Контакт

Екологија

Орел зграбил момченце на приредба во парк

Објавено пред

Примерок од австралискиот клинестоопашест орел се обидел да одлета се престравено момченце кое го зграпчило во текот на популарна приредба посветена на животот во дивината, која се одржувала во парк во централнат сојузна австралиска држава Викторија. 

dobivaj vesti na viber

Шокираните гледачи посматрале како во пустинскиот парк Алис Спринг огромната птица со канџите го фаќа за глава момченцето кое врескало од страв, наместо да одлета во своето седало како што била тренирана за потребите на настанот.

Сведоците велат дека птицата се обидела да го зграпчи момченцето „како мало животинче“, и дека долетала до него директно од оддалеченост од петнаесетина метри.

Момченцето на возраст меѓу шест и осум години, успеало да се ослободи од орелот, минувајќи само со драсканица на лицето.

Управата на паркот, кој инаку се рекламира со можноста да се види „одблизу најголемата птица грабливка во Австралија“ и да се дознае за нејзиниот „интересен начин на живеење“, во соопштение најавува отворање истрага за инцидентот кој се случил минатата среда на 6-ти јули, како и отстранување на орелот од приредбата додека истрагата.

Од фотографијата од инцидентот поставена од корисник на Instagram може да се види како орелот се обидува да го зграпчи момчето, кое е облечено кој облека која потсетува локалниот вид зеленосива врана.

Очевидци велат дека биле во големо исчекување на „големото финале“ на претставата, кога требало да се појави големиот клинестоопашест орел, а птицата потоа летала над публиката и одненадеж се стрмоглавила за да го зграпчи момченцето.

Клиниестоопашестиот орел е најголемата птица грабливка во Австралија. Според организацијата Bird Life Australia, овој вид птица има распон на крилјата од 2,3 метри и се храни со зајаци, помали птици и гуштери, но исто така, се случува и да убие и да се храни со јагниња./крај/мф/сн

 

Извор: ABC News



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Екологија

Час за планетата Земја: Исклучете ги светлата точно во 20.30 часот

Објавено пред

Во рамките на кампањата „Часот на планетата Земја“ ширум светот, од 20:30 до 21:30 часот ќе биде исклучено светлото, јавното и украсното осветлување на еден час. Ова е една од најголемите планетарни иницијативи за зачувување на природата и животната средина, која е поддржана од 190 земји.

dobivaj vesti na viber

Акцијата „Час на планетата“ започна во Сиднеј во 2007 година и секоја година добиваше се поголема поддршка низ светот. Еден час се исклучува јавното осветлување каде што е можно, украсното осветлување, се гасат светилките во компаниите, како и во домаќинствата.

Се проценува дека во тој час светот заштедува од 10 до 12 проценти од електричната енергија. Акцијата повикува на рационална потрошувачка на енергија, но целта на вклучувањето во акција е многу поширока. Пораката е да се сврти вниманието кон потрошувачката на природните ресурси.

Од Светската организација за природа истакнуваат дека и годинава нема многу отстапување од минатогодишниот концепт. Светската организација за заштита на природата располага со податоци за состојбата со природните ресурси, флората и фауната. А тие податоци се загрижувачки. Природните ресурси што планетата ги обновува за да ги користиме за период од една година, ние ги трошиме уште во првата половина од годината.

За тоа сведочи нашиот пристап кон природата, девастацијата на шумите, трошењето вода, сето тоа за да ја претвориме земјата во земјоделско земјиште и да добиеме храна. Потоа фрламе околу 40 отсто од храната произведена во светот.

Решенијата се во човекот и треба да почнеме да размислуваме за тоа дека оваа планета треба да им ја оставиме на генерациите што доаѓаат и да се однесуваме поодговорно. Да почнеме да размислуваме дека не сме единствените на планетата, е пораката на оваа глобална акција.

Прикажи повеќе...

Екологија

Јапонија воведува билети за искачување на планината Фуџи

Објавено пред

Почнувајќи од ова лето, посетителите на планината Фуџи ќе треба да платат за да пешачат една од маршрутите нагоре по познатата планина.

dobivaj vesti na viber

Јапонската влада одлучи да воведе нови ограничувања за посетителите на една од нејзините главни атракции во обид да го заштити местото од прекумерен туризам.

