Контакт

Естрада

Голем пад на 'Gentleman' на Psy последната седмица во САД

Објавено пред

Новиот хит на популарниот јужнокорејски музичар Psy падна за една седмица од 5-то на 26-то место на Топ 100 хитови на американскиот музички магазин Billboard, а продажбата на носачите на звук со нумерата „Gentleman” во САД паднала за 50 отсто.

Идентичен ефект забележал на интернет и видео спотот за „Gentleman” кој досега е прегледан 267 милиони пати на YpuTybe од неговото објавување на 13-ти април. Така, оваа седмица бројот на прегледување на спотот паднал за 66 отсто во однос на претходната седмица. До 22-ри април спотот беше прегледан повеќе од 200 милиони пати.

Хитот кој му донесе светска слава на Psy, „Gangnam Style” сé уште е подобро позициониран од „Gentleman” за кој се претпоставуваше дека ќе може да го повтори сензационалниот успех на претходникот. „Gangnam Style” забележи од декември 2012 година вкупно повеќе од 1,5 милијарди гледања.

Во првите 24 часа спотот беше погледан 20 милиони пати, со што го надмина рекордот на канадската тинејџерска ѕвезда Џастин Бибер постигнат со спотот за хитот „Boyfriend” кој во мај 2012 година во првите 24 часа беше прегледан осум милиони пати

Видеото „Gentleman” инаку беше прегледано 105,4 милиони пати уште на 17-ти април, четири дена по промоцијата, со што го надмина досегашниот рекорд на Британката Сузан Бојл со нејзината изведба на „I Dreamed a Dream” кој беше погледан повеќе од 100 милиони пати за помалку од една седмица во 2009 година.

Меѓутоа Psy не е загрижен од податоците на Billboard и вели дека промоцијата на новиот негов хит, сé уште не ни започнала на американскиот пазар. „Промоцијата започнува овој викенд, ова е само почеток”, напиша Psy на Twiteer.

Меѓутоа, треба да се потсети дека Чо Јонг-Пил, присутен на корејската поп сцена од 1975 година со својата електронска музика и баладите го презема минатата седмица првото место од „Gentleman” со песната „Bounce” според дневните и неделни топ листи на Navero, водечкиот јужнокорејски интернет портал./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

(Видео) Мис ја загуби титулата поради тверкање на „Тик-ток“

Објавено пред

На мисот на Папуа Нова Гвинеја, Луси Мајно, ѝ беше одземена круната откако на „Тик-ток“ сподели видео на кое се гледа како тверка.

Критичарите велат дека инцидентот со тверкањето (еден вид танц) ја покажува длабоко вкоренетата култура на омраза кон жените во земјата.

Луси Мајно (25), која била и капитен на женскиот фудбалски тим на Папуа Нова Гвинеја, се соочила со лавина реакции откако на „Тик-ток“ споделила видео на кое се гледа како тверка, објави британскиот дневен весник „Гардијан“.

Иако ваквите содржини се чести на оваа апликација, оние што ја поддржуваат санкцијата по објавеното видео, кое сега е избришано, велат дека тоа не е соодветен пример за другите.

„По објавувањето на снимката, Луси Мајно беше ослободена од должноста мис на Папуа Нова Гвинеја“, наведе Комитетот за избор на мис на пацифичките острови Папуа Нова Гвинеја (MPIP PNG).

„Нашата главна цел е зајакнување на улогата на жените, ние сме уникатна платформа што ги промовира културното наследство, традиционалните вредности и споделувањето преку туризмот“, се вели во соопштението на Комитетот.

Прикажи повеќе...

Естрада

Aнкета по интервјуто кај Опра: Хари и Меган никогаш претходно не биле толку непопуларни меѓу Британците

Објавено пред

Популарноста на принцот Хари и неговата сопруга Меган опаѓа и никогаш не била пониска меѓу Британците по нивното интервју со водителката на американската телевизија Си-би-ес, Опра Винфри, покажаа резултатите од истражувањето објавено денес од „Југов“ (YouGov), пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Агенцијата наведува дека интервјуто дадено од Хари и Меган ја донело монархијата стара 1.000 години во најголемата криза во овој век, а според анкетата спроведена од „Југов“, тоа влијаело не само на нивната туку и на популарноста на некои други членови на кралското семејство.

