Контакт

Hitech

Иновација и инвенција на Intel® Architecture Fuel

Објавено пред

Компанијата Intel во вторникот ја претстави четвртата генерација Интел Кор процесори кои служат како основа за новиот бран уреди „2 во 1“ кои ги комбинираат неверојатниот перформанс на компјутерот со подвижноста на таблетите во еден уред и во духот на ултрабук визијата.

dobivaj vesti na viber

Новите Интел Кор процесори се карактеризираат со најголема заштеда на енергија во историјата на компанијата и овозможуваат до девет часа траење на батеријата и неверојатен перформанс, како и двојно подобри графички можности за разлика од претходната генерација.

Intel првпат ја прикажа новата генерација 22-нанометарски четиријадрени Интел Атом системи на чип за таблети заедно до претстојното 4G LTE мултимодално решение. Прикажан, исто така, беше првиот референтен дизајн за платформа базирана на новата генерација 22-нанометарски Интел Атом систем на чип за смарт телефони.

Со обраќањето на манифестацијата „Компјутекс Тајпеј 2013“ (Computex Taipei 2013), којашто се одржува во тајванската престолнина Тајпеј, извршниот директор на Intel, Том Килрој рече дека компанијата има повеќе од 50 различни од ткн „два-во-еден“ дизајни со најразлични цени, меѓу кои и „премиум ултрабук“ два-во-еден уреди со Интел Кор процесори, исто и други дизајни со процесори кои се базираат на 22- нанометарската Силвермонт микроархитектура.

„Денеска ја остваруваме визијата од пред две години да го иновираме лаптопот со претставување на нашата четвртата генерација Интел Кор процесори кои се дизајнирани од почеток за ултрабук уредите и служат како основа за новата ера на процесирање ‘два-во-еден’“, рече Килрој.

„Создавањето на овие нови процесори кои овозможуваат неверојатен перформанс на компјутерите и мобилноста на таблетите во еден уред претставува најголема, од корен промена на нашата палета производи. Новите процесори ќе се најдат во најзабавните ‘два-во-еден’ дизајни досега“, додаде челникот на Intel.

Килрој, исто така, ја истакна и ултра-мобилноста, која се однесува на новата генерација 22-наномоетарски четири-јадрен Интел Атом систем на чип („Bay Trail-T“) за таблет којшто ќе се појави оваа сезона, како и претстојното мултимодално 4G LTE решение и неговиот 22 нанометарски Атом систем на чип за смарт-телефони („Merrifield“).

„Со новите Интел Кор процесори кои ги претставивме денеска, нашата нова генерација Атом системи на чип за таблети и други 22-нанометарски производи кои набргу ќе се појават на пазарот, напредокот кој го постигнуваат архитектурите на Интел само го забрзува чекорот на иновациите и овозможува нови искуства со процесорите кои ќе се најдат на најдобрите мобилни уреди кои оваа година ќе се појават на пазарот“, појасни Килрој.

Четвртата генерација Интел Кор процесори, пред сé, е дизајнирана и наменета за ултрабук уреди и се заснова на хашвел 22-нанометарска микроархитектура овозможува до 50 отсто продолжено активно траење на батеријата за разлика од претходната генерација. Ова е најголемото зголемување на векот на батеријата од една генерација во друга во историјата на компанијата, што во бројки значи девет часа издржливост на батеријата при активно користење на ултрабук уредите базирани на новите процесори.

Најновите Кор процесори на Интел се првите системи на чип за компјутери со неверојатен перформанс, кои можат да се најдат на најразлични иновативни уреди, како на пример ултрабук, преносливите два-во-еден 1 дизајни. Системите базирани на четиријадрената верзија на новите Кор процесори се достапни веднаш, додека дополнителни верзии се очекуваат во наредните месеци.

Оваа генерација процесори содржи и вградена графика која овозможува двојно подобар перформанс за разлика од претходната генерација. Може да се најде на одредени верзии од новите Интел Кор процесори, и Intel® IrisTM graphics ги оживуваат ултрабук и други мобилни компјутери со вградени неверојатни визуелни искуства.

Ултрабук уредите со четвртата генерација процесори го овозможуваат перформансот кој се очекува од Интел во комбинација со мобилноста и брзиот одговор на таблетите, што ги прави најразновидни од сите други „два-во-еден“ уреди. Со функции на допир и тастатура, системот се прилагодува на корисникот, но нуди и целосна компатибилност со апликациите. Луѓето може да се наведнат напред да работат или да си легнат и да се олабават користејќи само еден уред.

