Естрада
Принс пред смртта работел 154 часа без прекин

Неодамна починатиот американски музичар Принс Роџер Нелсон пред смртта не спиел 154 часа, пишува лондонскиот весник The Daily Mirror.
Принс пред трагичниот ден не спиел повеќе од 150 часа, изјавил за иследниците Морис Филипс, сопруг на Тајкa Нелсон, сестрата на пејачот. За Принс и од претходно беше познато во музичкиот свет дека го одликува неверојатна енергија и работливост, и оти со часови можел да работи во своето домашно студио и да снима. Само во последната година ипол, издаде четири албуми.
„Бев цело време со него минатиот викенд. Тој работеше 154 часа без престан“, го цитира The Daily Mirror Филипс.
Принц почина на 21-ви април на 57-годишна возраст. Полицијата која пристигнала на повик го нашла без свест во лифтот на комплексот „Paisley Park Studios“ во предградието Чанхасен, крај Минеаполис, каде што живеел. Полицајците се обиделе да му дадат вештачко дишење, но не реагирал. Останките на Принс беа кремирани на 23-ти април далеку од јавноста со присуство на најблиските.
Иследниците на нашле знаци на трауми или показатели за самоубиство во смртта на американската музичка легенда Принс, но за објавувањето на резултатите од аутопсијата би можело да бидат потребни седмици, изјавија во саботата властите во Минеаполис.
Претходно беше објавено дека Принц неколку седмици пател од симптоми на грип, кои најверојатно го ослабеле неговиот имуно систем, изјавија извори блиски до легендарниот пејач.
Принс стекна планетарна слава по издавањето на албумот со наслов „199“ во 1982 година. Во текот на кариерата сними 39 албуми, објави 136 видео клипови и шест компилации. Неговите албуми се продадени во повеќе од 100 милиони примероци. Добитник е на многу престижни награди, меѓу кои се седумте Греми, и по еден Златен глобус и Оскар./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
Кои се шесте тајни на Мараја Кери за младешки изглед?

Пејачката Мараја Кери има 52 години, а причините за тоа како се чувствува и како изгледа се применливи и за „обичниот свет“. Ова се шесте нејзини „патокази“ кои може сите да ги следат:
1. Одбира здрави грицки
Додека Кери некогаш посегнуваше по брза храна, сега се сврте кон здравите опции за грицкање. Престанала да грицка нездрава храна и слатки, сведочи неименуван извор за „Hollywood Life”. Наместо тоа, грицка манго и боровници, за да го одржи нивото на енергија и здрав живот. Боровниците имаат својство против стареење.
2. Јаде органска храна
Кери овие денови има тенденција од продавниците да купува органски производи.
„Таа јаде многу органски зеленчук, месо и риба“ рекол изворот за „Hollywood Life”.
Бирањето органска храна на ѕвездата и помага да биде што помалку изложена на пестициди, повеќе да троши од хранливите материи, а преднст е и свежиот вкус на храната.
3. Ги контролира порциите
Поп ѕвездата многу пази да не се прејаде
„Јаде многу бавно и води сметка за тоа кога се чувствува сита и кога да престане да јаде“ наведува изворот. Контролата на порциите е една од најдобрите навики во исхраната, за брзо губење на тежината.
4. Не јаде преработен шеќер
Уште од 2018 година го исфрли шеќерот од својата исхрана.
„Таа сака мали коцки чоколадо, чоколадни десерти или други видови слатки. Но се држи до мали залчиња десерт. Сака навечер да се напие чаша добро вино.
5. Не се мери на вага
Иако Кери може да е строга во поглед на нејзиното јадење, таа не е опседната со мерење на вага. Тоа и го поддржува менталното здравје додека е на диета.
„Никогаш не сум се мерела на вага. Јас сум девојка со крупни коски, висока сум и затоа секогаш имаш вишок тежина“ вели таа.
6. Прави аеробик вежби
Мараја сака да е активна и прави аеробик вежби. Ги прави во базен, обожува пливање. Вежбањето во базен е познато како одличен тренинг за лица постари од 60 години затоа што го намалува притисокот на зглобовите, пренесува „eatthis.com“.
Естрада
Почина пејачката Џули Круз која се прослави со песните за серијата „Твин пикс“

Почина американската пејачка Џули Круз, најпозната по песната Falling од хит серијата „Твин пикс“. Таа имаше 65 години, а веста за нејзината смрт на „Фејсбук“ ја објави сопруготот Едвард Гринан, но не ја откри причината.
Пејачката во 2018 година им откри на обожавателите дека боледува од системски лупус.
„Болката е толку силна што плачам и викам по луѓето. Едвај можам да одам. А сега ми е тешко и да стојам“, кажа тогаш Круз.
Круз, често соработуваше со режисерот Дејвид Линч. Тие првпат работеа заедно на филмот од 1986 година „Blue velvet“, а потоа се здружија со композиторот Анџело Бадаламенти за да го направат деби албумот на Круз, Floating Into The Night од 1989 година.
Две години подоцна, во 1991 година, го снимија хитот Falling, кој се најде во славната серија на Линч, „Твин пикс“ и песната се најде на првото место на австралиските топ листи. Круз подоцна глумеше во серијата и се појави во трите сезони на шоуто, но и во филмот од 1992 година, Fire Walk With Me.
Естрада
Били Ајлиш за Туретовиот синдром: „Луѓето често ми се смеат и тоа ме навредува“

Пејачката Били Ајлиш беше гостин во најновата епизода од шоуто на „Нетфликс“, My Next Guest Needs No Introduction („За мојот следен гостин не треба најава“), чиј водител е Дејвид Летерман. За време на шоуто, пејачката имаше тик, што иницира разговор за Туретовиот синдром, кој го има уште од детството.
Кога Ајлиш направи необично движење со главата и устата, Летерман ја праша дали тоа се должи на мува, на што таа одговори дека има тикови и дека во конкретниот случај тие се предизвикани од осветлението. „Ако ме снимате доволно долго, ќе видите многу тикови“, додаде таа.
„Тоа е многу чудно, речиси воопшто не зборувам за тоа. Најчеста реакција на луѓето на тоа е смеа бидејќи мислат дека се обидувам да бидам смешна. И тоа секогаш ме навредува и секогаш завршувам велејќи: ‘Имам Туретов синдром’“, изјави пејачката.
„Никогаш не би погодиле колку луѓе имаат Туретов синдром. Неколку уметници рекоа ‘Oтсекогаш имам Турет’ и тоа беше многу интересно“, рече Aјлиш и додаде дека сака да одговара на прашања за тоа.
„Многу сум збунета од ова нарушување и не го разбирам. Дијагностицирано ми беше кога имав 11 години. Како дете имав поблаги тикови, но со текот на времето тие се менуваа“, отворено рече таа истакнувајќи дека има подобри и полоши периоди, но дека тиковите никогаш не престануваат целосно.
Пејачката објасни дека има некои чести тикови, како што се допирање на увото, кревање на веѓите, движење на вилицата и затегнување на мускулите на раката.
Туретов синдром е невропсихијатриско нарушување со тикови, кое почнува во детството, а неговите основни симптоми се едноставни, сложени и гласовни тикови (гримаси, гласен говор, задишување, трепкање). Во пошироката јавност Туретовиот синдром често се поврзува со ненамерно користење вулгарни и навредливи зборови, што е само еден од симптомите.