Контакт

Естрада

Емоции низ танц во новиот спот на Елена Миленковска „Сé што имав јас“- ВИДЕО

Објавено пред

Елена Миленковска го промовира спотот за најновата песна под наслов  „Сé што имав јас“, чиј комплетен автор е хитмејкерот Роберт Билбилов. 

dobivaj vesti na viber

Видео записот на продукцијата „Storyteller” привлекува внимание, пред сé поради инспиративната кореографија која изразува бура од емоции. Заедно со Елена танцува Мишо Спасовски од ТСК „Прима Данца“, кој ја осмисли кореографијата.

Според Билбилов, приказната е за девојка која направила грешка и не знае како да му каже на своето момче, се прашува дали да му признае или не, плашејќи се дека ќе го изгуби засекогаш човекот што го сака.

Режисерот Иван Ѓорѓиевски вели, дека идејата за спотот била на Елена, а од него се очекувало да ја реализирам пред камера. „Во кореографијата дадов само неколку сугестии за одредени моменти. Се снимаше цел ден во хангар од поранешна фабрика, поради тоа што изгледаше најсоодветно за кореографијата и костимографијата. На сет дадовме сé од себе, па можевте да ме видите мене со џогер, а снимателот со кофа, сé во интерес на времето. Снимањето беше забавно и морам да ги пофалам Елена и Мишо кои беа неуморни и покрај тоа што беа со часови валкани и водени“, вели младиот режисер.

За „Storyteller” работата на овој спот било суперинтересно искуство, зашто е прв спот со ваков тип кореографија.“

Кореографот Мишо Спасовски вели дека бил инспириран „од песната од првиот момент кога ја слушнав и направив оригинална кореографија, во која всушност Елена и јас низ движења ги изразуваме агресивните и љубовни емоции. Двата лика во спотот се сакаат и се мразат, се зближуваат и оддалечуваат. Вежбавме со Елена три недели скоро секој ден по неколку часа, таа веднаш влезе во приказната и се посвети на кореографијата максимално. Драго ми е што соработував со Елена и Storyteller, кои се навистина врвна професионална екипа“.

„За мене ова беше нешто сосема ново, првпат учев ваква тешка кореографија, но Мишо многу ми помогна. Ми беше најнапорно снимање досега и на крајот завршив во болница на преглед на ногата која ја повредив играјќи. Што се однесува до интерпретацијата, песната ја донесов емотивно, зашто ме заинтригира приказната. Стиховите ќе допрат до секоја девојка која била во слична ситуација, да направи грешка за која многу се кае. Ова ми е еден од најдобрите проекти, му благодарам на целиот тим кој одлично работеше, како и на Тамара Стерјова, со која соработувам успешно подолго време и која го стилизираше нашиот изглед. На крајот, спотот излезе дури и подобар од она што го очекував“, рече Елена Миленковска.

Режисер на видео записот за „Сé што имав јас“ е Иван Ѓорѓиевски, снимател е Илија Жоговски, монтажата е на Филип Пауновски, а продуцент е Александар Пауновски./крај/мф/мр

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

На Роби Вилијамс му е дијагностициран Туретов синдром

Објавено пред

Музичката ѕвезда Роби Вилијамс откри дека тајно се бори со Туретов синдром. Педесет и едногодишниот пејач вели дека неговите тикови се „наметливи“ и главно внатрешни, но мислите му се толку интензивни што не може да ги замолчи дури ни за време на настап пред десетици илјади обожаватели, пишува „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

Вилијамс претходно имал дијагнози за АДХД и посттрауматско стресно нарушување, а се соочувал и со зависности од алкохол и дрога. Неодамна направил и тестирање за аутизам – резултатот бил негативен, но му било укажано дека има „аутистични особини“, вклучувајќи анксиозност кога ја напушта сигурноста на својот кревет.

Во искрен разговор за подкастот ‘I am ADHD! No, you’re not’, пејачот призна дека турнеите и понатаму го плашат, и покрај децениското искуство на распродадени стадиони.

„Што и да е во мене, тоа не разбира“

Говорејќи за најновата дијагноза, Вилијамс изјави: „Штотуку сфатив дека имам Туретов синдром, но не се манифестира надворешно. Би помислиле дека стадион полн со луѓе кои ви даваат љубов би делувал како одвлекување на вниманието, но тоа не е така. Што и да е во мене, тоа не може да разбере.“

Како и шкотскиот пејач Луис Капалди, кој во 2023 година направи пауза поради Туретов синдром, и кај Вилијамс менталното здравје силно влијае врз настапите.

„Имам многу комплициран однос со турнеите и настапите во живо. Луѓето велат: Одеш на турнеја? Сигурно си возбуден. Но не баш, ужаснат сум,“ призна тој.

Добитникот на 18 БРИТ награди рече дека АДХД му бил дијагностициран дури три пати, бидејќи секојпат „заборавал“ на дијагнозата. Првиот пат бил околу 2006 година. „Се почувствував олеснето што конечно имам официјална дијагноза,“ изјави тој.

„Но потоа почувствував уште поголемо олеснување кога добивав по 200 апчиња и мислев дека тие ќе ме поправат, затоа што секогаш барате лек. Барате лек за болеста во вашата глава. Така многу брзо преминав од голтање апчиња до нивно дробење и вшмркување,“ рече Вилијамс.

Денес, вели, е посвесен за своето ментално здравје и постојано ги бара корените на својата нелагодност.

