Контакт

Естрада

Филипинка е Мис Универзум за 2015-та, по големата грешка во директниот пренос

Објавено пред

Добитничка на титулата Мис Универзум за 2015 година е претставничката на Филипини, 26-годишната Пиа Алонсо Вуртцбах, откако дијадемата по грешка ѝ биеше дадена на претставничката на Колумбија во директниот пренос од изборот кој се одржа во неделата навечер во Лас Вегас.

dobivaj vesti na viber

Објавувањето на резултатите беше проследено со голем гаф, откако водителот на церемонијата, актерот и хумористот Сив Харви, погрешно го прочита името на победничката испишано на парче хартија и за победничка ја прогласи 21-годишната Мис на Колубија, Аријадна Гутијерез.

Пресреќната Колумбија започна да ја поздравува и да ѝ испраќа бакнежи на публиката која одушевено ѝ ракоплескаше. Меѓутоа, тогаш се огласи Харви, целиот збунет. „Во ред, морам да се извинам. Колумбија е втора, Мис Универзум за 2015 година е Мис Филипини“, рече.

Славеничките фанфари повторно се огласија, Мис Колумбија вџашена замина од сцената, а Мис на Филипини, Пиа Алонзо Вуртцбах беше потполно збунета. Малку подоцна ја прими дијадемата за Мис Универзум, додека водителот ѝ се извинуваше на збунетата публика дека погрешно ги прочитал имињата на ковертот кој му бил даден.

Мис Колумбија всушност е втора, а трета беше претставничката на САД, 27-годишната Оливија Џордан.

Украсената со топаз и дијаманти дијадема која чини 300.000 долари, на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка на Мис Универзум, 22-годишната Колумбија Паулина Вега.

Победничка на конкурсот за национален костим, кој по традиција се одржува во рамките на изборот Мис Универзум, стана претставничката на Тајван, која на сцената се појави во една од најчестите носии во нејзината татковина заедно со еден од симболите на тамошниот транспорт- моторикшата, позната и како „тук-тук“.

Вкупно на изборот во Лас Вегас, кој е особено популарен во Латинска Америка и поголем дел од Азија, учествуваа 80 девојки. Во текот на последните неколку денови по полуфиналната вечер жирито издели 15 фаворитки, чиишто имиња беа соопштени на финалното шоу. Годинава првпат и телевизиските гледачи можеа да се изјаснуваат за кандидатките, кои во текот на манифестацијата дефилираа во костими за капење, во вечерни тоалети и одговараа на бројни прашања на водителот,

Манифестацијата Мис Униерзум се одржува од 1952 година, една година по изборот Мис на Светот, и е една од најпрестижните слични четири приредби, вклучително и изборите Мис на Земјата и Мис Интернационал.

Од 1996 година сопственици на франшизата е милијардерот Доналд Трамп и телевизиската компанија NBC Universal. Но годинава, по недоразбирањето со телевизијата, Трамп ги откупи правата за шоуто, а пота ги продаде на агенцијата за „William Morris Endeavor“.

Покрај скапоцената круна, Мис Универзум добива и право на едногодишен престој во Њујорк на сметка на организаторот на изборот и договор за снимање реклами, во чии рамки е обврзана да патува по светот и да учествува во разни хуманитарни настани.

Најчесто победнички на овој избор биле претставничките на САД – осум пати, на Колумбија – седум, на Порторико – пет пати./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Потресна исповед на најдобрата ракометарка на сите времиња: Толку ме тепаше, што го молев да ме убие

Објавено пред

Кога на љубителите на ракометот ќе им го спомнете името на најдобрата ракометарка во светот, Светлана Китиќ Магиќ, сите помислуваат на 2015 година кога Цеца ја освои таа награда, но факт е дека нејзиниот живот, како и кај сите нас, е медал со две страни.

dobivaj vesti na viber

– Ова признание ми значи многу. Тоа не е важно само за мене, туку и за цела држава, Белград и нашиот женски ракомет. Оваа награда ја посветувам на моите родители и деца, бидејќи тие ми дадоа најголема поддршка – изјави Китиќ Магиќ на доделувањето на наградата за најдобра ракометарка на светот досега, а никој тогаш не се ни сомневаше дека се соочува со сериозни семејни проблеми.

Најпочитуваната светска ракометарка на сите времиња ја откри својата тешка животна приказна откривајќи ги мрачните моменти од нејзиниот насилнички брак. Зад нејзините спортски успеси се крие болно минато, каде што често наместо на теренот беше во Брза помош, соочена со насилство од поранешниот сопруг, кој потоа исчезна од нејзиниот живот, но остави длабока трага.

Траумите од бракот не беа единствениот извор на стрес во нејзиниот живот, бидејќи Цеца Китиќ беше клучна фигура во Ракометниот клуб „Раднички“ и ја извршуваше функцијата директор. Последиците од стресот не ја заобиколија нејзината физичка здравствена состојба, а таа доби проблеми со тироидната жлезда и ѝ беше дијагностициран Хашимото синдром.

