Контакт

Екологија

Met Office: Температурите во 2016 ќе бидат уште повисоки, виновни се Ел Нињо и човекот

Објавено пред

Климатскиот систем минува низ радикални промени кои би можеле да доведат до уште поголеми температурни рекорди, тврди Met Office.

dobivaj vesti na viber

 

 

Новите податоци служат како против аргумент на тезата дека глобалното затоплување попушта, пишува Independent. Токму таквиот развој на настаните би требало да ги натера светските лидери да договорат единствена стратегија за борба против стакленичките гасови, што треба да ги донесат во Париз во текот на декември.

 

Се верува дека Земјата влегува во период на подигање на температурата со загревање на Пацификот, што може да доведе до големи суши и екстремни временски услови ширум светот.

 

Метеоролозите најавуваат дека Ел Нињо би можел да биде силен како во 1997 и 1998 година, кога предизвика смртоносни лизгања на земјиштата во југоисточна Азија и екстремно време во многу други делови на светот.

 

Просечната глобална температура исто така би можела да порасне, иако веќе оваа година го урна рекордот. Се очекува овогодишниот рекорд следната година да биде соборен, што ќе биде веќе трета година по ред.

 

Ел Нињо веќе ја ослабна индиската сезона на монсуни и го зголеми ризикот од суши во Јужна Африка, Индонезија и Австралија. Можно е да донесе почести дождови во Калифорнија, која оваа година се бореше со суши.

 

Ел Нињо обично трае од девет месеци до две години, иако потенцијално може да трае и до четири години.

 

Вакви климатски промени веќе се случувале, но заради ефектот што врз температурата ја има загадувањето во атмосферата, разликите стануваат уште подрастични.

 

„Многу вакви работи можат да се случат и без човечки фактор, но ова сега сепак се случува и заради активноста на луѓето. Кога ќе се случи Ел Нињо, станува збор за додаток што уште повеќе ја крева глобалната температура. Тоа е екстра услов што доведува до соборување на рекордот“, рече Рован Сатон.

 

Според него, доколку не дојде до голема вулканска ерупција најверојатно глобалните температури во 2014, 2015 и 2016 ќе бидат меѓу најтоплите било кога измерени.

 

„Ел Нињо е многу важен фактор, но тој е само додаток кон глобалното загревање за кое е одговорен човечкиот фактор“, додаде Сатон.

 

Ел Нињо се случува кога кога ветровите што циркулираат над Пацификот ослабуваат, заради што површината на океанот се загрева над вообичаеното ниво. Обичноја зголемува можноста за суши во делови на Азија, Австралија, јужниот и северниот дел на субсахарска Африка и Централна Америка, но донесува и тенденција на повлажно време во екваторијална источна Африка и на југот на САД.

 

Се верува дека Ел Нињо е одговорен за серијата необични временски услови оваа година. /крај/ин/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Екологија

Час за планетата Земја: Исклучете ги светлата точно во 20.30 часот

Објавено пред

Во рамките на кампањата „Часот на планетата Земја“ ширум светот, од 20:30 до 21:30 часот ќе биде исклучено светлото, јавното и украсното осветлување на еден час. Ова е една од најголемите планетарни иницијативи за зачувување на природата и животната средина, која е поддржана од 190 земји.

dobivaj vesti na viber

Акцијата „Час на планетата“ започна во Сиднеј во 2007 година и секоја година добиваше се поголема поддршка низ светот. Еден час се исклучува јавното осветлување каде што е можно, украсното осветлување, се гасат светилките во компаниите, како и во домаќинствата.

Се проценува дека во тој час светот заштедува од 10 до 12 проценти од електричната енергија. Акцијата повикува на рационална потрошувачка на енергија, но целта на вклучувањето во акција е многу поширока. Пораката е да се сврти вниманието кон потрошувачката на природните ресурси.

Од Светската организација за природа истакнуваат дека и годинава нема многу отстапување од минатогодишниот концепт. Светската организација за заштита на природата располага со податоци за состојбата со природните ресурси, флората и фауната. А тие податоци се загрижувачки. Природните ресурси што планетата ги обновува за да ги користиме за период од една година, ние ги трошиме уште во првата половина од годината.

За тоа сведочи нашиот пристап кон природата, девастацијата на шумите, трошењето вода, сето тоа за да ја претвориме земјата во земјоделско земјиште и да добиеме храна. Потоа фрламе околу 40 отсто од храната произведена во светот.

