Контакт

Естрада

Оригиналниот текст на песната 'Born to Run' продаден за 197 илјади долари

Објавено пред

Оригиналниот нацрт текст за песната на американскиот пејач Брус Спрингстин „Born to Run“ продаден е во четвртокот на наддавање 197 илјади американски долари што е двојно поголема сума од онаа што ја очекуваше американската аукциска куќа Sotheby’s.

Анонимен купувач ја издвоил споменатата сума за да добие увид во првите контури од песната којашто во 1975 година стана светски хит, задоволство чијашто цена првично беше проценето на 70 до 100 илјади долари.

Записот претходно беше во колекцијата на Мајк Ејпл, поранешниот менаџер на Брис Спрингстин.

Повеќето стихови од оваа груба верзија којашто потекнува од 1974 година, напишана во родниот град на пејачот Лонг Бранч во сојузната држава Њу Џерси, не се ставени во конечната верзија на песната и не се објавени ниту снимени. На маргината од записот се среќаваат и зборови како „диви“ и „ангели“.

„Иако беше познато дека Спрингстин минува низ интензивен творечки процес, има малку саморачни белешки од времето на создавањето на песната ‘Born to Run’“, објави Sotheby’s./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Балашевиќ имаше срцев удар, откажан концертот во Крагуевац

Објавено пред

Музичарот Ѓорѓе Балашевиќ (66) го откажа распродадениот концерт во Крагуевац поради здравствени проблеми. Неговата ќерка Беба Балашевиќ ги објави вестите на социјалните мрежи. „Блиц.рс“ пишува дека пејачот имал срцев удар и во моментот е на Институтот за кардиоваскуларни заболувања во Сремска Каменица, каде што бил хоспитализиран.

„Почитувани жители на Крагуевац и преостанатата екипа која вечерва би дошла на концертот… Жал ми е што ве известувам дека вечерашниот концерт е одложен… Животот понекогаш прави планови без нас и очекува да го разбереме тоа… Здравјето е во секој случај е она што е најважно“, напиша ќерка му.

„Ѓоле вели дека ќе донесе лекарско оправдување ако е потребно, но јас се сомневам дека тоа ќе го побарате. Сè ќе биде во ред за неколку дена, па продолжуваме понатаму… Ве молиме за разбирање и трпение, ќе го објавиме точниот датум на новиот концерт за неколку дена сè додека сè не си дојде на свое место. Наши сме си “, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Естрада

Неизвесно е дали ќе се одржи концертот на Енрике Иглесијас во Загреб

Објавено пред

На само 20 дена пред да се одржи, најавениот концерт на Енрике Иглесијас во Загреб е под знак прашалник.

Најпрвин на интернет се појавиле информации дека концертот е откажан, но како што дознава Индекс.хр, сè уште не се знае дали концертот ќе се одржи или не.

„Настанаа организациски промени“, рекле од агенцијата која го промовира концертот во име на организаторите.

„Билетите не можат да се купат во моментов, како резултат на организациските промени поврзани со концертот на Енрике Иглесијас. Ние ќе се обидеме да обезбедиме нови информации што е можно поскоро“, е објавено на веб-страницата за продажба на билети Eventim.

Од друга страна, најавата за концертот во Загреб исчезна од официјалната веб-страница на Иглесијас. Индекс.хр наведува дека официјално е само дека конечната одлука за концертот треба да се знае утре.

Иглесијас одржа концерт во Загреб во мај 2016 година.

Прикажи повеќе...

Естрада

Бронкс доби нова туристичка атракција поради филмот „Џокер“

Објавено пред

Најновата филмска верзија на „Џокер“, во којa главната улога ја толкува Жоакин Финикс, многумина ја сметаат за најдобра досега, па сакалилата од филмот на кои се случува една од најпрепознатливите сцени станаа вистинска атракција.

Иако филмот на Тод Филипс премиерно беше прикажан пред помалку од два месеца, тој веќе ја освои наградата „Златен лав“ на 76. Меѓународен филмски фестивал во Венеција, а скалите на кои џокерот танцува прераснаа во туристичка атракција.

Една сцена во филмот го прикажува ликот на Артур Флек – Џокер како во кулминацијата на своето лудило танцува на скали додека во позадината се слуша песната од Гери Глистер, „Рок ен рол парт 2“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ignacio 🍉 (@nacho_montagna) on

Фановите на Џокер брзо ги лоцираа скалите кои ги поврзуваат Шекспировата улица и авенијата Андерсон во Бронкс (Њујорк) и од нив направија атракција, а Инстаграм е преплавен со фотографии и видеа од обожавателитe кои се обидуваат да го имитираат танцот на Џокер.

