Контакт

Забава

Дворогата шапка на Наполеон продадена за 1,9 милиони евра

Објавено пред

Една од дворогите шапки на Наполеон Бонапарта продадена е во неделата на наддавање за предмети кои му припаѓале на францускиот император во близина на Париз, на јужнокорејски колекционер за 1.884.000 евра, објави аукциската куќа Osenat.

dobivaj vesti na viber

На аукцијата во Фонтенбло, 55 километри од француската престолнина на аукцијата биле понудени околу илјада предмети кои му припаѓале на Наполеон Бонапарта од колекцијата на принцот од Монако, Алберт Втори. Наддавањето предизвика голем интерес, и на неа учествуваа покрај водечките француски музеи, и познати светски колекционери и бизнисмени.„Поседувањето на личните работи на Наполеон, не претставува само зголемување на сопствениот престиж, туку и реномето на компанијата“, беше истакнато во најавата на аукцијата од страна на куќата Osenat.Станува збор за еден од 19 постоечки двороги шапки на Наполеон во светот за која е потврдена автентичноста. Оваа дворога шапка од филц е една од околу 120 колку што Наполеон ги носел во текот на 15-те години негово владеење. Некои се наоѓаат во приватни колекции а некои се изложени во музеи. Јужнокорејскиот купувач сакал да остане анонимен, по завршувањето на аукцијата којашто беше исчекувана со голем интерес во целиот свет. Конкретната, како и другите шапки на Наполеон, ги изработила француската работилници „Poupar“, прецизираше водителот на аукцијата Жан-Клод Деи./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите, покажа истражување

Објавено пред

Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите, покажа полско истражување.

dobivaj vesti na viber

Истражувањето кое ќе биде претставено на Европскиот конгрес за дебелина во Шпанија во мај, било спроведено на 1.200 парови во Полска и покажало дека ризикот од прекумерна тежина во бракот е зголемен за двата пола, но ситуацијата е особено акутна кај мажите.

Истражувачите заклучија дека кога се во брак, ризикот од прекумерна тежина се зголемува за 62 отсто кај мажите и 39 отсто кај жените, во споредба со оние кои не се во брак.

Оженетите мажи имаат 3,2 пати поголема веројатност да бидат дебели од слободните мажи, а таква разлика не е забележана меѓу мажените и слободните жени.

Ова потенцијално се објаснува со културните разлики во ставовите кон дебелината меѓу двата пола, се вели во истражувањето.

Студијата заклучи дека ризикот од дебелина исто така се зголемува со возраста. Секоја година, заканата од прекумерна тежина се зголемува за три проценти кај мажите и четири проценти кај жените. Ризикот од дебелина, сепак, се зголемува за четири отсто кај мажите и шест отсто кај жените, пренесува агенцијата ДПА.

Дебелината се дефинира како индекс на телесна маса од 30 или повеќе, а прекумерната тежина се дефинира како индекс од 25 до 29,99.

Истражувањето го водеше лекарот Алича Цича-Миколајчик од Националниот институт за кардиологија во Варшава.

„Возраста и брачниот статус имаат непобитно влијание врз прекумерната тежина или дебелината во зрелоста, без разлика на полот“, заклучува студијата.

Прикажи повеќе...

Забава

Скарлет Јохансон не сака да се фотографира со обожавателите на улица, ја откри причината

Објавено пред

Актерката Скарлет Јохансон (40) објасни зошто не и е удобно да се фотографира со обожавателите кои ја среќаваат во јавност. Говорејќи на оваа тема додека го промовираше нејзиниот претстоен филм Jurassic World: Rebirth, Јохансон изјави за InStyle дека не сака да биде „идентификувана“ во одредено време и место. „Тоа навистина навредува многу луѓе“, призна таа.

dobivaj vesti na viber

„Секако дека ценам што луѓето се мои обожаватели и среќни што ме гледаат. Но, секогаш им велам: Не сум на работа. А тоа значи дека не сакам никој да ме „сними“ како некој што бил со нив во тој момент и на тоа место. Јас правам нешто свое“, додала таа.

