Естрада
Три дами и маскенбал го означија стартот на модниот викенд Скопје 13

Ревиите на дизајнерките Росица Мршиќ, Олгица Ѓоргиева и Силвија Михајловска го одбележаа првиот ден на тринаесеттиот Моден викенд Скопје кој се одржува во салонот „Порше Македонија“ од 1 до 3 април.
На истата локација по ревиите се одржа и забава под маски на која посетителите се забавуваа со хитовите од осумдесеттите години. Сезоната пролет/лето 2016 година која се одвива под мотото „Да живеат осумдесеттите!“ ја отвори ревијатa на Росица Мршиќ со колекција инспирирана од женските ликови на Модилјани. Мршиќ го користи својот „карактеристичен вокабулар“ и во секое парче од колекцијата внесува силен индивидуален стил. Линиите се мазни и смирени во форма на синусоиди со кои таа ја завиткува женската фигура за да постигне женствена заобленост. Колекцијата беше надополнета со чевли од бутикот „VIA“. Дизајнерката Олгица Ѓоргиева ја претстави колекцијата за актуелната сезона наречена „Senses“, чиста, минималистичка линија разиграна од колоритни елементи прикажани на специфичен начин. Станува збор за секојдневни парчиња, свечени тоалети и венчаница а доминантни се црвената, белата, зелената и црната боја. За крај на првата модна вечер ја видовме Силвија Михајловска (модно ателје Алшар) со колекцијата „Sakura (In)Fusion“, надополнета со рачно изработен накит од Елена Ристовска и поддржана од „Скопско Чреша“. Михајловска која дизајнира долги години за прв пат се претстави на Моден викенд Скопје, инспирирана од еден необичен и уникатен спој на пиво и цреша, каде белата флуидност и леснотија на пената се спојуваат со црвеното тело на пивото, а во исто време и од трансформацијата на белиот цвет на црешата во црвен плод – своевидна симболика на трансформација од невиност во сензуалност. За шминката на манекенките се погрижи официјалниот мејкап партнер „Golden Rose“ во соработка со Зоран Шурбевски и неговиот тим а за фризурите „Lakme“ во соработка со Едукативниот центар „Кариера Плус“. Во рамките на Моден викенд Скопје можат да се видат и „Fashion&Friends“ кои презентираат инсталација наречена „Fashion Herbarium“ во која впечатливите парчиња од тексас и модните додатоци се прикажани во форма на моден хербариум испреплетени со природни елементи – дрво, зеленило и цветови. Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе „Фа-Бу“ изложи ексклузивен фустан изработен исклучиво од свежо цвеќе. Во текот на тридневното случување ќе биде изложен и накитот на „Farina’s handmade“. Вечерва, на 2 април, ќе видиме групна ревија на студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет на РМ кој годинава слави петнаесет години од своето постоење. За прв пат на настанот ќе се претстави дизајнерката Тијана Младеновиќ од Србија, која доаѓа преку соработката на Моден викенд Скопје со српската модна организација „БАФЕ“. Следуваат ревиите на модната куќа „Линеа“ и брендот „Elezi Paris“ а за крај на втората вечер ќе ја видиме колекцијата на Ирина Тошева поддржана од „My:Time“ и Министерството за култура на РМ. Модната новинарка Снежана Јаначкоска Богдановска – Сани ќе ја презентира својата прва книга „Моите стории – мојот LIFE“ која наскоро ја очекува и голема официјална промоција. Пелистерка и Моден викенд – Скопје, сезонава се обединија за поддршка на Здружението за борба против рак „Борка“ – за секој нов ден, во остварување на следите заеднички цели: Поддршка за Алијансата на пациентски организации (АПО), прогласувањето на година за борба против ракот во Р.Македонија, третманот на малигните заболувања да стане приоритет во здравствениот систем и подготовката на Национална стратегија за борба против малигни заболувања 2016 – 2020 година. /крај/ми/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
На Роби Вилијамс му е дијагностициран Туретов синдром

Музичката ѕвезда Роби Вилијамс откри дека тајно се бори со Туретов синдром. Педесет и едногодишниот пејач вели дека неговите тикови се „наметливи“ и главно внатрешни, но мислите му се толку интензивни што не може да ги замолчи дури ни за време на настап пред десетици илјади обожаватели, пишува „Дејли мејл“.
Вилијамс претходно имал дијагнози за АДХД и посттрауматско стресно нарушување, а се соочувал и со зависности од алкохол и дрога. Неодамна направил и тестирање за аутизам – резултатот бил негативен, но му било укажано дека има „аутистични особини“, вклучувајќи анксиозност кога ја напушта сигурноста на својот кревет.
Во искрен разговор за подкастот ‘I am ADHD! No, you’re not’, пејачот призна дека турнеите и понатаму го плашат, и покрај децениското искуство на распродадени стадиони.
„Што и да е во мене, тоа не разбира“
Говорејќи за најновата дијагноза, Вилијамс изјави: „Штотуку сфатив дека имам Туретов синдром, но не се манифестира надворешно. Би помислиле дека стадион полн со луѓе кои ви даваат љубов би делувал како одвлекување на вниманието, но тоа не е така. Што и да е во мене, тоа не може да разбере.“
Како и шкотскиот пејач Луис Капалди, кој во 2023 година направи пауза поради Туретов синдром, и кај Вилијамс менталното здравје силно влијае врз настапите.
„Имам многу комплициран однос со турнеите и настапите во живо. Луѓето велат: Одеш на турнеја? Сигурно си возбуден. Но не баш, ужаснат сум,“ призна тој.
Добитникот на 18 БРИТ награди рече дека АДХД му бил дијагностициран дури три пати, бидејќи секојпат „заборавал“ на дијагнозата. Првиот пат бил околу 2006 година. „Се почувствував олеснето што конечно имам официјална дијагноза,“ изјави тој.
„Но потоа почувствував уште поголемо олеснување кога добивав по 200 апчиња и мислев дека тие ќе ме поправат, затоа што секогаш барате лек. Барате лек за болеста во вашата глава. Така многу брзо преминав од голтање апчиња до нивно дробење и вшмркување,“ рече Вилијамс.
Денес, вели, е посвесен за своето ментално здравје и постојано ги бара корените на својата нелагодност.
„Кога сум во кревет, тоа е мојата зона на комфор. Се друго надвор од креветот е моја зона на нелагодност. Во дваесеттите беше ужасно, во триесеттите лошо, во четириесеттите почна да се подобрува, сега сум на нагорна линија, но сè уште се чувствувам лошо во сопствената кожа,“ заклучи пејачот.
Туретов синдром е наследно, невролошко нарушување кое се карактеризира со неволни звуци и движења – тикови. Обично започнува во детството, а симптомите можат да вклучуваат често трепкање, гримаси, слегнување со раменици или движење на главата. Состојби како АДХД, опсесивно-компулсивно нарушување и анксиозност често се поврзани со Туретов синдром.
Естрада
(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.
Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.
Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.
Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.
Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.
фото: принтскрин-Инстаграм
Естрада
Домот на Бред Пит завиен во црно: Актерот скршен поради смртта на мајка му

Бред Пит доживеа голема загуба – неговата мајка почина денес на 84-годишна возраст.
Како што пренесуваат странските медиуми, веста дека актерот ја загубил мајка си стана позната преку емотивна објава на еден член од семејството на Инстаграм.
Џејн Ета Пит била столб на семејството. Таа била таа што ги држела сите на купче и организирала голема семејна прослава пред пет години. По професија била семеен советник и најчесто се држела подалеку од рефлекторите, но повремено се појавувала на црвениот тепих заедно со својот син Бред и сопругот Вилијам.
Незиниот мирен живот и посветеност на семејството останале нејзин заштитен знак. Тие што ја познавале велат дека била срдачна, верна и секогаш подготвена да помогне.