Забава
Чадот од цигари е штетен и за мачките
Одамна е познато дека чадот од цигарите е штетен за луѓето, а едно неодамнешно истражување покажа дека оваа човечка штетна навика може да го загрози и здравјето на миленичињата.
Американски научници утврдија дека зависно од возраста и други фактори, мачките кои се изложени на пасивно пушење може да имаат и до два пати поголеми шанси да заболат од разни болести.
Слично како и кај луѓето, мачките кои се изложени на чад од цигари имаат ризик да заболат од астма, распираторни болести, воспаление на белите дробови и други вирусни инфекции. Проблемот е уште поголем затоа што мачките дишат побрзо од луѓето.
Според студијата објавена во аамерикански магазин за епидемиологија, мачките кои живеат во домаќинство со сопственици кои пушат по една кутија или повеќе на ден, имаат три пати повеќе шанси да заболат од сериозен лимфом, отколку мачките кои живеат со непушачи. Ако се изложени на чад пет или повеќе години ризикот се зголемува за три пати. Ако во домот живеат дури два пушачи, мачките имаат четири пати поголеми шанси да заболат од некој вид на рак.
Освен од вдишувањето чад, опасност се заканува и од отпушоците. Мачките по природа се разиграни и радознали па лесно ке најдат некој пикавец од подот или од друго место. Отпушокот содржи тутун, никотин и токсични материи кои дири и во мали количини може да бидат смртоносни за мачките.
Мачките скеојдневно се лижат по крзното, па така во организмот може да внесат токсични супстанци кои се задржуваат на влакната. Со внесувањето катран во мали количини во текот на повеќе години, мачките може да заболат од рак. Ветеринарите истакнуваат дека покрај канцерогени заболувања, пасивното пушење кај мачките може да предизвика и други проблеми како дијареа, повраќање, отежнато дишење и срцеви болести.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Поранешниот на Меган Фокс го спореди сексуалниот живот со Ф1-возачите: „Брз сум, но ми треба долго за да стигнам до целта“
Американскиот музичар Машин Ган Кели повторно привлече внимание по изјавата дадена на Ф1 Гран При во Лас Вегас, каде што се спореди со Ф1-возачите, велејќи дека „е многу брз и дека долго му треба да стигне до целта“ во сексуален контекст.
Изјавата дојде во момент кога продолжуваат шпекулациите за неговиот однос со Меган Фокс. Двајцата беа верени од 2022 до 2024 година, а прекинот уследи по наводи за негово неверство.
Во март оваа година Меган го роди нивното заедничко дете, што, според извори, повторно ги зближило — иако формално не се во врска, поголемиот дел од времето го минуваат заедно и фокусот им е на бебето.
Забава
(Видео) Птиците умираат пеејќи, се пошегува Северина по падот на концерт
Северина ги покажа модриците што ги доби по падот на концертот во загрепската Арена и откри како се подготвувала за вториот настап. Пејачката се пошегува на свој сметка, велејќи: „Птиците умираат пеејќи“.
Во видеото објавено на Инстаграм таа раскажа дека болката во ногата се појавила утрото по концертот. Покажа и дел од загревањето со својот тим, како и моменти од шминкањето.
View this post on Instagram
Северина откри дека една соработничка ѝ рекла дека „веќе не е за трчање“ бидејќи е „стара“, на што пејачката одговорила дека може да трча и во штикли и се нашалила дека фудбалерите постојано паѓаат.
Забава
Пејачката објави серија жешки фотографии, не се за оние со слабо срце
Пејачката Дуа Липа веќе долго време го привлекува вниманието на јавноста – и поради нејзината музичка турнеја „Радикален оптимизам“ и поради нејзините провокативни фотографии на интернет.
Таа моментално е во Рио де Жанеиро на закажан концерт, но тоа не ја спречува да ужива во шармот на овој тропски град. Папараците неодамна ја фотографираа во тесно црно-жолто бикини, но сега таа ги поштеди од маката и доброволно објави серија жешки фотографии на Инстаграм.
Дуа покажа неколку модни изданија, а едно особено го привлече нејзиното внимание. Станува збор за атрактивно виолетово бикини украсено со светки. За фотосесијата, таа додаде златна огрлица и нараквица, а нејзиното лице без шминка беше исто така забележливо.
Минијатурниот костим за капење ја истакна нејзината витка фигура, а коментарите од нејзините следбеници на Инстаграм само се зголемија.
„Неверојатна си“, „Навистина си убава“, „Го обожавам тоа бикини“, се само неколку…
фото: принтскрин

