Контакт

Естрада

Принс пред смртта работел 154 часа без прекин

Објавено пред

Неодамна починатиот американски музичар Принс Роџер Нелсон пред смртта не спиел 154 часа, пишува лондонскиот весник The Daily Mirror.

dobivaj vesti na viber

Принс пред трагичниот ден не спиел повеќе од 150 часа, изјавил за иследниците Морис Филипс, сопруг на Тајкa Нелсон, сестрата на пејачот. За Принс и од претходно беше познато во музичкиот свет дека го одликува неверојатна енергија и работливост, и оти со часови можел да работи во своето домашно студио и да снима. Само во последната година ипол, издаде четири албуми.

„Бев цело време со него минатиот викенд. Тој работеше 154 часа без престан“, го цитира The Daily Mirror Филипс.

Принц почина на 21-ви април на 57-годишна возраст. Полицијата која пристигнала на повик го нашла без свест во лифтот на комплексот „Paisley Park Studios“ во предградието Чанхасен, крај Минеаполис, каде што живеел. Полицајците се обиделе да му дадат вештачко дишење, но не реагирал. Останките на Принс беа кремирани на 23-ти април далеку од јавноста со присуство на најблиските.

Иследниците на нашле знаци на трауми или показатели за самоубиство во смртта на американската музичка легенда Принс, но за објавувањето на резултатите од аутопсијата би можело да бидат потребни седмици, изјавија во саботата властите во Минеаполис.

Претходно беше објавено дека Принц неколку седмици пател од симптоми на грип, кои најверојатно го ослабеле неговиот имуно систем, изјавија извори блиски до легендарниот пејач.

Принс стекна планетарна слава по издавањето на албумот со наслов „199“ во 1982 година. Во текот на кариерата сними 39 албуми, објави 136 видео клипови и шест компилации. Неговите албуми се продадени во повеќе од 100 милиони примероци. Добитник е на многу престижни награди, меѓу кои се седумте Греми, и по еден Златен глобус и Оскар./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Почина Халид Бешлиќ

Објавено пред

На 71 годинa денес во Сараево почина Халид Бешлиќ, еден од најголемите музички великани на просторот на поранешна Југославија. Пејачот ја изгуби битката со тешка болест по кратко боледување, пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

Бешлиќ беше хоспитализиран кон крајот на август во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите. И покрај напорите на медицинскиот тим, пејачот почина денеска околу 13 часот.

Со своите безвременски хитови Халид Бешлиќ остави неизбришлив белег на музичката сцена и во срцата на многу генерации.

Роден на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац, Бешлиќ беше симбол на севдахот и емоцијата.

Прикажи повеќе...

Естрада

На Роби Вилијамс му е дијагностициран Туретов синдром

Објавено пред

Музичката ѕвезда Роби Вилијамс откри дека тајно се бори со Туретов синдром. Педесет и едногодишниот пејач вели дека неговите тикови се „наметливи“ и главно внатрешни, но мислите му се толку интензивни што не може да ги замолчи дури ни за време на настап пред десетици илјади обожаватели, пишува „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

Вилијамс претходно имал дијагнози за АДХД и посттрауматско стресно нарушување, а се соочувал и со зависности од алкохол и дрога. Неодамна направил и тестирање за аутизам – резултатот бил негативен, но му било укажано дека има „аутистични особини“, вклучувајќи анксиозност кога ја напушта сигурноста на својот кревет.

Во искрен разговор за подкастот ‘I am ADHD! No, you’re not’, пејачот призна дека турнеите и понатаму го плашат, и покрај децениското искуство на распродадени стадиони.

„Што и да е во мене, тоа не разбира“

Говорејќи за најновата дијагноза, Вилијамс изјави: „Штотуку сфатив дека имам Туретов синдром, но не се манифестира надворешно. Би помислиле дека стадион полн со луѓе кои ви даваат љубов би делувал како одвлекување на вниманието, но тоа не е така. Што и да е во мене, тоа не може да разбере.“

Како и шкотскиот пејач Луис Капалди, кој во 2023 година направи пауза поради Туретов синдром, и кај Вилијамс менталното здравје силно влијае врз настапите.

„Имам многу комплициран однос со турнеите и настапите во живо. Луѓето велат: Одеш на турнеја? Сигурно си возбуден. Но не баш, ужаснат сум,“ призна тој.

Добитникот на 18 БРИТ награди рече дека АДХД му бил дијагностициран дури три пати, бидејќи секојпат „заборавал“ на дијагнозата. Првиот пат бил околу 2006 година. „Се почувствував олеснето што конечно имам официјална дијагноза,“ изјави тој.

„Но потоа почувствував уште поголемо олеснување кога добивав по 200 апчиња и мислев дека тие ќе ме поправат, затоа што секогаш барате лек. Барате лек за болеста во вашата глава. Така многу брзо преминав од голтање апчиња до нивно дробење и вшмркување,“ рече Вилијамс.

Денес, вели, е посвесен за своето ментално здравје и постојано ги бара корените на својата нелагодност.

