Контакт

Hitech

Google наскоро воведува интернет акаунти за деца

Објавено пред

Технолошкиот гигант Google наскоро планира да воведе интернет адреси наменети само за деца, за своите услуги да може да им ги понуди и на лица помлади од тринаесетгодишна возраст.
 

dobivaj vesti na viber

Технолошкиот гигант Google наскоро планира да воведе интернет адреси наменети само за деца, за своите услуги да може да им ги понуди и на лица помлади од тринаесетгодишна возраст.

 

Според написот во The Wall Street Journal, новиот систем би им овозможил да децата пристап до сите сервиси на Google низ акаунтите коишто би ги поставувале и контролирале нивните родители.

Една од замислите била и воведување верзија на сервисот за размена на видео материјали YouTube, додава весникот повикувајќи се на добро информиран извор. Од компанијата Google не биле достапни за коментирање на веста.

Строгите американски закони за онлајн заштита на децата (Children’s Online Privacy Protection Act COPPA) ги спречуваат интернет компаниите како Facebook I Google во нудењето на своите услуги на деца помлади од 13 години. Законот бара родителска дозвола за секое собирање на личните податоци на дете, и строго го ограничува користењето и чувањето на така собраните информации. Меѓутоа, голем број деца загонот многу едноставно го заобиколуваат со отворање на адреси во коишто наведуваат лажна возраст./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

Познатиот онлајн форум падна: корисниците ширум светот пријавија прекин

Објавено пред

Интернет форумот Редит денеска „падна“, оставајќи илјадници корисници ширум светот без пристап.

dobivaj vesti na viber

На својата страница со статус, Редит соопшти дека истражува зголемен број грешки на страницата и апликацијата.

Според податоците од веб-страницата Downdetector, која ги следи прекините со собирање извештаи од различни извори, повеќе од 112.400 корисници пријавиле дека платформата била прекината во 11:39 часот по источно време.

Повеќето корисници пријавија проблеми со апликацијата, но потешкотии беа забележани и на самата веб-страница.

Се чини дека форумот оттогаш стана повторно достапен, иако не беше дадено објаснување за прекинот.

Прикажи повеќе...

Hitech

Прекин на WhatsApp: корисниците ширум светот пријавуваат проблеми

Објавено пред

Популарната апликација за пораки WhatsApp денеска се соочи со сериозен прекин, оставајќи илјадници корисници оневозможени да се поврзат, да испраќаат пораки или да остваруваат повици, и преку мобилната апликација и преку веб-верзијата.

dobivaj vesti na viber

Социјалните мрежи се преплавени со извештаи за корисници кои пријавиле тешкотии со WhatsApp. Најчесто се пријавуваат проблеми со испраќање пораки, неуспешно воспоставување врска, како и нефункционални повици.

Според веб-страницата Downdetector, која го следи статусот на дигиталните услуги, забележано е нагло зголемување на поплаките од корисниците.

На глобално ниво, околу 1.000 корисници пријавиле проблеми – 91% од нив навеле тешкотии со испраќање пораки, 6% со функционирањето на самата апликација, додека 3% од корисниците изјавиле дека не можат да примаат пораки.

Компанијата Мета, која е сопственик на WhatsApp, се уште нема објавено официјално соопштение во врска со суспензијата на услугата.

Прикажи повеќе...

Hitech

(Видео) Илон Маск: За пет години ќе можете да купите 18+ роботи

Објавено пред

Илон Маск се појави на поткастот на Џо Роган и се претстави како десна рака на Доналд Трамп и шеф на иницијативата DOGE (Одделот за владина ефикасност).

dobivaj vesti na viber

Една од темите беше вештачката интелигенција, а фокусот беше на неговата програма за вештачка интелигенција позната како „Грок“, до која луѓето може да пристапат преку „Икс“.

Роган се пошегува дека „Грок“ има валкан режим на разговор од 18+ и непресметлив режим нарекувајќи го многу чуден. Маск зборуваше и за можностите за развој на секс-роботи предвидувајќи го нивното доаѓање на пазарот за помалку од пет години. „Тоа е валкана вештачка интелигенција и тоа е вистински проблем“, се пошегува Роган додавајќи: „Тоа е чудно време и со вашата луда вештачка интелигенција нè туркате во сè почудни ситуации“.