Оваа храбра жена не молчеше. Своето искуство отворено и без самосожалување го сподели, велејќи дека сè им должи на децата – ќерките Александра, Марина и синот Никола, кои биле клучен фактор за заздравување на траумите и надминување на предизвиците што и ги поставил животот.

-Молчев бидејќи се срамев да го пријавам таткото на моето дете. Ова траеше додека не дојде до тој степен што повеќе бев почесто во Брза помош отколку на спортски терен. Потоа отидов во полиција и раскажав се – изјави еднаш Цеца Китиќ во својата исповед за Глорија.

Со оглед на тоа дека се мажела четири пати, многу отворено објаснила кој сопруг бил нејзиниот насилник и како ѝ го уништил животот.

– Зборувам за Горан Богуновиќ, третиот сопруг. Тој е татко на Марина. Неколку месеци откако се разведовме, тој исчезна без трага. Жалам што не ставив крај на таа траума порано. Ме претепа од ведро небо, поради алкохол. Пиеше многу, и беше страшно љубоморен.

Како што истакна таа, единствената добра работа, ако воопшто може да се каже, е што децата не присуствувале на овие сцени.

– Никола тогаш не живееше со мене, беше со татко му, мојот втор сопруг, а Мара имаше околу три години. За среќа, малку се сеќава на тоа, го напика длабоко во себе. И ние не зборуваме за тоа. Мојата животна филозофија е дека ги простувам сите грди работи што ми се случиле, но не ги заборавам.

Без размислување заклучила:

– Секако дека траумите останаа. На пример, кога слушам некој како се расправа или гласно зборува, секогаш барам од таа личност да го намали гласот. Односно, ако само почувствувам дека ќе има гужва, целосно се вознемирувам. Нашите постари велат: „Еднаш ќе ти стави раце, пак ќе направи“, а мајка ми тоа ми го кажуваше, но јас не ја послушав. Мислев дека ќе помине, ќе се смени, па да пробаме пак за доброто на детето, срамота е. А што се однесува до стравот да не се повтори, по некое време му признав на следниот партнер каков проблем имам со бившиот сопруг и го предупредив да не случајно го крева гласот, а камоли да крене рака на мене, бидејќи Не знам што би можел да направам. Како и да е, никогаш повеќе не ми се случи такво нешто.

Поради стресот и сето она низ кое поминала, добила проблем со тироидната жлезда.

– Со години знам дека имам проблеми со тироидната жлезда, но не знам кога точно почнаа. На еден натпревар, кога бев тренер на Раднички, се онесвестив. Беше исклучително тежок натпревар, бев многу нервозен. А и пред тоа забележав дека за време на дискусии или кога сум возбуден го губам гласот, почнувам да зборувам рапаво. Тој ден, кога се онесвестив, ќерка ми ми рече веднаш да одам на лекар. Ја послушав и испадна дека имам Хашимото синдром.

Таа детално опиша што користела во борбата против овој здравствен проблем.

-Почнав со 25 милиграми од лекот, потоа отидов на 50, па на 75, па на 100 милиграми, а дозата постојано се зголемуваше, додека не отидов кај прекрасен лекар кој ми објасни дека е бескорисно да земам лекови ако не престанав да се изложувам на стресни ситуации. Ми беше јасно дека еден од изворите на стрес беше тренерската работа, па веднаш ја напуштив. Вториот поттик беше колапсот на мојот брак со четвртиот сопруг, но и тоа заврши со развод во 2014 година. И навистина, шест месеци подоцна успеав да се вратам во нормала. Сега не се чувствувам слаб како порано, иако кога навистина ќе се налутам, губам неколку килограми и се враќа засипнатоста. После се што поминав, ги советувам сите жени, особено оние над 35 години, редовно да одат на прегледи. Затоа што, некое време мислев дека сум добро – изјави Цеца.

Згора на се, таа е убедена дека емотивноста влијаела и на болеста.

– Знам дека има и други емотивни луѓе, не сум единствениот на светот, но многу интензивно ги доживувам и победите и поразите, и убавите и грдите настани, како да ме погоди земјотрес или бурен ураган.. Хормоните ми полудеа, за десет дена губам три-четири килограми, имаше и тремор. Бидејќи вообичаено имам низок крвен притисок, кога сето ова ќе се собере, навистина се разболувам.

Ракометарка пред две години на хуманитарна модна ревија организирана од Здружението на жртви на насилство зборуваше за проблемот со насилството кој е во пораст.

– Ми се чини дека секоја година има се повеќе жртви. И самиот бев жртва на насилство и знам колку сила ми требаше да го кажам и признаам тоа. Жртвите често се чувствуваат виновни што тие се виновни. Има многу осуди, недоразбирања и селски приказни – рече Цеца.

Како што истакна тогаш, и требаше долго време да собере храброст јавно да излезе и да зборува за насилството што го доживеала.

– Ми требаше долго време јавно да го кажам тоа. Траумата останува со вас до крајот на животот и никогаш не ја заборавате. Кога почнав да зборувам за тоа, почувствував големо олеснување. За тоа треба да се зборува и нема срам во тоа. На почетокот ми беше многу срам. Непишано правило е дека штом ќе се удри првиот удар, тој ќе продолжи. Ја имав лудата среќа што имав своја работа и свои пари, па не бев зависна од насилникот со кој бев – рекла Цеца.

