Контакт

Hitech

Часовникот iWatch ќе се продава од почетокот на 2015-та

Објавено пред

Продажбата на новиот производ на американскиот технолошки гигант Apple, часовникот iWatch, ќе започне на почетокот од 2015 година пишува интернет изданието на весникот The Financial Times.

dobivaj vesti na viber

Претходно во јуни весникот The Los Angeles Times пишуваше дека продажбата на iWatch кој на јавноста треба да ѝ биде претставен на 9-ти септември, може да почне да се продава уште во октомври годинава. Според весникот, цената на овој гаџет во малопродажба во САД ќе варира во зависност од моделот од 199 до 299 долари.Меѓутоа, како што пишува сега The Financial Times, „лицата запознаени со плановите на Apple, велат дека уредот ќе започне да се продава не порано од почетокот на 2015 година“. Паметниот часовник разработен во американската компанија нема да се појави во трговската мрежа на профитабилните предбожикни продажби, истакнува британскиот деловен магазин.Исто така, The Financial Times пишува дека според неговите информации, гаџетот кој од експертите условно беше наречен iWatch, најверојатно ќе биде пуштен во продажба под друго име.„Паметниот часовник“ всушност претставува минијатурен компјутер. Според прогнозите на познавачите iWatch, ќе ги поддржува платформите HealthKit (здравствен сет) и HomeKit (куќен).Првата ќе им овозможува на корисниците да ја следат работата на своето срце и крвниот притисок, како и да ги следат физичките напрегања при спортување. Вториот, пак, на сопственикот ќе му овозможи да комуницира со домашните уреди, како на пример со медиjаплеерот Apple TV.Весникот истакнува дека iWatch ќе биде првиот нов тип производи коишто Apple ги нуди на пазарите од 2010 година кога го лансираше таблетот iPad./крај/мф/сн

Извор: The Financial Times



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

Шефот на „Епл“ најави нов производ: „Запознајте го новиот член на семејството“

Објавено пред

Извршниот директор на „Епл“ откри дека технолошкиот гигант набргу ќе претстави нов уред. Обично треба да почекаме до пролет за да ги слушнеме големите најави на „Епл“, но изгледа дека тие доаѓаат порано овој пат.

dobivaj vesti na viber

Исто така, се чини дека нешто сосема ново се појавува на хоризонтот.

Според Тим Кук, шефот на „Епл“, најновиот член на семејството на „Епл“ пристигнува в среда, 19 февруари. Тој објави видео на „Икс“ со холографско лого на „Епл“ со натпис: „Подгответе се да го запознаете најновиот член на семејството. Среда, 19 февруари. #AppleLaunch“.

Иако не откри за каков уред станува збор, се појавија шпекулации дека тоа би можело да биде ажурирана верзија на серијата iPhone SE. Иако тоа е само шпекулација, сѐ почна со изјавата на Марк Гурман, кој сугерира дека може да се појави iPhone SE 4 – и има добар аргумент за тоа.

Пишувајќи за „Блумберг“, Гурман рече: „iPhone SE 4 ќе го модернизира моделот со пониска цена за да поттикне раст и да ги привлече корисниците да се префрлат од други брендови на ‘Епл’“.

Тој тврди дека информацијата му била пренесена од луѓе што побарале да останат анонимни бидејќи објавувањето на „Епл“ е приватно.

Но, тоа не е сѐ бидејќи тој исто така верува дека во 2025 година ќе бидат претставени и други производи, вклучувајќи MacBook со чип M4 и надградби на моделите iPad Air, како и уредите на Apple Watch и новите модели на iPhone.

Луѓето на „Икс“ ја коментираат објавата на Тим Кук очајно барајќи трага.

Некој праша: „Можете ли да ни дадете поконкретни информации?“, „Едвај чекам да видам што е тоа!“, напишал друг корисник, а трет коментирал: „Возбудливо! Можеби е Apple Vision? Изгледа ќе треба да почекаме до 19 февруари за да дознаеме“.

Прикажи повеќе...

Hitech

Вештачката интелигенција покажува како ќе изгледаат луѓето за 1.000 години

Објавено пред

Науката никогаш не престанува да ги поместува границите, а сега, со помош на вештачката интелигенција, понуден е поглед во иднината кој го зачуди светот. Иако сме навикнати да гледаме футуристички филмови кои прикажуваат како би можело да изгледа човештвото во далечната иднина, сега имаме конкретни визуелни претстави кои се засноваат на научни претпоставки.

dobivaj vesti na viber

Вештачката интелигенција, користејќи Google ImageFX и предвидувања од водечките научници, создаде слики кои покажуваат како би можеле да изгледаат луѓето за 1.000 години, а резултатите предизвикаа многу контроверзии. Експертите веруваат дека неколку клучни фактори ќе влијаат на еволуцијата на човечката раса: технолошкиот напредок, климатските промени, мешањето на населението и можноста за живот во вселената.

