Контакт

Естрада

Бијонсе со најмногу Греми номинации

Објавено пред

Американската поп ѕвезда Бијонсе има најмногу номинации за Греми наградите за 2017 година. Бијонсе доби девет номинации, вклучувајќи ги и оние за албум на годината „Lemonade“ и за песна на годината.

Бијонсе која во својата музичка кариера има освоено 20 Греми награди е првата која во иста година е номинирана во категориите поп, рок и ар-ен-би (RnB). Зад Бијонсе која е номинирана во девет категории, се Дрејк, Ријана и Кание Вест кои имаат една номинација помалку.

Американската поп ѕвезда е номинирана во најпрестижните категории за најдобар албум, плоча и песна, а во истите категории номинации доби и Адел.

Во трка по наградата за најдобар албум покрај Бијонсе „Limonade“ и Адел „25“, влегоа и Дрејк „Viwes“, Џастин Бибер „Purpose“ и изненадувањето Стерџил Симсон „A Sailor`s Guide to Earth“.

Дејвид Боуви кој почина во јануари минатата година, за својот последен албум „Blackstar“ доби четири номинации.

Греми наградите ќе бидат доделени на 12.февруари 2017 година во Лос Анџелес. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

(Видео) Нова песна на групата Fiction – ,,Некој друг”

Објавено пред

Од

Fiction е бенд оформен во јуни 2016 година од страна на Петар Ѓуревски (вокал), Виктор Захариев (гитара, придружни вокали) и Филип Андонов (гитара).

Во почетоците функционираат како кавер-бенд за подоцна да почнат да создаваат своја авторска музика.

Песната „Некој друг“ е нивното најново музичко парче. Музиката и текстот се на Виктор Захариев, а зад аранжманот стои целиот бенд. На изданието учествуваат и Дарко Цакиќ на тапани и Симеон Ангеловски на бас-гитара.

Инаку, Fiction токму со оваа песна настапуваше на годинешниот „Рокфест“ во МКЦ, каде што имаше одличен настап, а Виктор Захариев ја зема наградата за најдобар гитарист на фестивалот.

Прикажи повеќе...

Естрада

Микис Теодоракис заврши во болница по срцев удар

Објавено пред

Од

Микис Теодоракис, еден од најпознатите грчки композитори, автор на музиката за култниот филм „Гркот Зорба” беше хоспитализиран по срцев удар, но не е во животна опасност, соопшти грчката новинска агенција АНА.

Теодоракис (93) „во петокот беше пренесен во болница во Атина откако се пожали на остра болка во градите и на неправилен срцев ритам”, вели АНА.

Лекарите соопштија дека Теодоракис не е во животна опасност, но поради неговите години медицинскиот персонал се уште е претпазлив.

Музичкиот опус на Теодоракис се состои од ораториуми и симфонии, но отсекогаш најмногу го привлекувала традиционалната грчка музика.

Тој се смета за важна личност во грчкиот политички живот. Како член на движењето на отпорот за време на нацистичката ера и Граѓанската војна во Грција, а по Втората светска војна и како борец против воената диктатура 1967-1974, тој беше прогонуван, затворан и мачен. Неговата музика во Грција беше забранета некое време. Во 1974 година се вратил во демократска Грција и оттогаш е еден од креаторите на нејзината политика.

Роден е во 1925 година на грчкиот остров Иос.

Прикажи повеќе...

Естрада

Турбо-фолк на журката на Салваторе Ганачи во Охрид

Објавено пред

Со светски хитови, песни од Балканот и перформанс во живо, Салваторе Ганачи ја крена на нозе публиката на „Охрид колинг“. Светскиот диџеј направи вистинско шоу, испреплетено со балади, техно, турбо-фолк и хаус музика.

Настапот го почна со македонски ритам, продолжи со светска музика, а некаде на средина од шоуто публиката ја изненади со песна од Синан Сакиќ, за кој искоментира „Почивај во мир Синан Сакиќ“. Според Ганачи, сè е во љубовта. Тој рече: „Ако нема љубов, нема живот. Сакајте се“.

На стадионот „Билјанини извори“ се пееше „Ѓурговден“, „Први пољубац“ од Халид Бешлиќ, They Care About Us од Мајкл Џексон, а сетот заврши со One love од Мајкл Џексон. Ганачи не го заборави ниту неговиот починат колега Авичи, а дел од неговиот сет беше и Wake me up.

