Контакт

Естрада

Блиски на двојката тврдат дека Пит не го тепал детето за време на кавга со Џоли, AFP ја повлече веста

Објавено пред

 Бред Пит не употребил физичко насилство за време на расправијата со својата сопруга Анџелина Џоли, што според медиумите е причината за разведувањето на славната холивудска двојка, изјавил за магазинот People извор близок на актерите, а истовремено агенцијата AFP ја повлече веста дека американското Федерално биро за истраги (FBI) отворило истрага за наводното физичко насилство од страна на Пит врз нивните шест деца.

dobivaj vesti na viber

„Оваа сторија е повлечена, бидејќи FBI не отвори истрага“, се наведува во соопштението на агенцијата.

Претходно беше јавено дека FBI ја разгледува можноста да отвори сопствена истрага по медиумските извештаи за злоставување на децата од страна на актерот. Бред Пит во медиумите беше обвинуван дека за време на лет во приватен авион заедно со децата и сопругата Анџелина Џоли, наводно, „излегол од себе“, покажувајќи грубост, како вербална така и физичка во однос на децата.

Според американските медиуми, за овој наводен инцидент, покрај правосудните органи, се заинтересирале и службите за заштита на децата, бидејќи наводно жртвата била малолетниот син на актерот.

„Меѓу него и Анџелина дошло до родителска расправија, која се влошила повеќе отколку што е потребно. Тој нагласува дека немало никакво тепање, и никој физички не бил повреден. Не го удрил своето дете по лицето. Ја положил раката не него, да во моментот кога конфронтацијата излегла од под контрола“, го цитира People изворот од опкружувањето на Бред Пит.

Според соговорникот на списанието, инцидентот опишан во медиумите е комбинација од преувеличување и лаги, а единствената вистина е тоа дека расправијата влегла во досадно повторување во медиумите и како резултат на тоа била почната истрага од американската служба за заштита на децата DCFS.

Претходно во четвртокот од полицијата на Лос Анџелес соопштија дека ги проверуваат информациите за инцидентот, истакнувајќи дека станува збор за рутинска процедура, кога се добиваат материјали со злоставување на деца.

„Во нашиот систем не сме предупредени на Бред Пит и не трае никаква истрага против него“, изјави, пак, за AFP портпаролот на полицијата на Лос Анџелес. „Спротивно од она што е објавено во некои медиуми, од оваа канцеларија никој никому ништо не му кажал и не го потврдил нашето учество во истрагата со тој клиент“, одговорил за агенцијата портпаролот на службата.

Градските социјални служби, исто така, негираа дека дале каква и да е информација за евентуална истрага за славниот актер.

Од FBI за Associated Press изјавиле дека ги следат извештаите за наводното насилно однесување Бред Пит кон своите деца, пренесе во петокот агенцијата./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Потресна исповед на најдобрата ракометарка на сите времиња: Толку ме тепаше, што го молев да ме убие

Објавено пред

Кога на љубителите на ракометот ќе им го спомнете името на најдобрата ракометарка во светот, Светлана Китиќ Магиќ, сите помислуваат на 2015 година кога Цеца ја освои таа награда, но факт е дека нејзиниот живот, како и кај сите нас, е медал со две страни.

dobivaj vesti na viber

– Ова признание ми значи многу. Тоа не е важно само за мене, туку и за цела држава, Белград и нашиот женски ракомет. Оваа награда ја посветувам на моите родители и деца, бидејќи тие ми дадоа најголема поддршка – изјави Китиќ Магиќ на доделувањето на наградата за најдобра ракометарка на светот досега, а никој тогаш не се ни сомневаше дека се соочува со сериозни семејни проблеми.

Најпочитуваната светска ракометарка на сите времиња ја откри својата тешка животна приказна откривајќи ги мрачните моменти од нејзиниот насилнички брак. Зад нејзините спортски успеси се крие болно минато, каде што често наместо на теренот беше во Брза помош, соочена со насилство од поранешниот сопруг, кој потоа исчезна од нејзиниот живот, но остави длабока трага.

Траумите од бракот не беа единствениот извор на стрес во нејзиниот живот, бидејќи Цеца Китиќ беше клучна фигура во Ракометниот клуб „Раднички“ и ја извршуваше функцијата директор. Последиците од стресот не ја заобиколија нејзината физичка здравствена состојба, а таа доби проблеми со тироидната жлезда и ѝ беше дијагностициран Хашимото синдром.

Оваа храбра жена не молчеше. Своето искуство отворено и без самосожалување го сподели, велејќи дека сè им должи на децата – ќерките Александра, Марина и синот Никола, кои биле клучен фактор за заздравување на траумите и надминување на предизвиците што и ги поставил животот.

