Контакт

Естрада

Ентони Хопкинс првпат ќе глуми во серија

Објавено пред

Холивудскиот актер Ентони Хопкинс ќе биде главен јунак во телевизиската серија „Westworld“ на мрежата HBO, адаптација на истоимениот филм на Мајкл Крајтон од 1973 година, пренесува Hollywood Reporter.

Хопкинс ќе го глуми доктор Роберт Форд, уметнички директор на еден забавен парк со хуманоидни роботи, кој се врти против посетителите.

 

Оваа улога во футуристичкиот вестерн во 1973 година ја играше Јул Бринер.

 

Ова ќе биде прва постојана улога во телевизиска серија за Хопкинс, кој во седумдесеттите години се појавуваше единствено во некои епизоди на британски серии.

 

Серијата ќе ја режира Џеј Џеј Абрамс, кој моментно ја снима седмата  епизода на серијалот „Star Wars“.

 

Хопкинс (76) долго играше на театарска сцена, а на големите екрани дебитира во 1968 година.За улогата на Ханибал Лектор во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“ е награден за Оскар за најдобра машка улога во 1991 година.крај/мф/сд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Таблоид тврди дека принцот Хари доживеал нервен слом

Објавено пред

Повеќе странски медиуми ја пренесоа веста дека принцот Хари доживеал нервен слом и бил однесен во психијатриска клиника.

Како што пишува магазинот „Глоуб“, состојбата на Хари се влошувала во текот на изминатите години, особено откако тој минал 10 години служејќи во армијата.

Според пишувањата на таблоидот, „капката што ја прелила чашата“ била разделбата од кралското семејство односно тешкиот чекор на кој се одлучил за да ја заштити својата сопруга Меган Маркл од британската јавност и медиумите кои не се особено наклонети кон неа.

Тој во еден момент призна дека не сака неговата сопруга да мине низ она што и се случило на неговата мајка.

„Принцот и Меган се расправаа за тоа како би изгледал нивниот живот во САД кога ќе заврши карантинот, што го доведе до точка на пукање. Тој заврши во локалната клиника за ментални болести. Слушнав дека има синдром на пострауматски стрес, предизвикан од смртта на неговата мајка, а сегашната состојба и траумата поради разделбата од кралското семејство само ја влошила ситуацијата“, изјавил неименуван извор за таблоидот „Глоуб“.

 

Прикажи повеќе...

Естрада

Заштитните маски на Ким Кардашјан распродадени за рекордно време

Објавено пред

Реалната ѕвезда Ким Кардашјан почна линија на заштитни маски за лице, кои, како што пренесуваат медиумите, се распродале во рекордно време.

Маските се дизајнирани да може да се носат во текот на целиот ден и се наменети за повеќекратна употреба.

Станува збор за заштитни маски кои се проѕирни и растегливи, пренесе Си-ен-ен.

Кардашјан на својот профил на „Твитер“ објави дека колекцијата била распродадена за неколку часа по лансирањето на новиот производ.

„Работиме со партнер во Лос Анџелес за да произведеме нови што е можно побргу“, соопшти Кардашјан додека во САД во сила се заштитни мерки поради пандемијата на кронавирусот.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Видео) „Суперхикс“ во домашни услови сними спот за песна посветена на карантинот

Објавено пред

Карантинот не ги обесхрабри челеновите на „Суперхикс“, туку напротив, ги мотивираше во домашни услови да настане нивната нова песна „СКАрантин“.

Се работи за бунтовна, игрива и ексцентрична, песна во која ќе се пронајде секој екстроверт, но и интроверт.

„СКАрантин, сите сме во СКАрантин“, велат Суперхикс во стиховите проследени со веселата ска-музика, препознатлива за нив.

Во видеоспотот се појавуваат и фанови на бендот кои се забавуваат во нивните домови, со заштитни маски, играат, пеат, свират и покажуваат како го поминуваат своето време во карантин.

„Спотот е изработен во домашно-карантински услови со помош на нашите фанови коишто ни испратија видеа како танцуваат и се забавуваат на нашиот нов сингл. Многу сме горди и среќни што песната беше прифатена позитивно од нивна страна и ни покажаа уште еднаш дека вреди да твориме и во тешки и во убави времиња“, велат членовите на „Суперхикс“.

Карантинската аудио обработка е дело на Ненад Трифуновски – Трипе, а карантинската видеообработка ја направи Гоце Лалковски.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион45 минути

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава2 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет2 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт3 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија4 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ4 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија6 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија7 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ8 часа

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа9 часа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет10 часа

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет22 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија1 ден

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа1 ден

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија1 ден

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион1 ден

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија1 ден

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа1 ден

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт1 ден

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион1 ден

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Досие