Контакт

Забава

Џанфранко Киарини со светски гастрономски перформанс во Скопје

Објавено пред

Извонредниот светски со две ѕвездички Мишелин готвач, Џанфранко Киарини, со својот тим, ќе приреди фантастичен гастрономски перформанс и доживување за македонските граѓани.

dobivaj vesti na viber

Прв пат во Македонија, на специјален настан, Киарини, кој готвел во ресторани со три ѕвезди Мишелин, ќе создава извонредни готвачки специјалитети со прекрасен дизајн и комбинација со соодветни вина. Неверојатно вкусно подготвената храна, според највисоките Мишелин стандарди и совршеното целокупно доживување, го овозможуваат Слоу Фуд Македонија, ресторанот Хантерс Лоџ Камник, Винаријата Камник како генерални спонзори и несебичната поддршка од Миеле Македонија, хотел Гарден Охрид,  хотел Радика и Горска вода.Сите љубители на извонредната храна, на 12 и 14 октомври 2016, лично ќе може да присуствуваат на готвачките перформанси на Киарини во Скопје. Тој ќе подготвува мени од пет јадења, по Мишелин стандардите, а истите ќе се подготвуваат и спаруваат со соодветни Камник вина. Овие екстравагантни гастрономски настани ќе се случуваат во еден од најреномирани ресторан  во нашата земја, Хантерс Лоџ Камник, со почеток во 20 часот, а бројот на  места е ограничен на само 80 лица по вечер.На 7 октомври Киарини ќе одржи специјален семинар наменeт само за професионални готвачи. Овој семинар ќе се одвива во Винскиот клуб Камник со почеток во 10 часот. За присуство на сите овие настани, потребно е заинтересираните гости да обезбедат билет, со што се добива и резервација на место. Билетите се достапни во продажба од 3-ти октомври 2016  во ресторанот Хантерс Лоџ Камник. Во светски рамки, гастрономијата достигнува ниво на транформација, преминувајќи во применета уметност во поглед на процесот на подготовка на храната и комбинирање на состојките и во поглед на надворешниот дизајн на порциите и нивно внимателно комбинирање со соодветни вина. Ваквото целосно соединување на приготвување на храната со уметноста овозможува нови возбудливи и бесконечни истражувања во деликатната сфера на создавање на вкусовите и во сферата на визуелната уметност која, сама по себе, ја претставува суштината на делото.Џанфранко Киарини – патување до ѕвездени височиниДенес e еден од најпознатите светски готвачи, роден во 1966 во Ферара, Италија. Има италијанско-колумбиско потекло и доаѓа од  мултикултурно милје со основи во Италија, Венецуела и Соединетите Американски Држави. Своето гастрономско образование Киарини го стекнува на Институто де Алта Гастрономиа де Каракас (Instituto de Alta Gastronomia de Caracas) во Венецуела, потоа во САД на Питсбург Кулинари Институт (Pittsburgh Culinary Institute), како и во Франција, на најголемата образовна институтуција за угостителство во светот, суперпрестижниот Ле Кордон Блу (Le Cordon Bleu). Во текот на својата живописна и многу богата кариера, Киарини работи и е обучуван според високи барања и стандарди на Мишелин и соработува со познати Мишелин ресторани (како што е познатиот ресторан  со три Мишелин ѕвезди во Рим -La Pergоlа). Тој, исто така, соработува и со делукс хотели од највисок ранг, навлегува и во полето на готвачкото истражување и развој, работи како консултант на некои од најголемите светски брендови во прехрамбената индустрија. Киарини ја има најголемата мрежа на готвачи, 30.000+ членови во неговата приватна мрежа и 500.000+ фанови и следбеници на Фејсбук. Светот во кујната на Џанфранко Киарини Џанфранко Киарини својата мајсторска  работа на врвен готвач успеал да ја сподели со целиот свет, а дел од неговите ангажмани вклучувале и подготовка на менија и храна за највисоки авторитет во разни сфери. Во Европа работел во Италија, Франција, Шпанија, Германија, Обединетото Кралство а тука сеАвстралија, Нов Зеланд и Океанија. Неминовно е да се спомене дека Киарини има големо искуство и во Азија и земјите како Кина, Кореа, Камбоџа, Виетнам, Тајланд, Малезија, Сингапур, Филипини и други. Во 2000 година, Киарини наоѓа нови креативни и готвачки предизвици на Средниот Исток каде соработува како консултант со екстравагантните Ал Бустан Палас (Al Bustan Palace) иШангри-Лахотелите (Shangri-la Hotels) во Оман; во Бахреин ги развива готвачките концепти за Мовенпик (Мövenpick) и Mериот (Мarriott) хотелите и со многу други високо-луксузни брендови. Во Кувајт, Киарини подготвувал вечери за Неговото Височество Шеикот Џабар Ал-Ахмад Ал Џабар Ал-Сабах и неговото семејство. Во Африка работел во синџирот на Старвуд хотелите (StarwoodHotels), како и во Шератон Лакшри Колекшн(Sheraton Addis, A Luxury Collection Hotel) во Адис Абеба во Етиопија. Во текот на својата кариера, Киарини имал можност да подготвува храна за поранешниот претседател на САД – Џими Картер, за поранешниот  израелскиот претседател – Шимон Перес, за претседателите на Афричката Унија, како и за поранешниот египетски претседател – Хосни Мубарак, за членовите на англиското кралско семејство, за турскиот претстедател Абдулах  Ѓул, за Шеикот на Катар Шеик Хамад бин Калифа Ал Тхани и други светски значајни личности. Скапоценостите на Киарини во готвачката историја на Италија Своето искуство и знаење Киарини го срочува во луксузната готвачка трилогија „Новата ренесанса на италијанската комбинирана кујна“ (The New Renaissance of Italian Fusion Cuisine), а својата прва книга за готвење од оваа трилогија „Смарагдната книга“ ја издава во 2010. Овие скапоцени готвачки книги се високорангирани меѓу најпознатите авторитети во светски рамки и доволно интересни заКиарини да биде поканет на интервју од страна на CNN. За втората книга од оваа трилогија „Бисер“  ја има честа книгата, лично, да ја потпише и благослови “Мајсторот на сите мајсори”, легендарниот Пол Бокуз (Paul Bocuse). Третата книга е именувана како „Рубин“. Потоа, „Ферара скриениот готвачки скапоцен камен“е уште една книга на Киарини која би морала да биде спомената како дел од неговиот опус. Куриозитет е да се спомене и дека своите уметнички и творечки афинитети Киараини ги канализирал и преку музиката. Пред да се посвети на гастрономијата и уметноста на подготвување извонредна храна, имал свој рок бенд со кој настапувал на реномирани настани./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Објавено пред

