Контакт

Естрада

Актерот Џони Деп ја ожени колешката Амбер Херд

Објавено пред

Холивудската актерска ѕвезда Џони Деп се оженил во вторникот американската актерка Амбер Херд на цивилна свеченост во Лос Анџелес, пишуваа во средата на локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Двојката којашто направи веридба во 2012 година ја формализираа својата врска неколку дена пред големата прослава на приватниот остров на 51-годишниот актер на Бахамите, пишуваат магазините People и US Weekly.

Склучувањето на бракот било прославено во домот на главниот актер во филмските хитови „Пиратите од Карибите“, „Чарли и фабриката за чоколади“ и „Алиса во земјата на чудата“, кој го поседува во квартот Западен Холивуд во Лос Анџелес.

Деп ја запозна 28-годишната Херд на снимањето на филмот „Порторикански ноќи: дневник на опивањето“, од 2011 година. Актерката беше забележана и по улогите во „Добредојдовте во земјата на зомбите“ и „Мачетата убива“.

Ова е втор брак за Деп кој во 1983 година се ожени за актерката Лори Ен Алисон од која се разведе по две години. Со француската актерка и пејачка Ванеса Паради живееше 14 години, од 1998 до 2012 година, и со неа имаа две деца, Лили Роз и Џон Кристофер.

Семејствата и пријателите на двојката кон крајот на седмицата треба да се соберат на островот Литл Холс Понд Кеј, кој Џон Деп го купи во 2004 година за 3,6 милиони долари//крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Домот на Бред Пит завиен во црно: Актерот скршен поради смртта на мајка му

Објавено пред

Бред Пит доживеа голема загуба – неговата мајка почина денес на 84-годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесуваат странските медиуми, веста дека актерот ја загубил мајка си стана позната преку емотивна објава на еден член од семејството на Инстаграм.

Џејн Ета Пит била столб на семејството. Таа била таа што ги држела сите на купче и организирала голема семејна прослава пред пет години. По професија била семеен советник и најчесто се држела подалеку од рефлекторите, но повремено се појавувала на црвениот тепих заедно со својот син Бред и сопругот Вилијам.

Незиниот мирен живот и посветеност на семејството останале нејзин заштитен знак. Тие што ја познавале велат дека била срдачна, верна и секогаш подготвена да помогне.

Прикажи повеќе...

Естрада

Тимберлејк откри дека боледува од лајмска болест: „Животот со ова е немилосрдeн“

Објавено пред

Џастин Тимберлејк ја сподели со јавноста веста за својата здравствена состојба, откривајќи дека му била дијагностицирана лајмска болест. По две години поминати на светска турнеја, тој одлучил отворено да зборува за проблемите со кои се соочува.

dobivaj vesti na viber

Иако е познат по тоа што ја чува својата приватност, Тимберлејк почувствувал потреба да им открие на обожавателите „малку за тоа што се случува“ со него.

„Како што многумина од вас знаат, јас сум прилично приватна личност. Но додека размислувам за турнејата, сакам да ви кажам малку за тоа што ми се случува“, напиша тој на Инстаграм.

„Меѓу другото, се борев со одредени здравствени проблеми и ми беше дијагностицирана лајмска болест – не го велам ова за да предизвикам сожалување, туку за да осветлам низ што поминував зад сцената. Ако некогаш сте се соочиле со оваа болест или познавате некој што има, тогаш знаете: животот со неа може да биде безмилосно исцрпувачки – и психички и физички.“

Тој додаде: „Кога првпат ја добив дијагнозата, бев навистина шокиран. Но барем добив објаснување зошто на сцена чувствував силна нервна болка или само огромен замор и слабост.“

Пејачот се нашол пред тешка одлука – да ја прекине турнејата или да продолжи и покрај сè. „Одлучив дека радоста што ми ја носи настапот далеку ја надминува привремената болка и стрес што го чувствуваше моето тело. Многу ми е мило што продолжив“, изјави тој.

Тимберлејк рече дека долго време се двоумел дали да зборува јавно за своите здравствени проблеми, но сега „се обидува да биде потранспарентен за борбите, за тие да не бидат погрешно сфатени“.

„Го споделувам сето ова со надеж дека сите ќе најдеме начин да бидеме поврзани едни со други“, порача тој. „Сакам и јас да придонесам и да им помогнам на оние што исто така се борат со оваа болест.“

Тимберлејк не е единствена славна личност што се бори со оваа болест – манекенката Бела Хадид исто така јавно говореше за своето искуство. Според клиниката Мајо, лајмската болест ја предизвикува бактеријата борелија, а луѓето најчесто се заразуваат преку каснување од заразен крлеж.

Болеста е најзастапена во североисточните, средноатлантските и горните делови на Средниот Запад во САД, но се пријавени и многу случаи во Европа и некои делови на Канада. Ризикот од зараза е најголем во тревни, грмушести и шумски предели, поради што се препорачува претпазливост при престој во природа.

Прикажи повеќе...

