Контакт

Естрада

Канал 103 го слави јубилејот со музички фестивал во МКЦ

Објавено пред

Kултната скопска радио-станица Канал 103 по повод 25 години од своето постоење организира голем музички фестивал кој ќе се одржи oваа сабота, 14-ти мај, на три сцени во Младинскиот културен центар (МКЦ).

dobivaj vesti na viber

Покрај мноштвото бендови, артисти и диџеи од македонската независна музичка сцена, централно место ќе има настапот на легендарниот американски/британски бенд Psychic TV. Истовремено, во галерискиот простор на МКЦ, ќе биде отворена изложбата „25 години Канал 103“ поставена од академскиот сликар Атанас Ботев со која се истражува историјата на македонскиот рокенрол во контекст на 25-годишното постоење на Канал 103 како два клучни (суб)културни патокази во современата македонска историја.Psychic TV се оформени во 1982 година, на трагите од култниот индастриал бенд Throbbing Gristle, а како продолжение на музичката фантазмагорија на неповторливиот/неповторливата Genesis P-Orridge. Се работи за можеби најмаркантната фигура на андерграунд сцената во 20/21-от век, културен инженер и  арт провокатор кој ги помести границите на современите музички сфаќања и пракси до точка во која музиката, експериментот, авангардниот арт и древните ритуали креираат крајно возбудлив паралелен уметнички универзум. Во период од 34 години, колку што постојат Psychic TV, издадоа приближно исто толку музички изданија во кои фасцинира постојаната трансформација и жанровската разновидност во иновативни преплети од рок-психоделија, поп-деконструкција, индастриал атмосфери, модерни денс битови и експериментални звучни пејсажи. Нивниот актуелен албум “Snakes”, издаден во 2014 година, се најде во потесниот избор за албум на годината на голем број релевантни музички медиуми, вклучувајќи го и оној на Канал 103. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Џеси Џ. сподели емотивни фотографии од болничката соба, одмара и чека резултати

Објавено пред

Британската пејачка Џеси Џ. сподели фотографии и видеа од болницата преку својот Инстаграм профил, кои се направени во текот на последните 48 часа од нејзиното лекување.

dobivaj vesti na viber

Имено, 37-годишната ѕвезда неодамна објави дека ѝ е дијагностициран рак на дојка, а набргу потоа го одржа својот последен настап пред лекувањето.

Сега таа одлучи да се отвори за тоа како поминала операцијата и да сподели некои од ранливите моменти. На некои фотографии и видеа, Џеси Џ. може да се види како плаче во болнички кревет додека нејзиниот сопруг Чанан ја поддржува. Таа, исто така, сподели фотографии и видеа со својот син Скај Сафир.

„Оваа објава содржи некои од искрените падови и максимуми од последните 48 часа. Секогаш ќе ги покажувам добрите и тешките делови од секое патување низ кое минувам“, изјави таа на почетокот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessie J (@jessiej)

Потоа им се заблагодари на својот лекар и на сите медицински сестри кои се грижеа за неа, како и на сите што ја посетија.

„Благодарна сум на мојот лекар/хирург и на сите медицински сестри кои се грижеа за мене и на моето семејство и пријатели кои дојдоа да ме посетат. Сега сум дома, ќе се одморам и ќе ги чекам резултатите“, продолжи таа.

На крајот, таа уште еднаш рече дека ги прегрнува сите оние кои моментално минуваат низ тешки ситуации.

Џеси неодамна настапи на Summertime Ball, каде што им кажа на 80.000 луѓе дека тоа ќе биде нејзиниот последен настап пред операцијата.

„Денес, овој настап е и мојот последен пред да одам да го победам ракот на дојка. Толку е посебен за мене, немате поим. Се чувствувам толку посебно што сум од Велика Британија, да бидам искрена и што можам да кажам како се чувствувам. Многу сум благодарна за овој живот, за вас, за мојата кариера, за мојот син, мојот партнер, моите родители, семејството, бендот и екипата. Имаме толку среќа, имаме толку многу за што да живееме, толку многу радост, толку многу, толку многу да направиме“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Естрада

Познатиот пејач откри дека има рак во четврта фаза: „Не се плашам, Бог е голем“

Објавено пред

Пејачот и тапанар на 3 Doors Down, Бред Арнолд, откри дека му бил дијагностициран рак во четврта фаза.

dobivaj vesti na viber

Поради својата болест, бендот мораше да ја откаже турнејата, а Бред објави на социјалните мрежи.

