Забава
Џек Мевосек бил полски емигрант Аарон Космински
Идентитетот на озлогласениот повеќекратен лондонски убиец познат како Џек Мевосек, конечно е откриен: човекот кој кон крaјот на XIX век во лондонски Ист Енд убил најмалку пет проститутки и досега не беше откриен, е полскиот имигрант Аарон Космински, тврдат научниците.
Напредната ДНК анализата на органско ткиво земено од шал кој ѝ припаѓал на една од масакрираните проститутки покажала дека „Џек Мевосек“ всушност е локалниот полски имигрант Аарон Космински, бербер кој живеел во Вајтчепел и бил еден од шесте главни осомничени уште во првата истрага во случајот кој во 1888 година го потресол Лондон, пренесуваат во неделата британските медиуми.Шалот ги купил на аукција пред неколку години бизнисменот Расел Едвардс, кој себеси се нарекува „детектив од фотелја“. Му пропаѓал на четвртата жертва на Мевосек, Кетрин Идоус, а полицијата го пронашла недалеку од нејзиното измасакрирано тело на местото на убиството. Едвардс шалот му ги испратил на молекуларниот биолог Јари Лоухелаинен од Универзитетот Џон Мур во Ливерпул. Лоихелаинен користејќи и модерните методи на форензичката анализа ја споредил ДНК-та од шалот со оние на потомците и на жртвите и на осомничените, што потврдило дека шалот ѝ припаѓал на Идоус. Експертот за ДНК анализи Дејвид Мајл го анализирал шалот во потрага за траги од ДНК од сперма. Се покажало дека се совпаѓаат со примерокот од ДНК на потомокот на сестрата на Космински – Матилда, што, според тврдењето на научниците, со стопроцентна сигурност докажува дека токму тој бил убиецот.Космински во времето на убиствата имал 23 години и живеел со своите двајца браќа и сестрата, само неколку стотини мери подалеку од местото каде што е пронајдена третата жртва, Елизабет Страјд, убиена истата ноќ како и Идоус. Полицијата го сметала за еден од клучните осомничени, но бидејќи немала доволно докази против него, главниот инспектор Доналд Свансон го ставил под полициски надзор сѐ до 1891 година, кога бил затворен во ментална институција каде што останал до неговата смрт во 1919 година. Лоухелаинен истакнува дека резултатот од првото тестирање покажало 99,2-процентно совпаѓање. „Бидејќи ДНК има два комплементарни синџири молекули, направивме тест и на вториот, кој даде совршен 100-процнетен резултат“, изјави.Лаухелаинен, кој во слободно време работи за Интерпол на сѐ уште нерешените случаи, убеден е дека потрагата, по неговите истражувања кои траеле три години, е завршена. „Сега кога сѐ е готово, возбуден сум и горд со постигнатото, и задоволен што утврдивме, во апсолутна можна мера, дека Аарон Космински е сторителот“, изјави Лоухелаинен за весникот The Mail on Sunday.Едвард за сево ова истражување ја напиша и книгата „Naming Jack the Ripper“ во којашто детално е наведено она што, како што тврди – „без сомнение потврдува“ дека Космински бил Џек Мевосек.Се верува дека Џек Мевосек убил најмалку пет жени во Лондон во текот на 1888 година. Меѓутоа, во текот на следните три години во Вајтчепел се случиле уште неколку слични убиства, кои сепак официјално не се поврзани со Мевосек./крај/мф/сн
Извор: The Mail on Sunday
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

