Контакт

Естрада

Мајли Сајрус ја освои наградата MTV за ’Wrecking Ball’

Објавено пред

Мајли Сајрус ја освои во неделата наградата за видео спот на годината за песната „Wrecking Ball“ на свеченото доделување на наградите на музиката телевизија MTV – Video Music Awards – VMA.
 

dobivaj vesti na viber

Мајли Сајрус ја освои во неделата наградата за видео спот на годината за песната „Wrecking Ball“ на свеченото доделување на наградите на музиката телевизија MTV – Video Music Awards – VMA.

 

Спотот „Wrecking Ball“ го снимаше модниот фотограф Тери Ричардсон, познат по фотографиите со сексуална перцепција.

Некогашниот идол на девојчињата од целиот свет поради улогата во телевизиската серија „Хана Монтана“, минатата година го отфрли својот имиџ на послушно девојче настапувајќи во предизвикувачка облека и пози што и’ помогна во медиумското внимание и продажбата на нејзините носачи на звук.

Мајли Сајрус остана да седи во публиката задржувајќи ги солзите радосници, додека бездомникот кој наместо неа се искачи на сцената ја примаше скулптурата што и’ припадна. Тој одржа говор во името на 1,6 милиони деца и млади бегалци и бездомници во САД.

Раперот Комон (Common) побара неколку мигови тишина во чест на Мајкл Браун, црниот тинејџер кој невооружен беше убиен од бел полицаец во гратчето Фергусон што беше повод за повеќенеделни протести ширум САД кои се изродија во насилства но и акции против полициската бруталност.

Номинирани за најдобар видео спот годинава беа и Бијонсе за „Drunk in love“, Иги Ејзејли за „Fancy“, Фарел Вилијамс за „Happy“ и Шиа за „Chandelier“. Бијонсе притоа на сцената настапи заедно со сопругот Џеј-Зи и нивната ќерка Ајви Блу.

Раперот Дрејк ја освои наградата за најдобар хип-хоп видео спот за „Hold on (We’re Going Home“.

Дуетот „Dark Hors“ на Кејти Пери со раперот Џујси Џи е прогласен за најдобро видео на изведувачка, додека 23-годишниот пејач Ед Ширан се наметна како најдобар во машката категорија со „Sing“, дует снимен со Фарел Вилијамсон.

Младата 21-годишна Аријана Гранде е прогласен за најдобра во категоријата најдобро поп видео за нумерата „Problem“.

Холандскиот феномен, 17-годишната Лорди, освои награда за најдобро рок видео за „Royals“, песна којашто веќе освои Греми за најдобра песна на годината во јануари, како и за најдобро соло поп видео./крај/мф/снЗанимливости/ЕстрадаМајли Сајрус ја освои наградата MTV за ’Wrecking Ball’Инглувуд, 25.08.2014 (Макфакс) – Мајли Сајрус ја освои во неделата наградата за видео спот на годината за песната „Wrecking Ball“ на свеченото доделување на наградите на музиката телевизија MTV – Video Music Awards – VMA.

Спотот „Wrecking Ball“ го снимаше модниот фотограф Тери Ричардсон, познат по фотографиите со сексуална перцепција.

Некогашниот идол на девојчињата од целиот свет поради улогата во телевизиската серија „Хана Монтана“, минатата година го отфрли својот имиџ на послушно девојче настапувајќи во предизвикувачка облека и пози што и’ помогна во медиумското внимание и продажбата на нејзините носачи на звук.

Мајли Сајрус остана да седи во публиката задржувајќи ги солзите радосници, додека бездомникот кој наместо неа се искачи на сцената ја примаше скулптурата што и’ припадна. Тој одржа говор во името на 1,6 милиони деца и млади бегалци и бездомници во САД.

Раперот Комон (Common) побара неколку мигови тишина во чест на Мајкл Браун, црниот тинејџер кој невооружен беше убиен од бел полицаец во гратчето Фергусон што беше повод за повеќенеделни протести ширум САД кои се изродија во насилства но и акции против полициската бруталност.

Номинирани за најдобар видео спот годинава беа и Бијонсе за „Drunk in love“, Иги Ејзејли за „Fancy“, Фарел Вилијамс за „Happy“ и Шиа за „Chandelier“. Бијонсе притоа на сцената настапи заедно со сопругот Џеј-Зи и нивната ќерка Ајви Блу.

Раперот Дрејк ја освои наградата за најдобар хип-хоп видео спот за „Hold on (We’re Going Home“.

Дуетот „Dark Hors“ на Кејти Пери со раперот Џујси Џи е прогласен за најдобро видео на изведувачка, додека 23-годишниот пејач Ед Ширан се наметна како најдобар во машката категорија со „Sing“, дует снимен со Фарел Вилијамсон.

Младата 21-годишна Аријана Гранде е прогласен за најдобра во категоријата најдобро поп видео за нумерата „Problem“.

