Hitech
Google се вклучи во битката за пазарот на мобилно плаќање

На повеќе од еден милион терминали во САД од четвртокот може да се плаќа со Android Pay, мобилен систем на Google, со што технолошкиот гигант се вклучи во битката за пазарот кој до 2017 година би можел да вреди 1.000 милијарди долари.
Овој систем на плаќање ќе му конкурира на Apple Pay системот на сѐ поголемиот пазар на мобилно плаќање бидејќи технолошките компании ќе се обидат да ги уверат потрошувачите за плаќање да ги користат мобилните телефони наместо со пластични картички.
Android Pay може да се користи со посредство на паметни телефони кои имаат капацитет за NFC комуникациите и за оперативниот систем на Google, KitKat 4.4+. На корисниците ќе им овозможи да ги хранат телефоните со податоци за кредитни картички, картички за лојалнотста и за други податоци.
Постоечките апликации Google Wallet можат да пристапат кон Android Pay преку ажурирање, додека новите корисници во следните денови ќе може да го преземат од Google Play.
Малопродажните синџири како Macy’s, Bloomingdale’s и Subway се меѓу првите кои го воведоа Android Pay.
Системот на Google ги поддржува кредитните и дебитните картички на компаниите MasterCard, Visa и American Express, како и на банките Bank of America, Citigroup и Wells Fargo.
Наместо да ги проследат податоците за корисникот на кредитната картичка до трговецот, системите на Google и Apple создаваат „знак“ така што вистинските податоци не се откриваат за време на трансакцијата, со што се намалува ризикот од злоупотреба. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech
Познатиот онлајн форум падна: корисниците ширум светот пријавија прекин

Интернет форумот Редит денеска „падна“, оставајќи илјадници корисници ширум светот без пристап.
На својата страница со статус, Редит соопшти дека истражува зголемен број грешки на страницата и апликацијата.
Според податоците од веб-страницата Downdetector, која ги следи прекините со собирање извештаи од различни извори, повеќе од 112.400 корисници пријавиле дека платформата била прекината во 11:39 часот по источно време.
Повеќето корисници пријавија проблеми со апликацијата, но потешкотии беа забележани и на самата веб-страница.
Се чини дека форумот оттогаш стана повторно достапен, иако не беше дадено објаснување за прекинот.
Hitech
Прекин на WhatsApp: корисниците ширум светот пријавуваат проблеми

Популарната апликација за пораки WhatsApp денеска се соочи со сериозен прекин, оставајќи илјадници корисници оневозможени да се поврзат, да испраќаат пораки или да остваруваат повици, и преку мобилната апликација и преку веб-верзијата.
Социјалните мрежи се преплавени со извештаи за корисници кои пријавиле тешкотии со WhatsApp. Најчесто се пријавуваат проблеми со испраќање пораки, неуспешно воспоставување врска, како и нефункционални повици.
Според веб-страницата Downdetector, која го следи статусот на дигиталните услуги, забележано е нагло зголемување на поплаките од корисниците.
На глобално ниво, околу 1.000 корисници пријавиле проблеми – 91% од нив навеле тешкотии со испраќање пораки, 6% со функционирањето на самата апликација, додека 3% од корисниците изјавиле дека не можат да примаат пораки.
Компанијата Мета, која е сопственик на WhatsApp, се уште нема објавено официјално соопштение во врска со суспензијата на услугата.
Hitech
(Видео) Илон Маск: За пет години ќе можете да купите 18+ роботи

Илон Маск се појави на поткастот на Џо Роган и се претстави како десна рака на Доналд Трамп и шеф на иницијативата DOGE (Одделот за владина ефикасност).
Една од темите беше вештачката интелигенција, а фокусот беше на неговата програма за вештачка интелигенција позната како „Грок“, до која луѓето може да пристапат преку „Икс“.
Роган се пошегува дека „Грок“ има валкан режим на разговор од 18+ и непресметлив режим нарекувајќи го многу чуден. Маск зборуваше и за можностите за развој на секс-роботи предвидувајќи го нивното доаѓање на пазарот за помалку од пет години. „Тоа е валкана вештачка интелигенција и тоа е вистински проблем“, се пошегува Роган додавајќи: „Тоа е чудно време и со вашата луда вештачка интелигенција нè туркате во сè почудни ситуации“.
„Набргу вакви роботи ќе се најдат на отворен пазар, во продавници“, повтори Маск. „Дали ќе бидат топли?“, го прашал Роган, на што Маск одговорил: „Веројатно ќе имаш што сакаш“.