Директорот Килрој го прикажа и напредокот во доближувањето на човечките сетила до уредите базирани на Интел технологија преку овозможување работа на допир, глас и препознавање на ликови. Со таканареченото перцептивно процесирање овие технологии ја користат моќта на Интел за процесирање и со тоа интеракцијата со уредите ја прават поприродна и интуитивна.

Тој ја прикажа тридимензионална интеракција со гест и глас со тоа што им даде „очи“ на новите ултрабук „два-во-еден“ уреди со помош на Creative Senz3D* перифералната камера, и нагласи дека камерата ќе биде достапна во наредниот квартал. За во иднина изјави дека Интел работи на интегрирано решение да вгради 3-Д камера во наредните уреди базирани на Интел во втората половина на 2014 година.

Новата силвермонт микроархитектура и овозможува на компанијата за ја забрза и значително да ја зајакне понудата за таблети и смарт-телефони.

За таблетите кои ќе се појават до крајот на 2013 година, новата генерација 22-нанометарски четиријадрени системи на чип ќе овозможат супериорна графика и двојно подобар CPU перформанс. Ќе овозможат и тенки дизајни со осум или повеќе часови активно траење батерија и со седмици без работа, како и поддршка за Android и Windows 8.1.Првпат во Тајпеј беше претставено мултимодалното решение 4G LTE заедно со новата генерација 22-нанометарски четиријадрени Атом системи на чип за таблети. Intel® XMM 7160 е еден од најмалите и решение со најмала потрошувчка од сите LTE решенија кое ќе поддржи глобален LTE роаминг во една единица.

Голем број телефони со Интел технологија се испорачуваат во повеќе од триесет земји, поради што од Intel најавија дека следува, првпат, референтен дизајн за платформа базирана на Merrifield, системите на чип за смарт-телефони коишто ќе овозможат подобар перформанс и подолготрајна батерија. Платформата го содржи сензорот за персонализирани услуги, како и можностите за заштита на податоците, уредот и приватноста./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

Ажурирајте го „Хром“ веднаш: откриена ранливост што хакерите веќе ја експлоатираат

Објавено пред

Google издаде итно предупредување до сите корисници на својот прелистувач Chrome откако беше потврдено дека веќе се во тек хакерски напади што ја експлоатираат новооткриената безбедносна ранливост.

dobivaj vesti na viber

Компанијата потврди во понеделникот: „Google е свесен дека постои експлоатација за CVE-2025-13223“. Ранливоста, откриена од сопствениот тим за анализа на закани на Google, бараше итен одговор и издавање ажурирање за сите корисници на десктоп компјутери, објавува Forbes.

Сериозноста на заканата беше дополнително нагласена од Агенцијата за сајбер безбедност и безбедност на инфраструктурата на САД (CISA), која им наложи на федералните вработени да ги ажурираат своите прелистувачи или да престанат да ги користат. CISA го додаде CVE-2025-13223 во својот каталог на познати експлоатации во среда и постави рок до 10 декември за ажурирање.

Иако наредбата на CISA формално се однесува само на федералните вработени, агенцијата нагласува дека нејзиниот мандат е „во корист на заедницата за сајбер безбедност и бранителите на мрежата – и да им помогне на секоја организација подобро да управува со ранливостите и да биде чекор пред заканите“. Затоа, сите корисници на Chrome треба да го сфатат ова предупредување исклучително сериозно и веднаш да ги ажурираат своите прелистувачи.

Што е ранливоста „Type Confusion“?
Станува збор за пропуст наречен „Type Confusion in V8“, кој влијае на JavaScript компонентата на Chrome. Иако Google не објави детали за самите напади, овие типови на пропусти би можеле да им дозволат на напаѓачите да го дестабилизираат системот, да извршат произволен код, да крадат податоци или да инсталираат малициозен софтвер на уредот на жртвата. Ваквите пропусти може да се комбинираат и со други пропусти за да се обезбеди почетна точка за влез во уред или мрежа.

Според Националниот институт за стандарди и технологија на САД (NIST), овој пропуст „во Google Chrome пред верзијата 142.0.7444.175 би можел потенцијално да му дозволи на оддалечениот напаѓач да ја искористи штетата на меморијата (heap corruption) преку специјално изработена HTML страница“. Ранливоста е оценета како висока сериозност.

Google, како и обично, објави дека „пристапот до деталите за грешките и линковите може да остане ограничен сè додека повеќето корисници не ажурираат со поправката“.

Како да го ажурирате Chrome?
Ажурирањето треба автоматски да се преземе на вашиот компјутер, но за да го инсталирате, треба да го рестартирате прелистувачот. По рестартирањето, сите ваши вообичаени прозорци и јазичиња ќе бидат обновени, освен оние отворени во инкогнито режим.

