Естрада
Канје Вест од болница кај Трамп

Рап ѕвездата Канје Вест во вторникот првпат се појави во јавноста откако на почетокот од декември излезе од болница, по како што пишуваа медиумите, доживеаниот нервен слом, среќавајќи се во „Кулата Трамп“ со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
Раперот, една од ретките американски славни личности коишто во текот на предизборната кампања го поддржуваа Доналд Трамп, во вторникот утрото со својата придружба и со личен камерман пристигнал во „Кулата Трамп“, и со лифтот се качил до апартманот на магнатот.
Многу резервиран, Канје Вест по четириесетминутната средба се спуштил во антрето на зградата и на прашањата на новинарите за што разговарале тие двајцата кусо одговорил „За животот“.
„Ние сме пријатели…, веќе долго време, тој е добар човек“, изјави добро расположениот Трамп.
Вест останал намрштен пред репортерите кои го бомбардирале со разни прашања, меѓу другото и за она дека ќе се кандидира на претседателската трка во 2020 година.
„Во моментов сум тука за да направиме фотографии“, одговорил музичарот насмевнувајќи се и подигнувајќи го палецот нагоре.
Агенциите пренесуваат дека со Вест не била неговата сопруга, ѕвездата на реалните шоу програми Ким Кардашијан.
Раперот кон крајот на ноември ја изненади публиката во Калифорнија со долг говор во кој рече дека не гласал, но дека, доколку излегол на гласањето, би гласал за Трамп, бидејќи многу ја цени неговата отвореност.
Кусо потоа Вест беше хоспитализиран поради истоштеност по испадите на концертите во рамките на турнејата „Сент Пабло“. Тогаш даде неколку изјави, кои медиумите ги оценија како „непресметливи“. Меѓу другото реле дека колегата Џеј Зи има платеници кои сакаат да го убијат, и дека основачот на Facebook Марк Цукерберг, не сакал да му даде 543 милиони долари за да се извлече од долгови./крајмф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
Брус Вилис блед и уморен, актерот „уловен“ на улиците во Лос Анџелес

Холивудската легенда, актерот Брус Вилис (68) е „уловен“ при прошетка во Лос Анџелес, додека ужива во зелено смути.
Најновите папарацо фотографии на познатиот актер ги загрижија фановите, бидејќи Брус на нив изгледа многу бледо и уморно, а на неговото лице се забележуваат и големи темни кругови.
Вилис минатата година откри дека боледува од афазија – тешко пореметување кое влијае на говорните способности, а откако се дозна за неговата дијагноза, актерот ретко се појавува во јавноста, а неговата состојба се влошува.
Откако му беше дијагностицирана афазија, Брус Вилис се откажа од актерството и времето го поминува со семејството.
Состојбата му се влошила, а семејството, вклучувајќи ја и поранешната сопруга Деми Мур, секојдневно му помага.
Во декември минатата година, ќерката на Вилис, Румер, објави дека таа и нејзиното момче Дерек Ричард Томас ќе станат родители, а Брус и Деми баба и дедо.
Естрада
(Видео) Мајли Сајрус сними спот во куќата каде екс сопругот ја изневери со 14 жени

Новата песна на Мајли Сајрус крена голема прашина во јавноста, а спотот е снимен во куќата во која нејзиниот поранешен сопруг ја изневерувал со 14 жени.
Новата нумера на Сајрус за кратко време стана голем хит, а многу жени го пеат нејзиниот текст.
Многумина мислат дека ова е порака до нејзиниот поранешен сопруг, актерот Лијам Хемсворт. Сомнежот го подгрева и фактот што пејачката ја објави песната токму на неговиот роденден.
„Можам да си купам цвеќе… Можам да си зборувам со часови, да се држам за рака“… е текстот на песната, но покрај овие впечатливи зборови, на многумина им недостигаат уште некои тајни пораки.
Мајли како главна локација за видео спотот ја одбрала токму куќата во која сопругот наводно ја изневерувал со 14 жени.
Парот се венчаше во 2018 година, а осум месеци подоцна се разведоа. Потоа се пишуваше дека Мајли е таа што била неверна, а дека Лиам изневерувал и со жени и со мажи.
Сепак, како што стојат работите, изгледа дека токму актерот бил „лошиот“.
Естрада
Ќе се снима филм за Мајкл Џексон

Режисерот Антоан Фукуа ќе снима биографски филм „Мајкл“ за светски познатиот поп-пејач Мајкл Џексон (1958-2009), пишува филмскиот магазин „Hollywood Reporter“.
– Според мене, не постои уметник со сила, харизма и чист музички гениј како Џексон. Гледањето на неговата работа влијаеше на мене да правам видеа. Неговата музика и тие слики се дел од мојот поглед на животот, а можноста да ја раскажам неговата приказна на екранот, со неговата музика е неодолива – изјави Фукуа.
Режисерот на „Training Days“ (2001) и „The Righteous“ (2016) се присети дека неговите први дела биле видеа и дека сè уште чувствува дека спојот на филмот и музиката е длабок дел од тоа што е тој.
„Мајкл“ ќе биде продуциран од Лајонсгејт, по сценарио на Џон Логан, познат по „Гладијатор“ и „Авијатичарот“, а во продукција на Греам Кинг, кој работеше на филмот за пејачот Фреди Меркјури „Боемска рапсодија“.
Не е прецизирано кој би можел да го игра Џексон, кој меѓудругото е познат и по тоа што ја избели кожата. Растејќи во музичко афроамериканско семејство, Џексон се стекна со слава како момче во хаус бендот „Џексон фајв“, а потоа се впушти во една од најуспешните независни пејачки кариери во светот.
Тој го сними најпродаваниот албум на сите времиња „Thriller“ (1982), кој досега е продаден во над 70 милиони копии, благодарение на седум синглови, вклучувајќи ги „Billy Jean“ и „Beat It“.
Џексон продолжи да постигнува светски успеси со хитовите „Bad“, „I Just Can’t Stop Loving You“, „Black or White“ или „Remember the Time“, но неговата кариера до некаде попушти по неколкуте обвинувања за сексуално вознемирување на деца, иако подоцна судот го ослободи. Тој ненадејно почина од срцев удар додека се подготвуваше за турнеја за враќање, во 2009 година.