Hitech
'Паметна' нараквица поскапа од ферари
Веќе секојдневие станаа спортски настроените типови кои со специјални уреди катадневно ги пребројуваат претрчаните километри и потрошените калории, меѓутоа научниците сега создадоа и „паметна“ нараквица којашто не само што ги брои изодените чекори до некој елитен клуб само за „избраните“, туку и ќе им го порача омилениот пијалак кога ќе наближат кон своето ексклузивно врталиште, а има само еден недостиг – поскапа е од „ферари“.
Американската компанија „Christophe&Co“ од Мајами, којашто произведува скап накит но и произведува модерни технологии, во соработка со италијанската дизајнерска компанија „Pininfarina“, којашто го осмислува и дизајнот на скапиот спортски автомобил на „Ferrari“, работи на новата ткн „паметна“ Армил нараквица од скапоцени камења којашто ќе чини 189 илјади американски долари.
Нараквицата ќе има карактеристики како и паметните ВИП картички и со неа ќе може да се влегува и да се порачува пијалак во ексклузивните клубови како ‘Beach Club’ во Абу Даби, клубот ‘Home House’ во Лондон и ‘Kee Club’ во Хонгконг. Нараквицата ќе може да се синхронизира со паметните телефони преку блутут или nfc и ќе ја користи кинетичката енергија за постојано полнење на батериите.
Компанијата засега не е подготвена да објави фотографии од прототипот на нараквицата, меѓутоа се надева дека многу ќе им се допадне на сопствениците на „ферари“ за коишто се смета дека особено полагаат на добриот дизајн и коишто ги сакаат производите од најновите технологии. Сензорите и технологијата во внатрешноста на нараквицата ќе бидат модуларни. Таа, инаку, е замислена како дел од луксузен накит за мажи./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
Уредувањето на Instagram Stories никогаш не било полесно
Meta ги носи своите AI алатки за уредување директно во Instagram Stories. Корисниците сега можат да пишуваат команди за да додаваат или отстрануваат елементи или целосно да ја менуваат содржината.
Иако Meta претходно нудеше можности за уредување слики на Instagram, тие алатки беа ограничени на интеракција со Meta AI четботот. Додавањето текстуални команди во Stories сега ги прави овие функции многу подостапни.
Новите опции се наоѓаат во менито „Restyle“ што се појавува на врвот од екранот на Instagram Stories кога ќе ја допрете иконата со четка. За да едитирате слика, изберете „add“, „remove“ или „change“ и опишете што сакате да промените. На пример, Meta објаснува дека можете да побарате да ја промените бојата на косата, да додадете круна на главата или да вметнете зајдисонце во позадина.
Исто така, постојат претходно поставени ефекти што можат да ја променат вашата облека или стил на сликата. На пример, можете да додадете предмети како очила за сонце или кожна јакна или да примените ефект на акварел. За видеа, можете да направите да изгледа како да врне снег или да додадете пламен.
Важно е да се напомене дека кога користите Meta AI на Instagram, се согласувате со условите за користење на Meta за AI функциите, кои ѝ овозможуваат да ги анализира вашите медиуми и црти на лицето користејќи вештачка интелигенција.
Според тие услови, кога ги прикачувате вашите фотографии, Meta може „да сумира содржина, да менува слики и да генерира нова содржина врз основа на нив“.
Hitech
„Чат ГПТ“ ќе може да се користи за генерирање еротска содржина
„Опен АИ“ објави планови за ублажување на ограничувањата на својот четбот „Чат ГПТ“, вклучително и дозволување еротска содржина за потврдени возрасни корисници, во согласност со она што компанијата го нарекува „третирај ги возрасните корисници како возрасни“.
Планот на „Опен АИ“ вклучува објавување ажурирана верзија на „Чат ГПТ“, што ќе им овозможи на корисниците да ја приспособат личноста на нивниот ВИ (вештачка интелигенција) асистент – вклучувајќи опции за поприродни, „човечки“ одговори, поинтензивна употреба на емотикони или попријателско однесување. Најзначајната промена се очекува во декември кога „Опен АИ“ планира да воведе посеопфатен систем за верификација на возраста, што би дозволил еротска содржина само за корисници што потврдиле дека се полнолетни. Компанијата не објави веднаш детали за методите за верификација на возраста или дополнителни заштитни мерки за таква содржина.
Во септември „Опен АИ“ лансира специјална верзија на „Чат ГПТ“ за корисници под 18 години, која автоматски пренасочува кон содржина соодветна за возраста и блокира експлицитен и сексуален материјал.
Компанијата исто така објави развој на технологија што ја проценува возраста на корисникот врз основа на тоа како комуницира со „Чат ГПТ“.
Во објава на „Икс“, извршниот директор на „Опен АИ“, Сем Алтман, рече дека построгите заштитни мерки воведени поради проблеми со менталното здравје го направиле четботот „помалку корисен и забавен за многу корисници што немаат проблеми со менталното здравје“.
Построгите безбедносни контроли беа воведени откако Адам Реин, тинејџер од Калифорнија, изврши самоубиство оваа година; Неговите родители поднесоа тужба во август, тврдејќи дека „Чат ГПТ“ му дал конкретни совети за тоа како да го направи ова. Само два месеци подоцна, Алтман изјави дека компанијата успеала во ублажување на сериозни проблеми со менталното здравје.
Федералната трговска комисија на САД (FTC) исто така почна истрага за неколку технолошки компании, вклучувајќи ја и „Опен АИ“, за тоа како четботовите со вештачка интелигенција може негативно да влијаат врз децата и тинејџерите.
Hitech
Сточар на Солунска глава најде телефон изгубен пред четири години, а планинари го најдоа сопственикот
Tелефон изгубен пред повеќе од четири години во реонот на Солунска Глава, бил најден пред еден месец од сточарот Јетмир од селото Горно Јаболчиште, раскажува на социјалните мрежи Игор Смилев, еко-активист од организацијата „Грин Пауер“ и советник во Општина Велес.
Смилев вели дека Јетмир, како чесен човек, го пријавил телефонот како изгубен, а неверојатно – по 4 години во планина, уредот успеал да се наполни и да работи делумно. Телефонот содржи сочувани СМС пораки и успеал да испрати неколку слики до планинари.
После еден месец објави на неколку Фејсбук групи, сопственикот на телефонот бил пронајден – Гоце Глигуровски од Битола, поранешен домар во сега веќе непостоечкиот Планинарски дом „Папрадиште“. Телефонот Гоце го добивал на користење од Емил Смилев.
„Фрапантно е што ‘Хуавеј’ телефонот преживеа 4 години во планина и сè уште е функционален“, додава Смилев.

