Естрада
Трамп против Терминаторот: Отпуштен е, не даде отказ

Американскиот претседател саркастично го коментираше славниот Арнолд Шварценгер откако холивудскиот актер и поранешниот калифорниски гувернер изјави дека поради него го напушта телевизиското шоу „Слевен приправник“.
„Арнолд Шварценегер не го напушта доброволно шоуто, тој доби отказ поради лошото (бедно) држење, не поради мене. Тажен крај на големото шоу“, обвини Трамп преку Twitter.
Шварценегер изјави дека Трамп би требало „да размисли за тоа да вработи нова личност којашто би му составувала шеги и уште една која би му ги проверувала фактите“.
Познатиот актер го наследи Трамп на местото водител на шоуто. Даде оставка веќе по првата сезона, додека Трамп беше водител од 2008 до 2014 година и сними 14 ткн сезони од шоуто.
Шарценегер, кој исто така е републиканец и два мандата беше гувернер на сојузната држава Калифорнија, рече во интервју за британскиот филмски магазин Empire, во бројот од петокот дека не гласал за Трамп и дека поради него заминува од шоуто, коешто, како што вели, токму поради Трамп има ниска гледаност.
„Кога луѓето сфатија дека Трамп и натаму е извршен продуцент на шоуто и дека прима заработка од него, половината од луѓето започнаа да го бојкотираат шоуто“, изјави славниот актер од австриско потекло./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
Брус Вилис блед и уморен, актерот „уловен“ на улиците во Лос Анџелес

Холивудската легенда, актерот Брус Вилис (68) е „уловен“ при прошетка во Лос Анџелес, додека ужива во зелено смути.
Најновите папарацо фотографии на познатиот актер ги загрижија фановите, бидејќи Брус на нив изгледа многу бледо и уморно, а на неговото лице се забележуваат и големи темни кругови.
Вилис минатата година откри дека боледува од афазија – тешко пореметување кое влијае на говорните способности, а откако се дозна за неговата дијагноза, актерот ретко се појавува во јавноста, а неговата состојба се влошува.
Откако му беше дијагностицирана афазија, Брус Вилис се откажа од актерството и времето го поминува со семејството.
Состојбата му се влошила, а семејството, вклучувајќи ја и поранешната сопруга Деми Мур, секојдневно му помага.
Во декември минатата година, ќерката на Вилис, Румер, објави дека таа и нејзиното момче Дерек Ричард Томас ќе станат родители, а Брус и Деми баба и дедо.
Естрада
(Видео) Мајли Сајрус сними спот во куќата каде екс сопругот ја изневери со 14 жени

Новата песна на Мајли Сајрус крена голема прашина во јавноста, а спотот е снимен во куќата во која нејзиниот поранешен сопруг ја изневерувал со 14 жени.
Новата нумера на Сајрус за кратко време стана голем хит, а многу жени го пеат нејзиниот текст.
Многумина мислат дека ова е порака до нејзиниот поранешен сопруг, актерот Лијам Хемсворт. Сомнежот го подгрева и фактот што пејачката ја објави песната токму на неговиот роденден.
„Можам да си купам цвеќе… Можам да си зборувам со часови, да се држам за рака“… е текстот на песната, но покрај овие впечатливи зборови, на многумина им недостигаат уште некои тајни пораки.
Мајли како главна локација за видео спотот ја одбрала токму куќата во која сопругот наводно ја изневерувал со 14 жени.
Парот се венчаше во 2018 година, а осум месеци подоцна се разведоа. Потоа се пишуваше дека Мајли е таа што била неверна, а дека Лиам изневерувал и со жени и со мажи.
Сепак, како што стојат работите, изгледа дека токму актерот бил „лошиот“.
Естрада
Ќе се снима филм за Мајкл Џексон

Режисерот Антоан Фукуа ќе снима биографски филм „Мајкл“ за светски познатиот поп-пејач Мајкл Џексон (1958-2009), пишува филмскиот магазин „Hollywood Reporter“.
– Според мене, не постои уметник со сила, харизма и чист музички гениј како Џексон. Гледањето на неговата работа влијаеше на мене да правам видеа. Неговата музика и тие слики се дел од мојот поглед на животот, а можноста да ја раскажам неговата приказна на екранот, со неговата музика е неодолива – изјави Фукуа.
Режисерот на „Training Days“ (2001) и „The Righteous“ (2016) се присети дека неговите први дела биле видеа и дека сè уште чувствува дека спојот на филмот и музиката е длабок дел од тоа што е тој.
„Мајкл“ ќе биде продуциран од Лајонсгејт, по сценарио на Џон Логан, познат по „Гладијатор“ и „Авијатичарот“, а во продукција на Греам Кинг, кој работеше на филмот за пејачот Фреди Меркјури „Боемска рапсодија“.
Не е прецизирано кој би можел да го игра Џексон, кој меѓудругото е познат и по тоа што ја избели кожата. Растејќи во музичко афроамериканско семејство, Џексон се стекна со слава како момче во хаус бендот „Џексон фајв“, а потоа се впушти во една од најуспешните независни пејачки кариери во светот.
Тој го сними најпродаваниот албум на сите времиња „Thriller“ (1982), кој досега е продаден во над 70 милиони копии, благодарение на седум синглови, вклучувајќи ги „Billy Jean“ и „Beat It“.
Џексон продолжи да постигнува светски успеси со хитовите „Bad“, „I Just Can’t Stop Loving You“, „Black or White“ или „Remember the Time“, но неговата кариера до некаде попушти по неколкуте обвинувања за сексуално вознемирување на деца, иако подоцна судот го ослободи. Тој ненадејно почина од срцев удар додека се подготвуваше за турнеја за враќање, во 2009 година.