Контакт

Hitech

Најновите производи со Intel® Xeon® E5 процесори во топ 500 нови технологии

Објавено пред

Производите Intel® Xeon® processor E5-2600 преминаа нов праг на суперпроцесирањето со прифаќањето на нови технологии и опремувањето на 44 системи, меѓу кои и 3 суперкомпјутери од петта класа на 39-тото издание на листата топ500 која беше објавена во среда.

dobivaj vesti na viber

Суперкопмпјутерот SuperMUC на Суперкомпјутерскиот центар Лајбниц,о Германија, кој се најде на четвртото место на листата, работи со брзина од 2.9 петафлопи, што го прави најмоќен во Европа, а истовремено претставува најголемата инсталација која се базира на новите процесори Intel Xeon E5.

На Меѓународната конференција за суперпроцесирање (ISC), корпорацијата Intel објави дека that Intel® Xeon® PhiTM е новото име на брендот за сите идни производи кои ќе содржат архитектури со повеќејадрени интегрирани процесори (Intel MIC architecture). Првата генерација Intel Xeon Phi производи (копроцесори наречени Knights Corner) ќе бидат дополнување на постоечките производи со процесори Intel Xeon E5-2600/4600 и ќе овозможат нови перформанси за симултано работење со големи обеми на работа. Додека првата генерација е насочена кон програмирање со висок перформанс (HPC), идните генерации на Intel Xeon Phi производи ќе се однесуваат и на датацентри и работни станици.

„Производите со Intel Xeon Е5 процесори прикажува експоненцијални придобивки во процесирањето со висок перформанс и ни претставува особено задоволство што има такво значајно влијание врз индустријата што се докажува со присуството на овие производи во 44 од топ500 суперкомпјутери“, изјави Раџ Хазра, потпретседател на Intelи генерален менаџер на групацијата за Техничко процесирање кај датацентри и поврзани системи (Technical Computing at Data Center and Connected Systems).

„Со додавањето на производите Intel Xeon Phi во нашата линија на производи, научниците, инженерите и воопшто сите ИТ професионалци ќе искусат револуционерни нивоа на работење за ефикасно да се справат со најразличните предизвици од климатските промени до управување со ризици. Ова е следниот чекор во посветеноста на Интел да постигне ексаразмери на процесирање до 2018 година и да создаде единствена категорија во технологијата која овозможува неспоредливо ниво на работење за високопаралелните апликации во денешно време“, појасни Хазра

Инаку првиот Intel® Xeon® PhiTM копроцесор се очекува оваа година. Притоа Intel објави нови технички детали за првиот комерцијален производ од линијата Intel Xeon Phi, копроцесорот наречен Knights Corner. Покрај неверојатниот перформанс за високопаралелни апликации, Intel Xeon Phi копроцесорот е лесен за употреба и ги содржи придобивките на веќе познатите модели за програмиеање, техники и развојни алатки достапни со архитектурите на Интел. Со поголема употреба на паралелниот CPU код, компаниите за софтвер и ИТ одделите не мораат повторно да ги обучуваат развивачите за лиценцирани програмски модели поврзани со акцелератори.

Покрај компатибилноста со x86 моделите за програмирање Intel Xeon Phi копроцесорот ќе биде достапен за апликации како оптимизиран за процесирање со висок перформанс, високо паралелен одделен процесор кој содржи свој оперативен систем базиран на Линукс, независно од основниот оперативен систем. Оваа карактеристика овозможува поголема флексибилност при имплементирањето на кластер решенија кои не се достапни со алтернативните технологии кои се базираат на графички процесирачки единици (GPU).

Направен со иновативните 22 нанометарски 3Д трипортни транзистори на Intel, Intel Xeon Phi копроцесорот, достапен во PCIe фактор, содржи повеќе од 50 јадра и минимум 8GB GDDR5 меморија. Исто така, содржи 512b широка SIMD поддршка која го подобрува работењето овозможувајќи поглем број дата елементи да се процесираат со една инструкција. Минатата година компанијата Intel презентираше во живо како копроцесорот Knights Corner испорачува повеќе од 1 TeraFLOPs (1 трилион floating операции во секунда) со двојно поголема прецизност во работењето, како што се мери со DGEMM.

На Меѓународната конференција за суперпроцесирање 2012 година Intel го прикажа истото ефективно работење од повеќе од 1 TeraFLOPs по јазол но мерено според индустрискиот репер за стандарди Linpack (Rmax)1. За споредба, во 1997 година беа потребни повеќе од 9000 Intel® Pentium® процесори во суперкомпјутерот ASCII RED* за да се сруши бариерата од 1 TeraFLOP.

