Контакт

Hitech

Австралиски научници поставиле рекорд во ефикасност на фотоволтаичен панел

Објавено пред

Австралиските научници разработиле систем за соларна енергија што преобразува над 40 отсто од сончевата светлина во струја, пишува Live science.

dobivaj vesti na viber

 

 

Ова е највисоката ефективност на комерцијално достапниот фотоволтаичен систем постигната некогаш. Технологијата го соборила светскиот рекорд при тестови извршени на отворено во Сиднеј, Австралија, а подоцна и на тестовите извршени од страна на Националната лабораторија за обновлива енергија на САД во Колорадо.

 

Раководител на проектот е предавачот од Универзитетот на Нов Јужен Велс Мартин Грин. Неговата екипа не за првпат поставува светски рекорд за ефективност при генерирање на соларна енергија. Во 2011 година научниците создадоа сончева ќелија од кристализиран силициум со ефективност од 19,3 проценти, а еден месец подоцна ја зголемија ефективноста до 19,4 отсто.

 

Научниците успеале да го удвојат резултатот користејќи комерцијално достапни соларни ќелии, кои ги комбинирале со оптички филтри. Филтрите се во состојба да ги уловат брановите на сончевите зраци, кои останатите сончеви ќелии не можат. Овој нов метод навлегува во делот на соларните технологии кои обично се поврзуваат со висока цена и авангардни решенија, како што се вселенските истражувања. Грин и колегите конструирале високоефикасен систем со достапни материјали на пазарот, намалувајќи ја цената. /крај/фк/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

Веројатно никогаш не сте слушнале за неа: најмладата светска милијардерка доаѓа од ВИ-светот

Објавено пред

Според „Форбс“, 30-годишната претприемачка од Силиконската долина и коосновач на Scale AI е најмладата милијардерка што сама го стекнала бизнисот.

dobivaj vesti na viber

Scale AI е американска компанија со седиште во Сан Франциско која развива и обезбедува решенија за забрзување на развојот на апликации базирани на вештачка интелигенција – за кои можеби никогаш не сте слушнале досега. Нивниот основен бизнис е управување со податоци и трансформација во висококвалитетни бази на податоци кои се клучни за обука и подобрување на моделите со вештачка интелигенција. Услугите на Scale AI ги користат големи технолошки компании како што се OpenAI, Meta, Microsoft и Nvidia, како и автомобилската индустрија, како и голем број владини и одбранбени институции на САД.

Компанијата, која постои девет години, моментално е во процес на собирање капитал и ќе им овозможи на своите рани сосопственици да ги продадат своите акции на надворешни инвеститори. Овој процес треба да биде завршен до 1 јуни и би можел да ја зголеми проценката на Scale AI на дури 25 милијарди долари, или 80% повеќе од вредноста постигната минатата година во мај, кога стартапот собра 1 милијарда долари инвестиции со проценка од 13,8 милијарди долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lucy Guo (@guoforit)

Новата рунда инвестиции во компанијата носи и големо зголемување на личното богатство на нејзините основачи, меѓу кои се издвојува Луси Гуо – американска претприемачка за која можеби исто така никогаш не сте слушнале досега. Таа учествуваше во основањето на Scale AI кога имаше само 22 години. Таа го лансираше стартапот заедно со Александар Ванг, сегашниот извршен директор, но поради меѓусебни несогласувања, ја напушти компанијата по само две години, задржувајќи околу 5% од сопственичкиот удел.

Со очекувана проценка од 25 милијарди долари, Гуо скокна на скалата на млади богати жени на првото место. На само 30 години и со богатство од 1,25 милијарди долари, таа се најде на врвот на листата на „Форбс“ на милијардери кои сами си го стекнале богатството. Така, таа ја „детронизираше“ музичарката Тејлор Свифт, која е пет години постара.

Откако ја напушти Scale AI, Гуо го основа својот фонд за ризичен капитал, Backend Capital, а во 2022 година ја лансираше платформата Passes, конкурент на OnlyFans и Patreon, која им овозможува на креаторите на содржини и познатите личности директно да комуницираат и да монетизираат односи со фановите. Passes досега собра околу 50 милиони долари инвестиции, во вредност од околу 150 милиони долари, па затоа нејзиното вкупно богатство, ако се вклучи и тој проект, е уште поголемо.

Прикажи повеќе...