Новата, безбедна верзија на прелистувачот е 142.0.7444.175/.176 за Windows, 142.0.7444.176 за Mac и 142.0.7444.175 за Linux. Иако Google вели дека ажурирањето доаѓа „во наредните денови/недели“, се очекува дека веднаш ќе биде достапно за повеќето корисници.

Иако ваквите „нулти-ден“ недостатоци во Chrome станаа редовна појава, Google заслужува пофалби за брзината со која развива и дистрибуира безбедносни закрпи. На сите корисници им се препорачува да го ажурираат својот прелистувач штом ќе го забележат известувањето за рестартирање.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Hitech

Шефот на „Гугл“: Вештачката интелигенција е склона кон грешки, корисниците не треба слепо да ѝ веруваат

Објавено пред

Од

Корисниците не треба слепо да веруваат на сè што им кажуваат нивните алатки за вештачка интелигенција (АИ), изјави денес за Би-би-си шефот на матичната компанија на „Гугл“, „Алфабет“. Извршниот директор на компанијата, Сундар Пичаи, изјави за британскиот медиум дека моделите на АИ се склони кон грешки и ги повика корисниците да ги користат заедно со други алатки.

dobivaj vesti na viber

Пичаи ја нагласи важноста на богат информациски систем, наместо да се потпираат исклучиво на технологијата на АИ, објави Би-би-си. „Затоа луѓето го користат пребарувањето на „Гугл“, а ние имаме и други производи што обезбедуваат подобри, поточни информации“.

Пичаи, индиско-американскиот шеф на „Алфабет“, рече дека алатките на АИ се корисни ако „сакате да напишете нешто креативно“, но предупреди дека луѓето треба да научат да ги користат овие алатки за „она во што се добри, а не само слепо да веруваат на сè што ќе кажат“.

„Горди сме на трудот вложен во обезбедување на најточни можни информации, но дури и најдобрата технологија на АИ во моментов е склона кон грешки“, нагласи тој.

Пичаи разговараше со Би-Би-Си додека технолошкиот свет со нетрпение очекува нова верзија на комерцијалниот модел на вештачка интелигенција на „Гугл“, „Џемини 3.0“, кој во тековните верзии веќе врати дел од пазарниот удел во битката против ChatGPT.

Неговите коментари се во согласност со истражувањето на Би-би-си спроведено претходно оваа година, кое заклучи дека ботовите со вештачка интелигенција се неточни при производство на резимеа на вести.

Прикажи повеќе...

Hitech

Финансискиот спор меѓу „Дизни“ и „Јутјуб“ ги остави корисниците без програма

Објавено пред

Претплатниците на YouTube TV останаа без голем број популарни канали во сопственост на Disney од полноќ во четврток, откако двата медиумски гиганти не успеаја да постигнат договор за нов договор за дистрибуција. Договорот истече во полноќ во четврток, што значи дека корисниците повеќе нема да имаат пристап до канали, вклучувајќи ги ESPN, ABC, Disney Channel, FX, National Geographic и Freeform, објави CNN.

dobivaj vesti na viber

Иако преговорите меѓу двете компании се уште се во тек, ниту една страна не даде никакви индикации кога корисниците можат да очекуваат враќање на програмирањето.

„За жал, YouTube TV на Google одлучи да им ја одземе на своите претплатници содржината што ја ценат најмногу, одбивајќи да плати фер цена за нашите канали, вклучувајќи ги ESPN и ABC“, изјави портпарол на Disney за CNN. „Без нов договор, нивните претплатници нема да имаат пристап до нашата програма, која ги вклучува најдобрите понуди за спортски преноси во живо – предводени од NFL, NBA и колеџ фудбал, со 13 од 25-те најдобри колеџ тимови кои играат овој викенд.“

Google одговори во соопштение дека одлуката на Disney „директно им штети на нашите претплатници, а воедно има корист од нивните сопствени производи за телевизија во живо, вклучувајќи ги Hulu + Live TV и Fubo.“

Одлуката не е изненадување за претплатниците на YouTube TV, кои во текот на изминатата недела добиваа известувања со кои се предупредува за потенцијално прекинување. Како и обично, спорот е околу парите.

Disney бара повисоки надоместоци за дистрибуција за кои вели дека ја одразуваат вредноста на неговите мрежи, како што е спортскиот канал ESPN. „Ние значително инвестираме во нашата содржина и очекуваме нашите партнери да плаќаат фер цени што ја признаваат таа вредност“, рече портпаролот на Disney. Од друга страна, YouTube рече дека барањата на Disney ќе „ги зголемат цените за корисниците на YouTube TV и ќе им дадат на нашите корисници помалку избор“.