Иако првите произведени пратки се планирани за испорака во втората половина на 2012 година, компанијата најави дека првиот развоен кластер со Intel Xeon Phi копроцесор е веќе подготвен и се наоѓа на 149-тото место на листата топ500 и има изведба 118 TFLOPs.

Копроцесорот Intel Xeon Phi има силна индустриска поддршка од 44 производители вклучувајќи ги Bull, Cray, Dell, HP, IBM, Inspur и NEC кои се посветени да го вклучат во своите системски планови.

„Ни претставува задоволство да најавиме дека новата генерација супер компјутери наречена ‘Cascade’ ќе биде достапна со Intel Xeon Phi копроцесори што им овозможува на корисниците на Cray да ги поместуваат границите на истражувањето и откритијата,“ изјави Пег Вилијамс, постар потпретседател на Cray за системи со процесирање со висок перформанс.

„Нашиот Cascade систем ќе содржи едни од најнапредните и најиновативни HPC технологии кои некогаш се нашле во Cray суперкомпјутер. Комбинирањето на овие карактеристики со водечките процесори Intel Xeon и новиот Intel Xeon Phi копроцесор ќе резултира со несовладлив систем за процесирање со висок перформанс (HPC) за центри низ целиот свет“, рече Вилијамс

Поради ефектирањето во 2013 година, првата класа Petascale суперкомпјутер кој ќе содржи процесор Intel Xeon E5 family и Intel Xeon Phi копроцесор ќе биде Stampede. Компанијата очекува постојан раст во бројот на машини од класата Petascale во наредната година што ќе ја искористи предноста за можноста за програмирање и ефективноста во работењето на Intel Xeon Phi копроцесорите. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

„Епл“ дел од производството го сели од Кина во САД

Објавено пред

Американскиот технолошки гигант „Епл“ соопшти дека дел од производството на компјутерот „Мек мини“ ќе го пресели од Азија во Хјустон, САД, а производните линии треба да почнат со работа до крајот на годинава.

dobivaj vesti na viber

Овој потег се надоврзува на најавата од август за инвестиции од 600 милијарди долари во САД во наредните четири години. Во Хјустон е предвиден и центар за обука за напредно производство, а проширувањето, според компанијата, ќе отвори илјадници нови работни места.

Во мај, американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на „Епл“ со царина од 25 отсто за производи произведени во странство. Ситуацијата дополнително се искомплицира откако Врховниот суд на САД пресуди дека претседателот ги пречекорил овластувањата со измената на царините. Трамп потоа најави привремени царини од 10 отсто, со важност до 180 дена.

Извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, изјави дека компанијата е „цврсто одлучна да ја поддржи иднината на американската индустрија“.

И покрај тоа, најголемиот дел од производството на „Епл“, вклучувајќи ги „ајфон“ и „ајпад“, и натаму се одвива во Азија, претежно во Кина, иако дел е префрлен во Виетнам, Тајланд и Индија.

Прикажи повеќе...

Hitech

ИТ-секторот пред пресврт: Вештачката интелигенција ќе замени половина од софтверот

Објавено пред

Повеќе од половина од постоечкиот деловен софтвер би можел да биде заменет со вештачка интелигенција (ВИ), изјави Артур Менш, директор и основач на компанијата „Мистрал АИ“.

dobivaj vesti na viber

Неговите коментари доаѓаат во време на растечка загриженост кај инвеститорите за иднината на софтверските компании, чии акции во последните месеци бележат пад, објави „Си-Ен-Би-Си“.

Стравувањата дека вештачката интелигенција може да ги преземе функциите на постоечките деловни програми веќе доведоа до распродажба на акции на големи софтверски компании.

Инвеститорите се сè позагрижени дека ВИ може да ги извршува задачите за кои денес се користи деловен софтвер, што би можело да ги загрози бизнис-моделите засновани на софтвер како услуга (СааС).

Вредноста на фондот „Ајшерс експендед тех – софрвер сектор“, кој ги вклучува компании како „Мајкрософт“ и „Сејлсфорс“, паднала за повеќе од 20 проценти годинава. Пад бележат и акциите на големите индиски софтверски компании како „Тата Консултанси Сервисис“ и „Инфосис“.