-Молчев бидејќи се срамев да го пријавам таткото на моето дете. Ова траеше додека не дојде до тој степен што повеќе бев почесто во Брза помош отколку на спортски терен. Потоа отидов во полиција и раскажав се – изјави еднаш Цеца Китиќ во својата исповед за Глорија.

Со оглед на тоа дека се мажела четири пати, многу отворено објаснила кој сопруг бил нејзиниот насилник и како ѝ го уништил животот.

– Зборувам за Горан Богуновиќ, третиот сопруг. Тој е татко на Марина. Неколку месеци откако се разведовме, тој исчезна без трага. Жалам што не ставив крај на таа траума порано. Ме претепа од ведро небо, поради алкохол. Пиеше многу, и беше страшно љубоморен.

Како што истакна таа, единствената добра работа, ако воопшто може да се каже, е што децата не присуствувале на овие сцени.

– Никола тогаш не живееше со мене, беше со татко му, мојот втор сопруг, а Мара имаше околу три години. За среќа, малку се сеќава на тоа, го напика длабоко во себе. И ние не зборуваме за тоа. Мојата животна филозофија е дека ги простувам сите грди работи што ми се случиле, но не ги заборавам.

Без размислување заклучила:

– Секако дека траумите останаа. На пример, кога слушам некој како се расправа или гласно зборува, секогаш барам од таа личност да го намали гласот. Односно, ако само почувствувам дека ќе има гужва, целосно се вознемирувам. Нашите постари велат: „Еднаш ќе ти стави раце, пак ќе направи“, а мајка ми тоа ми го кажуваше, но јас не ја послушав. Мислев дека ќе помине, ќе се смени, па да пробаме пак за доброто на детето, срамота е. А што се однесува до стравот да не се повтори, по некое време му признав на следниот партнер каков проблем имам со бившиот сопруг и го предупредив да не случајно го крева гласот, а камоли да крене рака на мене, бидејќи Не знам што би можел да направам. Како и да е, никогаш повеќе не ми се случи такво нешто.

Поради стресот и сето она низ кое поминала, добила проблем со тироидната жлезда.

– Со години знам дека имам проблеми со тироидната жлезда, но не знам кога точно почнаа. На еден натпревар, кога бев тренер на Раднички, се онесвестив. Беше исклучително тежок натпревар, бев многу нервозен. А и пред тоа забележав дека за време на дискусии или кога сум возбуден го губам гласот, почнувам да зборувам рапаво. Тој ден, кога се онесвестив, ќерка ми ми рече веднаш да одам на лекар. Ја послушав и испадна дека имам Хашимото синдром.

Таа детално опиша што користела во борбата против овој здравствен проблем.

-Почнав со 25 милиграми од лекот, потоа отидов на 50, па на 75, па на 100 милиграми, а дозата постојано се зголемуваше, додека не отидов кај прекрасен лекар кој ми објасни дека е бескорисно да земам лекови ако не престанав да се изложувам на стресни ситуации. Ми беше јасно дека еден од изворите на стрес беше тренерската работа, па веднаш ја напуштив. Вториот поттик беше колапсот на мојот брак со четвртиот сопруг, но и тоа заврши со развод во 2014 година. И навистина, шест месеци подоцна успеав да се вратам во нормала. Сега не се чувствувам слаб како порано, иако кога навистина ќе се налутам, губам неколку килограми и се враќа засипнатоста. После се што поминав, ги советувам сите жени, особено оние над 35 години, редовно да одат на прегледи. Затоа што, некое време мислев дека сум добро – изјави Цеца.

Згора на се, таа е убедена дека емотивноста влијаела и на болеста.

– Знам дека има и други емотивни луѓе, не сум единствениот на светот, но многу интензивно ги доживувам и победите и поразите, и убавите и грдите настани, како да ме погоди земјотрес или бурен ураган.. Хормоните ми полудеа, за десет дена губам три-четири килограми, имаше и тремор. Бидејќи вообичаено имам низок крвен притисок, кога сето ова ќе се собере, навистина се разболувам.

Ракометарка пред две години на хуманитарна модна ревија организирана од Здружението на жртви на насилство зборуваше за проблемот со насилството кој е во пораст.

– Ми се чини дека секоја година има се повеќе жртви. И самиот бев жртва на насилство и знам колку сила ми требаше да го кажам и признаам тоа. Жртвите често се чувствуваат виновни што тие се виновни. Има многу осуди, недоразбирања и селски приказни – рече Цеца.

Како што истакна тогаш, и требаше долго време да собере храброст јавно да излезе и да зборува за насилството што го доживеала.