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена и ги носи Забрањено пушење, кои годинава одбележуваат јубилејни 40 години од првиот студиски материјал „Das ist Walter“, најдоброто од Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе со неговиот бенд и екс-ју ретроспективата на Rootboy Selector.

dobivaj vesti na viber

Јубилеј слави и домаќинот „Фреш унион“ – полни 20 години од првиот настан и стартот на реализацијата на идејата за развој на урбаната музичката култура. 20 години за портфолио во коe се запишани соработки со светски познати имиња, но и еминентни имиња од Балканот и, секако, дел од домашната музичка елита.

Овогодинешното издание на С.О.С. фестивалот е закажано на 15 јуни, со почеток во 20:00 часот, на Ракометно игралиште во Битола, и тоа ќе биде своевидно музичко патување низ времето и уживање во хитовите на Забрањено пушење – „Зеница блуз“, „Хаџија или бос“, „Гузоњин син“, „Памтим то као да је било данас“, „Можеш имат моје тијело“… ќе имате можност да го чуете и „Најдоброто од Игор Џамбазов“ придружуван од неговиот Гуру Харе со својот бенд. Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, „Во бестрага“, на материјалот од новиот албум „Првите триесет“, како и анегдоти од над 30-годишната кариера.

Прикажи повеќе...

Забава

Хороскопски знаци кои го пикаат носот секаде: ги интересира се и повеќе отколку што треба

Објавено пред

Хороскопските знаци кои го пикаат носот насекаде се оние кои се обидуваат да дознаат за работи кои апсолутно не ги засегаат.

dobivaj vesti na viber

Хороскопските озборувачи се и хороскопските знаци кои сакаат да знаат сè и ништо не им бега. Тие се многу љубопитни и имаат тенденција да го пикаат носот дури и во ситуации кои не се нивна работа, или поради озборувања или затоа што само сакаат да ги имаат сите информации и да бидат разузнавачка служба која може да има контрола над сите.

Хороскопски знаци кои го пикаат носот насекаде

Близнаци
Ова е знакот што прво на сите им паѓа на ум. Тие се луди по озборувања и сакаат да знаат сè. Ништо не им бега и лесно ќе научат сè за никого. Дури и тој да разговара со вас, а некои други да зборуваат малку подалеку, тие сигурно со едно уво слушаат што се случува. Близнаците извршуваат повеќе задачи и можат многу работи одеднаш.

Шкорпија
Вторите на листата дефинитивно се Шкорпиите и тоа не е случајно. Тие делумно гледаат на озборувањата како на антишпионска алатка. Колку повеќе знаат, толку е полесно да се заштитат. Тие ве имаат во свои раце и можат да го искористат она што го знаат за вас во секое време против вас. Таа го слуша секој разговор, набљудува и надгледува сè и тешко ќе го скриете она што таа сака да го знае.

Бик
Ова е можеби изненадувачки бидејќи никој не очекува Бикот на оваа листа. Можеби изгледаат сериозно и одмерено, но треба да знаете дека се што ги интересира се тајните озборувања. Претставниците на овој знак сакаат да се мешаат во се, полни се со сомнеж и не веруваат никому. Во сè се многу слични на Шкорпијата. Иако овие знаци се хороскопски спротивни, тие имаат некои заеднички елементи како одмаздата која се сервира ладна.

Прикажи повеќе...

Hitech

(Видео) 7 милиони прегледи: Мајкрософт објави снимка со вештачка интелигенција на Мона Лиза како рапува

Објавено пред

Мајкрософт ја претстави новата технологија за вештачка интелигенција наречена VASA-1, која може да комбинира фотографија и аудио клип и да генерира реални видеа.

dobivaj vesti na viber

Тие ја претставија новата технологија со видео на кое Мона Лиза рапува на песната Папараци, но ова не е хит на Лејди Гага, туку рап песна што Ен Хатавеј ја напиша и изведе во ток-шоуто на Конан О’Брајан во 2011 година.

Видеото набрзо стана вирално и беше прегледано повеќе од 7,1 милиони пати на само еден профил на „Икс“.

„Ова е толку смешно, плачев од смеење“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“, „Кога би можел Да Винчи да го види ова“, се дел од коментарите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија3 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија4 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ7 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија7 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет9 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет9 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет10 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион10 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет10 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија21 час

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија21 час

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија22 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...