Според истражувањето, откриено е дека 48 отсто од 1.664 испитаници имаат негативен став кон Хари во споредба со 45 проценти од оние со позитивен став, што е првпат неговата вкупна оценка да биде негативна и претставува пад од 15 поени во споредба со една недела претходно, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата наведува дека сега само три од 10 лица имаат позитивен став кон Меган, а 58 проценти имаат негативно мислење за неа.

Единствениот друг член на кралското семејство кај кого, според истражувањето, е забележан пад на популарноста е таткото на Хари, престолонаследникот Чарлс, кого сега негативно го оценуваат 42 процента од Британците наспроти 49 отсто од оние со позитивно мислење.

Според анкетата на „Југов“, и натаму најпопуларна е 94-годишната кралица Елизабета за која дури 80 проценти од испитаниците мислат позитивно, а за постариот брат на Хари, Вилијам, и за неговата сопруга Кејт, позитивно мислење имаат три четвртини од испитаниците.

Посебна анкета, која била спроведена делумно пред емитувањето на интервјуто во Британија, покажала дека поддршката за монархијата како целина е во голема мера непроменета – со 63 проценти од Британците што го поддржуваат ваквото уредување, а 25 отсто сакаат избран шеф на државата, соопшти агенцијата.

Прикажи повеќе...

Естрада

Експерт за говор на телото тврди: Меган и Хари ја кажаа вистината, но за многу работи се воздржуваа

Објавено пред

Пети Вуд, која е експерт за говор на телото, вели дека Меган Маркл за време на интервјуто што таа и принцот Хари го дадоа за Опра Винфри, и покрај тешките признанија, сепак се воздржувала од намерата да каже повеќе.

Таа за магазинот „Мери Клер“ изјавила дека во очите на Маркл била видлива мешавина од емоции, дека била замислена и честопати гледала настрана.

„Има дел од неа што се смее додека се сеќава на тие настани, но има и солзи. Постојат работи што и се драги, како, на пример, свадбата. Но, некои настани ја вознемируваат. Значи, тоа е комплексен сет на емоции. Таа се обидува да ги зaдржи“, рекла Вуд.

Според нејзините зборови, на почетокот на интервјуто Маркл се обидела да се заштити од предрасудите на публиката со тоа што ги прекрстила нозете на заштитнички начин држејќи ги рацете во скутот, што, како што проценува, е обид за заштита на нејзиниот идентитет и женственост.

Вуд исто така проценила дека говорот на телото на Маркл, кога зборувала со љубов за кралицата, открил и нешто покомплексно.

„На самиот почеток на интервјуто Опра ја споменува кралицата, а Меган покажа сложени, негативни вокални и гестикурални знаци за неа. Таа мрмореше. Кога рече дека кралицата е една од првите личности што ги запознала, погледна надолу и направи гримаса. Направи и движење со јазикот. Ова е идеален пример за тоа како невербалните знаци откриваат како таа навистина се чувствува“, објаснила Вуд.

Исто така, продолжила таа, во описот на Меган за нејзината борба со менталното здравје говорот на телото го рефлектирал она за што зборувала – таа навистина се обидувала да го потисне сеќавањето на тој ужасен период.

„Кога плачеше, тоа беа вистински солзи“, рекла Вуд.

Говорејќи за делот од интервјуто во кое Меган зборуваше за загриженоста на палатата за бојата на кожата на нејзиниот син Арчи, Вуд вели дека нејзиното тело многу се сменило и додава дека е очигледно оти за неа тој дел од интервјуто бил најстрашен.

„Го приспособи столчето, што е потсвесна желба да избега од ситуацијата. Израз на чист страв се појави на нејзиното лице. Тоа беше моментот кога Опра се обиде да ја убеди да каже кој ја коментирал бојата на кожата на Арчи. Беше толку исплашена“, вели Вуд.

Во однос на принцот Хари, познавачката на невербалната комуникација проценува дека тој изгледал тажен затоа што не можел да го заштити своето семејство, на што укажува и држењето на телото, кое се чинело повлечено.

Вуд исто така вели дека и покрај тешките теми, говорот на телото на двојката ја покажува нивната љубов и посветеност еден на друг во тешки моменти.

