Контакт

Естрада

Видео: „Ван Гог“ ја објави „Ангелу мој брате“ на македонски

Објавено пред

Во петок, на пладне, култната српска група „Ван Гог“ ја промовираше песната „Ангелу мој брате“, отпеана на македонски јазик.

dobivaj vesti na viber

Како што наведуваат од групата, оваа песна е во знак на пријателство и благодарница за македонската публика за сите 29 години поддршка. „Учевме многу од македонската музика, запознавме многу прекрасни македонци, стекнавме пријатели. Одамна размислуваме за песна на македонски јазик и еве со „Ангелу мој брате“ тоа и се случи. Текстот е универзален и навистина бееше лесно да се направи текстот а и да се отпее“, вели Звонимир Џукиќ Џуле фронтменот на групата „Ван Гог“.Инаку, засега, македонската верзија го доби веќе постоечкиот спот во кој се појавува легендарниот актер Петар Божовиќ, но во блиска иднина се подготвува и нов спот кој би се снимал во Македонија, поточно ви сите градови и места каде Ван Гог настапувале. „Секако дека планираме да снимиме спот, но најпрво сакавме да видиме како ќе функционира на постоечкиот спот. Петар Божовиќ е големо актерско име и нам ни беше чест што го имаме во нашиот спот. Со македонската песна само ни се потврди дека музиката е универзална и дека без разлика на кој јазик се пее, пораките остануваа исти“, истакнува Џуле.Интересно е дека „Ван Гог“ и Џуле се едни од ретките што самоиницијативно испеале песна на македонски, обично нашите уметници тоа го прават на српски јазик, но не сме сведоци на повеќе вакви примери во обратна насока, што е секако за поздравување.Инаку, групата Ван Гог следната година одбележуваат 30 години постоење и во таа чест, како што дознаваме, подготвуваат комплетно нов сценски проект со кој публиакта ќе има можност да ги види во едно сосема поинаквио светло.Да се надеваме дека нема да мора да чекаме до следната година и дека ќе ги видиме многу поскоро за да можеме да ја слушнеме „Ангелу мој брате“ и во живо./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Почина Халид Бешлиќ

Објавено пред

На 71 годинa денес во Сараево почина Халид Бешлиќ, еден од најголемите музички великани на просторот на поранешна Југославија. Пејачот ја изгуби битката со тешка болест по кратко боледување, пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

Бешлиќ беше хоспитализиран кон крајот на август во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите. И покрај напорите на медицинскиот тим, пејачот почина денеска околу 13 часот.

Со своите безвременски хитови Халид Бешлиќ остави неизбришлив белег на музичката сцена и во срцата на многу генерации.

Роден на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац, Бешлиќ беше симбол на севдахот и емоцијата.

Прикажи повеќе...

Естрада

На Роби Вилијамс му е дијагностициран Туретов синдром

Објавено пред

Музичката ѕвезда Роби Вилијамс откри дека тајно се бори со Туретов синдром. Педесет и едногодишниот пејач вели дека неговите тикови се „наметливи“ и главно внатрешни, но мислите му се толку интензивни што не може да ги замолчи дури ни за време на настап пред десетици илјади обожаватели, пишува „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

Вилијамс претходно имал дијагнози за АДХД и посттрауматско стресно нарушување, а се соочувал и со зависности од алкохол и дрога. Неодамна направил и тестирање за аутизам – резултатот бил негативен, но му било укажано дека има „аутистични особини“, вклучувајќи анксиозност кога ја напушта сигурноста на својот кревет.

Во искрен разговор за подкастот ‘I am ADHD! No, you’re not’, пејачот призна дека турнеите и понатаму го плашат, и покрај децениското искуство на распродадени стадиони.

„Што и да е во мене, тоа не разбира“

Говорејќи за најновата дијагноза, Вилијамс изјави: „Штотуку сфатив дека имам Туретов синдром, но не се манифестира надворешно. Би помислиле дека стадион полн со луѓе кои ви даваат љубов би делувал како одвлекување на вниманието, но тоа не е така. Што и да е во мене, тоа не може да разбере.“

Како и шкотскиот пејач Луис Капалди, кој во 2023 година направи пауза поради Туретов синдром, и кај Вилијамс менталното здравје силно влијае врз настапите.

„Имам многу комплициран однос со турнеите и настапите во живо. Луѓето велат: Одеш на турнеја? Сигурно си возбуден. Но не баш, ужаснат сум,“ призна тој.

Добитникот на 18 БРИТ награди рече дека АДХД му бил дијагностициран дури три пати, бидејќи секојпат „заборавал“ на дијагнозата. Првиот пат бил околу 2006 година. „Се почувствував олеснето што конечно имам официјална дијагноза,“ изјави тој.

