Забава
Дневен хороскоп, 23.ноември
Овен
Од моменталната ситуација многу ќе очекувате. Имате потреба да спроведите коренита промена во вашиот начин на живот. Дали ќе се обидете со промена на работата или можеби за посериозни планови околу брак сето тоа е индивидуално. Она што е заедничко за сите е подобрување на приликите не само емотивни туку и финансиски. Ви посакуваме голем успех.
Бик
Присутна е потребата за дружење, но доколку не направите селекција ќе се појави нервоза и чуство дека на извесен начин сте злоупотребени. Морате еднаш да расчистите што всушност сакате, преиспитајте ги пријателите бидејќи на многу на кои му посветувате внимание навистина и заслужуваат. Вината е во лошата проценка, и тоа од повеќе страни. Здравствената состојба е одлична.
Близнаци
Бидејќи имате обичај претерано да се исцрпувате, нервно и енергетски, можете да имате големи проблеми. Успехот е пред вас само треба да бидете трпеливи и да почекате. Размислете добро дали вреди да се нервирате бидејќи со леснотија ама тогаш кога ќе се смирите ќе успеете да ги завршите сите работи, па дури и да добиете финансиска добивка. Ризикот ќе ви се исплати.
Рак
Ќе се занимавате со конкретни работи, заработка, имот, купување или продавање. Иако работното темпо ќе ве исцрпува сепак ве води кон успеси. На учениците оценките ќе му бидат многу важни. Ако сте во врска покажете воља да ги зачувате колку -толку солидните односи. Работната оптеретеност многу делува врз љубовниот живот, па обидете се да ја намалите напнатоста. Слободните ќе одбираат симпатија.
Лав
Би можело да дојде до некои помали расправии во семејството, но вие интуитивно ќе знаете како да реагирате на вистинскиот начин. Што се однесува до емотивниот живот во фокусот ќе бидат вашиот љубовник, партнер или близок соработник. Пред очите на јавноста однесувајте се дипломатски. На некои од вас на памет ќе му дојдат многу сериозни идеи. Бидете внимателни. Здравствената состојба ви е одлична.
Девица
На работа ве очекува прилично комплицирана ситуација, затоа што не сте способни да се концентрирате, работите пристигнуваат или отпаѓаат, а вие не сте во состојба да се снајдете во таа гужва. Во љубовта постои можност да бидете фатени во лага, а тоа за вашиот партнер ќе биде непростлива грешка. Ќе биде потребно да вложите максимум напори за да ја одржите врската.
Вага
Не сте сигурни дали сакате авантура или некој друг вид врска. Малку сте збунети, но вашите емоции се разбудени. Можеби ви се допаѓа некој од работната средина, како и да е нема да ви биде лесно да се отворите и да го покажете интересот. Упорно ја носите маската, време е да ја извадите. Добро се аспектирани работите во кои доаѓа до израз вашата креативност. Уживајте во работата.
Скорпија
Нема да се жалите дека на работното место ви е здодевно. Ова е ден на вистински предизвици. Постои можност од промена на работата или унапредување. Послушајте ги советите на ваш пријател во кој имате голема доверба. Емотивниот живот ви носи изненадувања, во вашиот живот ќе влезе личност која целосно ќе ве разниша. Ве очекува вистинска романса. Потрудете се тоа да птрае. Здравје: многу добро.
Стрелец
Многу ви годи тимска работа, но под услов вие да бидете главни. Ве очекува некое патување. Со задоволство ќе прифатите таква понуда, бидејќи патувањата просто ги обожавате. Иако не изгледате како некој кој лесно може да се излаже-можете да станете нечија жртва. Поуспешни сте во филозофија и уметност одколку со занимавање со ненанов бизнис. Здравје: многу добро.
Јарец
Борбата за престиж ќе биде крунисана со успех. Бидејќи среќата ќе ве прати во секој поглед, па тогаш што чекате искористете ја шансата, но обидете се да се препуштите и на убавите страни на животот. Партенртот ќе се обиде да ве разбере, но некако тешко ќе му оди тоа. Неговите сугестии не ќе можете да ги прифатите, а за тоа не сте во право. Понекогаш и треба да го послушате.
Водолија
Борбата за престиж ќе биде крунисана со успех. Бидејќи среќата ќе ве прати во секој поглед, па тогаш што чекате искористете ја шансата, но обидете се да се препуштите и на убавите страни на животот. Партенртот ќе се обиде да ве разбере, но некако тешко ќе му оди тоа. Неговите сугестии не ќе можете да ги прифатите, а за тоа не сте во право. Понекогаш и треба да го послушате.
