Естрада
Солзи на последниот концерт на Grateful Dead

Легендарната американска група Grateful Dead во неделата го одржа својот последен концерт пред околу 70.000 обожаватели кои членовите на бендот ги испратија со солзи, танцувајќи и пеејќи заедно со нив на чикашкиот стадион „Soldier Field“.
Преживеаните членови на Grateful Dead одржаа три концерта во Чикаго во јули по повод педесетгодишнината од основањето на групата. Концертите беа одржани дваесет години по смртта на гитаристот Џери Гарсија кој во истиот град последен пат свиреше во 1995 година.
Познати по импровизациите кои триминутните нумери умееја да ги претворат во осуманесетминутни експерименти, Grateful Dead со децении беа најуспешната американска концертна атракција, а сé уште имаат бројни обожаватели познати како дедхедси.
Концертот во неделата музичарите го започнаа со една од нивните најпсиходелични песни од раниот период на бендот „China Cat Sunflowe“, кој на одушевување на публиката го комбинираа со фолк блузот „I Know You Rider”.
Grateful Dead се основани 1965 година, како маалска група во Хејт-Ешбери во Сан Франциско. Во првата постава на бендот беа починатите Џери Гарсија и Рон Меккернан, и сега активните Боб Вир, Бил Кројцман и Фил Леп. Подоцна во бендот свиреа и Брент Мидланд и Винс Велник (покојни), како и Том Константен, Кит Годшо, Дона Годшо и Брус Хорнсби.
Бендот настапуваше со славните Џими Хендрикс и Џенис Џоплин на култните фестивали во Минтереј и Вудсток. Обајвија 13 албуми, во кои се измешани блузот, кантрито, фолкот и рокот. Нивниот успех никогаш не потекнуваше од снимените плочи, туку од настапите на сцената.
Чикашките концерти беа пренесувани во живо на YouTube и во повеќе од 250 американски кина./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
На Роби Вилијамс му е дијагностициран Туретов синдром

Музичката ѕвезда Роби Вилијамс откри дека тајно се бори со Туретов синдром. Педесет и едногодишниот пејач вели дека неговите тикови се „наметливи“ и главно внатрешни, но мислите му се толку интензивни што не може да ги замолчи дури ни за време на настап пред десетици илјади обожаватели, пишува „Дејли мејл“.
Вилијамс претходно имал дијагнози за АДХД и посттрауматско стресно нарушување, а се соочувал и со зависности од алкохол и дрога. Неодамна направил и тестирање за аутизам – резултатот бил негативен, но му било укажано дека има „аутистични особини“, вклучувајќи анксиозност кога ја напушта сигурноста на својот кревет.
Во искрен разговор за подкастот ‘I am ADHD! No, you’re not’, пејачот призна дека турнеите и понатаму го плашат, и покрај децениското искуство на распродадени стадиони.
„Што и да е во мене, тоа не разбира“
Говорејќи за најновата дијагноза, Вилијамс изјави: „Штотуку сфатив дека имам Туретов синдром, но не се манифестира надворешно. Би помислиле дека стадион полн со луѓе кои ви даваат љубов би делувал како одвлекување на вниманието, но тоа не е така. Што и да е во мене, тоа не може да разбере.“
Како и шкотскиот пејач Луис Капалди, кој во 2023 година направи пауза поради Туретов синдром, и кај Вилијамс менталното здравје силно влијае врз настапите.
„Имам многу комплициран однос со турнеите и настапите во живо. Луѓето велат: Одеш на турнеја? Сигурно си возбуден. Но не баш, ужаснат сум,“ призна тој.
Добитникот на 18 БРИТ награди рече дека АДХД му бил дијагностициран дури три пати, бидејќи секојпат „заборавал“ на дијагнозата. Првиот пат бил околу 2006 година. „Се почувствував олеснето што конечно имам официјална дијагноза,“ изјави тој.
„Но потоа почувствував уште поголемо олеснување кога добивав по 200 апчиња и мислев дека тие ќе ме поправат, затоа што секогаш барате лек. Барате лек за болеста во вашата глава. Така многу брзо преминав од голтање апчиња до нивно дробење и вшмркување,“ рече Вилијамс.
Денес, вели, е посвесен за своето ментално здравје и постојано ги бара корените на својата нелагодност.
„Кога сум во кревет, тоа е мојата зона на комфор. Се друго надвор од креветот е моја зона на нелагодност. Во дваесеттите беше ужасно, во триесеттите лошо, во четириесеттите почна да се подобрува, сега сум на нагорна линија, но сè уште се чувствувам лошо во сопствената кожа,“ заклучи пејачот.
Туретов синдром е наследно, невролошко нарушување кое се карактеризира со неволни звуци и движења – тикови. Обично започнува во детството, а симптомите можат да вклучуваат често трепкање, гримаси, слегнување со раменици или движење на главата. Состојби како АДХД, опсесивно-компулсивно нарушување и анксиозност често се поврзани со Туретов синдром.
Естрада
(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.
Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.
Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.
Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.
Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.
фото: принтскрин-Инстаграм
Естрада
Домот на Бред Пит завиен во црно: Актерот скршен поради смртта на мајка му

Бред Пит доживеа голема загуба – неговата мајка почина денес на 84-годишна возраст.
Како што пренесуваат странските медиуми, веста дека актерот ја загубил мајка си стана позната преку емотивна објава на еден член од семејството на Инстаграм.
Џејн Ета Пит била столб на семејството. Таа била таа што ги држела сите на купче и организирала голема семејна прослава пред пет години. По професија била семеен советник и најчесто се држела подалеку од рефлекторите, но повремено се појавувала на црвениот тепих заедно со својот син Бред и сопругот Вилијам.
Незиниот мирен живот и посветеност на семејството останале нејзин заштитен знак. Тие што ја познавале велат дека била срдачна, верна и секогаш подготвена да помогне.