Hitech

Која е Мира Мурати, Албанката што ја тресе Силиконската долина: Ја напушти „Опен АИ“, па создаде компанија

Објавено пред

Мира Мурати, поранешена главна технолошка директорка (СТО) на „Опен АИ“ и краткотраен в.д. извршен директор по соборувањето на Сем Алтман во 2023 година, повторно е во центарот на вниманието.

dobivaj vesti na viber

Триесет и шестгодишната девојка сега води своја сопствена стартап компанија за вештачка интелигенција – „Тинкинг Машинс Лаб“ – која планира да собере рекордни 2 милијарди долари основен капитал.

Стартапот е основан кон крајот на 2024 година, и додека малку се знае за неговите производи, Мурати неодамна откри дека развиваат модели со вештачка интелигенција фокусирани на соработка меѓу човекот и машината. Според „Бизнис Инсајдер“, оваа почетна рунда на финансирање може да биде најголема во историјата, а вредноста на стартапот се проценува на повеќе од 10 милијарди долари.

Патот од Албанија до врвот на светската технолошка сцена

Ермира „Мира“ Мурати е родена во албанскиот град Валона, а на 16-годишна возраст добила стипендија на колеџот Пирсон во Канада. Студиите ги продолжила во САД, каде што се стекнала со две дипломи – уметност на колеџот Колби и инженерство на колеџот Дартмут. Во раните фази од нејзината кариера, таа работела во Токио и Франција, а потоа како менаџер во „Тесла“, каде што учествуваше во развојот на „Модел Икс“

Помеѓу 2016 и 2018 година, таа работеше на развој на технологија за проширена реалност во „Лип Моушн“ (сега позната како „Ултралип“).

Улогата во развојот на „Чат ГПТ“ и драматичното заминување од „Опен АИ“

Мурати се приклучи на „Опен АИ“ во 2018 година како потпретседател за применета АИ технологија, а ќе стане CTO во 2022 година. Таа беше клучна фигура во развојот на „Чат ГПТ“, „Дал-Е“ и други напредни модели. По ненадејното соборување на Алтман кон крајот на 2023 година, таа накратко ја презема улогата на в.д. директор, но Алтман се враќа на позицијата по само една недела.

После тоа, Мурати се повеќе излегува во јавноста како заштитно лице на компанијата – таа учествуваше на презентацијата на моделот „Чат ГПТ 4-o“ и се појави на Мет Гала 2024 година, каде „Опен АИ“ претстави персонализиран четбот.

Таа е позната по нејзиниот повнимателен пристап кон развојот на вештачката интелигенција и нејзиното застапување за регулирање на оваа технологија.

„Не треба да се потпираме на саморегулација од страна на компаниите. Регулаторите мора да бидат вклучени“, рече таа во интервју за Тајм.

„Тинкинг Машинс Лаб“– мистериозна стартап компанија која регрутира поранешен персонал на „Опен АИ“

По напуштањето на „Опен АИ“ во септември 2024 година, Мурати ја основа „Тинкинг Машинс Лаб“, која излезе на берза во февруари 2025 година. Нејзините вработени вклучуваат голем број поранешни инженери од „Опен АИ“, „Мета“ и „Антропик“. Некои од креаторите на „Чат ГПТ“, како Џон Шулман и Барет Зоф, исто така се приклучија на тимот.

Визијата и инспирацијата на Мира Мурати

За приватниот живот на Мира Мурати се знае многу малку. На Канскиот филмски фестивал во 2024 година, таа сподели анегдота за тоа како нејзината мајка првпат го прашала „Чат ГПТ“ кога Мира ќе се омажи. Инспирацијата ја наоѓа во филмот „2001: Вселенска одисеја“ и поетската збирка на Рајнер Марија Рилке, додека како една од нејзините омилени песни ја наведува „Параноид Андроид“ на „Рејдиохед“

За Мурати, вештачката општа интелигенција која може да се прилагоди, да учи сама и да решава широк опсег на задачи – ја претставува последната и најважна технологија што ќе ја создаде човештвото. Како што вели таа, оваа визија е причината поради која дошла од „Тесла“, преку „Лип Моушн“, до „Опен АИ“ и сега до сопствен стартап за вештачка интелигенција.

Прикажи повеќе...

Hitech

Познатиот онлајн форум падна: корисниците ширум светот пријавија прекин

Објавено пред

Интернет форумот Редит денеска „падна“, оставајќи илјадници корисници ширум светот без пристап.

dobivaj vesti na viber

На својата страница со статус, Редит соопшти дека истражува зголемен број грешки на страницата и апликацијата.