Естрада

Џеси Џ. сподели емотивни фотографии од болничката соба, одмара и чека резултати

Објавено пред

Британската пејачка Џеси Џ. сподели фотографии и видеа од болницата преку својот Инстаграм профил, кои се направени во текот на последните 48 часа од нејзиното лекување.

dobivaj vesti na viber

Имено, 37-годишната ѕвезда неодамна објави дека ѝ е дијагностициран рак на дојка, а набргу потоа го одржа својот последен настап пред лекувањето.

Сега таа одлучи да се отвори за тоа како поминала операцијата и да сподели некои од ранливите моменти. На некои фотографии и видеа, Џеси Џ. може да се види како плаче во болнички кревет додека нејзиниот сопруг Чанан ја поддржува. Таа, исто така, сподели фотографии и видеа со својот син Скај Сафир.

„Оваа објава содржи некои од искрените падови и максимуми од последните 48 часа. Секогаш ќе ги покажувам добрите и тешките делови од секое патување низ кое минувам“, изјави таа на почетокот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessie J (@jessiej)

Потоа им се заблагодари на својот лекар и на сите медицински сестри кои се грижеа за неа, како и на сите што ја посетија.

„Благодарна сум на мојот лекар/хирург и на сите медицински сестри кои се грижеа за мене и на моето семејство и пријатели кои дојдоа да ме посетат. Сега сум дома, ќе се одморам и ќе ги чекам резултатите“, продолжи таа.

На крајот, таа уште еднаш рече дека ги прегрнува сите оние кои моментално минуваат низ тешки ситуации.

Џеси неодамна настапи на Summertime Ball, каде што им кажа на 80.000 луѓе дека тоа ќе биде нејзиниот последен настап пред операцијата.

„Денес, овој настап е и мојот последен пред да одам да го победам ракот на дојка. Толку е посебен за мене, немате поим. Се чувствувам толку посебно што сум од Велика Британија, да бидам искрена и што можам да кажам како се чувствувам. Многу сум благодарна за овој живот, за вас, за мојата кариера, за мојот син, мојот партнер, моите родители, семејството, бендот и екипата. Имаме толку среќа, имаме толку многу за што да живееме, толку многу радост, толку многу, толку многу да направиме“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

Чaрли Кирк (31), влијателен десничарски активист, близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на организацијата Turning Point USA...

Македонија2 часа

Променливо облачно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за изолирана...

Македонија10 часа

Ветрот го сменил правецот од Дрисла, Скопје вечерва мириса на изгорено

Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од главниот...

Македонија13 часа

Фетаи ќе раководи и со новоформираниот совет за конфискација на имот

Владата вчера ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се...

Македонија15 часа

Мицкоски: Време е да се стави крај на злоупотребите на безбедносно-разузнавачките служби

Во интервју за Дојче Веле, премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос со скандалот со прислушкувањето од страна...

Македонија18 часа

(Видео) Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ: Петровска побара декласификација од АНБ

Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух да изврши декласификација или делумна декласификација сѐ во интерес да можеме...

Македонија19 часа

Со 2,5 милиона денари интервентно ќе се заштитува „Македониумот“, а странски експерти ќе работат на трајна заштита

Споменикот „Македониум“ над Крушево до крајот на оваа година ќе биде итно заштитен од пропаѓање, а за в година Владата...

Македонија19 часа

Али и Мали, Мицкоски подолг период го моли „превоспитаниот” Ахмети да влезе во Владата, вели Жерновски

ВМРО- ДПМНЕ дојде на власт врз основа на две ветувања. Прво, дека ќе го поништи “штетниот” Преспански договор, со што...

Свет20 часа

Фон дер Лајен: Европа ќе го брани секој квадратен сантиметар од својата територија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, го одржа своето традиционално обраќање за состојбата на Европската Унија пред...

Македонија21 час

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

По иницијативата за намалување на банкарските трошоци, уште еден предлог на Либерално-демократската партија (ЛДП) добива реализација, службените возила добиваат посебни...

Македонија22 часа

Дали Македонија станува третата српска република, прашуваат од ДУИ

Демократската унија за интеграција е загрижена и алармира до јавноста дека Северна Македонија се соочува со отворена офанзива на злогласниот...

Европа23 часа

Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на...

Свет23 часа

(Видео) Трамп прашан за дроновите во Полска додека излегуваше од ресторан, не одговори

Полската војска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа24 часа

Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди...

Свет1 ден

Катарскиот премиер: Преговорите со Израел во моментот нема да дадат плод

Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера изјави дека напорите за медијација се дел од идентитетот на Катар...

Европа1 ден

(Видео) Полската војска за руските дронови: Тоа е чин на агресија

Полскиот воздушен простор беше повеќе пати нарушен од руски беспилотни летала за време на синоќешниот напад врз Украина, потврди Оперативната...

Европа1 ден

(Видео) Пристигнуваат снимки од Полска: „На ‘Флајтрадар’ можеше да се види сè во реално време“

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа1 ден

Туск: Операцијата е во тек

Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека е во тек операција „поврзана со повеќекратни нарушувања на полскиот воздушен простор“. Во објава...

Европа1 ден

Дронови влегоа во полскиот воздушен простор, Полјаците ги соборија

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Македонија1 ден

Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за...