Актерката нагласи и колку и е важно да ја зачува анонимноста на нејзините деца.

„Мислам дека анонимноста треба да се зачува што е можно подолго, барем додека самите деца не одлучат поинаку. Тоа е одлука што ја донесов за нив“, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Српска инфлуенсерка го привлече вниманието на ревијата на Валентино во Париз

Објавено пред

Тамара Калиниќ е една од најпознатите модни инфлуенсерки во регионот, чии модни избори секогаш се следат со голем интерес.

dobivaj vesti na viber

Оваа српска блогерка со постојана адреса во Лондон со години инспирира со своите елегантни, префинети и луксузни модни комбинации, а нејзиниот Инстаграм профил го следат речиси два милиони луѓе, кои секојдневно бараат инспирација во нејзиниот моден избор.

Сепак, нејзиното последно модно издание на ревијата на Валентино во Париз, одржана на 9 март 2025 година, предизвика различни реакции.

Тамара за оваа пригода беше облечена од глава до пети во парчиња на Валентино. Таа избра елегантен црн фустан со суптилни бели детали на ракавите од најновата колекција на брендот. Изгледот го комплетираше со црни хулахопки со дезен, салонки со црвен ремен околу глужд, црни очила за сонце и црна чанта.

Сепак, највпечатлив дел од нејзиното издание, што предизвика дискусија во коментарите, беше накитот за уста во форма на метална декорација што оди преку усните.

@tamara @Valentino ♬ original sound – Tamara Kalinic

„Ова е првпат да не ми се допадне ништо друго освен твојата убавина“, „Накитот за усни е ужасен. Веќе има доволно жени замолчени на овој свет за доброволно да носиш такво нешто во името на модата“, беа некои од критиките.

Но, за некои тој детаљ беше омилен дел од нејзината облека. „Накитот за усни ми е омилен!“, „Го сакам! Толку храбар и поларизирачки, тоа е она што го прави стилот одличен!“, „Секогаш најшик“, „Конечно вистинска мода! Накитот за усни совршено ја раскажува приказната за целата облека. Веројатно вашето најдобро издание досега!“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Левица предложи 18 месеци платено породилно отсуство: Овој закон ќе ја подобри положбата на мајките и семејството и ќе создаде темели за решавање на најголемите демографски проблеми

„Во време кога Македонија се соочува со сериозна демографска криза, Левица предложи нов закон за 18 месеци платено породилно отсуство,...

Македонија2 часа

ДУИ: Секој обид за оспорување на Законот за употреба на јазиците е обид за оспорување на Охридскиот договор и уставниот поредок на Северна Македонија

„Денес ја одбележуваме четвртата годишнина од потпишувањето на Законот за употреба на јазиците – моментот кога беше заокружен легислативниот дел...

Македонија2 часа

„Судскиот совет не е приватен дуќан на кадрите на Заев и Груби – разрешените членови мора да заминат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на обидите на разрешените членови на Судскиот совет да ја узурпираат институцијата, спротивно на волјата на Собранието...

Македонија3 часа

„Имаме најскапи патарини во регионот, а ужасни патишта: пратениците да гласаат за нашиот предлог за 50 % поевтини патарини“, бара партијата Левица

„На 19 март, во Собранието ќе се гласа за предлог-законот на пратеничката група на Левица, кој предвидува намалување на патарините...

Македонија3 часа

СДСМ: Милиони во омилени фирми на власта, до кога ќе молчи Јавното обвинителство за тендерските шеми на ДПМНЕ?

СДСМ јавно прашува: До кога Јавното обвинителство ќе молчи за тендерските шеми и скандали на ДПМНЕ? „Случаите со милионските зделки...

