Естрада
Адел потврди дека се омажила тајно

Британската пејачка Адел на неодамнешниот концерт во австралиски Бризбејн го потврдила она за што долго време нагаѓаа медиуми, односно дека тајно се омажила.
Пред да ја отпее еден од своите најпопуларни песни „Someone Like You“, на присутните во салата им потврдила дека таа и нејзиниот долгогодишен партнер Сајмон Конецки далеку од љубопитната јавност го кажале судбоносното „да“.
„Без оглед на тоа колку раскинот боли, без оглед на болката којашто притоа ве задушува… она чувство кога првпат ќе сфатите дека сте вљубени не се опишува. А јас сум зависна од тоа чувство. Но не мислам повеќе да минувам низ такво нешто бидејќи сум мажена жена. Го пронајдов својот човек“, изјавила Адел пред 60.000 обожаватели.
Адел е во врска Сајмон од 2011 година. Двојката го има четиригодишниот си Анџело.
Адел првпат е на турнеја по Австралија, а влезниците за нејзините концерти во сите поголеми градови се веќе распродадени./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
(Видео) Две недели по исчезнувањето на режисерот Мекдонел: На плажа е пронајдено осакатено тело без глава и раце

Полицијата пронашла тело без глава и раце на плажата Бризи Поинт во Њујорк.
„Дејли мејл“ сугерира дека телото било откриено две недели откако познатиот ирски режисер Рос Мекдонел (44) исчезнал од својот дом во Њујорк, а неговиот велосипед подоцна бил пронајден на само пет километри од плажата Бризи Поинт.
Њујоршката полиција не откри дали осакатеното тело било исфрлено на брегот од водата или било оставено на плажата. Главниот медицински иследник во градот сега се обидува да ја утврди точната причина за смртта.
Идентитетот на жртвата нема да биде соопштен додека семејството не биде известено.
Мекдонел последен пат бил виден во сабота, 4 ноември околу 20:30 часот. Добитникот на Еми потоа беше виден на плажата Форт Тилден во близина на Роксбери, каде што неговиот велосипед беше пронајден заклучен три дена подоцна.
Emmy-winning Irish filmmaker Ross McDonnell, 44, vanishes in NYC https://t.co/k3buMkwugz pic.twitter.com/TFg2LFXv7t
— New York Post (@nypost) November 13, 2023
На почетокот на овој месец, пријател на исчезнатиот режисер, Џин Галерано, за ирските медиуми изјави дека Мекдонел бил на плажа, но дека „влегол во океанот“ пред да се изгуби.
Мекдонел, кој по потекло е од Даблин, доби Еми награда во 2021 година за неговата работа на серијата „Трговија“. Работел низ целиот свет, вклучително и Авганистан, Украина и Мексико, а беше номиниран за уште една награда Еми во 2018 година како режисер на документарниот филм за Си-Ен-Ен Филмс Елијан.
Естрада
Милош Биковиќ набргу ќе стане татко: убавата Ивана сподели фотографија непосредно пред породувањето, блеска во бременоста

Српскиот популарен актер Милош Биковиќ и неговата избраничка Ивана Малиќ набргу ќе станат родители.
Веста дека поубавата половина на Биковиќ чека бебе ја изненади јавноста, а Ивана е веќе осми месец од бременоста.
Како што стана познато, Биковиќ и Малиќ чекаат момче, а сè уште не се знае како ќе се вика наследникот.
Блажените денови Ивана ги поминува во Белград, а сега за следбениците на „Инстаграм“ сподели фотографија во тесен фустан.
Трудничкиот стомак доаѓа до израз, но и нејзината посебна убавина.
„Растеме“, напиша Ивана додавајќи емотикон со балон.
Естрада
Брус Вилис блед и уморен, актерот „уловен“ на улиците во Лос Анџелес

Холивудската легенда, актерот Брус Вилис (68) е „уловен“ при прошетка во Лос Анџелес, додека ужива во зелено смути.
Најновите папарацо фотографии на познатиот актер ги загрижија фановите, бидејќи Брус на нив изгледа многу бледо и уморно, а на неговото лице се забележуваат и големи темни кругови.
Вилис минатата година откри дека боледува од афазија – тешко пореметување кое влијае на говорните способности, а откако се дозна за неговата дијагноза, актерот ретко се појавува во јавноста, а неговата состојба се влошува.
Откако му беше дијагностицирана афазија, Брус Вилис се откажа од актерството и времето го поминува со семејството.
Состојбата му се влошила, а семејството, вклучувајќи ја и поранешната сопруга Деми Мур, секојдневно му помага.
Во декември минатата година, ќерката на Вилис, Румер, објави дека таа и нејзиното момче Дерек Ричард Томас ќе станат родители, а Брус и Деми баба и дедо.