Планината Фуџи доживеа бум во бројот на посетители, што со себе донесе загриженост за прекумерното количество фрлено ѓубре и загрозената безбедност на планинарите. За да помогнат во чистењето на планината и зачувување на нејзината животна средина, јапонските власти воведоа такса и дневна капа за посетителите долж најпопуларната патека.

Почнувајќи од ова лето, поточно на 1 јули 2024 година, посетителите на планината Фуџи ќе мора да платат за да пешачат една од маршрутите долж познатата планина. Патеката Јошида е најпопуларното искачување поради неговиот лесен пристап од Токио и зачестеноста на планинските колиби на патот кои нудат сместување и оброци.

Јапонската префектурална влада Јаманаши, која ги надгледува планинарските активности на светското наследство на УНЕСКО, сметаше дека е неопходно да воведе патарина за заштита на животната средина. Исто така, со цел да се намали гужвата, ќе се применува дневен лимит на бројот на луѓе на кои им е дозволено да се искачуваат на планината преку патеката Јошида.

Ќе бидат дозволени 4.000 планинари дневно. 70 дена во годината, колку трае летната сезона на качување. Дополнително, забрането ќе биде искачувањето на планината во периодот од 16:00 до 02:00 часот.

Според извештаите од јапонската влада, патеката Јошида минатата година забележала „невиден број“ планинари, а сличен број се очекува и оваа година. Во 2023 година вкупно 221.322 планинари се искачиле на планината Фуџи, а повеќе од половина одлучиле да го користат самата патека.Јошида.

Зголемувањето на бројот на посетители доведе до таложење на фрлено ѓубре покрај патеката, како и до сообраќаен метеж што резултираше со несреќи и повреди. Исто така, постои загриженост за неискусните планинари кои се обидуваат да ја поминат патеката и се наоѓаат во тешкотии во близина на врвот каде што има помалку капацитети.

Официјалните лица се уште не откриваат колкава ќе биде таксата, но велат дека сумата ќе биде објавена наскоро. Планот е да се постави капија на влезот на патеката Јошида каде ќе се наплаќаат патарини. Властите велат дека приходите ќе бидат искористени за изградба на засолништа долж патеката за употреба во случај на вулканска ерупција и за одржување на патеката за пешачење.

Од 2014 година, планинарите кои се искачуваат на планината Фуџи преку која било од нејзините рути се охрабруваат доброволно да платат 1.000 јуани (6,2 евра) по лице за да го зачуваат местото.

Оваа популарна рута започнува на петтата станица на Фуџи Субару, обезбедувајќи пристапен почеток на авантурата. Патувањето до врвот на планината обично трае помеѓу пет и седум часа и се протега на околу шест километри, што ја прави оваа патека совршена за оние кои бараат предизвик, но и достапна за широк спектар на планинари.

Искачувањето до планината Фуџи е особено магично поради можноста да се доживее изгрејсонцето од врвот, што многумина го сметаат за врв на нивната посета. По должината на патеката, планинарите можат да се восхитуваат на бројни светилишта и симболи на јапонската култура, уживајќи во комбинацијата на природни чуда и културно наследство. Глетките од планината се спектакуларни, особено погледот кон кратерот и околните пејзажи.

По исцрпувачкото, но задоволувачко искачување, планинарите често се релаксираат во локалните ресторани каде што можат да пробаат традиционални јапонски јадења, како и термални бањи кои се совршени за обновување на мускулите. Пешачењето на планината Фуџи преку патеката Јошида е искуство кое комбинира физички предизвик, духовно збогатување и интимно искуство со природата, оставајќи траен впечаток на секој што ќе се осмели да се впушти во оваа авантура.

Прикажи повеќе...

Екологија

Инфлуенсери копаат по контејнери и го продаваат пронајденото

Објавено пред

Иако за многу луѓе ширум светот копањето по контејнери е единствениот начин да преживеат, се чини дека на социјалните мрежи се појави нов феномен каде што се поголем број на инфлуенсери „копаат“ во контејнери – а тоа е тренд познат како „дампсер дајвинг“ (нуркање на контејнери).

dobivaj vesti na viber

Овој тренд се однесува на луѓе, главно инфлуенсери кои откако ќе „копаат“ низ контејнерите, покажуваат што пронашле во нив – од козметика до дизајнерски работи.

На социјалната мрежа ТикТок има голем број видеа во кои корисниците влегуваат во контејнери зад големи продавници во потрага по употребливи предмети. И хаштагот #DumpsterDiving има повеќе од 4,4 милијарди прегледи на ТикТок, што дополнително ја потврдува неговата популарност.