Риби
Денеска многу добро ќе комуницирате и ќе се снаоѓате во секојдневните обврски. Односите со претпоставените ќе ви бидат напнати па најдобро би било да избегнувате контакти, и ако често ќе бидете повикани. Не реагирајте на секоја провокација. Кавгите најповеќе можат да ве погодат вас. Долготрајните работи ќе ви бидат отежнати и ограничени. Љубовниот живот ви носи зголемена напнатост. крај/мф/на
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена
С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена и ги носи Забрањено пушење, кои годинава одбележуваат јубилејни 40 години од првиот студиски материјал „Das ist Walter“, најдоброто од Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе со неговиот бенд и екс-ју ретроспективата на Rootboy Selector.
Јубилеј слави и домаќинот „Фреш унион“ – полни 20 години од првиот настан и стартот на реализацијата на идејата за развој на урбаната музичката култура. 20 години за портфолио во коe се запишани соработки со светски познати имиња, но и еминентни имиња од Балканот и, секако, дел од домашната музичка елита.
Овогодинешното издание на С.О.С. фестивалот е закажано на 15 јуни, со почеток во 20:00 часот, на Ракометно игралиште во Битола, и тоа ќе биде своевидно музичко патување низ времето и уживање во хитовите на Забрањено пушење – „Зеница блуз“, „Хаџија или бос“, „Гузоњин син“, „Памтим то као да је било данас“, „Можеш имат моје тијело“… ќе имате можност да го чуете и „Најдоброто од Игор Џамбазов“ придружуван од неговиот Гуру Харе со својот бенд. Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, „Во бестрага“, на материјалот од новиот албум „Првите триесет“, како и анегдоти од над 30-годишната кариера.
Забава
Хороскопски знаци кои го пикаат носот секаде: ги интересира се и повеќе отколку што треба
Хороскопските знаци кои го пикаат носот насекаде се оние кои се обидуваат да дознаат за работи кои апсолутно не ги засегаат.
Хороскопските озборувачи се и хороскопските знаци кои сакаат да знаат сè и ништо не им бега. Тие се многу љубопитни и имаат тенденција да го пикаат носот дури и во ситуации кои не се нивна работа, или поради озборувања или затоа што само сакаат да ги имаат сите информации и да бидат разузнавачка служба која може да има контрола над сите.
Хороскопски знаци кои го пикаат носот насекаде
Близнаци
Ова е знакот што прво на сите им паѓа на ум. Тие се луди по озборувања и сакаат да знаат сè. Ништо не им бега и лесно ќе научат сè за никого. Дури и тој да разговара со вас, а некои други да зборуваат малку подалеку, тие сигурно со едно уво слушаат што се случува. Близнаците извршуваат повеќе задачи и можат многу работи одеднаш.
Шкорпија
Вторите на листата дефинитивно се Шкорпиите и тоа не е случајно. Тие делумно гледаат на озборувањата како на антишпионска алатка. Колку повеќе знаат, толку е полесно да се заштитат. Тие ве имаат во свои раце и можат да го искористат она што го знаат за вас во секое време против вас. Таа го слуша секој разговор, набљудува и надгледува сè и тешко ќе го скриете она што таа сака да го знае.
Бик
Ова е можеби изненадувачки бидејќи никој не очекува Бикот на оваа листа. Можеби изгледаат сериозно и одмерено, но треба да знаете дека се што ги интересира се тајните озборувања. Претставниците на овој знак сакаат да се мешаат во се, полни се со сомнеж и не веруваат никому. Во сè се многу слични на Шкорпијата. Иако овие знаци се хороскопски спротивни, тие имаат некои заеднички елементи како одмаздата која се сервира ладна.
Hitech
(Видео) 7 милиони прегледи: Мајкрософт објави снимка со вештачка интелигенција на Мона Лиза како рапува
Мајкрософт ја претстави новата технологија за вештачка интелигенција наречена VASA-1, која може да комбинира фотографија и аудио клип и да генерира реални видеа.
Тие ја претставија новата технологија со видео на кое Мона Лиза рапува на песната Папараци, но ова не е хит на Лејди Гага, туку рап песна што Ен Хатавеј ја напиша и изведе во ток-шоуто на Конан О’Брајан во 2011 година.
Microsoft just dropped VASA-1.
This AI can make single image sing and talk from audio reference expressively. Similar to EMO from Alibaba
10 wild examples:
1. Mona Lisa rapping Paparazzi pic.twitter.com/LSGF3mMVnD
— Min Choi (@minchoi) April 18, 2024
Видеото набрзо стана вирално и беше прегледано повеќе од 7,1 милиони пати на само еден профил на „Икс“.
„Ова е толку смешно, плачев од смеење“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“, „Кога би можел Да Винчи да го види ова“, се дел од коментарите.