Битката со Disney е само најновата во низата слични медиумски битки што YouTube ги води оваа година.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Европа29 минути

ЕУ се согласи да ги намали емисиите за 90% до 2040 година

Европската Унија постигна правно обврзувачки договор за климата со кој емисиите на стакленички гасови ќе се намалат за 90 проценти...

Регион39 минути

Вучиќ сака Западен Балкан заедно да влезе во ЕУ; Црногорскиот премиер: Ќе ве чекаме таму

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, изрази делумна согласност со предлогот на српскиот претседател целиот Западен Балкан да се приклучи...

Европа1 час

Шефот на украинската армија: Држиме дел од Покровск, но моравме да повлечеме дел од војската

Украинските трупи држат делови од опколениот град Покровск од средината на ноември, но на некои единици им е наредено да...

Свет1 час

Папата го критикува Трамп за коментарите за Европа

Папата Лав вчера по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски им изјави на новинарите дека Европа мора да игра централна...

Македонија15 часа

(Видео) Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, соопшти Митева

На денешната редовна 134 владина седница беше усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител со што...

Македонија16 часа

Премиерот слушна, но не сака да зборува за барањето за обесштетување за трагедијата во Кочани: Не би сакал за тоа да коментирам

Премиерот Христијан Мицкоски седнат во првиот ред во Собранието денес ги слушна барањата на родителите на загинатите и повредените во...

Македонија16 часа

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор за илегални мигранти

Премиерот, Христијан Мицкоски, ги отфрла наводите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека во Македонија ќе бидат отворени кампови за...

Македонија17 часа

МОН воведува нови стипендии, конкурсите се веќе објавени

По воведувањето на стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната...

Македонија18 часа

Василевска бара изземање на Апасиев од претседавање со Анкетната комисија за Кочани

Пратеничката од редовите на ВМРО–ДПМНЕ, Иванка Василевска, на денешната седница на анкетната комисија за заштита на слободите и правата на...

Свет18 часа

Мерц вели дека Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз, Кремљ му одговари

Кремљ денес соопшти дека европските тврдења дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз се погрешни и...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче: Опасност од мигранти, проблем е Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините тајни разговори

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред повеќе месеци ја најави опасноста која што не очекува со мигрантите и таа опасност е...

Македонија22 часа

Беким Сали назначен за в.д. претседател на Алтернативата по оставката на Зеќирија Ибрахими

Вицепремиерот и иден министер за европски прашања Беким Сали е избран за вршител на должност претседател на Алтернатива, откако досегашниот...

Европа23 часа

Објавени нови мапи; Русите: Напредуваме на сите фронтови, Украинците се опколени

Рускиот генерал Валериј Герасимов изјави дека руските сили напредуваат по целата фронтова линија во Украина и ги напаѓаат опколените украински...

Свет24 часа

(Видео) „Ти си најнапорната новинарка овде“: Трамп повторно со навреди

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со своите вербални напади врз новинарките, а откако ги навреди врз основа на нивниот изглед...

Европа1 ден

Украина не се откажува од еден услов, Зеленски подготвува одговор на Трамп

Украина подготвува нов мировен план што ќе го презентира пред Белата куќа, додека борбите на истокот од земјата продолжуваат. Клучниот...

Македонија1 ден

СДСМ со прашање за ВМРО-ДПМНЕ: Дали Британците лажат?

„Откако британските медиуми објавија нови информации со прецизни детали дека се договорени 20 илјади фунти по мигрант и дека Македонија...

Европа1 ден

(Видео) Нов масовен напад: руски беспилотни летала го бомбардираат украинскиот град Суми

Руски беспилотни летала го нападнаа северниот украински град Суми доцна синоќа, што е втор голем напад врз градот за 24...

Свет1 ден

Трамп му се заканува на Мексико со царини

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Мексико дека неправедно се однесува кон американските земјоделци и се закани дека ќе воведе...

Свет2 дена

(Видео) Заврши средбата на Зеленски со европските лидери: „Судбината на Украина е судбина на Европа“

По повеќе од два часа на Даунинг стрит 10 во Лондон, се чини дека разговорите завршија – Кир Стармер, Емануел...

Македонија2 дена

Николоски објави видео од изградбата на автопатот Тетово – Гостивар

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави видео од градежните активности на автопатот Тетово – Гостивар. „Интензивно се работи на...