Холандскиот феномен, 17-годишната Лорди, освои награда за најдобро рок видео за „Royals“, песна којашто веќе освои Греми за најдобра песна на годината во јануари, како и за најдобро соло поп видео./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Почина Халид Бешлиќ

Објавено пред

На 71 годинa денес во Сараево почина Халид Бешлиќ, еден од најголемите музички великани на просторот на поранешна Југославија. Пејачот ја изгуби битката со тешка болест по кратко боледување, пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

Бешлиќ беше хоспитализиран кон крајот на август во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите. И покрај напорите на медицинскиот тим, пејачот почина денеска околу 13 часот.

Со своите безвременски хитови Халид Бешлиќ остави неизбришлив белег на музичката сцена и во срцата на многу генерации.

Роден на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац, Бешлиќ беше симбол на севдахот и емоцијата.

Прикажи повеќе...

Естрада

На Роби Вилијамс му е дијагностициран Туретов синдром

Објавено пред

Музичката ѕвезда Роби Вилијамс откри дека тајно се бори со Туретов синдром. Педесет и едногодишниот пејач вели дека неговите тикови се „наметливи“ и главно внатрешни, но мислите му се толку интензивни што не може да ги замолчи дури ни за време на настап пред десетици илјади обожаватели, пишува „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

Вилијамс претходно имал дијагнози за АДХД и посттрауматско стресно нарушување, а се соочувал и со зависности од алкохол и дрога. Неодамна направил и тестирање за аутизам – резултатот бил негативен, но му било укажано дека има „аутистични особини“, вклучувајќи анксиозност кога ја напушта сигурноста на својот кревет.

Во искрен разговор за подкастот ‘I am ADHD! No, you’re not’, пејачот призна дека турнеите и понатаму го плашат, и покрај децениското искуство на распродадени стадиони.

„Што и да е во мене, тоа не разбира“

Говорејќи за најновата дијагноза, Вилијамс изјави: „Штотуку сфатив дека имам Туретов синдром, но не се манифестира надворешно. Би помислиле дека стадион полн со луѓе кои ви даваат љубов би делувал како одвлекување на вниманието, но тоа не е така. Што и да е во мене, тоа не може да разбере.“

Како и шкотскиот пејач Луис Капалди, кој во 2023 година направи пауза поради Туретов синдром, и кај Вилијамс менталното здравје силно влијае врз настапите.

„Имам многу комплициран однос со турнеите и настапите во живо. Луѓето велат: Одеш на турнеја? Сигурно си возбуден. Но не баш, ужаснат сум,“ призна тој.

Добитникот на 18 БРИТ награди рече дека АДХД му бил дијагностициран дури три пати, бидејќи секојпат „заборавал“ на дијагнозата. Првиот пат бил околу 2006 година. „Се почувствував олеснето што конечно имам официјална дијагноза,“ изјави тој.

„Но потоа почувствував уште поголемо олеснување кога добивав по 200 апчиња и мислев дека тие ќе ме поправат, затоа што секогаш барате лек. Барате лек за болеста во вашата глава. Така многу брзо преминав од голтање апчиња до нивно дробење и вшмркување,“ рече Вилијамс.

Денес, вели, е посвесен за своето ментално здравје и постојано ги бара корените на својата нелагодност.

„Кога сум во кревет, тоа е мојата зона на комфор. Се друго надвор од креветот е моја зона на нелагодност. Во дваесеттите беше ужасно, во триесеттите лошо, во четириесеттите почна да се подобрува, сега сум на нагорна линија, но сè уште се чувствувам лошо во сопствената кожа,“ заклучи пејачот.

Туретов синдром е наследно, невролошко нарушување кое се карактеризира со неволни звуци и движења – тикови. Обично започнува во детството, а симптомите можат да вклучуваат често трепкање, гримаси, слегнување со раменици или движење на главата. Состојби како АДХД, опсесивно-компулсивно нарушување и анксиозност често се поврзани со Туретов синдром.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Објавено пред

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.

dobivaj vesti na viber

Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.

Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.

Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.

Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.

фото: принтскрин-Инстаграм

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион6 часа

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет7 часа

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа7 часа

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ8 часа

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија12 часа

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ13 часа

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија13 часа

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија15 часа

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...

Македонија15 часа

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија16 часа

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....

Свет17 часа

(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да...

Македонија17 часа

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското...

Регион19 часа

Албанија усвои закон за родова рамноправност по бурна расправа

Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77...

Свет19 часа

Сенатот ја блокира резолуцијата што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа резолуцијата што ќе му забранеше на претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без...

Македонија20 часа

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува...

Македонија1 ден

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека...

Македонија1 ден

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција

Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска...

Македонија1 ден

Јаневска ќе ја почитува одлуката на Мицкоски доколку реши да ја смени

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски ќе ја реконструира партијата, па потоа Владата: Фокусирани сме на партискиот конгрес на 6 декември

Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот...