Контакт

Естрада

Отворен седмиот Пиволенд

Објавено пред

Со настапот на македонската група „Астероид Б 612“, вчеравечер почна седмото издание на традиционалниот фестивал на пивото „Гурмански викенд со пиво-Пиволенд 2014“.

dobivaj vesti na viber

 

 

Вчеравечер настапија и Бени и Нон Стоп, Леб и сол, Хроматик Поинт и македонскиот андерграунд бенд  Д Џон

 

Годинава Пиволенд ќе понуди околу 50 видови пиво, а посетителите ќе имаат можност да дегустираат дел од нив во наредните пет денови.

 

Пивските брендови кои ќе бидат застапени на овој Пиволенд се: Скопско, Heineken, Amstel, Горско, Златен Даб, Крали Марко, Tuborg, Carlsberg, Битолско, Kenbach, Lasko, Corona, Peroni, Kamenitza, Bitburger, Duvel, Guinness, Kilkenny, Union, Chimay, Hoegaarden, Leffe, Lindemans, Grolsch, Paulaner, Stella Artois, Murphy’s, Staropramen, Jelen Pivo, Erdinger, Schofferhofer, Dab, Raderberger, London Porter, London Price, Hobgoblin, Trooper.

 

Покрај спектарот на пива, фестивалот има, исто така, примамлива понуда на храна. Посетителите ќе можат да уживаат со гурманска скара, салати, риба, како и разни мезиња.

 

Како и секоја година, така и оваа влезот на Пиволенд е бесплатен, а за сите љубители на забавата, повторно ќе бидат организирани катчиња каде што ќе се играат познатите пивски игри.

 

Генерален покровител и на ова издание е Градот Скопје, а за оваа намена од Буџетот се издвоени 200.000 денари.

 

„Пиволенд“  годинава задржувајќи го трендот за поддршка на македонската музика, распиша конкурс за млади и талентирани бендови и артисти од Македонија, конкурсот траеше 10 дена, додека еминентни македонки музичари како дел од жири-комисијата ги одбраа најдобрите.

 

Директно учество на „Пиволенд“ има бендот „Астероид Б 612“ кој победи на „Џифони натпреварот“ за млади таленти одржан во јуни во Градскиот Парк во Скопје..

 

И годинава на едно место, публиката ќе има можност да ужива во легендите на македонската музика:, Мизар, Селимова-Желчевски, популарните поп изведувачи Влатко Лозановски, Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Димитар Андоновски, Тајзи, Жаре Бербер, Дани Димитровска, Бета Хаус, Тумбао Салса Бенд, Тони Михајловски и Скандал Састаф, како и алтренативните бендови од македонскиот андерграунд: Смат, Сиз, К.У.Р (Културно Уметнички Работници), и Брука.

 

Веќе по традиција, за љубителите на електронската музика и хипхопот, ќе настапуваат Дј Славе и Галактик Експлорерс. За атмосферата да биде што поразиграна ќе се погрижат и МВП од Белград, како и реге составот Јосип А Лисац од Нови Сад.

 

ПИВОЛЕНД 2014:

 

Четврток 21.08.2014 година

– Фреш (Победници на конкурсот за млади бендови)

– К.У.Р (Културно Уметнички Работници)

– СИЗ

– СМАТ

– Тијана Дапчевиќ

– МВП

– Мизар

 

 

Петок 22.08.2014 година

– Фреш (Победници на конкурсот за млади бендови)

– Пука Банд Брука

– Тумбао Салса Бенд

– Тајзи

– Тамара

– Дј Славе

– Галактик Експлорерс ( Дј Кокс)

 

Сабота 23.08.2014 година

– Фреш (Победници на конкурсот за млади бендови)

– Димитар Андоновски

– Трибјут 2 Пинк Флојд

– Дани Димитровска

– Јосип А Лисац

– Жаре Бербер

 

Недела 24.08.2014 година

– Бански Старчета

– Селимова-Желчевски

– Влатко Лозановски- Лозано

– Бета Хаус

– Тони Михајловски и Скандал Састаф

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Почина Халид Бешлиќ

Објавено пред

На 71 годинa денес во Сараево почина Халид Бешлиќ, еден од најголемите музички великани на просторот на поранешна Југославија. Пејачот ја изгуби битката со тешка болест по кратко боледување, пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

Бешлиќ беше хоспитализиран кон крајот на август во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите. И покрај напорите на медицинскиот тим, пејачот почина денеска околу 13 часот.

Со своите безвременски хитови Халид Бешлиќ остави неизбришлив белег на музичката сцена и во срцата на многу генерации.

Роден на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац, Бешлиќ беше симбол на севдахот и емоцијата.

Прикажи повеќе...

Естрада

На Роби Вилијамс му е дијагностициран Туретов синдром

Објавено пред

Музичката ѕвезда Роби Вилијамс откри дека тајно се бори со Туретов синдром. Педесет и едногодишниот пејач вели дека неговите тикови се „наметливи“ и главно внатрешни, но мислите му се толку интензивни што не може да ги замолчи дури ни за време на настап пред десетици илјади обожаватели, пишува „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

Вилијамс претходно имал дијагнози за АДХД и посттрауматско стресно нарушување, а се соочувал и со зависности од алкохол и дрога. Неодамна направил и тестирање за аутизам – резултатот бил негативен, но му било укажано дека има „аутистични особини“, вклучувајќи анксиозност кога ја напушта сигурноста на својот кревет.

Во искрен разговор за подкастот ‘I am ADHD! No, you’re not’, пејачот призна дека турнеите и понатаму го плашат, и покрај децениското искуство на распродадени стадиони.

„Што и да е во мене, тоа не разбира“

Говорејќи за најновата дијагноза, Вилијамс изјави: „Штотуку сфатив дека имам Туретов синдром, но не се манифестира надворешно. Би помислиле дека стадион полн со луѓе кои ви даваат љубов би делувал како одвлекување на вниманието, но тоа не е така. Што и да е во мене, тоа не може да разбере.“

Како и шкотскиот пејач Луис Капалди, кој во 2023 година направи пауза поради Туретов синдром, и кај Вилијамс менталното здравје силно влијае врз настапите.

„Имам многу комплициран однос со турнеите и настапите во живо. Луѓето велат: Одеш на турнеја? Сигурно си возбуден. Но не баш, ужаснат сум,“ призна тој.

Добитникот на 18 БРИТ награди рече дека АДХД му бил дијагностициран дури три пати, бидејќи секојпат „заборавал“ на дијагнозата. Првиот пат бил околу 2006 година. „Се почувствував олеснето што конечно имам официјална дијагноза,“ изјави тој.

„Но потоа почувствував уште поголемо олеснување кога добивав по 200 апчиња и мислев дека тие ќе ме поправат, затоа што секогаш барате лек. Барате лек за болеста во вашата глава. Така многу брзо преминав од голтање апчиња до нивно дробење и вшмркување,“ рече Вилијамс.

Денес, вели, е посвесен за своето ментално здравје и постојано ги бара корените на својата нелагодност.

„Кога сум во кревет, тоа е мојата зона на комфор. Се друго надвор од креветот е моја зона на нелагодност. Во дваесеттите беше ужасно, во триесеттите лошо, во четириесеттите почна да се подобрува, сега сум на нагорна линија, но сè уште се чувствувам лошо во сопствената кожа,“ заклучи пејачот.

Туретов синдром е наследно, невролошко нарушување кое се карактеризира со неволни звуци и движења – тикови. Обично започнува во детството, а симптомите можат да вклучуваат често трепкање, гримаси, слегнување со раменици или движење на главата. Состојби како АДХД, опсесивно-компулсивно нарушување и анксиозност често се поврзани со Туретов синдром.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Објавено пред

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.

dobivaj vesti na viber

Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.

Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.

Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.

Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.

фото: принтскрин-Инстаграм

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија6 часа

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија7 часа

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија8 часа

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ9 часа

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија11 часа

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија12 часа

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...

Македонија12 часа

„Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и...

Македонија12 часа

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра...

Европа12 часа

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет12 часа

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет14 часа

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет14 часа

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет15 часа

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет15 часа

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија23 часа

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија1 ден

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија1 ден

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...