Решенијата се во човекот и треба да почнеме да размислуваме за тоа дека оваа планета треба да им ја оставиме на генерациите што доаѓаат и да се однесуваме поодговорно. Да почнеме да размислуваме дека не сме единствените на планетата, е пораката на оваа глобална акција.

Прикажи повеќе...

Екологија

Јапонија воведува билети за искачување на планината Фуџи

Објавено пред

Почнувајќи од ова лето, посетителите на планината Фуџи ќе треба да платат за да пешачат една од маршрутите нагоре по познатата планина.

dobivaj vesti na viber

Јапонската влада одлучи да воведе нови ограничувања за посетителите на една од нејзините главни атракции во обид да го заштити местото од прекумерен туризам.

Планината Фуџи доживеа бум во бројот на посетители, што со себе донесе загриженост за прекумерното количество фрлено ѓубре и загрозената безбедност на планинарите. За да помогнат во чистењето на планината и зачувување на нејзината животна средина, јапонските власти воведоа такса и дневна капа за посетителите долж најпопуларната патека.

Почнувајќи од ова лето, поточно на 1 јули 2024 година, посетителите на планината Фуџи ќе мора да платат за да пешачат една од маршрутите долж познатата планина. Патеката Јошида е најпопуларното искачување поради неговиот лесен пристап од Токио и зачестеноста на планинските колиби на патот кои нудат сместување и оброци.

Јапонската префектурална влада Јаманаши, која ги надгледува планинарските активности на светското наследство на УНЕСКО, сметаше дека е неопходно да воведе патарина за заштита на животната средина. Исто така, со цел да се намали гужвата, ќе се применува дневен лимит на бројот на луѓе на кои им е дозволено да се искачуваат на планината преку патеката Јошида.

Ќе бидат дозволени 4.000 планинари дневно. 70 дена во годината, колку трае летната сезона на качување. Дополнително, забрането ќе биде искачувањето на планината во периодот од 16:00 до 02:00 часот.

Според извештаите од јапонската влада, патеката Јошида минатата година забележала „невиден број“ планинари, а сличен број се очекува и оваа година. Во 2023 година вкупно 221.322 планинари се искачиле на планината Фуџи, а повеќе од половина одлучиле да го користат самата патека.Јошида.

Зголемувањето на бројот на посетители доведе до таложење на фрлено ѓубре покрај патеката, како и до сообраќаен метеж што резултираше со несреќи и повреди. Исто така, постои загриженост за неискусните планинари кои се обидуваат да ја поминат патеката и се наоѓаат во тешкотии во близина на врвот каде што има помалку капацитети.

Официјалните лица се уште не откриваат колкава ќе биде таксата, но велат дека сумата ќе биде објавена наскоро. Планот е да се постави капија на влезот на патеката Јошида каде ќе се наплаќаат патарини. Властите велат дека приходите ќе бидат искористени за изградба на засолништа долж патеката за употреба во случај на вулканска ерупција и за одржување на патеката за пешачење.

Од 2014 година, планинарите кои се искачуваат на планината Фуџи преку која било од нејзините рути се охрабруваат доброволно да платат 1.000 јуани (6,2 евра) по лице за да го зачуваат местото.

Оваа популарна рута започнува на петтата станица на Фуџи Субару, обезбедувајќи пристапен почеток на авантурата. Патувањето до врвот на планината обично трае помеѓу пет и седум часа и се протега на околу шест километри, што ја прави оваа патека совршена за оние кои бараат предизвик, но и достапна за широк спектар на планинари.

Искачувањето до планината Фуџи е особено магично поради можноста да се доживее изгрејсонцето од врвот, што многумина го сметаат за врв на нивната посета. По должината на патеката, планинарите можат да се восхитуваат на бројни светилишта и симболи на јапонската култура, уживајќи во комбинацијата на природни чуда и културно наследство. Глетките од планината се спектакуларни, особено погледот кон кратерот и околните пејзажи.

По исцрпувачкото, но задоволувачко искачување, планинарите често се релаксираат во локалните ресторани каде што можат да пробаат традиционални јапонски јадења, како и термални бањи кои се совршени за обновување на мускулите. Пешачењето на планината Фуџи преку патеката Јошида е искуство кое комбинира физички предизвик, духовно збогатување и интимно искуство со природата, оставајќи траен впечаток на секој што ќе се осмели да се впушти во оваа авантура.