Таа била изложена на малтретирање цели шест години, а според неа, се отишло дотаму што во еден момент го молела сопругот насилник да ја убие, за да заврши тортурата еднаш засекогаш.

– Насилниците се добро скриени, од толку голема љубов стигнуваш до тој степен да те тепаат толку многу што мислиш дека ќе те убијат. На крајот дојде до таму што му реков „убиј ме, нема да останам со тебе“. Немав решение, тоа се моментите кога целосно се повлекуваш во себе, стануваш вистинска жртва. Тоа траеше 5,6 години. Тоа е срамот да се разведам, поради детето, тоа ми беше трет брак и со сите сили се трудев да го спасам. Децата знаат, Мара еднаш ми го спаси животот. Насилството е нешто од што повеќе не се срамам и отворено разговарам со децата, тие треба да знаат дека не се сами – ја заврши својата шокантна исповед Светлана Китиќ, најдобрата ракометарка на светот на сите времиња.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Видео) Две недели по исчезнувањето на режисерот Мекдонел: На плажа е пронајдено осакатено тело без глава и раце

Објавено пред

Полицијата пронашла тело без глава и раце на плажата Бризи Поинт во Њујорк.

dobivaj vesti na viber

„Дејли мејл“ сугерира дека телото било откриено две недели откако познатиот ирски режисер Рос Мекдонел (44) исчезнал од својот дом во Њујорк, а неговиот велосипед подоцна бил пронајден на само пет километри од плажата Бризи Поинт.

Њујоршката полиција не откри дали осакатеното тело било исфрлено на брегот од водата или било оставено на плажата. Главниот медицински иследник во градот сега се обидува да ја утврди точната причина за смртта.

Идентитетот на жртвата нема да биде соопштен додека семејството не биде известено.

Мекдонел последен пат бил виден во сабота, 4 ноември околу 20:30 часот. Добитникот на Еми потоа беше виден на плажата Форт Тилден во близина на Роксбери, каде што неговиот велосипед беше пронајден заклучен три дена подоцна.

На почетокот на овој месец, пријател на исчезнатиот режисер, Џин Галерано, за ирските медиуми изјави дека Мекдонел бил на плажа, но дека „влегол во океанот“ пред да се изгуби.

Мекдонел, кој по потекло е од Даблин, доби Еми награда во 2021 година за неговата работа на серијата „Трговија“. Работел низ целиот свет, вклучително и Авганистан, Украина и Мексико, а беше номиниран за уште една награда Еми во 2018 година како режисер на документарниот филм за Си-Ен-Ен Филмс Елијан.

Прикажи повеќе...

Естрада

Милош Биковиќ набргу ќе стане татко: убавата Ивана сподели фотографија непосредно пред породувањето, блеска во бременоста

Објавено пред

Српскиот популарен актер Милош Биковиќ и неговата избраничка Ивана Малиќ набргу ќе станат родители.

dobivaj vesti na viber

Веста дека поубавата половина на Биковиќ чека бебе ја изненади јавноста, а Ивана е веќе осми месец од бременоста.

Како што стана познато, Биковиќ и Малиќ чекаат момче, а сè уште не се знае како ќе се вика наследникот.

Блажените денови Ивана ги поминува во Белград, а сега за следбениците на „Инстаграм“ сподели фотографија во тесен фустан.

Трудничкиот стомак доаѓа до израз, но и нејзината посебна убавина.

„Растеме“, напиша Ивана додавајќи емотикон со балон.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје2 часа

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа3 часа

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет3 часа

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...

Свет3 часа

Орбан по средбата со кинескиот претседател: Ја прошируваме соработката и во нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот...

Македонија11 часа

Зеленски и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова

Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа „Икс“ по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори,...

Македонија13 часа

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија22 часа

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија22 часа

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија23 часа

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија24 часа

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија24 часа

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...

Македонија1 ден

„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова

Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на...

Македонија1 ден

Уште едена оставка од потпретседателската функција во СДСМ: Перо Костадинов се повлекува од функцијата по изборниот пораз

По Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните...

Македонија1 ден

Реков дека сум доктор и дека на крајот ги давам лековите: Таравари ѝ препиша терапија на ДУИ

Откако на првичните изборни резултати освоија 13 мандати, коалицијата „Вреди“ славеше а Арбен Таравари на Фејсбук испрати порака до ДУИ....

Македонија1 ден

Мојата оставка ќе биде целосно ефективна кога тоа ќе го сторат и моите другари од раководството на партијата – од првиот до последниот: Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи со видео обраќање преку својот Фејсбук профил соопшти дека поднесува оставка од функцијата потпретседател...

Македонија1 ден

По поразот на изборите, претседателката на ДОМ поднесе оставка

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин преку Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа функција во партијата, по поразот на нивната...

Македонија1 ден

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати

Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови. „На ниво...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себеси, време е ДУИ да одат заедно со СДСМ во опозиција

„Успеавме, успеавме. Победи Македонија, историска победа на народот“, кажа вечерва на прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Криминалот, корупцијата, неспособноста,...