Естрада
Отфрлени обвинувањата против тапанарот на легендарните AC/DC

Обвинувањата дека планирал убиства дека две лица против Фил Руд, тапанарот на легендарната австралиска хард рок група AC/DC, се отфрлени во петокот кога правосудството на Нов Зеланд призна дека нема никакви докази дека музичарот ангажирал платен убиец.
Обвинувањата дека планирал убиства дека две лица против Фил Руд, тапанарот на легендарната австралиска хард рок група AC/DC, се отфрлени во петокот кога правосудството на Нов Зеланд призна дека нема никакви докази дека музичарот ангажирал платен убиец.
Правосудството објави дека обвиненијата против 60-годишниот музичар немаат основа, но Фил Руд е уште под обвинение за поседување дроги, соопштено е во петокот.
Руд беше приведен во четвртокот, но не се произнесуваше за вината на кусото рочиште пред судот во Туаранга, околу 200 километри југоисточно од Окленд, туку беше ослободен со гаранција и ограничено движење. За нарачка на убиствата, доколку обвиненијата се докажат, според новозеландските закони следува најмалку седум години затвор.
Адвокатот на музичарот изјави дека на неговиот клиент му е нанесена „непроценлива штета“ и не исклучува дека би можел да побара отштета.
Фил Руд, роден во Австралија, и’ се придружи на легендарната група во 1975 година, а ја напушти во 1983 година, кога се скара со соосновачот на бендот Малколм Јанг, па се врати во 1994 година.
Групата AD/DC во 1973-та во Австралија е основана од браќата Маклколм и Ангус Јанг, а има продадено 200 милиони носачи на звук. Се прославија во светот со хитовите како „Let There Be Rock“, „Whole Lotta Rosie“, „Dirty Deeds Done Dirt Cheap“, „Back in Black“ и „„Highway to Hell“.
Нивните обожувачи беа шокирани во септември годинава од веста дека 61-годишниот Малколм Јанг се повлекува бидејќи заболел од деменција. Според најавите, AC/DC во декември ќе го објават новиот албум под наслов „Rock or Bust“, првиот по 2008 година, на кој Маклолм Јанг на гитара го заменува неговиот внук Стиви Јанг.
Официјалните претставници на групата објавија дека не се запознаени со ништо од обвинувањата против руд и тврдат дека тоа нема да влијае врз турнејата предвидена за следната 2015 година, како и дека албумот ќе се појави во продажба како што претходно е најавено./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
На Роби Вилијамс му е дијагностициран Туретов синдром

Музичката ѕвезда Роби Вилијамс откри дека тајно се бори со Туретов синдром. Педесет и едногодишниот пејач вели дека неговите тикови се „наметливи“ и главно внатрешни, но мислите му се толку интензивни што не може да ги замолчи дури ни за време на настап пред десетици илјади обожаватели, пишува „Дејли мејл“.
Вилијамс претходно имал дијагнози за АДХД и посттрауматско стресно нарушување, а се соочувал и со зависности од алкохол и дрога. Неодамна направил и тестирање за аутизам – резултатот бил негативен, но му било укажано дека има „аутистични особини“, вклучувајќи анксиозност кога ја напушта сигурноста на својот кревет.
Во искрен разговор за подкастот ‘I am ADHD! No, you’re not’, пејачот призна дека турнеите и понатаму го плашат, и покрај децениското искуство на распродадени стадиони.
„Што и да е во мене, тоа не разбира“
Говорејќи за најновата дијагноза, Вилијамс изјави: „Штотуку сфатив дека имам Туретов синдром, но не се манифестира надворешно. Би помислиле дека стадион полн со луѓе кои ви даваат љубов би делувал како одвлекување на вниманието, но тоа не е така. Што и да е во мене, тоа не може да разбере.“
Како и шкотскиот пејач Луис Капалди, кој во 2023 година направи пауза поради Туретов синдром, и кај Вилијамс менталното здравје силно влијае врз настапите.
„Имам многу комплициран однос со турнеите и настапите во живо. Луѓето велат: Одеш на турнеја? Сигурно си возбуден. Но не баш, ужаснат сум,“ призна тој.
Добитникот на 18 БРИТ награди рече дека АДХД му бил дијагностициран дури три пати, бидејќи секојпат „заборавал“ на дијагнозата. Првиот пат бил околу 2006 година. „Се почувствував олеснето што конечно имам официјална дијагноза,“ изјави тој.
„Но потоа почувствував уште поголемо олеснување кога добивав по 200 апчиња и мислев дека тие ќе ме поправат, затоа што секогаш барате лек. Барате лек за болеста во вашата глава. Така многу брзо преминав од голтање апчиња до нивно дробење и вшмркување,“ рече Вилијамс.
Денес, вели, е посвесен за своето ментално здравје и постојано ги бара корените на својата нелагодност.
„Кога сум во кревет, тоа е мојата зона на комфор. Се друго надвор од креветот е моја зона на нелагодност. Во дваесеттите беше ужасно, во триесеттите лошо, во четириесеттите почна да се подобрува, сега сум на нагорна линија, но сè уште се чувствувам лошо во сопствената кожа,“ заклучи пејачот.
Туретов синдром е наследно, невролошко нарушување кое се карактеризира со неволни звуци и движења – тикови. Обично започнува во детството, а симптомите можат да вклучуваат често трепкање, гримаси, слегнување со раменици или движење на главата. Состојби како АДХД, опсесивно-компулсивно нарушување и анксиозност често се поврзани со Туретов синдром.
Естрада
(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.
Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.
Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.
Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.
Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.
фото: принтскрин-Инстаграм
Естрада
Домот на Бред Пит завиен во црно: Актерот скршен поради смртта на мајка му

Бред Пит доживеа голема загуба – неговата мајка почина денес на 84-годишна возраст.
Како што пренесуваат странските медиуми, веста дека актерот ја загубил мајка си стана позната преку емотивна објава на еден член од семејството на Инстаграм.
Џејн Ета Пит била столб на семејството. Таа била таа што ги држела сите на купче и организирала голема семејна прослава пред пет години. По професија била семеен советник и најчесто се држела подалеку од рефлекторите, но повремено се појавувала на црвениот тепих заедно со својот син Бред и сопругот Вилијам.
Незиниот мирен живот и посветеност на семејството останале нејзин заштитен знак. Тие што ја познавале велат дека била срдачна, верна и секогаш подготвена да помогне.