Контакт

Hitech

Новиот американски ‘стелтс' не е ‘невидлив' за кинеските и руските радари

Објавено пред

Додека британското министерство за одбрана планира да купи 48 американски авиони од типот „F-35″ по цена од 169 милиони долари секој, експертите од областа на одбраната истакнуваат дека „невидливиот” не е таков за кинеските и руските радарски системи.

dobivaj vesti na viber

Руските противвоздушни системи со речиси стопроцентна веројатност го откриваат „F-35″. Но британските експерти уште повеќе ги загрижуваат новите кинески радари инсталирани на летала и разурнувачи кои можат да го идентификуваат точниот тип на авионот.

Според Елизабет Кинтана од Кралскиот институт за мировни студии, натамошното експлоатирање на „F-35″ во вооружените сили на Велика Британија во голема мера ќе зависи од целите за коишто ќе се користат овие летала. Според неа, тоа има смисла само доколку воздухопловот влезе во борбена акција пред да биде идентификуван од радарите.

Досега „F-35″ беа класифицирани како „многу малку видливи” ткн „стелтови”, што се постигнува благодарејќи на неговата форма и специјалниот слој чијашто формула е најстрого чуваната тајна. Имано, авионите изработени според „стелтс” технологијата имаат рамна површина и остри рабови, што овозможува да се измамат радарските системи и да се избегне идентификувањето.

Проблемите на „F-35″ започнаа откако на оваа серија летала почнал да се инсталира системот AESA (активна електризирана антенска решетка), која работи емитирајќи одделни радио бранови на различни фреквенции, пишува The Daily Mail.

Кина веднаш го вклучила во својот нов радарски систем распознавањето на AESA, па сега лесно го идентификува „F-35″ на растојание од 350 километри.

Сепак, и без оглед на тоа што овој тип авиони веќе не ја оправдува своја примарна намена, британските пилоти продолжуваат да се обучуваат на новите летала на полигон на Флорида.

На пробните летови, исто така, се покажало и дека при летање во лоши временски услови кај „F-35″ се забележува неправилна операција на софтверот. Притоа експертите ги загрижува податокот дека авионот би можел да експлодира доколку биде погоден од молња. И пилотите се пожалиле дека не се многу задоволни со квалитетот на нивните високотехнолошки шлемови./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

Претставничкиот дом на САД го забрани „Ватсап“ на службените уреди

Објавено пред

На помошниците во Конгресот на САД наводно им било кажано дека повеќе не можат да го користат WhatsApp  (Ватсап) на службени уреди. Главниот административен службеник на Претставничкиот дом (CAO) наводно во понеделникот го известил персоналот дека апликацијата – вклучувајќи ги мобилните, десктоп и веб верзиите – не е дозволена на уредите управувани од Претставничкиот дом.

dobivaj vesti na viber

„Канцеларијата за сајбер безбедност процени дека WhatsApp претставува висок ризик за корисниците поради недостаток на транспарентност во однос на заштитата на корисничките податоци, недостатокот на енкрипција на податоците во складиштето и потенцијалните безбедносни ризици поврзани со неговата употреба“, навел CAO во електронската пошта, според „Аксиос“

Microsoft Teams, Wickr, Signal, iMessage и FaceTime се наведени како прифатливи алтернативи. Вработените беа потсетени и да бидат претпазливи во врска со можни фишинг напади.

„Не се согласуваме со карактеризацијата што ја даде главниот административен службеник на Претставничкиот дом“, напиша портпаролот на Мета, Енди Стоун, на Network X.

„Знаеме дека членовите на Конгресот и нивните соработници го користат WhatsApp редовно и со нетрпение очекуваме да им дозволиме на членовите на Претставничкиот дом да го користат официјално, како што веќе прават нивните колеги од Сенатот. Пораките на WhatsApp се заштитени со енкрипција, што значи дека може да ги види само примателот, дури ни WhatsApp нема пристап. Тоа е повисоко ниво на безбедност отколку за повеќето апликации од списокот на CAO кои ја немаат оваа заштита“.

Оваа мерка доаѓа по ограничувањата за користење на други апликации кои беа оценети како ризични. Меѓу нив се ChatGPT, TikTok, DeepSeek и Microsoft Copilot.

Прикажи повеќе...

Hitech

Веројатно никогаш не сте слушнале за неа: најмладата светска милијардерка доаѓа од ВИ-светот

Објавено пред

Според „Форбс“, 30-годишната претприемачка од Силиконската долина и коосновач на Scale AI е најмладата милијардерка што сама го стекнала бизнисот.

dobivaj vesti na viber

Scale AI е американска компанија со седиште во Сан Франциско која развива и обезбедува решенија за забрзување на развојот на апликации базирани на вештачка интелигенција – за кои можеби никогаш не сте слушнале досега. Нивниот основен бизнис е управување со податоци и трансформација во висококвалитетни бази на податоци кои се клучни за обука и подобрување на моделите со вештачка интелигенција. Услугите на Scale AI ги користат големи технолошки компании како што се OpenAI, Meta, Microsoft и Nvidia, како и автомобилската индустрија, како и голем број владини и одбранбени институции на САД.

Компанијата, која постои девет години, моментално е во процес на собирање капитал и ќе им овозможи на своите рани сосопственици да ги продадат своите акции на надворешни инвеститори. Овој процес треба да биде завршен до 1 јуни и би можел да ја зголеми проценката на Scale AI на дури 25 милијарди долари, или 80% повеќе од вредноста постигната минатата година во мај, кога стартапот собра 1 милијарда долари инвестиции со проценка од 13,8 милијарди долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lucy Guo (@guoforit)

Новата рунда инвестиции во компанијата носи и големо зголемување на личното богатство на нејзините основачи, меѓу кои се издвојува Луси Гуо – американска претприемачка за која можеби исто така никогаш не сте слушнале досега. Таа учествуваше во основањето на Scale AI кога имаше само 22 години. Таа го лансираше стартапот заедно со Александар Ванг, сегашниот извршен директор, но поради меѓусебни несогласувања, ја напушти компанијата по само две години, задржувајќи околу 5% од сопственичкиот удел.

Со очекувана проценка од 25 милијарди долари, Гуо скокна на скалата на млади богати жени на првото место. На само 30 години и со богатство од 1,25 милијарди долари, таа се најде на врвот на листата на „Форбс“ на милијардери кои сами си го стекнале богатството. Така, таа ја „детронизираше“ музичарката Тејлор Свифт, која е пет години постара.

Откако ја напушти Scale AI, Гуо го основа својот фонд за ризичен капитал, Backend Capital, а во 2022 година ја лансираше платформата Passes, конкурент на OnlyFans и Patreon, која им овозможува на креаторите на содржини и познатите личности директно да комуницираат и да монетизираат односи со фановите. Passes досега собра околу 50 милиони долари инвестиции, во вредност од околу 150 милиони долари, па затоа нејзиното вкупно богатство, ако се вклучи и тој проект, е уште поголемо.

Прикажи повеќе...

Hitech

Која е Мира Мурати, Албанката што ја тресе Силиконската долина: Ја напушти „Опен АИ“, па создаде компанија

Објавено пред

Мира Мурати, поранешена главна технолошка директорка (СТО) на „Опен АИ“ и краткотраен в.д. извршен директор по соборувањето на Сем Алтман во 2023 година, повторно е во центарот на вниманието.

dobivaj vesti na viber

Триесет и шестгодишната девојка сега води своја сопствена стартап компанија за вештачка интелигенција – „Тинкинг Машинс Лаб“ – која планира да собере рекордни 2 милијарди долари основен капитал.

Стартапот е основан кон крајот на 2024 година, и додека малку се знае за неговите производи, Мурати неодамна откри дека развиваат модели со вештачка интелигенција фокусирани на соработка меѓу човекот и машината. Според „Бизнис Инсајдер“, оваа почетна рунда на финансирање може да биде најголема во историјата, а вредноста на стартапот се проценува на повеќе од 10 милијарди долари.

Патот од Албанија до врвот на светската технолошка сцена

Ермира „Мира“ Мурати е родена во албанскиот град Валона, а на 16-годишна возраст добила стипендија на колеџот Пирсон во Канада. Студиите ги продолжила во САД, каде што се стекнала со две дипломи – уметност на колеџот Колби и инженерство на колеџот Дартмут. Во раните фази од нејзината кариера, таа работела во Токио и Франција, а потоа како менаџер во „Тесла“, каде што учествуваше во развојот на „Модел Икс“

Помеѓу 2016 и 2018 година, таа работеше на развој на технологија за проширена реалност во „Лип Моушн“ (сега позната како „Ултралип“).

Улогата во развојот на „Чат ГПТ“ и драматичното заминување од „Опен АИ“

Мурати се приклучи на „Опен АИ“ во 2018 година како потпретседател за применета АИ технологија, а ќе стане CTO во 2022 година. Таа беше клучна фигура во развојот на „Чат ГПТ“, „Дал-Е“ и други напредни модели. По ненадејното соборување на Алтман кон крајот на 2023 година, таа накратко ја презема улогата на в.д. директор, но Алтман се враќа на позицијата по само една недела.

После тоа, Мурати се повеќе излегува во јавноста како заштитно лице на компанијата – таа учествуваше на презентацијата на моделот „Чат ГПТ 4-o“ и се појави на Мет Гала 2024 година, каде „Опен АИ“ претстави персонализиран четбот.

Таа е позната по нејзиниот повнимателен пристап кон развојот на вештачката интелигенција и нејзиното застапување за регулирање на оваа технологија.

„Не треба да се потпираме на саморегулација од страна на компаниите. Регулаторите мора да бидат вклучени“, рече таа во интервју за Тајм.

„Тинкинг Машинс Лаб“– мистериозна стартап компанија која регрутира поранешен персонал на „Опен АИ“

По напуштањето на „Опен АИ“ во септември 2024 година, Мурати ја основа „Тинкинг Машинс Лаб“, која излезе на берза во февруари 2025 година. Нејзините вработени вклучуваат голем број поранешни инженери од „Опен АИ“, „Мета“ и „Антропик“. Некои од креаторите на „Чат ГПТ“, како Џон Шулман и Барет Зоф, исто така се приклучија на тимот.

Визијата и инспирацијата на Мира Мурати

За приватниот живот на Мира Мурати се знае многу малку. На Канскиот филмски фестивал во 2024 година, таа сподели анегдота за тоа како нејзината мајка првпат го прашала „Чат ГПТ“ кога Мира ќе се омажи. Инспирацијата ја наоѓа во филмот „2001: Вселенска одисеја“ и поетската збирка на Рајнер Марија Рилке, додека како една од нејзините омилени песни ја наведува „Параноид Андроид“ на „Рејдиохед“

За Мурати, вештачката општа интелигенција која може да се прилагоди, да учи сама и да решава широк опсег на задачи – ја претставува последната и најважна технологија што ќе ја создаде човештвото. Како што вели таа, оваа визија е причината поради која дошла од „Тесла“, преку „Лип Моушн“, до „Опен АИ“ и сега до сопствен стартап за вештачка интелигенција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Голем пожар во Желино, од ЦУК велат поради ветерот и тешкиот терен има ризик да се прошири

Во општина Желино избувна пожар кој се движи во правец на Еребино, зафаќајќи сува вегетација и нискостеблеста шума, информираат од...

Македонија3 часа

(Видео) Шукова: Имам решенија за чисто, уредено и безбедно Скопје кое дише

Скопје може и мора да биде град за луѓето — чист, уреден, сообраќајно среден, зелен и безбеден. Град со кој...

Uncategorized3 часа

(Видео) Попов: Јавните повици за младите сега се достапни за сите, нема веќе „прв дојден прв услужен“

Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието беше дел од денешната трибина „Како политиките на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија4 часа

(Видео) Кузеска: Тошковски го претвора МВР во партиска милиција на ВМРО-ДПМНЕ

Во собраниска процедура е ставен невиден и скандалозен предлог-закон, кој претставува еден од низата опасни и антидржавни потези на министерот...

Македонија4 часа

(Видео) Лефков: СДС повторно нанесува штета на Македонија вклучувајќи се во деструктивните операции спроведувани од бугарските служби

Имаме основано сомнение, поткрепено со точни информации и факти, дека во моментов се води координирана и насочена операција на дискредитација...

Македонија5 часа

(Видео) Манасиевски: Филипче со ова СДС кое е слика на Заев, се доказ дека дното може да е се подлабоко

СДС под водство на Венко Филипче покажа само една работа – дека секогаш може да се оди подолу, дека дното...

Македонија6 часа

СДСМ: Колапс во ЕСМ, ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

Неспособното раководство на ЕСМ, за само три месеци во 2025 година, направило загуба од 45 милиони евра, или дополнителни 11...

Македонија7 часа

ЦУК: 35 пожари низ државата во изминатото деноноќие – четири сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор низ државата....

Македонија21 час

(Видео) Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје, објави Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која...

Македонија23 часа

МЗ: Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано. Од...

Топ23 часа

Возел со 3,15 промили алкохол во крвта, во полусвесна состојба: уапсен пијан скопјанец на патот Охрид-Кичево

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје,...

Македонија1 ден

Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донесе Решение со кое го определи Основното јавно обвинителство Скопје за стварно и месно...

Македонија1 ден

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, во согласност со најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот...

Македонија1 ден

Обвинето едно лице за насилство врз градоначалничката на Скопје

По целосно испитување на настанот, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело насилство од...

Македонија1 ден

Мицкоски понудил заедничка резолуција со Бугарија за потврда на самобитноста на македонскиот јазик и идентитетот

Со оглед на тоа што Бугарија тврди дека проблемот за почнувањето на преговорите со ЕУ се само Бугарите во Уставот,...

Македонија1 ден

Болницата „Козле“ сѐ уште без вода – пациентите привремено згрижени на други клиники

Поради прекинот во водоснабдувањето на Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата  „Козле“, пациентите што имаат потреба од хоспитализација привремено...

Топ1 ден

Сообраќајна несреќа на влезот во Скопје, сообраќајот се пренасочува

Денеска во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот Белви,...

Македонија1 ден

33 пожари низ Македонија – еден сѐ уште активен, a четири ставени под контрола

Според последните податоци на Центарот за управување со кризи, до утрово во земјата регистрирани се вкупно 33 пожари на отворен...

Топ1 ден

Со украдена пушка пукал кон деца и се обидел да застрела полицајци – во Василево уапсен 29-годишник

Битолската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишниот Г.П. од селото Ангелци, општина Василево, кој се сомничи за две кривични дела...

Спорт1 ден

Светската рекордерка во маратон суспендирана поради допинг

Кениската атлетичарка Рут Чепнгетич, светска рекордерка во женскиот маратон, е привремено суспендирана поради позитивен допинг тест, соопшти Единицата за интегритет...