подоцна една тројка.
На 7.12.2019 година во една од филијалите на лотаријата му била исплатена добивка од 17,3 евра за двете добитни комбинации.
За вонредно извлекување добил заменско ливче, кое ја содржело добитната комбинација од ждрепката на 9 декември 2019 година кога освоил милион евра.
„ Ова би било првпат во историјата на Лотото во Саксонија-Анхалт да не се бара награда од толкава сума“, објаснува Еберт.
Доколку не се јави добитникот, неподигнатите пари ќе бидат вратени во наградниот фонд на следното вонредно извлекување.
Бизарно
Го тужат синот затоа што сè уште немаат внук, бараат отштета од 650.000 долари

Брачен пар од Индија решил да го тужи синот, кој сè уште не планирал да има бебе по шест години брак, а бара отштета бидејќи целата своја заштеда ја потрошиле на синот и на својот брак.
Тие бараат нивниот син и неговата сопруга или да им дадат внук во рок од една година или да им дадат речиси 650.000 долари.
Сањев и Садана Прасад велат дека ги потрошиле своите заштеди за да го подигнат и едуцираат синот пилот и да организираат раскошна свадба. Сега сакаат сето тоа да си го наплатат.
„Мојот син е во брак шест години, но сè уште не планира бебе“, навеле родителите во поднесокот до судот во Харидвар, каде што уште стои: „ Да имавме внук со кој би можеле да поминуваме време, нашата болка би била поднослива“.
Надоместокот што тие го бараат ги вклучува трошоците за свадбен дочек во хотел со пет ѕвезди, луксузен автомобил вреден 80.000 долари и плаќање меден месец за младенците во странство. Родителите издвоиле и 65.000 долари за нивниот син да се обучи за пилот во САД, па се вратил во Индија – невработен.
„Моравме да земеме кредит за да си ја изградиме куќата и сега поминуваме низ многу финансиски тешкотии. А психички сме доста во неволја, живееме сами“, велат родителите.
Индија, инаку, има силен традиционален семеен систем, кој вклучува соживот на неколку генерации, кои често живеат во исто домаќинство.
Сепак, во последните години трендот се промени, така што младите парови претпочитаат да ги напуштат родителите или браќата и сестрите, а жените – како во овој случај – одлучуваат да работат наместо да се фокусираат на раѓање деца и останување дома.
Бизарно
Уличен уметник ги црта најлошите портрети на минувачи за само три долари

Уличен уметник во Њујорк, се одлучи на необичен потег. Тој црта „најлоши портрети“ кои чинат само 3 долари, а своите дела ги објавува на својот Инстаграм профил со наслов „многу лоши портрети“ (really_bad_portraits). И, се разбира, тој е многу популарен, а луѓето едноставно полудеа по неговата работа.
Порталот „My Modern Met“ пишува дека сè започнало во септември 2020 година, кога уметникот седнал покрај фонтаната во паркот Вашингтон со натпис „Навистина лоши портрети за само 3 долари (по лице)“. На неговиот канал на Јутјуб може да се најде и видео, направено пред две години, на кое се гледа како изгледа неговата рутина со цртање. Рики Браун со маркер црта портрети на заинтересирани минувачи, кои потоа ги фотографира со портретот во раце.
За неколку години Браун стана доста популарен. Така, сега може да се најде секоја недела во Големиот пазар во Њујорк, а луѓето доаѓаат да им направи портрет. На својот Инстаграм профил, Браун ги поканува своите следбеници: „Најдете ме во Њујорк – тие се ужасни, ветувам!“