„Кога сум во кревет, тоа е мојата зона на комфор. Се друго надвор од креветот е моја зона на нелагодност. Во дваесеттите беше ужасно, во триесеттите лошо, во четириесеттите почна да се подобрува, сега сум на нагорна линија, но сè уште се чувствувам лошо во сопствената кожа,“ заклучи пејачот.

Туретов синдром е наследно, невролошко нарушување кое се карактеризира со неволни звуци и движења – тикови. Обично започнува во детството, а симптомите можат да вклучуваат често трепкање, гримаси, слегнување со раменици или движење на главата. Состојби како АДХД, опсесивно-компулсивно нарушување и анксиозност често се поврзани со Туретов синдром.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Објавено пред

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.

dobivaj vesti na viber

Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.

Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.

Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.

Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.

фото: принтскрин-Инстаграм

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Планинар се изгуби на Пелистер, во тек е акција за негово пронаоѓање

Планинар е изгубен на подрачјето на Националниот парк Пелистер во близина на локацијата позната како „Антена“. Акцијата за негово пронаоѓање...

Свет3 часа

Срби, Италијанци, Швајцарци… загинаа во пожарот во Кран Монтана

Швајцарската полиција го објави идентитетот на првите жртви на катастрофалниот пожар што се случи на новогодишната прослава во бар во...

Свет5 часа

(Видео) Страшни сведоштва на луѓе кои спасувале повредени во пожарот во Кран Монтана

Француски туристи кои случајно се нашле во близина на пожарот во швајцарскиот Кран-Монтана раскажуваат за драматичните сцени и помошта што...

Македонија5 часа

УЈП во 2025 собрале над четири милијарди евра од даноци

Управата за јавни приходи денеска информира дека во 2025 година во националниот буџет се собрани 4 милијарди и 426 милиони...

Свет6 часа

Од новогодишната забава до масовна трагедија во Швајцарија

Истражителите во Швајцарија се обидуваат да утврдат како и зошто пожарот што избувна за време на новогодишната ноќ во барот...

Свет7 часа

Најмалку седум силни експлозии и звуци на авиони рано утрово во главниот град на Венецуела, Каракас

Најмалку седум силни експлозии и звуци на авиони со ниски прелети биле слушнати рано утрово во главниот град на Венецуела,...

Свет1 ден

Огнените прскалки на шишиња шампањ најверојатно го запалиле барот: повредените транспортирани во повеќе европски земји на лекување

Во пожарот што избувна во скијалиштето Crans-Montana загинале најмалку 40 лица, а повредени се вкупно 119 лица, од кои 113...

Економија1 ден

До 1 милион евра помош од државата ќе добијат компании за истражување и развој, а 4.400 евра годишно по лице ќе добиваат компаниите со нови вработувања

За да ја намали невработеноста за 20 %, колку што бара од нас Европската Унија, Владата од овој месец нуди...

Топ1 ден

МВР со детали за смртта на двегодишното дете: Пред полноќ со мајката гледале огномет, па забележала крв на главата

МВР објави детали за трагедијата на новогодишната ноќ, по што загина двегодишно дете во Скопје. Според информациите од полицијата, на...

Топ1 ден

Осомничен за убиството во Старата чаршија уапсен на Косово, почнува постапка за екстрадиција

Обвинителството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин за кого постои основано сомнение дека е извршител на кривично...

Македонија1 ден

Кочани по трагедијата во Швајцарија: „Со вас сме, не како набљудувачи, туку како родители што ја носат истата рана“

Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани упатија јавно сочувство до семејствата на жртвите во пожарот во...

Свет1 ден

(Видео) Објавена снимка од почетокот на пожарот: таванот гори, едно момче се обидува да го изгаси

Видео кое прикажува обид за гаснење на пожарот што се прошири низ таванот на барот Le Constellation во Швајцарија се...

Топ1 ден

Почина двегодишно дете повредено на новогодишната ноќ, обвинителството нареди обдукција

Двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ, утринава почина на клиника во Скопје. Основното јавно обвинителство...

Топ1 ден

Поднесено обвинение за скопјанецот кој усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за – Тешки дела против безбедноста на...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение за злоупотреби и измами со набавките во РЕК Битола, обвинети се директори и раководители

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против осум физички и едно правно лице за злоупотреби поврзани...

Свет1 ден

Родители на исчезнат тинејџер: „Нарачаа шише шампањ со прскалка, минута или две подоцна се случи апокалипсата“

Родителите на 16-годишен тинејџер кој исчезна по смртоносниот пожар во барот во швајцарскиот скијачки центар Кранс-Монтана се надеваат дека нивниот...

Свет1 ден

Мамдани положи заклетва на Куранот и стана првиот муслиман градоначалник на Њујорк

Демократот Зохран Мамдани вчера официјално ја презеде функцијата градоначалник на Њујорк, ветувајќи за време на јавната церемонија на положување заклетва...

Свет1 ден

(Вознемирувачко видео) Луѓе бегаат во паника од пожарот во Швајцарија

Снимка што кружи на социјалните мрежи покажува луѓе како бегаат во паника од барот во ски-центарот во Швајцарија во кој...

Македонија2 дена

Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар

Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на...

Македонија2 дена

Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по...