Според податоците од веб-страницата Downdetector, која ги следи прекините со собирање извештаи од различни извори, повеќе од 112.400 корисници пријавиле дека платформата била прекината во 11:39 часот по источно време.

Повеќето корисници пријавија проблеми со апликацијата, но потешкотии беа забележани и на самата веб-страница.

Се чини дека форумот оттогаш стана повторно достапен, иако не беше дадено објаснување за прекинот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Македонските граѓани во Израел, Катар и ОАЕ за сите прашања да се обратат до надлежните амбасади, МНР со апел да не се патува кон земјите од тој регион

По последните информации за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и затворањето на воздушните простори на повеќе држави од регионот,...

Регион52 минути

Европскиот парламент нема надлежност да изразува мислење за прашања како што се идентитетот, јазикот, вели бугарскиот министер Георгиев

Ниту еден обид за заобиколување на консензусот од 2022 година за Северна Македонија нема да биде успешен. Европскиот парламент нема...

Свет2 часа

(Видео) Иран нападна американски бази во Катар со балистички ракети

Иран ги нападна американските воени бази во Катар, пренесува „Аксиос“. Американските претставници претходно денес изјавија дека се очекува напад врз...

Свет3 часа

Трамп до Медведев: Не го употребувајте лесно зборот „нуклеарен“

Американскиот претседател Доналд Трамп денес му рече на заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, да не...

Македонија3 часа

По најавите за претстојниот топлотен бран, ИЈЗ со препораки за заштита на граѓаните

Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на здравјето на општата популација и на ранливите групи...

Македонија7 часа

Беџети најави проширување на Европскиот фронт и ги повика Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори

Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети најави проширување на коалицијата не само со политички партии туку и...

Македонија7 часа

Мајка и нејзините три деца ќе бидат евакуирани од Тел Авив со лет до Грција, МНР апелира да не се патува на Блискиот Исток

Мајка и нејзините три деца утре ќе бидат евакуирани од Тел Авив и со авион пренесени до Атина, во рамки...

Македонија10 часа

Топлотен бран во Македонија: од среда температури до 40 степени

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло...

Свет13 часа

Се огласи врховниот лидер на Иран: Ционистичкиот непријател направи голема грешка, мора да биде казнет

Додека светот ја чека најавената иранска одмазда за нападите на САД врз нуклеарните постројки, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али...

Македонија13 часа

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) на седницата која ја одржа викендов одлучи да ја напушти коалицијата со...

Македонија13 часа

Нефункционални лифтови и проблеми со топла вода во домовите, алармираат студентите

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ), имајќи ја предвид важноста на безбедноста, удобноста и...

Топ1 ден

Скопјанец ја истепал 4-годишната ќерка кога се качила на креветот за да ги земе играчките, има набиеница на главата, се бара притвор

Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за нанесување телесна повреда врз четиригодишната ќерка. Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради...

Свет1 ден

Иран: Ние претрпевме штета, но нашето нуклеарно знаење не може да биде уништено

По американските напади во неделата, Иран смета дека неговото знаење во нуклеарната технологија не може да биде уништено. „Треба да...

Македонија1 ден

Единаесет македонски државјани чекаат евакуација со лет од Тел Авив, небото над Израел денес е затворено

По денешното повторно затворање на воздушниот простор на Израел и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, сите летови кон и...

Македонија1 ден

12 отсто од вработените на Клинички ќе паркираат на пет минути пеш за да им се олесни пристапот на пациентите, најави Алиу

Триста вработени од вкупно 2.500 на Клиничкиот центар Мајка Тереза од 1 јули ќе можат да ги паркираат своите возила...

Топ1 ден

Хаос во хотел во Лазарополе: скопјанец фрлал предмети и нападнал сограѓанин

Дваесет и деветгодишен скопјанец, К.Ж. е приведен по инцидент што се случил синоќа во хотел во Лазарополе. Според информациите од...

Македонија2 дена

Инжинери на Македонија: Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

Потрошувачите на електрична енергија имаат законско право на визуелен пристап до сопствените броила, а секое спречување на тој пристап од...

Свет2 дена

(Видео) Трамп: Целосно ги уништивме иранските комплекси, или ќе има мир, или нови напади

Американскиот претседател Доналд Трамп, во директното обраќање до нацијата, потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки....

Свет2 дена

САД го нападнаа Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ги завршиле нападите врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанц...

Македонија2 дена

Протестираме за вашите деца оти утре ден не дај боже да се случи истото – татко кој загуби син ги повика кочанчани масовно да им се приклучат

Таткото кој го загуби синот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, го повика населението во градот масовно да излезе...