Свет3 часа

Венс: Би бил шокиран доколку Трамп сака да го премести нуклеарното оружје подалеку на исток во Европа

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс рече дека би бил шокиран доколку претседателот Доналд Трамп сака нуклеарното оружје да го...

Македонија4 часа

„Огромен интерес и внимание за македонската делегација на глобалниот самит во Баку“: Сиљановска и Божиновска во центарот на глобалните дискусии

Огромен интерес за македонската делегација на XII Global Baku Forum – присуството на македонската делегација, официјалните и неформалните средби на...

Европа4 часа

(Видео) Погодена рафинерија во Русија, гори огромен резервоар за гас

Украинците во текот на ноќта со беспилотни летала ја нападнаа руската рафинерија Туапсе во Краснодарската територија. Според руските канали на...

Свет4 часа

(Видео) Џеј-Ди Венс исвиркан на концертот на Националниот симфониски оркестар во Вашингтон

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс беше пречекан со свирежи и негодувања од публиката по пристигнувањето на концертот на Националниот симфониски...

Свет5 часа

Кина, Иран и Русија почнаа разговори за иранските нуклеарни прашања

Високи дипломати од Иран, Русија и Кина се собраа денеска во Пекинг на разговори за нуклеарните прашања на Техеран, објави...

Свет5 часа

(Видео) Патниците бегаа преку крилото на авионот: се запали моторот на „боинг“ во Денвер

Млазен мотор на Американ ерлајнс се запалил откако авионот принудно слетал во Денвер, принудувајќи ги патниците да се евакуираат користејќи...

Свет16 часа

Разговаравме за деловите од Украина што ќе се задржат и за оние што ќе бидат изгубени, вклучена е и електрана, рече Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп даде изјава во Белата куќа во која ги коментираше преговорите со Русија за ставање крај на...

Македонија18 часа

Сиљановска-Давкова во Баку: ЕУ останува наша стратешка цел, а САД ќе продолжи да биде наш стратешки партнер

ЕУ останува наша стратешка цел, а САД ќе продолжи да биде наш стратешки партнер, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето...

Свет19 часа

Путин: Ние сме за примирје, но многу прашања прво треба да бидат одговорени

Рускиот претседател, Владимир Путин, изрази подготвеност за примирје во Украина, но нагласи дека е неопходно да се решат клучните прашања...

Македонија22 часа

Јаневски: Да сме набавеле нови автобуси, па вие и овие што ги имате не можете да ги сервисирате

Дали вие знаете дека минатата година Град Скопје за субвенции за Јавното сообраќајно претпријатие одвои 685 милиони денари, 11 милиони...

Македонија22 часа

МНР со реакција на бугарското министерство: Политиката на условувања создава непотребни тензии, кои не одговараат на европскиот дух на соработка

Со жалење констатираме дека нашиот сосед повторно се обидува одговорноста за неисполнувањето на нивните меѓународните обврски да ја префрли врз...

Македонија23 часа

Дел од сегашните судии и обвинители е последниот штит на криминалот на поранешната влада на СДСМ и ДУИ, вели Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарското прашање поврзано со интерпелација на Судскиот совет и барањето на оставка...

Македонија23 часа

Институтот интерпелација во никој случај не може да се примени за уставните судии, тоа е упад во самостојноста велат од Уставниот суд

По медиумскиот интерес за став од Уставниот суд во врска со т.н. интерпелации на уставни судии, судот информира дека Уставот...

Македонија23 часа

Жртвите на сексуално насилство ќе може да побараат помош и без да пријават во полиција силување или обид за силување

Сервисите за помош и поддршка на жртвите на сексуално насилство, кои сега се достапни само за жртвите откога ќе го...

Свет23 часа

Скандал го тресе Брисел: корупција во Европскиот парламент

Белгиското обвинителство денеска соопшти дека неколку лица се уапсени на сослушување, наводно вмешани во корупција во Европскиот парламент. Обвинителите соопштија...