„Здраво на сите, јас сум Бред од 3 Doors Down. Се надевам дека имате одличен ден. Имам не толку добри вести за вас денес“, започна тој, пред да открие дека му бил дијагностициран карцином на бубрежни клетки, еден вид рак на бубрезите. Неговата болест била откриена пред неколку недели, кога му се слошило и отишол во болница.

Тогаш лекарите откриле дека ракот веќе преминал во четврта фаза и се проширил на белите дробови.

„Значи, бев болен пред неколку недели, потоа отидов во болница на преглед и всушност ми дијагностицираа чистоклеточен бубрежен клеточен карцином кој метастазирал во моите бели дробови. Тоа е стадиум четврти, што не е многу добро“, рече тој.

И покрај тешката болест, познатиот музичар изјави дека воопшто не се плаши од својата дијагноза.

„Но, знаете што? Му служиме на моќниот Бог, а тој може да победи се. Затоа не се плашам. Навистина, навистина не се плашам од тоа“, додаде тој.

Тој исто така рече дека бендот мора да ја откаже претстојната турнеја што требаше да започне на 15 мај во Дејтона Бич.

„Ќе не принуди да ја откажеме турнејата ова лето. Жал ни е поради тоа”, рече тој, додавајќи дека можеби е време да ја слушнеме нивната песна “It’s Not My Time”, која ја спомна и во описот на објавата.

„Ви благодарам за сите досегашни спомени. Сега верувам дека „Не е моето време“ е навистина мојата песна. Ова ќе биде борба, па ни требаат нашите молитвени воини! Ви благодариме што сте најдобри обожаватели на светот. Ве сакаме сите!“ напиша тој.

Прикажи повеќе...

Естрада

Се појави нова фотографија од Лиам Пејн направена неколку минути пред неговaта смрт

Објавено пред

Два дена откако беше погребан британскиот музичар Лиам Пејн, „Дејли Мејл“ објави фотографија – последна од животот на пејачот, направена само неколку минути пред неговиот фатален пад од третиот кат на хотелот во Буенос Аирес.

dobivaj vesti na viber

Моментот снимен на безбедносните камери отвори нови прашања: дали ова е доказ дека трагедијата можела да се избегне и дали акцијата на тројцата мажи, кои го носат на фотографијата, е причината поради која Британецот се обидел да се спушти на терасата за да го избегне обезбедувањето.

Како што „Дејли Мејл“ ја толкува фотографијата, очигледно тројца вработени во хотелот го подигнале пејачот бидејќи, според очевидци, имал грчеви додека лежел на подот од фоајето. Потоа го однеле во неговата соба во лифтот.

Се поставува прашањето зошто го преместиле ако бил во толку лоша состојба и зошто веднаш не повикале брза помош.

Временскиот печат на фотографијата покажува 16:54:48 часот, а на кобниот 16 октомври, нешто по 17 часот, Пејн паднал од висина од 13 метри од балконот на својата соба. Тој починал на лице место.

Во 17:11 часот пристигнала Брзата помош и констатирала смрт. Обдукцијата покажала дека пејачот се здобил со повеќе повреди кои предизвикале внатрешно и надворешно крварење.

Токсиколошкиот извештај откри траги од алкохол, кокаин и антидепресиви.

Сега се сомнева дека поранешниот член на попларната група „Уан дајрекшн“ (One Direction) паднал од балкон во обид да го напушти хотелот незабележано – трик што често го користел во тинејџерските денови во групата и кој го повторувал на Флорида еден месец пред оваа несреќа за да го избегне обезбедувањето,

Според камерите, тој ден во 15:53 ​​часот, пејачот влегува во хотелот со својот пријател Роџер Норес. Носи црна капа и мала чанта. Тој разговара со фановите во ходникот, а потоа оди во својата соба со Норес.

Неколку минути подоцна, двајцата се враќаат во лобито. Пејачот има лаптоп, но ги остава капата и чантата во собата. Норес се збогува со Лиам и го напушта хотелот. Пејачот изгледа добро расположен. Во 16:26 седи во фоајето и го користи својот лаптоп. Две минути подоцна оди во собата и се враќа. И тоа го повторува. Секогаш кога ќе се врати, неговото однесување е се’ понеобично.

Сведоците велат дека во еден момент тој извикал: „За*би ова, другар“, а потоа го фрлил лаптопот на подот.

