Hitech
IBM го претстави најмоќниот и најбезбеден компјутер на светот z13 mainframe
Американската компанија IBM во средата го претстави на глобални ниво својот најнов компјутер под називот „z13 mainframe“, за кој тврди дека е најмоќниот и најбезбеден сметачки систем на светот кој прв во светот може да обработи 2,5 милијарди трансакции дневно.
Станува збор за компјутер дизајниран за сите потреби на мобилната економија којшто овозможува моментално шифрирање на податоците во сите трансакции преку мобилен телефон, и воедно првиот мејнфрејм систем со вградени аналитички алатки кои нудат моментален увид во трансакциите и 17 пати побрзо од системите на конкуренцијата коишто се споредуваат.
Овој компјутер, освен со брзината, се одликува и со безбедносна заштита на трилиони и трансакции коишто секојдневно се извршуваат преку рани мобилни уреди, и се смета за кулминација на инвестицијата во износ од милијарда американски долари, пет години истражување и развој.
Меѓу досега, како што велат од IBM во „невидените функционалности“ на компјутерот z3mainframe освен можноста за обработка на 2,5 милијарди трансакции во еден ден, се издвојуваат и оние како што целоста на заштитените и проверливи трансакции, што посебно треба да охрабрува во периодот кога бројот на трансакциите преку мобилни уреди секојдневно се зголемува и коишто според процените на експертите до 2025 година би можеле да достигнат и до 40 милијарди трансакции дневно.
Оваа машина има и вградени аналитички функционалности кои овозможуваат увид во реално време за секоја трансакција којашто се обработува, што значи дека клиентот може да ја открие измамата во која и да е деловна трансакција во моментот кога таа се одвива. Овозможува и подобра заштита на трансакциите преку мобилните апарати, коишто според истражувањето на компанијата IBM меѓу директорите за информатика, се покажа како „слаба алка“ односно најголем проблем со кој се соочуваат при пораст на бројот на трансакциите преку мобилни телефони и други преносни уреди.
Системот z13 во себе го има и најбрз микропроцесор на светот, според соопштението, двапати побрз од кој и да е процесор за корисниците, има 300 отсто повеќе работна меморија, 100 проценти поголема пропустливост на податоците и векторска аналитика којашто значително го забрзува обработувањето на трансакциите кои се одвиваат преку преносни уреди, како и многу други функционалности./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Hitech
„Епл“ дел од производството го сели од Кина во САД
Американскиот технолошки гигант „Епл“ соопшти дека дел од производството на компјутерот „Мек мини“ ќе го пресели од Азија во Хјустон, САД, а производните линии треба да почнат со работа до крајот на годинава.
Овој потег се надоврзува на најавата од август за инвестиции од 600 милијарди долари во САД во наредните четири години. Во Хјустон е предвиден и центар за обука за напредно производство, а проширувањето, според компанијата, ќе отвори илјадници нови работни места.
Во мај, американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на „Епл“ со царина од 25 отсто за производи произведени во странство. Ситуацијата дополнително се искомплицира откако Врховниот суд на САД пресуди дека претседателот ги пречекорил овластувањата со измената на царините. Трамп потоа најави привремени царини од 10 отсто, со важност до 180 дена.
Извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, изјави дека компанијата е „цврсто одлучна да ја поддржи иднината на американската индустрија“.
И покрај тоа, најголемиот дел од производството на „Епл“, вклучувајќи ги „ајфон“ и „ајпад“, и натаму се одвива во Азија, претежно во Кина, иако дел е префрлен во Виетнам, Тајланд и Индија.
Hitech
ИТ-секторот пред пресврт: Вештачката интелигенција ќе замени половина од софтверот
Повеќе од половина од постоечкиот деловен софтвер би можел да биде заменет со вештачка интелигенција (ВИ), изјави Артур Менш, директор и основач на компанијата „Мистрал АИ“.
Неговите коментари доаѓаат во време на растечка загриженост кај инвеститорите за иднината на софтверските компании, чии акции во последните месеци бележат пад, објави „Си-Ен-Би-Си“.
Стравувањата дека вештачката интелигенција може да ги преземе функциите на постоечките деловни програми веќе доведоа до распродажба на акции на големи софтверски компании.
Инвеститорите се сè позагрижени дека ВИ може да ги извршува задачите за кои денес се користи деловен софтвер, што би можело да ги загрози бизнис-моделите засновани на софтвер како услуга (СааС).
Вредноста на фондот „Ајшерс експендед тех – софрвер сектор“, кој ги вклучува компании како „Мајкрософт“ и „Сејлсфорс“, паднала за повеќе од 20 проценти годинава. Пад бележат и акциите на големите индиски софтверски компании како „Тата Консултанси Сервисис“ и „Инфосис“.
„Проценувам дека повеќе од половина од она што ИТ-секторот моментално го набавува во форма на СааС ќе премине на вештачка интелигенција“, изјави Менш на маргините на самитот „АИ Импакт“ во Њу Делхи. „Вештачката интелигенција ни овозможува да развиваме софтвер со брзина на светлината“, додаде тој.
Менш објасни дека компаниите, со „соодветна инфраструктура“, можат да ги поврзат своите податоци со ВИ-системи и да создадат апликации за специфични деловни задачи.
„Кај нашите клиенти гледаме дека за само неколку дена можеме да создадеме целосно прилагодени апликации за управување со работни процеси, на пример за набавка или синџири на снабдување. Пред пет години за тоа ви беше потребен специјализиран СааС“, истакна тој.
Според него, во тек е „промена на платформите“, при што компаниите се насочуваат кон користење ВИ наместо постојните СааС-решенија.
„За нас тоа е голема можност, бидејќи повеќе од 100 деловни клиенти веќе ни се јавија со желба да го редизајнираат својот ИТ-систем. Сакаат да се ослободат од решенија купени пред 20 години, кои стануваат прескапи“, рече Менш. „Тие ја гледаат вештачката интелигенција како начин системот да стане поефикасен и поевтин.“
Сепак, Менш нагласи дека софтверот наменет за системи за складирање податоци „нема да се промени“, бидејќи тој е одговорен за податоците во организацијата и често функционира во соработка со ВИ.
Слично мислење има и Бипул Синха, директор на компанијата „Рубрик“, кој за „Си-Ен-Би-Си“ изјави дека „софтверот за работни процеси“ може да биде значително нарушен од ВИ, но дека софтверот за податочна инфраструктура што ја овозможува ВИ ќе има корист.
Менш потврди дека компанијата оваа година планира да отвори прва канцеларија во Индија, со што влегува на пазар каде што за удел се натпреваруваат сите глобални технолошки гиганти.
Мистрал веќе соработува со меѓународни компании присутни во Индија, а сега активно бара клиенти со седиште во земјата, и во јавниот и во приватниот сектор.
За разлика од Европа, каде што гради сопствени центри за податоци, во Индија компанијата ќе воспостави партнерства со фирми кои веќе имаат физичка инфраструктура.
Индиската влада го поттикнува развојот на ВИ-модели што можат да работат локално, со податоци складирани во рамки на земјата. Големите јазични модели на „Мистрал“ веќе поддржуваат повеќе индиски јазици, меѓу кои хинди и панџаби.
„Тоа е нешто што долгорочно ќе биде исклучително важно за индискиот потрошувачки пазар“, заклучи Менш.