Бронкс е дел од Њујорк што го бие лош глас поради високата стапка на криминал. Но, сега, во овој дел од градот покрај Зоолошката и ботаничката градина и стадионот на „Јенките“, туристите добија уште еден мотив повеќе зошто би ја посетиле „проблематичната област“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мицкоски за ексамбасадорот кој репетираше пушка: Го знам од детството, но ќе предложам негово разрешување

На следната седница на Извршниот Комитет, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе предложи разрешување на ексамбасадорот, Томислав Димитровски, кој е...

Македонија3 часа

(Видео) Заев: Судскиот совет да провери зошто се чувале предмети во фиока

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во воведот од неговиот говор рече дека го радува глетката од преполната сала...

Свет4 часа

(Видео) Најмалку четири лица загинаа во земјотресот на Филипините

Најмалку четири лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,9 степени кој го погоди островот Минданао во јужниот дел на...

Топ6 часа

Седум возила учествуваa во сообраќајна несреќа што се случи утрово во Скопје

Утрово во 06.45 часот на крстосница од булеварот „Александар Македонски“, улицата „16-та Македонска Бригада“ и улицата„Интернационални Бригади“ се случила сообраќајна...

Спорт8 часа

Македонец е светски првак во УФЦ–Александар „The Great“ Волкановски

Македонецот Александар „The Great“ Волкановски (31) е новиот шампион во УФЦ, во перо категорија. Волкановски утринава во Лас Вегас го...

Економија9 часа

Почнува наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“

Од денес со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од...

Свет23 часа

Уништувањето на шумите во Амазонија достигна највисоко ниво за месец ноември

Уништувањето на шумите во бразилската Амазонија го достигна своето највисоко ниво за месец ноември, откако почна да се бележи неславни...

Македонија1 ден

Заев за ДУИ ќе се консултира во СДСМ и со малите партии

Премиерот Зоран Заев најави внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии на кои ќе се одлучува за поднесувањето на...

Топ1 ден

Пожар во стан во Тетово – еден тешко повреден, десетина затруени

Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица се затруени од чад, во пожарот што се случи денеска...

Македонија1 ден

Врховните судии потврдија дека Јован Врaнишковски перел пари

Врховниот суд го отфрли како неосновано барањето за вонредно преиспитување на пресудата против расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски. Тројцата...

Македонија1 ден

(Видео) Русковска: На почетокот на јануари се надевам на второ обвинение за „Рекет“

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека втората истрага за случајот „Рекет“ е при...

Македонија1 ден

Николоски тврди дека со СДСМ имале договор: За изборниот модел требаше да преговараме по изборите

Преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак, по вина на власта којашто на подмолен и недемократски начин, сака...

Македонија1 ден

(Видео) Дескоска, Здравев и Џолев на примопредавање на златната метла

Министерката за правда, пред почетокот на денешната акција за чистење на претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев му ја подари...

Македонија1 ден

Коце Трајановски нема да биде гонет за конкурсот за Водовод, застарело делото

Ексградоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и уште три други лица нема кривично да одговараат за злоупотреба на службената положба...

Топ1 ден

Патнички воз удри во автомобил, жена со повреди заврши во болница

Вчера напладне на железничка пруга Велес-Кочани, на патен премин кај селото Лозово, се случи железничка незгода во која патничкиот воз...

Европа1 ден

Џонсон: Нема втор референдум за независност на Шкотска

Британскиот премиер Борис Џонсон и порача на шкотската лидерка Никола Старџен дека нема да има нов рефердендум за независност на...

Свет1 ден

Северна Кореја изведе нова нуклеарна проба

Северна Кореја ја инофмрира светската јавност за нов „важен тест“, направен на космодромот Сохе во земјата, пренесоа руските медиуми. „На...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева го злоупотребила буџетот на СЈО за роднини и пријатели

Катица Јанева , под заштита на Зоран Заев, била дел од милионска рекет шема, но и го злоупотребувала буџетот на...

Македонија2 дена

(Видео) Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени...

Топ2 дена

Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Скопје

Управата за финансиска полиција  поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.А., поранешна директорка на средното училиште „Браќа...

Досие