„Анализирав стотици нивни фотографии. Таа го гледа нејзиниот сопруг кога и да зборува. Ако постои можност да се допрат, тие ќе го сторат тоа. Луѓето веројатно се прашуваат каква е состојбата на нивната врска сега. Тие се тука еден за друг и се поддржуваат. Навикнати се да наоѓаат меѓусебна утеха“, заклучува Вуд.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Регистрирани 554 нови случаи на Ковид-19, пријавени 17 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на...

Македонија4 часа

Радев: Изјавите и ветувањата во дијалогот со Северна Македонија повеќе не функционираат

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што...

Свет4 часа

Бајден: Не сакам воената моќ на Америка да се користи како одговор на секој проблем во светот

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека не сака воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем...

Свет4 часа

(Видео) Лава од вулканот на Канарските Острови навлегува во куќите, луѓето се евакуираат

Вулкан на Ла Палма, на северозапад од архипелагот, еруптира во неделата исфрлајќи лава неколку стотини метри високо во воздухот и...

Регион5 часа

Лајчак вознемирен за ситуацијата во Косово, повика на смирување на тензиите

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово...

Македонија7 часа

И без политичка влада во Софија, продолжуваат разговорите за деблокада на евроинтеграцијата

И покрај тоа што сè’ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата...

Македонија7 часа

ДИК со жрепка го утврди редоследот на кандидати на гласачкото ливче на локалните избори

Државната изборна комисија со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за претстојните локални избори за градоначалници и...

Регион9 часа

(Видео) Вучиќ: Го одбив предлогот на ЕУ за решение, тоа не е компромис туку понижување на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати по седницата на Советот за национална безбедност. На седницата се разгледа актуелната ситуација...

Македонија9 часа

МОН ќе добие експертска поддршка од Естонија за развој на дигитализацијата во образованието

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска одржа состанок со делегација од Естонија, претставници од Секретаријатот за европски прашања...

Македонија12 часа

Досега се попишани 1.132.484 лица

Вкупно 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера. Можноста за самопопишување на лица...

Македонија12 часа

Вархеи во Софија на разговори за бугарското вето за Македонија

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј ќе престојува во посета на Бугарија, објави Европската комисија. Детали за разговорите не се соопштуваат,...

Свет13 часа

Претседателот на Бразил наместо во ресторан, вечераше пица на улица

Невакцинираните шефови на држави кои присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите нации оваа недела, најверојатно, ќе мора да се задоволат...

Регион14 часа

Седница на Совет за безбедност на Србија за ситуацијата на Косово

На Косово ноќта помина тензично, но мирно по распоредувањето на специјалните единици „Росу“ низ северот на провинцијата. Српскиот претседател, Александар...

Свет14 часа

Идентификувани жртвите од пукањето во универзитетот во Русија

Идентификувани се сите шест жртви на пукањето на универзитетот во рускиот град Перм. Како што пренесе ТАСС, повикувајќи се на...

Македонија14 часа

Пендаровски: Одржувањето на перспективата за членство во ЕУ е клучниот двигател за реформите во земјите од Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски во Њујорк учествуваше на 20. состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што...

Свет1 ден

Од ноември можен влез во САД за странци што се вакцинирани

САД повторно во ноември ќе дозволат влез на патници од Кина, Индија, Велика Британија и од многу европски земји, кои...

Свет1 ден

(Видео) Напаѓачот од Русија објавил детали за нападот во универзитетот, во кој уби најмалку шест луѓе и рани 28

Приведениот напаѓач на универзитетот во Русија, Тимур Бекмансуров, објавил долго детаљно објаснување за својата подготовка за нападот, во кое тврди...

Регион1 ден

(Видео) Вучиќ за ситуацијата на Косово: Се надевам дека нема да треба да прeземеме контрамерки

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва ѝ се обрати на јавноста и нагласи дека ова е еден од најтешките денови за...

Македонија1 ден

Нови 154 заболени од Ковид-19, починале 12 луѓе

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 118, Куманово...

Македонија1 ден

Заев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално

Премиерот Зоран Заев изјави дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка станува банално. „СДСМ има квалитетни кадри коишто...

Досие