„Кога сум во кревет, тоа е мојата зона на комфор. Се друго надвор од креветот е моја зона на нелагодност. Во дваесеттите беше ужасно, во триесеттите лошо, во четириесеттите почна да се подобрува, сега сум на нагорна линија, но сè уште се чувствувам лошо во сопствената кожа,“ заклучи пејачот.

Туретов синдром е наследно, невролошко нарушување кое се карактеризира со неволни звуци и движења – тикови. Обично започнува во детството, а симптомите можат да вклучуваат често трепкање, гримаси, слегнување со раменици или движење на главата. Состојби како АДХД, опсесивно-компулсивно нарушување и анксиозност често се поврзани со Туретов синдром.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Објавено пред

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.

dobivaj vesti na viber

Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.

Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.

Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.

Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.

фото: принтскрин-Инстаграм

Прикажи повеќе...

Естрада

Домот на Бред Пит завиен во црно: Актерот скршен поради смртта на мајка му

Објавено пред

Бред Пит доживеа голема загуба – неговата мајка почина денес на 84-годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесуваат странските медиуми, веста дека актерот ја загубил мајка си стана позната преку емотивна објава на еден член од семејството на Инстаграм.

Џејн Ета Пит била столб на семејството. Таа била таа што ги држела сите на купче и организирала голема семејна прослава пред пет години. По професија била семеен советник и најчесто се држела подалеку од рефлекторите, но повремено се појавувала на црвениот тепих заедно со својот син Бред и сопругот Вилијам.

Незиниот мирен живот и посветеност на семејството останале нејзин заштитен знак. Тие што ја познавале велат дека била срдачна, верна и секогаш подготвена да помогне.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мицкоски: Црвените линии на Венко се тројанскиот коњ, Бојко зборуваше дека дал пари, сега што ли е во игра?

На денешниот народен митинг во Куманово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор!...

Македонија2 часа

Мисајловски: Куманово дополнително ќе биде град на можности

Владо Мисајловски, носител на изборна единица 2 од ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на народниот митинг, кој се одржа во Куманово,...

Македонија3 часа

Филипче од Свети Николе: Борбата за 500 евра минимална плата е за достоинство на секој човек

Вечерва од Свети Николе, каде се одржа граѓанската трибина од караванот „Се бориме за нашиот дом“, Претседателот на СДСМ, Венко...

Македонија3 часа

Филипче од Велес: Маја Хеско за урбан ред во Велес, нова сала, затворен базен и средено Езеро Младост

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина во Велес го истакна разочарувањето на граѓаните од владеењето...

Македонија4 часа

Ѓорѓиевски: Ние ќе ги решаваме проблемите на скопјани, оваа битка не е само битка за поубави и почисти улици и паркови, ова е битка за душата на нашиот главен град

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори, се обрати од денешниот народен митинг,...

Македонија4 часа

Димитровски: Скопје не треба да биде град кој ги мачи скопјани, туку град кој им служи на скопјани

Даме Димитровски, носител на листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во...

Македонија4 часа

Стојкоски: Ѓорче Петров ќе стане првата независна енергетска општина

Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник за општина „Ѓорче Петров“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на...

Македонија4 часа

Мицкоски: СДСМ не гласаше за промена на Коцевски, затоа што судството и обвинителството се последната гранка на која седи раководството на СДСМ

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг во општина Ѓорче Петров, во рамки на изборната кампања за локалните избори...

Македонија4 часа

Хеско: ДПМНЕ не направи ништо за Велес, време е да им го вратиме градот на граѓаните

Кандидатката за Градоначалничка Маја Хеско, од трибината во Велес, ја презентираше својата програма , со која вели дека Велес повторно...

Македонија4 часа

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ што се одржа во...

Македонија6 часа

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во општина Јегуновце, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025...

Македонија6 часа

Костадиноски: Продолжуваме да работиме со уште позасилено темпо за модерно Јегуновце со инвестиции во паркови, во спортот и во младите

Димитар Костадиноски, кандидат за градоначалник за општина Јегуновце од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната...

Македонија6 часа

Стојаноска: Вистинскиот избор на овие локални избори е бројот 9

Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на митинг во Јегуновце во рамки на кампањата за локалните избори која...

Македонија7 часа

Мицкоски: На овие избори изберете 9 за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за напредок и развој на Македонија

На денешниот народен митинг во Брвеница во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор!...

Македонија7 часа

Илиевски: Приоритет за наредните четири години е градинка во село Челопек и дом за стари лица во Брвеница

Јовица Илиевски, кандидат за градоначалник за општина Брвеница од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на...

Македонија7 часа

Максим Димитриевски: Мириса на победа уште во првиот круг

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на голема промотивна конвенција во Куманово ги претстави кандидатот за градоначалник, Максим Димитриевски и...

Македонија10 часа

(Видео) Кузеска: Владата на Мицкоски склучила договор за надзор со ИРД Инженеринг, истата фирма за која велеа дека е епски криминал

Со фирмата ИРД Инженеринг, за која велеа дека е епски криминал и сомнителна, владата на Христијан Мицкоски склучила Договор за...

Свет11 часа

(Видео) Десетици повредени по руски напад врз железничка станица во Украина

Руските сили ја нападнаа железничката станица во Сумската област на северот од Украина, а во нападот беше погоден и патнички...

Македонија11 часа

Мицкоски: СДСМ настапува со слоганот „се бориме за нашиот дом“, а заборавија дека до пред година дена управуваа со домот кому му ги уништија темелите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Битола во рамки на кампањата за локалните избори на 19 октомври која...

Македонија12 часа

(Видео) Петрушевски: СДС не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која се колнеше

СДС не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која...