Естрада
Концерт на „Мршави пас“ од Суботица во културниот центар „Кула“

Српскиот соло изведувач „Мршави пас“ за прв пат се претставува пред скопската публика во културниот центар „Кула“, а неговиот концерт ќе се одржи во сабота, со почеток во 20 часот.
Српскиот соло изведувач „Мршави пас“ за прв пат се претставува пред скопската публика во културниот центар „Кула“, а неговиот концерт ќе се одржи во сабота, со почеток во 20 часот.
Овојпат тимот на „Кула“ ви најавува еден неверојатен спој на електрична гитара свирена наопаку (бас жиците се долу, а горните се горе) и хумористичен вокал во комбинација од панк, рок и електро-блуз ритмови.
По музицирањето во низа гитарски панк-рок состави (Јадост, СФРЈ, Јебига, Жаотекс, Џузепе Карабино), Милан Мандич продолжува да ја гради својата кариера како соло изведувач под псевдонимот „Мршави пас“. Досега има издадено шест албуми за независната етикета „Лисен Лаудест“ од Загреб. Неговиот музички израз може да се окарактеризира како игра со музичкиот шаблон, резбарење на стандардниот звучен формат и употреба на што по шашави аудио егзибиции.
Мошне е тешко звукот на „Мршави пас“ да се смести во некоја адекватна категорија, со оглед на тоа дека голем дел од композициите се работени сосема извртено. Неговата музика е истовремено експеримент, забава и егзибиција, додека неговиот перформанс наликува на духовита импровизација, налик на Чарли Чаплин или Мапед шоу.
Во најмала мера му е битно да биде прифатен од страна на пошироката публика, туку напротив тој создава една суштинска алтернативна забава на мошне допадлив начин. „Кула“ како идеално прибежиште на овој суботичански отпадник, ви го претставува во сиот свој сјај -„Мршави пас“. Самиот вели дека чувствува трема по повод неговото прво доаѓање во оваа драга земја која веќе одамна ја пикира и мерка./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
На Роби Вилијамс му е дијагностициран Туретов синдром

Музичката ѕвезда Роби Вилијамс откри дека тајно се бори со Туретов синдром. Педесет и едногодишниот пејач вели дека неговите тикови се „наметливи“ и главно внатрешни, но мислите му се толку интензивни што не може да ги замолчи дури ни за време на настап пред десетици илјади обожаватели, пишува „Дејли мејл“.
Вилијамс претходно имал дијагнози за АДХД и посттрауматско стресно нарушување, а се соочувал и со зависности од алкохол и дрога. Неодамна направил и тестирање за аутизам – резултатот бил негативен, но му било укажано дека има „аутистични особини“, вклучувајќи анксиозност кога ја напушта сигурноста на својот кревет.
Во искрен разговор за подкастот ‘I am ADHD! No, you’re not’, пејачот призна дека турнеите и понатаму го плашат, и покрај децениското искуство на распродадени стадиони.
„Што и да е во мене, тоа не разбира“
Говорејќи за најновата дијагноза, Вилијамс изјави: „Штотуку сфатив дека имам Туретов синдром, но не се манифестира надворешно. Би помислиле дека стадион полн со луѓе кои ви даваат љубов би делувал како одвлекување на вниманието, но тоа не е така. Што и да е во мене, тоа не може да разбере.“
Како и шкотскиот пејач Луис Капалди, кој во 2023 година направи пауза поради Туретов синдром, и кај Вилијамс менталното здравје силно влијае врз настапите.
„Имам многу комплициран однос со турнеите и настапите во живо. Луѓето велат: Одеш на турнеја? Сигурно си возбуден. Но не баш, ужаснат сум,“ призна тој.
Добитникот на 18 БРИТ награди рече дека АДХД му бил дијагностициран дури три пати, бидејќи секојпат „заборавал“ на дијагнозата. Првиот пат бил околу 2006 година. „Се почувствував олеснето што конечно имам официјална дијагноза,“ изјави тој.
„Но потоа почувствував уште поголемо олеснување кога добивав по 200 апчиња и мислев дека тие ќе ме поправат, затоа што секогаш барате лек. Барате лек за болеста во вашата глава. Така многу брзо преминав од голтање апчиња до нивно дробење и вшмркување,“ рече Вилијамс.
Денес, вели, е посвесен за своето ментално здравје и постојано ги бара корените на својата нелагодност.
„Кога сум во кревет, тоа е мојата зона на комфор. Се друго надвор од креветот е моја зона на нелагодност. Во дваесеттите беше ужасно, во триесеттите лошо, во четириесеттите почна да се подобрува, сега сум на нагорна линија, но сè уште се чувствувам лошо во сопствената кожа,“ заклучи пејачот.
Туретов синдром е наследно, невролошко нарушување кое се карактеризира со неволни звуци и движења – тикови. Обично започнува во детството, а симптомите можат да вклучуваат често трепкање, гримаси, слегнување со раменици или движење на главата. Состојби како АДХД, опсесивно-компулсивно нарушување и анксиозност често се поврзани со Туретов синдром.
Естрада
(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.
Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.
Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.
Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.
Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.
фото: принтскрин-Инстаграм
Естрада
Домот на Бред Пит завиен во црно: Актерот скршен поради смртта на мајка му

Бред Пит доживеа голема загуба – неговата мајка почина денес на 84-годишна возраст.
Како што пренесуваат странските медиуми, веста дека актерот ја загубил мајка си стана позната преку емотивна објава на еден член од семејството на Инстаграм.
Џејн Ета Пит била столб на семејството. Таа била таа што ги држела сите на купче и организирала голема семејна прослава пред пет години. По професија била семеен советник и најчесто се држела подалеку од рефлекторите, но повремено се појавувала на црвениот тепих заедно со својот син Бред и сопругот Вилијам.
Незиниот мирен живот и посветеност на семејството останале нејзин заштитен знак. Тие што ја познавале велат дека била срдачна, верна и секогаш подготвена да помогне.