Прикажи повеќе...

Екологија

Инфлуенсери копаат по контејнери и го продаваат пронајденото

Објавено пред

Иако за многу луѓе ширум светот копањето по контејнери е единствениот начин да преживеат, се чини дека на социјалните мрежи се појави нов феномен каде што се поголем број на инфлуенсери „копаат“ во контејнери – а тоа е тренд познат како „дампсер дајвинг“ (нуркање на контејнери).

dobivaj vesti na viber

Овој тренд се однесува на луѓе, главно инфлуенсери кои откако ќе „копаат“ низ контејнерите, покажуваат што пронашле во нив – од козметика до дизајнерски работи.

На социјалната мрежа ТикТок има голем број видеа во кои корисниците влегуваат во контејнери зад големи продавници во потрага по употребливи предмети. И хаштагот #DumpsterDiving има повеќе од 4,4 милијарди прегледи на ТикТок, што дополнително ја потврдува неговата популарност.

Иако поголемиот дел од таквите инфлуенсери денес живеат со препродажба на овие артикли, тие дури ја подигнуваат свеста за непотребното создавање отпад, бидејќи различните малопродажни корпорации секојдневно уништуваат стотици илјади употребливи производи.

Тифани Шири, ТикТокерка од Тексас од Америка, има три милиони следбеници на кои им ги покажува своите пребарувања по работи во контејнерите зад американските продавници за малопродажба. Почнала да „нурка во контејнер“ на крајот на 2017 година, а токму тогаш пронашла шминка и разни производи вредни 1.200 долари. Набрзо сфатила дека ваквото хоби може да ѝ донесе огромен профит – а останатото е историја. Таа моментално со овој тренд заработува и до 1.000 долари неделно, а благодарение на препродажбата на пронајдените производи, Тифани живее удобен живот.

Солти Стела е уште една ТикТокерка, која моментално има повеќе од 1,2 милиони следбеници. Живее и од препродажба на предмети од контејнери, но многу е лута што ја фрла употребливата храна. Од сокови, грицки, супи, тестенини и газирани пијалоци, често сите во еден контејнер.

Ана Сакс, Тиктокерка од Њујорк, која има повеќе од 400.000 следбеници, на платформата е позната како „Трешвокер“. Таа често споделува видеа од фрлени производи што ги наоѓа, а често наоѓа дизајнерски чанти, скапи палта, фотоапарати и козметика за жени.

Таа често привлекува внимание на отпадот во нејзиниот град и им предлага на сите на интернет да донираат или рециклираат стоки наместо да ги фрлаат. Таа повика и на создавање закон со кој продавниците ќе се обврзат да не ги фрлаат средствата за хигиена, туку да ги донираат во прифатилишта за бездомници.

Трендот „Dampster diving“ е легален во Америка, па затоа е одржлива практика која не само што заработува пари, туку и го намалува отпадот. Со споделување на нивните искуства поврзани со овој тренд, инфлуенсерите ги инспирираат другите да размислуваат за влијанието на нивната потрошувачка и навики врз животната средина.

Сепак, важно е да се напомене дека „Dampster diving“ не е решение за горливиот проблем со отпадот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...

Свет19 минути

Венецуела најавува „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат...

Свет26 минути

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет13 часа

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија15 часа

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија17 часа

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија18 часа

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија19 часа

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ19 часа

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија20 часа

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...

Македонија21 час

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија...

Свет23 часа

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Во услови на високи тензии, Израел и Иран тајно разменија пораки, со посредство на Русија, уверувајќи се едни со други...

Свет23 часа

Иранско судство: Демонстрантот Ерфан Солтани не е осуден на смрт

Иранското судство ги негираше извештаите дека демонстрантот Ерфан Солтани е осуден на смрт, објавија иранските државни медиуми. Солтани претходно беше...

Свет24 часа

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани е одложена, велат семејството и групата за човекови права

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани не е извршена вчера, потврдија член на семејството и Хенгав, група за човекови права...

Свет24 часа

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани веднаш да го напуштат Иран

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани да избегнуваат патувања во Иран или веднаш да ја напуштат земјата поради задушувањето...

Свет1 ден

Трамп: Зеленски е главната пречка за постигнување договор

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека лидерот на иранската опозиција Реза Пахлави „изгледа многу пристојно“, но изрази неизвесност...

Македонија1 ден

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет1 ден

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија2 дена

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...