Потоа има видео со трите лица кои го носат. На фотографијата јасно се гледа дека Лиам додека го враќаат назад во собата, нема ниту црна капа, ниту чанта.

Хотелот повикал брза помош неколку минути откако пејачот бил однесен во неговата соба.

Меѓутоа, кога итната помош го пронашла неговото тело, тој со себе имал капа и чанта.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

(Видео) Митрески: СДСМ нема да учествува во гласањето за интерпелацијата на обвинителот Коцевски

Интерпелацијата за јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, нема правни последици и СДСМ нема да учествува во гласањето, одлуката е на обвинителот,...

Македонија3 часа

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево – дозволил дива депонија во населена зона во градот

Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно...

Македонија3 часа

(Видео) Лефков: Шоферот на Заев уапсен за подметнување пожар во Струмица

Во изминатиов период кажувавме дека голем дел од пожарите низ државата се подметнуваат од структури блиски до СДС, а денес...

Македонија4 часа

Мицкоски: Проектот за студентските домови, конечно, излезе од лавиринтите на бирократијата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје изјави дека рехабилитацијата на студентските...

Македонија5 часа

Гори во Радовиш, Берово, Прилеп – активни седум пожари, три под контрола

Во текот на измнинатото деноноќие на територијата на државата евидентирани се вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, седум...

Македонија5 часа

Кривична против директорка во Виница, си ја вработила ќерката во истото училиште иако немала соодветно образование

Полицијата поднесе кривична пријава против Г. С. (45) од Виница, директорка во основно училиште во овој град, поради несовесно работење...

Македонија6 часа

Поништена јавната набавка за 120 електрични eкоавтобуси, се пријавила една фирма што не исполнувала услови

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ го оцени како ефикасно справувањето со пожарите во Македонија во споредба со земјите од регионот

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека институциите под водство на оваа Влада успешно реагираат на пожарите кои ги зафатија повеќе подрачја во Македонија,...

Македонија7 часа

Комисијата утврди дискриминација врз професионалните војници – синдикатот бара итни законски измени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди индиректна дискриминација врз професионалните војници од страна на Министерството за одбрана, информира...

Свет7 часа

Русија: Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот

Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот, а Русија сама води борба против целиот тој регион, тврди рускиот министер...

Регион8 часа

(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот. Снимка од...

Свет9 часа

(Видео) Огромни поплави во Пекинг, триесет загинати

Триесет лица загинаа вчера во Пекинг кога обилни врнежи ја погодија кинеската престолнина, јави денес официјалната новинска агенција. Смртни случаи...

Македонија18 часа

(Видео) Македонецот кој спречи терористички напад во авион: „Реагирав инстинктивно“

На летот од Лондон до Глазгов се случи инцидент, откако еден од патниците извика дека има бомба, со слогани „Смрт...

Свет20 часа

Трамп го скрати рокот: Му давам на Путин уште 10 до 12 дена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го скратува претходниот рок од 50 дена што му го дал на рускиот претседател...

Регион22 часа

Пожари беснеат на Балканот: илјадници се евакуирани, гори и во близина на популарна туристичка дестинација во Албанија

Пожарникарите денес се обидуваат да изгаснат шумски пожари во три одделни покраини во Турција, Грција, во близина на туристичка дестинација...

Македонија1 ден

И јас ќе ги прашам Фетаи и Меџити дали користеле службени возила за приватни или партиски цели, вели Мицкоски

Десет дена по медиумските објави, во кои се гледаат службени возила на вицепремиерите Изет Меџити и Арбен Фетаи нешто пред...

Македонија1 ден

Мицкоски за интерпелацијата на Коцевски: Јас не ги менувам ставовите преку ноќ

На еден ден пред расправата за интерпелацијата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата Левица, премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија1 ден

Споменик на Андон Лазов Јанев-Ќосето поставен на кружниот тек во Автокоманда

Споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој беше отстранет од пред комплексот судови, е поставен на кружниот тек во...

Спорт1 ден

(Видео) Македонски судија нападнат на кадетското Европско првенство во бокс

Извор и фото/ b92.net Заврши Европското првенство за кадети и кадетки (ученици на возраст од 13 и 14 години), кое...

Македонија1 ден

Во изминатото деноноќие имало 51 пожар во Македонија, денеска активни осум

Во текот на изминатото деноноќие, 27/28.07, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар, од кои осум се...