Илјадиници луѓе беа воодушевени и коментираа дека вакво нешто не се случило во Македонија, со позитивни критики за диџејот и фестивалот. Ганачи е роден во Босна и Херцеговина, а растел во Шведска. Оваа година настапуваше на Ultra Music Festival, и на главната сцена од Tomorrowland Festival. Утре на „Охрид колинг“ ќе настапи Армин ван Бурен, а организаторот, „Аволон продукција“, очекува над 15 000 посетители.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

(Фото и Видео) Застрашувачки видео снимки од рушењето на надвозникот во Италија

Италијанската полиција на социјалната мрежа „Твитер“ објави видео на кое се гледа моментот на рушењето на надвозник во близина на...

Македонија8 часа

Владата донесе одлука за спроведување кампања за референдумот

Владата донесе одлука да спроведе процес на планирана јавна комуникација од јавен интерес – кампања за референдумот. По потпишувањето на...

Македонија11 час

Владата го разреши директорот на БЈБ, Лазе Велковски, поради скандалот со џипот

Владата на денешната владина седница го разреши  директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски. Со БЈБ сега ќе раководи...

Македонија14 часа

Зошто редовно се калкулира и навреме не се објавува тендер за набавка на инсулин?

Министерот за здравство, Венко Филипче, сè уште не најде долготрајно решение за проблемот со недостиг на инсулин за дијабетичарите. По...

Македонија14 часа

УЈП ќе има неограничен пристап до сметките на граѓаните, но тој треба да биде контролиран

Увидот на Упрвата за јавни приходи во личните податоци мора да се ограничи, а евентуалната размена на податоците со банките...

Економија15 часа

Четири компании со иновации изјавиле дека се поврзани со функционери

Четири од вкупно 77 компании добитници на грантови за иновации изјавиле дека во сопственичката структура имаат лице носител на јавна...

Економија17 часа

Ердоган најави бојкот на електронските уреди од САД

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека ќе следува бојкот на електронските уреди од САД  по заострувањето на односите со...

Топ18 часа

Почина шестмесечно бебе во Штип

Шестмесечно бебе без знаци на живот вчера било донесено во штипската болница. На неговото тело немало траги на насилство, а...

Свет19 часа

Трамп го потпиша законот за одбранбена политика вреден 716 милијарди долари

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го потпиша законот за годишната одбранбена политика, вреден 716 милијарди долари, што предвидува модернизација и...

Економија20 часа

Светски познатиот американски бренд за брза храна КФЦ доаѓа во Македонија

Премиерот Зоран Заев синоќа оствари средба со Фатмир Зимбери, сопственик на лиценцата за отворање ресторани за брза храна на американскиот бренд...

Топ20 часа

Пожар во „Неуромедика“, штетата сѐ уште не е утврдена

Пожар избувнал ноќеска во болницата „Неуромедика“ во центарот на Скопје. Како што информираат од Противпожарната бигада на град Скопје, пожарот...

Македонија20 часа

Владата на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на БЈБ

Владата денeска на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, кој...

Македонија1 ден

По објавата на ,,Макфакс”, Министерството за здравство уште утре ќе распише тендер за набавка на инсулин

По објавата на ,,Макфакс” за недостиг на инсулин во државата, Министерството за здравство одлучи уште утре да распише тендер за...

Економија2 дена

(Видео) Заев: УЈП ќе ги гледа сметките оти најмала наплата на даноците има кај оние со најголеми приходи

Увидот на Управата за јавни приходи (УЈП) во банкарските сметки на граѓаните ќе служи само за државата да си ги...

renata-jakimovic renata-jakimovic
Македонија2 дена

Дијабетичарите принудени меѓу себе да си позајмуваат инсулин бидејќи го нема во аптеките

На повидок е нова инсулинска криза во Република Македонија, дијабетичарите со месеци мака мачат да дојдат до лекот од кој...

Македонија2 дена

(Видео) Лазе Велковски останува во МВР и по евентуалното разрешување

Лазе Велковски, директор на Бирото за јавна безбедност, ќе остане во МВР, дури и ако Владата на утрешната седница го...

Регион2 дена

Ставен под контрола пожарот на грчкиот остров Евија

Ставен е под контрола шумскиот пожар што избувна вчера на грчкиот остров Евија. Поради пожарот, на островот претходно денеска беше...

Македонија2 дена

За четири дена 528 пријави од дијаспората за претстојниот референдум

На повикот на Државната изборна комисија преку интеренет-апликација, со која гласачите од дијаспората може електронски на страницата да поднесат барање...

Македонија2 дена

Претседателот на Бугарија бара анекс-договор со Македонија

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, смета дека македонскиот премиер, Зоран Заев, не ѝ се извинил на соседната земја по изјавата...

Македонија2 дена

Чавков и пратениците следната недела на суд за крвавиот четврток

Следната недела, на 22 август, обвинетите за настаните во Собранието на крвавиот четврток повторно седнуваат на обвинителна клупа. Меѓу нив...

Досие