Естрада
Три нови видови инсекти пронајдени во Македонија

Претходно непознати видови инсекти од групата водни молци и групата пролетници се откриени во Националниот парк „Маврово“.
Претходно непознати видови инсекти од групата водни молци и групата пролетници се откриени во Националниот парк „Маврово“.
Предвидената изградба на двете големи хидроцентрали „Луково Поле“ и „Бошков Мост“, како и 20-тина мали хидроцентрали на територијата на Националниот парк Маврово, го доведува во прашање опстанокот на овие, но и на други нам сè уште непознати видови.
Човек не мора да патува до Амазон или да нурка во длабочините на морето за да открие нови видови. Доволно е да погледне поблиску на Балканот.
Во соработка со Волфрам Граф, професор на Универзитетот во Виена за природни ресурси, тим на научници откри три до сега непознати акватични видови инсекти на територијата на Националниот парк „Маврово“ во Македонија: видовите од групата водни молци: Drusus krpachi и Potamophylax lemezes, како и видот од групата пролетници Siphonoperla korab.
Специфичниот начин на живот на овие видови треба допрва да се истражува. Генерално, водните молци и пролетниците поминуваат до три години во фази на ларва во потоци и реки. Потоа, тие се преобразуваат во летачки инсекти кои повторно, во рок од неколку седмици, ги положуваат своите јајца во вода.
Иако тукушто откриени, овие видови веќе се изложени на ризик од исчезнување, бидејќимакедонската влада планира изградба на 22 хидроцентрали во Националниот парк „Маврово“, а неколку од нив се веќе во изградба. Тоа исто така ќе се одрази негативно и врз малите потоци – живеалишта значајни за опстанокот на овие видови.
„Хидроелектраните, заедно со пропратната дренажа и каптирањето на водите, ќе ги изложат овие чувствителни видови, локални во однос на распространетоста, на ризик од исчезнување”, вели Волфрам Граф.
Сепак, откривањето на овие три видови во Националниот парк „Маврово“ не е изолиран случај.
„Само во последните пет години, на Балканот се пронајдени околу 15-20 нови водни инсекти. Претпоставуваме дека уште многу видови сè уште не се откриени. Потоците и реките на Балканскиот Полуостров се меѓу еколошки највредните и најфасцинантните живеалишта на Земјата “, додаде Волфрам Граф.
Сепак, ова „жариште“ за биолошката разновидност е во опасност од уништување. Многу видови би можеле да исчезнат, без воопшто да бидат откриени. Помеѓу Словенија и Албанија се планирани повеќе од 2.000 хидроцентрали, од кои над 800 се во заштитени подрачја.
На реките на Балканскиот Полуостров им се заканува вистинско „цунами“ од брани. Токму затоа, со цел да придонесат кон зачувување на значајните речни текови на Балканот, а во соработка со локални партнери, Riverwatch и EuroNatur ја промовираа кампањата „Да го зачуваме Синото срце на Европа” во засегнатите земји на Балканот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
Почина Халид Бешлиќ

На 71 годинa денес во Сараево почина Халид Бешлиќ, еден од најголемите музички великани на просторот на поранешна Југославија. Пејачот ја изгуби битката со тешка болест по кратко боледување, пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина.
Бешлиќ беше хоспитализиран кон крајот на август во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите. И покрај напорите на медицинскиот тим, пејачот почина денеска околу 13 часот.
Со своите безвременски хитови Халид Бешлиќ остави неизбришлив белег на музичката сцена и во срцата на многу генерации.
Роден на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац, Бешлиќ беше симбол на севдахот и емоцијата.
Естрада
На Роби Вилијамс му е дијагностициран Туретов синдром

Музичката ѕвезда Роби Вилијамс откри дека тајно се бори со Туретов синдром. Педесет и едногодишниот пејач вели дека неговите тикови се „наметливи“ и главно внатрешни, но мислите му се толку интензивни што не може да ги замолчи дури ни за време на настап пред десетици илјади обожаватели, пишува „Дејли мејл“.
Вилијамс претходно имал дијагнози за АДХД и посттрауматско стресно нарушување, а се соочувал и со зависности од алкохол и дрога. Неодамна направил и тестирање за аутизам – резултатот бил негативен, но му било укажано дека има „аутистични особини“, вклучувајќи анксиозност кога ја напушта сигурноста на својот кревет.
Во искрен разговор за подкастот ‘I am ADHD! No, you’re not’, пејачот призна дека турнеите и понатаму го плашат, и покрај децениското искуство на распродадени стадиони.
„Што и да е во мене, тоа не разбира“
Говорејќи за најновата дијагноза, Вилијамс изјави: „Штотуку сфатив дека имам Туретов синдром, но не се манифестира надворешно. Би помислиле дека стадион полн со луѓе кои ви даваат љубов би делувал како одвлекување на вниманието, но тоа не е така. Што и да е во мене, тоа не може да разбере.“
Како и шкотскиот пејач Луис Капалди, кој во 2023 година направи пауза поради Туретов синдром, и кај Вилијамс менталното здравје силно влијае врз настапите.
„Имам многу комплициран однос со турнеите и настапите во живо. Луѓето велат: Одеш на турнеја? Сигурно си возбуден. Но не баш, ужаснат сум,“ призна тој.
Добитникот на 18 БРИТ награди рече дека АДХД му бил дијагностициран дури три пати, бидејќи секојпат „заборавал“ на дијагнозата. Првиот пат бил околу 2006 година. „Се почувствував олеснето што конечно имам официјална дијагноза,“ изјави тој.
„Но потоа почувствував уште поголемо олеснување кога добивав по 200 апчиња и мислев дека тие ќе ме поправат, затоа што секогаш барате лек. Барате лек за болеста во вашата глава. Така многу брзо преминав од голтање апчиња до нивно дробење и вшмркување,“ рече Вилијамс.
Денес, вели, е посвесен за своето ментално здравје и постојано ги бара корените на својата нелагодност.
„Кога сум во кревет, тоа е мојата зона на комфор. Се друго надвор од креветот е моја зона на нелагодност. Во дваесеттите беше ужасно, во триесеттите лошо, во четириесеттите почна да се подобрува, сега сум на нагорна линија, но сè уште се чувствувам лошо во сопствената кожа,“ заклучи пејачот.
Туретов синдром е наследно, невролошко нарушување кое се карактеризира со неволни звуци и движења – тикови. Обично започнува во детството, а симптомите можат да вклучуваат често трепкање, гримаси, слегнување со раменици или движење на главата. Состојби како АДХД, опсесивно-компулсивно нарушување и анксиозност често се поврзани со Туретов синдром.
Естрада
(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.
Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.
Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.
Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.
Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.
фото: принтскрин-Инстаграм