Иако поголемиот дел од таквите инфлуенсери денес живеат со препродажба на овие артикли, тие дури ја подигнуваат свеста за непотребното создавање отпад, бидејќи различните малопродажни корпорации секојдневно уништуваат стотици илјади употребливи производи.

Тифани Шири, ТикТокерка од Тексас од Америка, има три милиони следбеници на кои им ги покажува своите пребарувања по работи во контејнерите зад американските продавници за малопродажба. Почнала да „нурка во контејнер“ на крајот на 2017 година, а токму тогаш пронашла шминка и разни производи вредни 1.200 долари. Набрзо сфатила дека ваквото хоби може да ѝ донесе огромен профит – а останатото е историја. Таа моментално со овој тренд заработува и до 1.000 долари неделно, а благодарение на препродажбата на пронајдените производи, Тифани живее удобен живот.

Солти Стела е уште една ТикТокерка, која моментално има повеќе од 1,2 милиони следбеници. Живее и од препродажба на предмети од контејнери, но многу е лута што ја фрла употребливата храна. Од сокови, грицки, супи, тестенини и газирани пијалоци, често сите во еден контејнер.

Ана Сакс, Тиктокерка од Њујорк, која има повеќе од 400.000 следбеници, на платформата е позната како „Трешвокер“. Таа често споделува видеа од фрлени производи што ги наоѓа, а често наоѓа дизајнерски чанти, скапи палта, фотоапарати и козметика за жени.

Таа често привлекува внимание на отпадот во нејзиниот град и им предлага на сите на интернет да донираат или рециклираат стоки наместо да ги фрлаат. Таа повика и на создавање закон со кој продавниците ќе се обврзат да не ги фрлаат средствата за хигиена, туку да ги донираат во прифатилишта за бездомници.

Трендот „Dampster diving“ е легален во Америка, па затоа е одржлива практика која не само што заработува пари, туку и го намалува отпадот. Со споделување на нивните искуства поврзани со овој тренд, инфлуенсерите ги инспирираат другите да размислуваат за влијанието на нивната потрошувачка и навики врз животната средина.

Сепак, важно е да се напомене дека „Dampster diving“ не е решение за горливиот проблем со отпадот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија15 часа

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија15 часа

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија16 часа

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија17 часа

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија17 часа

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...

Македонија18 часа

„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова

Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на...

Македонија19 часа

Уште едена оставка од потпретседателската функција во СДСМ: Перо Костадинов се повлекува од функцијата по изборниот пораз

По Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните...

Македонија19 часа

Реков дека сум доктор и дека на крајот ги давам лековите: Таравари ѝ препиша терапија на ДУИ

Откако на првичните изборни резултати освоија 13 мандати, коалицијата „Вреди“ славеше а Арбен Таравари на Фејсбук испрати порака до ДУИ....

Македонија19 часа

Мојата оставка ќе биде целосно ефективна кога тоа ќе го сторат и моите другари од раководството на партијата – од првиот до последниот: Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи со видео обраќање преку својот Фејсбук профил соопшти дека поднесува оставка од функцијата потпретседател...

Македонија19 часа

По поразот на изборите, претседателката на ДОМ поднесе оставка

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин преку Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа функција во партијата, по поразот на нивната...

Македонија1 ден

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати

Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови. „На ниво...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себеси, време е ДУИ да одат заедно со СДСМ во опозиција

„Успеавме, успеавме. Победи Македонија, историска победа на народот“, кажа вечерва на прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Криминалот, корупцијата, неспособноста,...

Македонија1 ден

Димитриевски: ЗНАМ вечерва испиша историја

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и посака успешен мандат на Гордана Силјановска Давкова. „Да ја води Македонија во правилна насока,...

Македонија1 ден

(Видео) Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Тврдам дека, од овој момент, ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани, на сите етнички групи, партии, оние кои...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски му честита на Мицкоски: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на прес-конференција ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски и изборот...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се...

Македонија1 ден

Првични резултати од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 36,98 отсто, СДСМ 12,51 отсто

Според досега пребројаните гласови, објавени на страната на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 137.077 гласови, односно 36,98 отсто, наспроти...

Македонија1 ден

Силјановска има повеќе од двојна предност пред Пендаровски, покажуваат првичните резултати на ДИК

Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно водство пред Стево Пендаровски од СДСМ, покажуваат првичните резултати...