Екологија
Во ЈИЕ поисплатливо е да се вложи во обновливи извори на енергија

Енергетскиот модел на СЕЕ СЕП проектот покажува дека за регионот на Југоисточна Европа поисплатливо е да се применат климатските политики на Еевропската унија 2050 година, отколку да продолжи со градење термоелектрани
Енергетскиот модел на СЕЕ СЕП проектот покажува дека за регионот на Југоисточна Европа поисплатливо е да се применат климатските политики на Еевропската унија 2050 година, отколку да продолжи со градење термоелектрани
Според енергетскиот модел за седумте земји од регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ), меѓу кои и Македонија, се покажа дека технички е изводливо во ЈИЕ да се постигнат ЕУ климатските цели за 2050-та (намалување на емисиите за 80 отсто до 2050 година). За да се постигнат овие ЕУ цели за 2050 треба да се затворат термоелектраните во ЈИЕ и истите да се заменат со обновливи извори на енергија.
Втор значаен резултат од моделот е дека за земјите од ЈИЕ поевтино е да ги применат климатските цели на ЕУ за 2050 отколку да продолжат да инвестираат во термоелектрани. Моделот исто така покажува дека со следење на климатските политики на ЕУ до 2050, земјите од регионот не само што ќе ги намалат своите емисии, туку ќе оневозможат дополнителни здравствени трошоци како последица од климатските промени.
Енергетскиот модел, исто така, покажува дека со регионална соработка визијата да се постигнат климатските цели на ЕУ и со тоа да се има одржлива енергетска реалност со нови работни места може да стане реалност.
Моделот развива нискокарбонски сценарија до 2050 година, е подготвен во рамките на проектот СЕЕ СЕП, во кој Аналитика учествува од самиот почеток, и се темели на јавни податоци и консултации со над 500 чинители. Енергетскиот модел првобитно е развиен од Одделот за енергија и климатски промени на Обединетото Кралство. Искуствата од таму укажуваат дека дискусијата за енергетските прашања е поквалитетна ако истата е отворена. За таа цел овој модел е од отворен карактер и секој чинител или граѓанин може да го погледне и да го користи.
Овој модел, во среда, се презентира на конференција во Европската комисија во Брисел како дел од Енергетската недела на ЕУ./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Екологија
Гејтс со најбизарна инвестиција досега: ќе го намалува ждригањето на кравите

Милијардерот Бил Гејтс инвестира во австралиска стартап-компанија за климатска технологија, која планира да ги намали емисиите на метан што настануваат од ждригање на кравите.
Метанот е најчестиот стакленички гас по јаглеродниот диоксид. Добитокот, како кравите, козите и елените, произведуваат метан кога нивниот стомак разградува цврсти влакна, како трева, пишува „Индекс“.
Научните истражувања покажаа дека хранењето на кравите со алги може значително да ги намали нивните емисии на метан. Стартапот „Румин 8“ од Перт почна да работи на додаток на храна, кој синтетички се пресликува од црвените алги, што го запира формирањето гас, пишува Би-би-си.
„Румин 8“ соопшти дека собрал 12 милиони долари преку финансирање предводено од Breakthrough Energy Ventures, која Гејтс ја основа во 2015 година. Инвестициската фирма е поддржана и од извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, и од кинескиот претприемач и коосновач на „Алибаба“, Џек Ма.
Во октомври минатата година Нов Зеланд предложи да се даночат стакленички гасови произведени од домашните животни преку подждригнување и мокрење. Во 2019 година метанот во атмосферата достигна рекордни нивоа, тој беше околу два и пол пати повеќе од нивото во прединдустрискиот период. Одделните молекули на метан имаат посилен ефект на загревање на атмосферата од молекулите на CO2.
Екологија
Отворање на пермакултурна градина во МКЦ

Во Младинскиот културен центар утре (20 мај) ќе биде отворен новиот зелен простор во градот наречен „ГРАДИДНИНА“.
„’Градиднина’ е новата пермакултурна градина во Скопје, создадена за поддршка на широки иницијативи во зародиш. Изградбата на просторот е резултат на учеството на МКЦ во меѓународниот проект насловен ‘Big Time Takeover’ развиен преку Ерасмус KA2 Програмата за соработка и инвовација и размена на добри пракси на Европската Унија. Прокетот се реализира во периодот од мај 2021 до јуни 2023 година, заедно со останатите европски партнери во проектот: Associazione culturale Mulab од Италија, Rinova Limited (Велика Британија), HFC-Hope for children CRC Policy Centar (Кипар) и Fundacija Arteria (Полска)“, информираат од МКЦ.
„Big Time Takeover“ има за цел да ги поттикне младите од 13 до 18 години да ја користат својата креативна моќ и потенцијалот на уметноста, природата и модерната технологија за да проговорат на прашањата што ја засегаат заедницата и развојот на идните генерации.
МКЦ преку овој проект ја согледува можноста да проговори за потребата од грижлив и одржлив пристап кон градинарството и урбаното живеење со акцент на креативниот и социјален развој кај младите.
„Од самиот почеток на проекот МКЦ соработува со уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски (Press to Exit project space) со цел да развие современ интердисциплинарен, уметнички и едукативен концепт и програма која ќе ги опфати сите клучни цели и насоки на проектот“, наведуваат од Младинскиот културен центар.
Клучен во развојот на овој проект е социологот и градинар Хајан Алхалаби, познавач во областа на пермакултурата и соработник на граѓанската иницијатива „Бостание“. Алхалаби е вклучен како експерт и едукатор во проектот.
„Целта на ГРАДИДНИНА е да прерасне во благородно и динамично место, кое покрај својата основна функција во духот на одржливата агрикултура и грижлив однос кон природата, ќе прерасне и во простор за реализација на различни широки иницијативи на сите заинтересирани поединци од уметнички, едукативен и социјален аспект“, појаснуваат од МКЦ додавајќи дека во создавањето на градината учествувале и гимназијалците од СУГС Никола Карев под менторство на професорката Емилија Ристановска.
Екологија
За две години, „Пепси“ ќе продава сокови само во рециклирана амбалажа

Компанијата „Пепси“ одлучи да ја укине пластиката добиена од сурова нафта, која се користи за пакувањa и амбалажи, на девет пазари на Европската Унија до 2022 година.
Во иднина пакувањата што ги користи „Пепси“ ќе бидaт направени од рециклирана пластика, а компанијата ќе продолжи да работи на подобрување на моделот за повторна употреба на шишиња и други амбалажи, се вели во соопштението на производителот на сокови.
Се прецизира дека фабриките за пакување на „Пепси“ во Шпанија, Германија, Романија, Полска и во Грција ќе почнат да користат рециклирана амбалажа веќе в година, а погоните во Франција, Белгија, Велика Британија и во Луксембург ќе користат 20 проценти рециклирана пластика до 2022 година.
„Пепси“ проценува дека со префрлањето на 100 проценти рециклирана пластика годишно ќе се елиминираат повеќе од 70.000 тони отпаден полиетилен базиран на фосилни горива.