Естрада
Ian Gillan со Македонската филхармонија и бендот на Don Airey, ги пее Deep Purple во Скопје

Рок легендата Ian Gillan- еден од сигурно највпечатливите светски вокали на сите времиња доаѓа со уникатен концерт- со песни од Deep Purple, придружуван од бендот на Don Airey и Македонската филхармонија, под диригентство на Stephen Bentley- Klein, на 5ти ноември во ВИП Арената во Скопје.
Рок легендата Ian Gillan- еден од сигурно највпечатливите светски вокали на сите времиња доаѓа со уникатен концерт- со песни од Deep Purple, придружуван од бендот на Don Airey и Македонската филхармонија, под диригентство на Stephen Bentley- Klein, на 5ти ноември во ВИП Арената во Скопје.
„Smoke On The Water“, „Black Night“ и „Perfect Strangers“.. се само дел од легендарните нумери кои ќе прозвучат пред македонската публика, на 5 ноември, 2 во 20 часот во вип Арена СЦ „Борис Трајковски“- Скопје. . Талентираниот Gillan е роден во Хаунслоу, Англија. Уникатниот вокал на овој артист уште од самиот почеток е негов заштитен знак. На почетокот од музичката кариера, Gillan бил под влијание на Elvis Presley, Little Richard, Buddy Holly и други музичари од тој период. Во далечната 1965 година Gillan станува член на групата Episode Six, каде го запознава Roger Glover. Оттогаш почнува да го учи музичкиот занает и настапувал со по пет концери во една ноќ, а по осум за викендите.Во 1969 година, Ian Gillan станува член на Deep Purple, во период кога оваа група го почнува својот најуспешен период.Gillan е познат и по улогата на Исус Христос во „Jesus Chhrist Superstar“, која е оригинално снимена во Лондон. Имал турнеи на дотогаш непознати територии. Исто така, Gillan ја толкувал улогата на Charles Darwin во проектот на Bolland&Bolland со наслов „Darwin- The Evolution“. Рок легендата има два пати настапувано во дует со големиот Ludiano Pavarotti во познатата арија „Nessun Dorma“.Имено, Ian Gillan се` уште активно настапува и распродава концерти насекаде во светот. Само минатата година тој настапи во 48 земји- со Deep Purple и како соло изведувач. Македонија ќе има навистина една и единствена шанса да го види легендарниот Ian Gillan во Скопје. Специјални гости на овој концерт ќе бидат Papa Le Gal. Со овој концерт, Авалон Продукција едноставно сака да им излезе во пресрет на сите оние кои што во изминативе неколку месеци чекаа и бараа од нас класичен рок концерт.
Билетите можете да ги набавите на сите продажни места на Купи Карти За Се, како и онлајн на www.kupikartizase.com, по цени од: 600 денари (трибини), 800 денари (Golden Seats партер и трибини) и 1200 денари (вип)/крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
Почина Халид Бешлиќ

На 71 годинa денес во Сараево почина Халид Бешлиќ, еден од најголемите музички великани на просторот на поранешна Југославија. Пејачот ја изгуби битката со тешка болест по кратко боледување, пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина.
Бешлиќ беше хоспитализиран кон крајот на август во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите. И покрај напорите на медицинскиот тим, пејачот почина денеска околу 13 часот.
Со своите безвременски хитови Халид Бешлиќ остави неизбришлив белег на музичката сцена и во срцата на многу генерации.
Роден на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац, Бешлиќ беше симбол на севдахот и емоцијата.
Естрада
На Роби Вилијамс му е дијагностициран Туретов синдром

Музичката ѕвезда Роби Вилијамс откри дека тајно се бори со Туретов синдром. Педесет и едногодишниот пејач вели дека неговите тикови се „наметливи“ и главно внатрешни, но мислите му се толку интензивни што не може да ги замолчи дури ни за време на настап пред десетици илјади обожаватели, пишува „Дејли мејл“.
Вилијамс претходно имал дијагнози за АДХД и посттрауматско стресно нарушување, а се соочувал и со зависности од алкохол и дрога. Неодамна направил и тестирање за аутизам – резултатот бил негативен, но му било укажано дека има „аутистични особини“, вклучувајќи анксиозност кога ја напушта сигурноста на својот кревет.
Во искрен разговор за подкастот ‘I am ADHD! No, you’re not’, пејачот призна дека турнеите и понатаму го плашат, и покрај децениското искуство на распродадени стадиони.
„Што и да е во мене, тоа не разбира“
Говорејќи за најновата дијагноза, Вилијамс изјави: „Штотуку сфатив дека имам Туретов синдром, но не се манифестира надворешно. Би помислиле дека стадион полн со луѓе кои ви даваат љубов би делувал како одвлекување на вниманието, но тоа не е така. Што и да е во мене, тоа не може да разбере.“
Како и шкотскиот пејач Луис Капалди, кој во 2023 година направи пауза поради Туретов синдром, и кај Вилијамс менталното здравје силно влијае врз настапите.
„Имам многу комплициран однос со турнеите и настапите во живо. Луѓето велат: Одеш на турнеја? Сигурно си возбуден. Но не баш, ужаснат сум,“ призна тој.
Добитникот на 18 БРИТ награди рече дека АДХД му бил дијагностициран дури три пати, бидејќи секојпат „заборавал“ на дијагнозата. Првиот пат бил околу 2006 година. „Се почувствував олеснето што конечно имам официјална дијагноза,“ изјави тој.
„Но потоа почувствував уште поголемо олеснување кога добивав по 200 апчиња и мислев дека тие ќе ме поправат, затоа што секогаш барате лек. Барате лек за болеста во вашата глава. Така многу брзо преминав од голтање апчиња до нивно дробење и вшмркување,“ рече Вилијамс.
Денес, вели, е посвесен за своето ментално здравје и постојано ги бара корените на својата нелагодност.
„Кога сум во кревет, тоа е мојата зона на комфор. Се друго надвор од креветот е моја зона на нелагодност. Во дваесеттите беше ужасно, во триесеттите лошо, во четириесеттите почна да се подобрува, сега сум на нагорна линија, но сè уште се чувствувам лошо во сопствената кожа,“ заклучи пејачот.
Туретов синдром е наследно, невролошко нарушување кое се карактеризира со неволни звуци и движења – тикови. Обично започнува во детството, а симптомите можат да вклучуваат често трепкање, гримаси, слегнување со раменици или движење на главата. Состојби како АДХД, опсесивно-компулсивно нарушување и анксиозност често се поврзани со Туретов синдром.
Естрада
(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.
Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.
Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.
Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.
Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.
фото: принтскрин-Инстаграм