– Ми требаше долго време јавно да го кажам тоа. Траумата останува со вас до крајот на животот и никогаш не ја заборавате. Кога почнав да зборувам за тоа, почувствував големо олеснување. За тоа треба да се зборува и нема срам во тоа. На почетокот ми беше многу срам. Непишано правило е дека штом ќе се удри првиот удар, тој ќе продолжи. Ја имав лудата среќа што имав своја работа и свои пари, па не бев зависна од насилникот со кој бев – рекла Цеца.

Таа била изложена на малтретирање цели шест години, а според неа, се отишло дотаму што во еден момент го молела сопругот насилник да ја убие, за да заврши тортурата еднаш засекогаш.

– Насилниците се добро скриени, од толку голема љубов стигнуваш до тој степен да те тепаат толку многу што мислиш дека ќе те убијат. На крајот дојде до таму што му реков „убиј ме, нема да останам со тебе“. Немав решение, тоа се моментите кога целосно се повлекуваш во себе, стануваш вистинска жртва. Тоа траеше 5,6 години. Тоа е срамот да се разведам, поради детето, тоа ми беше трет брак и со сите сили се трудев да го спасам. Децата знаат, Мара еднаш ми го спаси животот. Насилството е нешто од што повеќе не се срамам и отворено разговарам со децата, тие треба да знаат дека не се сами – ја заврши својата шокантна исповед Светлана Китиќ, најдобрата ракометарка на светот на сите времиња.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Видео) Две недели по исчезнувањето на режисерот Мекдонел: На плажа е пронајдено осакатено тело без глава и раце

Објавено пред

Полицијата пронашла тело без глава и раце на плажата Бризи Поинт во Њујорк.

dobivaj vesti na viber

„Дејли мејл“ сугерира дека телото било откриено две недели откако познатиот ирски режисер Рос Мекдонел (44) исчезнал од својот дом во Њујорк, а неговиот велосипед подоцна бил пронајден на само пет километри од плажата Бризи Поинт.

Њујоршката полиција не откри дали осакатеното тело било исфрлено на брегот од водата или било оставено на плажата. Главниот медицински иследник во градот сега се обидува да ја утврди точната причина за смртта.

Идентитетот на жртвата нема да биде соопштен додека семејството не биде известено.

Мекдонел последен пат бил виден во сабота, 4 ноември околу 20:30 часот. Добитникот на Еми потоа беше виден на плажата Форт Тилден во близина на Роксбери, каде што неговиот велосипед беше пронајден заклучен три дена подоцна.

На почетокот на овој месец, пријател на исчезнатиот режисер, Џин Галерано, за ирските медиуми изјави дека Мекдонел бил на плажа, но дека „влегол во океанот“ пред да се изгуби.

Мекдонел, кој по потекло е од Даблин, доби Еми награда во 2021 година за неговата работа на серијата „Трговија“. Работел низ целиот свет, вклучително и Авганистан, Украина и Мексико, а беше номиниран за уште една награда Еми во 2018 година како режисер на документарниот филм за Си-Ен-Ен Филмс Елијан.

Прикажи повеќе...

Естрада

Милош Биковиќ набргу ќе стане татко: убавата Ивана сподели фотографија непосредно пред породувањето, блеска во бременоста

Објавено пред

Српскиот популарен актер Милош Биковиќ и неговата избраничка Ивана Малиќ набргу ќе станат родители.

dobivaj vesti na viber

Веста дека поубавата половина на Биковиќ чека бебе ја изненади јавноста, а Ивана е веќе осми месец од бременоста.

Како што стана познато, Биковиќ и Малиќ чекаат момче, а сè уште не се знае како ќе се вика наследникот.

Блажените денови Ивана ги поминува во Белград, а сега за следбениците на „Инстаграм“ сподели фотографија во тесен фустан.

Трудничкиот стомак доаѓа до израз, но и нејзината посебна убавина.

„Растеме“, напиша Ивана додавајќи емотикон со балон.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија22 минути

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија23 минути

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија23 минути

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија1 час

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија2 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија3 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија5 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија6 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....

Македонија7 часа

Најдена димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места. „Досега МВР нема регистрирано...

Македонија7 часа

На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто

До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи...

Македонија9 часа

Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од

Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна...

Македонија9 часа

3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски...

Регион9 часа

Во БиХ уапсени 14 шверцери, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални...

Свет10 часа

Кина изрази противење на пакет-помошта од САД за Тајпеј

Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти ...

Македонија11 часа

Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има...

Регион11 часа

Повеќе од половина Србија обоена во жолто: итно предупредување поради можно невреме

Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем,...

Свет11 часа

Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од...

Топ11 часа

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца, едно дете преживеало

Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат...

Македонија11 часа

Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче

Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори. Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за...