„Набргу вакви роботи ќе се најдат на отворен пазар, во продавници“, повтори Маск. „Дали ќе бидат топли?“, го прашал Роган, на што Маск одговорил: „Веројатно ќе имаш што сакаш“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

„Дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради од над 50 ката и дали на тој начин ја стекнал златната виза“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Времето изминува, СДС се занимава со сè и сешто, шета од тема на тема, но за темите што ги интересира...

Свет2 часа

Објавено кога ќе биде погребан папата

Погребот на папата Франциско ќе се одржи в сабота, соопшти Ватикан. Погребот на папата ќе се одржи в сабота, со...

Топ2 часа

Сообраќајна несреќа кај планинскиот превој „Пресека“: неколку повредени, меѓу нив и две деца

Вчера во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило...

Европа3 часа

Објавени првите фотографии од телото на папата Франциско: во рацете има бројаница

Ватикан утрово ги објави првите фотографии од телото на папата Франциско. Неговото тело е положено во едноставен дрвен ковчег, со...

Македонија3 часа

ДУИ: Институциите го деградираат користењето на албанскиот јазик на ниво пред усвојувањето на Законот за јазиците

„ДУИ изразува длабока загриженост поради систематското непочитување на албанскиот јазик на официјалните веб-страници на министерствата на Владата на Република Северна...

Свет5 часа

(Фото/Видео) Најпознатите градби во светот блескаат за папата Франциско

Откако вчера беше објавена веста за смртта на папата Франциско, бројни светски метрополи и верски заедници му оддадоа почит со...

Свет6 часа

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп поради замрзнување на финансирањето

Универзитетот Харвард ја тужеше администрацијата на претседателот Доналд Трамп во обид да го спречи замрзнувањето на повеќе од 2 милијарди...

Македонија6 часа

На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Европа14 часа

(Видео) Запечатена резиденција на папата, во Ватикан владее седисвакација

Ватикан ја запечати официјалната резиденција на папата Франциско, симболично започнувајќи период на жалост. На снимката објавена од Ватикан се гледа...

Свет14 часа

(Видео) Какви беа последните денови на папата Франциско: „Изгледаше како да се збогува“

Во понеделникот точно напладне црковните ѕвона ширум Италија одекнаа во жалост. Почина папата Франциско. Не поминаа ни 24 часа откако...

Свет14 часа

Верниците ширум светот го оплакуваат папата

Членовите на Католичката црква, која има 1,4 милијарди верници, денеска тагуваат за смртта на 88-годишниот папа Франциско, фалејќи го како...

Европа14 часа

„Гробот нека биде едноставен, без украси, на плочата нека стои еден збор“: Ватикан го објави тестаментот на Папата

Папата Франциско во својот последен тестамент потврди дека сака да биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим, наместо...

Европа14 часа

Ватикан: Папата почина од мозочен удар и срцево затајување

Ватикан објави дека папата Франциско починал од мозочен удар кој предизвикал кома и неповратно срцево затајување. „Смртта е констатирана со...

Европа20 часа

Шок и солзи во Ватикан: „Големиот папа нè напушти, уриваше бариери“

„Почина голем папа“, вели Фабио Малвеси, сè уште видно шокиран, како и многумина од верниците и туристите кои се собраа...

Македонија23 часа

Струмичко-скопскиот епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати писмо по повод упокојувањето на папата

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, на Светол Понеделник, 21 април 2025 година упати писмо до сите...

Европа1 ден

Светските лидери се збогуваа со папата: „Тој секогаш беше на страната на најранливите“

Реакции за смртта на папата Франциско доаѓаат од сите страни, а високи функционери од бројни земји се согласуваат дека „народниот...

Македонија1 ден

СДСМ бара оставка од Љутков „за хаосот во културата“

„СДСМ најостро реагира на катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Зоран Љутков, кој остави над 3.000 културни работници...

Европа1 ден

Ватикан активира специјален режим по смртта на папата

По смртта на папата Франциско во понеделникот, во Ватикан настапи седисваканција – период без папа. Терминот седисваканција доаѓа од латинскиот...

Европа1 ден

Почина папата Франциско

Папата Франциско почина утринава на 89-годишна возраст, соопшти Ватикан. „Утринава во 7:35 часот, бискупот римски Франциско се врати во домот...

Македонија1 ден

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1 740 килограми небезбедна храна

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници. Кај 16...