„Проценувам дека повеќе од половина од она што ИТ-секторот моментално го набавува во форма на СааС ќе премине на вештачка интелигенција“, изјави Менш на маргините на самитот „АИ Импакт“ во Њу Делхи. „Вештачката интелигенција ни овозможува да развиваме софтвер со брзина на светлината“, додаде тој.

Менш објасни дека компаниите, со „соодветна инфраструктура“, можат да ги поврзат своите податоци со ВИ-системи и да создадат апликации за специфични деловни задачи.

„Кај нашите клиенти гледаме дека за само неколку дена можеме да создадеме целосно прилагодени апликации за управување со работни процеси, на пример за набавка или синџири на снабдување. Пред пет години за тоа ви беше потребен специјализиран СааС“, истакна тој.

Според него, во тек е „промена на платформите“, при што компаниите се насочуваат кон користење ВИ наместо постојните СааС-решенија.

„За нас тоа е голема можност, бидејќи повеќе од 100 деловни клиенти веќе ни се јавија со желба да го редизајнираат својот ИТ-систем. Сакаат да се ослободат од решенија купени пред 20 години, кои стануваат прескапи“, рече Менш. „Тие ја гледаат вештачката интелигенција како начин системот да стане поефикасен и поевтин.“

Сепак, Менш нагласи дека софтверот наменет за системи за складирање податоци „нема да се промени“, бидејќи тој е одговорен за податоците во организацијата и често функционира во соработка со ВИ.

Слично мислење има и Бипул Синха, директор на компанијата „Рубрик“, кој за „Си-Ен-Би-Си“ изјави дека „софтверот за работни процеси“ може да биде значително нарушен од ВИ, но дека софтверот за податочна инфраструктура што ја овозможува ВИ ќе има корист.

Менш потврди дека компанијата оваа година планира да отвори прва канцеларија во Индија, со што влегува на пазар каде што за удел се натпреваруваат сите глобални технолошки гиганти.

Мистрал веќе соработува со меѓународни компании присутни во Индија, а сега активно бара клиенти со седиште во земјата, и во јавниот и во приватниот сектор.

За разлика од Европа, каде што гради сопствени центри за податоци, во Индија компанијата ќе воспостави партнерства со фирми кои веќе имаат физичка инфраструктура.

Индиската влада го поттикнува развојот на ВИ-модели што можат да работат локално, со податоци складирани во рамки на земјата. Големите јазични модели на „Мистрал“ веќе поддржуваат повеќе индиски јазици, меѓу кои хинди и панџаби.

„Тоа е нешто што долгорочно ќе биде исклучително важно за индискиот потрошувачки пазар“, заклучи Менш.

Прикажи повеќе...

Hitech

Нетфликс надмина 325 милиони претплатници, профитот нагло порасна

Објавено пред

Американската стриминг услуга Нетфликс надмина 325 милиони претплатници низ целиот свет, објавувајќи го своето прво ажурирање за бројот на претплатници за една година.

dobivaj vesti na viber

Компанијата ја заврши 2024 година со 301,6 милиони корисници кои плаќаат. Во последниот квартал, Нетфликс ги зголеми приходите за 17,6 проценти на годишно ниво на нешто над 12 милијарди долари. Нето добивката достигна 2,42 милијарди долари, што е зголемување од речиси 29 проценти во однос на претходната година.

Нетфликс моментално бара да го купи студиото и стриминг бизнисот на холивудскиот гигант Warner Bros Discovery. За да го финансира договорот, кој вреди околу 83 милијарди долари, Нетфликс соопшти дека ќе ги суспендира откупите на акции, објавувајќи го овој потег заедно со својот извештај за заработка.

Американските компании често користат откупи за да помогнат во одржувањето на цените на нивните акции.

Акциите на Нетфликс паднаа за дури 5 проценти во тргувањето по затворањето на берзата. Откако се појавија извештаите за плановите за преземање на Warner Bros, акциите изгубија околу 30 проценти од својата вредност. Нетфликс потоа се откажа од плановите да вклучи акции во трансакцијата и изјави дека ќе ја плати куповната цена во готово.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ3 часа

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија4 часа

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија5 часа

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ6 часа

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија7 часа

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет7 часа

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија8 часа

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија8 часа

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион9 часа

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет9 часа

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет10 часа

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет10 часа

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа11 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија21 час

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија1 ден

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија1 ден

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија1 ден

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија1 ден

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија1 ден

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...