  • Како ќе се променат луѓето за 1.000 години?
    Пониска височина
  • Потемна кожа
  • Повеќе изедначени црти на лицето
  • Помалку генетска разновидност
  • Поголема технолошка интеграција
  • Помал мозок
  • Пониски стапки на промени во расположението
  • Потенцијална адаптација за живот во вселената

Луѓето ќе станат пониски
Професорот Марк Томас, генетичар на Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL), истакна дека постои можност луѓето во иднина да станат пониски. Тој објаснува дека раниот пубертет и помалата висина може да се поврзани, па ако луѓето кои порано созреваат имаат повеќе деца, таквите гени би можеле да станат доминантни кај популацијата.

Луѓето ќе станат попривлечни.
Научниците веруваат дека во следните 1.000 години би можело да дојде до промени во особините кои се сметаат за привлечни.

„Влегуваме во свет во кој жените ги избираат и ќе избираат мажи што им се допаѓаат – дали за интелигенцијата, успехот, физичкиот изглед или мускулестото тело. Како што расте женската селекција, се очекува овие особини да се зголемуваат“. Долгорочно, ова може да доведе до тоа просечниот човек да стане „малку поубав отколку што е денес“, вели професорот Томас.

Потемна кожа и порамномерен изглед
Се очекуваат големи промени и во однос на етничката различност. Научниците предвидуваат дека луѓето во иднина ќе имаат потемна кожа и порамномерни црти на лицето, бидејќи етничките групи се повеќе се мешаат. Д-р Џејсон Хоџсон, предавач по биоинформатика на Универзитетот Англиа Раскин, рече: „Една од работите што би можеле да ги видиме во иднина е рушење на границите меѓу популациите. Ако продолжат сегашните трендови, ќе видиме помала генетска структура на популациите“.

Технолошки подобрувања
Генетската модификација би можела да стане клучен фактор во еволуцијата. Д-р Хоџсон објаснува: „Ние веќе ја имаме технологијата за да овозможиме прецизно уредување на гени со помош на алатката CRISPR-Cas9“. Некои футуристи веруваат дека идните генерации ќе можат да селектираат специфични генетски особини – како што е поголема отпорност на УВ зрачење или подобрена физичка издржливост.

Смалување на мозокот!
Научниците предвидуваат и намалување на човечкиот мозок поради зависноста од технологијата. Професорот Роберт Брукс од Универзитетот во Нов Јужен Велс тврди дека компјутерите преземаат повеќе задачи, што ја прави предноста на поголем мозок помалку изразена. Д-р Николас Лонгрич, палеонтолог од Универзитетот во Бат, ги споредува луѓето со „самообучени мајмуни“, сугерирајќи дека тие би можеле да станат помалку когнитивно независни.

Еволуција за живот во вселената
Ако луѓето еден ден ја колонизираат вселената, би можеле да развијат сосема нова форма на телото. На планетите со мала гравитација, луѓето би можеле да станат повисоки, да имаат подолги раце и поголеми очи. НАСА веќе евидентира дека астронаутите растат за 3% за време на нивното време во вселената поради истегнување на ‘рбетот. Доколку дел од човештвото трајно се насели на Марс, не е исклучено тој да еволуира во нов вид – различен од луѓето на Земјата.

Иако е невозможно со сигурност да се предвиди како ќе изгледа човештвото за 1.000 години, едно е сигурно – еволуцијата не запира. Со брзиот технолошки напредок и промени во општеството, светот на иднината може да изгледа сосема поинаков од она што можеме да го замислиме денес.

Прикажи повеќе...

Hitech

(Видео) Најследената Хрватка на „Тик-ток“ плачеше поради забраната во Америка: „Губам пријатели“

Објавено пред

Мирта Милер, најследената Хрватка на „Тик ток“ со повеќе од 18 милиони следбеници, проговори за забраната на платформата во Америка. Оваа одлука ја растажи и се расплака на видеото.

dobivaj vesti na viber
@mimiermakeup

fyi: I’m in Europe and I’m staying 🧚🏻 love you American besties and see you soon! For the rest of us, in the clurb we all fam

♬ original sound – Mirta Miler

„Мразам да плачам на интернет. Луѓето кои ме познаваат знаат дека никогаш не плачам. Но, за мене, оваа забрана за „Тик ток“ во Америка значи дека губам пријатели. Навистина никогаш не сум ги гледала луѓето кои ме следат како само следбеници, не ги гледам како бројки, туку како заедница“.

„Јас, како некој од Хрватска, мала земја, добив можност да разговарам со сите вас во Америка и да ги создадам сите овие спомени. Ме видовте како пораснав, видовте многу од мојот живот. Нема да ти кажам каде да ме следите, навистина не ми е гајле за бројки, се грижам за тебе како личност и сега ќе те изгубам. Ќе ја изгубам нашата врска и тоа е многу болно за мене“, рече таа во видеото објавено на „Тик ток“.

Таа на своите следбеници од целиот свет им кажа дека ги сака, но дека има многу пријатели од Америка на „Тик ток“.

„Тука првпат станав вирална. Навистина сакам да ви се заблагодарам од се срце, тоа многу ми значи“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

По тензичната средба со Зеленски, Трамп може да ја стопира помошта за Украина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, би можел да ја укине помошта за Украина, тврди неименуван извор од Белата куќа за...

Топ2 часа

Возач со автомобил побегна откако удри и тешко повреди дете во Тетово

Малолетник е тешко повреден откако во него удрило патничко возило на кружен тек во Тетово. По сообраќајката возачот побегнал. Министерството...

Македонија4 часа

Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал

Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал што се одржа во...

Свет5 часа

Зеленски му одговори на сенаторот Греам: Само народот на Украина одлучува за мојата оставка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека единствено украинскиот народ може да одлучи за неговата оставка. Неговата реакција дојде по...

Свет18 часа

Посетата на Зеленски е прекината: Трамп: Тој ги навреди САД

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа е прекината. Извор од Белата куќа...

Македонија20 часа

Мир преку разговор во Украина, решение „две држави“ за Израел и Палестина – Мицкоски и Ердоган разговарале и за глобалните предизвици

За Северна Македонија и Турција клучно е  конфликтот во Украина да се реши по пат на разговори. За ситуацијата во...

Македонија21 час

Мицкоски и Ердоган во Турција договорија основање на Совет за соработка на високо ниво

Советот за соработка на високо ниво е значаен чекор за односите меѓу двете држави чија цел е продлабочување и интензивирање...

Топ22 часа

Родител пријавил наставничка дека натепала повеќе ученички во соблекувална во скопско училиште

Родител пријавил во МВР напад извршен од страна наставничка во скопско основно училиште. Според пријавата, таа во текот на вчерашниот...

Економија23 часа

Од 1 март поскапува парното

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од 1 март цената за потрошувачите на топлинска енергија за „ЕСМ енергетика“...

Македонија24 часа

Судот определи мерки на претпазливост за Филип Андов-Сокол и за другите осомничени по акцијата во затворот во Шуто Оризари

За ескдиректорот на затворот во Шуто Оризари, Филип Андов-Сокол, и за другите осомничени судот денес определи мерки на претпазливост по акцијата...

Економија24 часа

Казни од 500 до 10.000 евра, па и затворање на маркетите: Дурмиши најави контрола на над 1.000 трговски објекти

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска одржа прес-конференција, на која информира за мерките што ги донесе Министерството за...

Македонија1 ден

Место на шалтер, уверение за остварен доход отсега се вади електронски, автоматскиот систем ќе замени 29 службеници во УЈП

Граѓаните што имаат потреба од уверение за остварен приход, за да го извадат документот, повеќе не мора да одат на...

Македонија1 ден

Кочоска да си даде оставка, министерка која понижува граѓанка не заслужува да води министерство, бара СДСМ

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, на денешената прес-конференција пред Министерството за финансии, побараа оставка од министреката...

Македонија1 ден

Вработените во Македонската филхармонија најавуваат нов протест

Вработените во Македонската филхармонија во понеделник со почеток во 13 часот ќе одржат нов протест пред Министерството за култура и...

Македонија1 ден

„ДУИ прави терен за бојкот на локалните избори“, велат од „Влен“

„За да избегне програмска и кадровска реформа, на ДУИ очајно му треба политичка криза. Затоа веќе подолг временски период креираат...

Свет1 ден

Зеленски пристигна во Вашингтон, ќе потпише клучен договор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Вашингтон, каде што се очекува да потпише важен договор за минерали со американскиот претседател...

Македонија1 ден

Мицкоски патува во Турција, ќе се сретне со Ердоган

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски патува во посета на Република Турција. Претседателот на Владата ќе...

Топ1 ден

Кривична против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид за злоупотреба на службената положба

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г. С. (48), директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид,...

Свет1 ден

Израел првпат призна сериозни воени неуспеси на денот кога Хамас изврши масакр

Израелската војска го објави првиот официјален извештај за грешките што доведоа до неуспех за време на нападот на Хамас на...

Свет1 ден

Објавени документите за Епстејн; Обвинителката: Има илјадници, ФБИ не ги испрати

Јавниот обвинител Пем Бонди објави документи за Џефри Епстејн. Како што претходно беше најавено, во документите нема нови информации или...