„Но потоа почувствував уште поголемо олеснување кога добивав по 200 апчиња и мислев дека тие ќе ме поправат, затоа што секогаш барате лек. Барате лек за болеста во вашата глава. Така многу брзо преминав од голтање апчиња до нивно дробење и вшмркување,“ рече Вилијамс.

Денес, вели, е посвесен за своето ментално здравје и постојано ги бара корените на својата нелагодност.

„Кога сум во кревет, тоа е мојата зона на комфор. Се друго надвор од креветот е моја зона на нелагодност. Во дваесеттите беше ужасно, во триесеттите лошо, во четириесеттите почна да се подобрува, сега сум на нагорна линија, но сè уште се чувствувам лошо во сопствената кожа,“ заклучи пејачот.

Туретов синдром е наследно, невролошко нарушување кое се карактеризира со неволни звуци и движења – тикови. Обично започнува во детството, а симптомите можат да вклучуваат често трепкање, гримаси, слегнување со раменици или движење на главата. Состојби како АДХД, опсесивно-компулсивно нарушување и анксиозност често се поврзани со Туретов синдром.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Објавено пред

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.

dobivaj vesti na viber

Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.

Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.

Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.

Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.

фото: принтскрин-Инстаграм

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

(Видео) Пукање на универзитет во САД – има загинати и повредени, напаѓачот е во бегство

Најмалку две лица се убиени, а девет се повредени во вооружен напад што се случи во саботата попладне на кампусот...

Забава13 часа

(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“

Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место,...

Македонија17 часа

Ахмети од протестот на плоштадот „Скендербег“: Процесот во Хаг треба да заврши со ослободителна пресуда

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се обрати на протестот што се одржа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, организиран во...

Македонија21 час

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Професорката по уставно право и поранешна министерка за правда, Рената Дескоска, е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија. Како што...

Македонија22 часа

(Видео) Жената во Гостиварско била застрелана пред да биде закопана во дупка, покажа обдукцијата

Завршена е обдукцијата на 53-годишната жена која беше пронајдена почината во атарот на гостиварското село Неготино. Според првичниот наод, таа...

Македонија22 часа

Македонија воздржана за резолуцијата на ОН за обврските на Израел

Македонија гласаше воздржано на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации за резолуцијата што се однесува на обврските на Израел...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се претставува како противник на мигрантите, а во 2018 туркал камп во Бардовци

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека јавно настапува како противник на мигрантите, додека за време на...

Македонија24 часа

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

Собранието, а не општините, мора да одлучува за прашањето со мигрантите, соопшти денеска СДСМ, оценувајќи дека премиерот Христијан Мицкоски со...

Свет1 ден

Трамп, Бил Клинтон, Бил Гејтс се појавија на новите фотографии со Епштајн, претседателот се оградува: „Не знам ништо за тоа“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека не знае ништо за најновите фотографии поврзани со Џефри Епштајн, одговарајќи на новинарско...

Свет1 ден

ЕУ ја потврди одлуката за замрзнување на руските средства на неопределено време

Денес, Европската унија ја потврди одлуката за замрзнување на средствата на руските централни банки лоцирани во Европа на неопределено време....

Македонија2 дена

Ѓорѓиевски: Скопје конечно добива Луна Парк

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја најави долгоочекуваната реализација на проектот за новиот Луна Парк, значајна инвестиција што...

Македонија2 дена

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до советите за документ дека ќе нема мигрантски кампови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговори на новинарско прашање во однос на се позачестените иницијативи по советите во општините во...

Топ2 дена

Двајца млади скопјани најдени починати – едниот во напуштена куќа во Центар, другиот во дом на пријател во Кисела Вода

Двајца скопјани на возраст од 25 и 36 години биле пронајдени починати во текот на изминатото деноноќие. Според информациите од...

Македонија2 дена

Мал авион се урна во Мавровското Езеро, едно лице повредено

Мал авион денес се урна во Мавровското Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, потврдија од...

Македонија2 дена

(Видео) „Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат“ – засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“

Во Кочани се засадени 63 јавори, по еден за секој млад живот згаснат во пожарот во дискотеката „Пулс“. „Овој чин...

Топ2 дена

84-годишник се обидел да убие жена во хотел во Куманово, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело –...

Македонија2 дена

Над 40 автошколи под сомнение дека договарале цени за обука

Постојат индиции дека 40 авто – школи во земјава договарале цените за обука на возачи. Комисијата за заштита на конкуренцијата...

Македонија2 дена

Спасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90.000 евра, ЈО да реагира, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина...

Македонија2 дена

Почината жена пронајдена во дупка во атарот на гостиварско Неготино: за едно осомничено лице одреден краткотраен притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде...

Македонија2 дена

СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари, ама со променет статус во економски работници

„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските...