Контакт

Hitech

Интелигентен скенер кој се носи в џеб

Објавено пред

Неверојатно брзото секојдневие едноставно направи работата и професионалните обврски да бидат главната преокупација во текот на денот. Слободното време речиси и да го нема, па токму поради тоа главните технолошки брендови се трудат да му овозможат на човекот што повеќе опции со цел да си ја олесни работата. 

dobivaj vesti na viber

Доколку во популарните научнофантастични филмови гледавме како ликовите во своите џебови носат сé што им е потребно, тогаш добродојдовте во иднината. Имено, Microsoft преку новиот Office 365 ги откри поволностите на апликацијата OneNote, со чие инсталирање на мобилната апликација Office Lens едноставно овозможува пристап до мини професионален скенер на дофат во џебот. Со фотографирање било кој важен документ, Office Lens ја прочистува “скенираната” фотографија од документот и ја преработува да изгледа како професионален документ кој може да се разгледува, споделува па дури и едитира преку мобилниот уред кој секој го носи со себе.

Со ова се заштедува на време, па наместо да барате скенер, кој најчесто го имаме во нашите канцеларии, сега скенерот ќе биде постојано со вас.

Сепак, апликацијата Office Lens нуди и многу нови можности кои и тоа како ќе го поедностават нашиот живот. Имено, постои можност постојано да сте во контакт со своите најблиски дури и додека сте во движење на состаноци или пак на работа, праќајќи им фотографирани потсетници зачувани во OneNote кои сте ги запишале откако ви текнало за сè она кое што треба да се купи за домашната залиха на производи, без разлика дали се работи за млеко, хемикалии за чистење, или пак намирници за роденденската торта која треба да се приготви дента после работа за роденденот на баба. Најважно од сè: забавно е, практично, а вашите деца ќе ве гледаат како кул родител кој ги следи најновите трендови во светот на технологијата./крај/мф/ап

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

„Чат ГПТ“ ќе може да се користи за генерирање еротска содржина

Објавено пред

„Опен АИ“ објави планови за ублажување на ограничувањата на својот четбот „Чат ГПТ“, вклучително и дозволување еротска содржина за потврдени возрасни корисници, во согласност со она што компанијата го нарекува „третирај ги возрасните корисници како возрасни“.

dobivaj vesti na viber

Планот на „Опен АИ“ вклучува објавување ажурирана верзија на „Чат ГПТ“, што ќе им овозможи на корисниците да ја приспособат личноста на нивниот ВИ (вештачка интелигенција) асистент – вклучувајќи опции за поприродни, „човечки“ одговори, поинтензивна употреба на емотикони или попријателско однесување. Најзначајната промена се очекува во декември кога „Опен АИ“ планира да воведе посеопфатен систем за верификација на возраста, што би дозволил еротска содржина само за корисници што потврдиле дека се полнолетни. Компанијата не објави веднаш детали за методите за верификација на возраста или дополнителни заштитни мерки за таква содржина.

Во септември „Опен АИ“ лансира специјална верзија на „Чат ГПТ“ за корисници под 18 години, која автоматски пренасочува кон содржина соодветна за возраста и блокира експлицитен и сексуален материјал.

Компанијата исто така објави развој на технологија што ја проценува возраста на корисникот врз основа на тоа како комуницира со  „Чат ГПТ“.

Во објава на „Икс“, извршниот директор на „Опен АИ“, Сем Алтман, рече дека построгите заштитни мерки воведени поради проблеми со менталното здравје го направиле четботот „помалку корисен и забавен за многу корисници што немаат проблеми со менталното здравје“.

Построгите безбедносни контроли беа воведени откако Адам Реин, тинејџер од Калифорнија, изврши самоубиство оваа година; Неговите родители поднесоа тужба во август, тврдејќи дека „Чат ГПТ“ му дал конкретни совети за тоа како да го направи ова. Само два месеци подоцна, Алтман изјави дека компанијата успеала во ублажување на сериозни проблеми со менталното здравје.

Федералната трговска комисија на САД (FTC) исто така почна истрага за неколку технолошки компании, вклучувајќи ја и „Опен АИ“, за тоа како четботовите со вештачка интелигенција може негативно да влијаат врз децата и тинејџерите.

Прикажи повеќе...

Hitech

Сточар на Солунска глава најде телефон изгубен пред четири години, а планинари го најдоа сопственикот

Објавено пред

Tелефон изгубен пред повеќе од четири години во реонот на Солунска Глава, бил најден пред еден месец од сточарот Јетмир од селото Горно Јаболчиште, раскажува на социјалните мрежи Игор Смилев, еко-активист од организацијата „Грин Пауер“ и советник во Општина Велес.

dobivaj vesti na viber

Смилев вели дека Јетмир, како чесен човек, го пријавил телефонот како изгубен, а неверојатно – по 4 години во планина, уредот успеал да се наполни и да работи делумно. Телефонот содржи сочувани СМС пораки и успеал да испрати неколку слики до планинари.

После еден месец објави на неколку Фејсбук групи, сопственикот на телефонот бил пронајден – Гоце Глигуровски од Битола, поранешен домар во сега веќе непостоечкиот Планинарски дом „Папрадиште“. Телефонот Гоце го добивал на користење од Емил Смилев.

„Фрапантно е што ‘Хуавеј’ телефонот преживеа 4 години во планина и сè уште е функционален“, додава Смилев.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Опен ВИ“ го претстави „Чат ГПТ 5“, дава поточни одговори за медицината, науката, финансиите

Објавено пред

Компанијата „Опен АИ“ денес официјално го претстави својот долгонајавуван модел на вештачка интелигенција „ГПТ-5“, кој сега е достапен бесплатно за сите корисници.

dobivaj vesti na viber

Според компанијата, тоа е нивниот најпаметен, најбрз и најкорисен модел досега, кој дава поточни и порелевантни одговори во области како што се математика, наука, финансии, право и медицина.

„ГПТ-5 е првпат навистина да се чувствувате како да разговарате со експерт за која било тема“, рече извршниот директор на „ОпенАИ“, Сем Алтман, на денешната прес-конференција. Тој го спореди овој пробив со моментот кога „Епл“ ги претстави дисплеите со висока густина, чии поединечни пиксели повеќе не можеа да се видат со голо око.

Алтман тврди дека „ГПТ5“ е „најдобриот модел во светот за кодирање“ и пишување, но исто така и за здравствена заштита и долг список на други области.

За разлика од претходните верзии, „ГПТ5“ е претставен како „модел на расудување“, што значи дека користи итеративен пристап кон решавање проблеми – размислување низ повеќе чекори пред да понуди конечен одговор.

Компанијата е толку убедена во супериорноста на новата верзија што го најавува крајот на претходните: „Со доаѓањето на моделот ГПТ-5, ги откажуваме сите наши стари модели“, рече истражувачката Тина Ким за време на презентацијата.

Меѓу проблемите што ГПТ-5 наводно подобро ги решава се долгогодишните проблеми како што се „халуцинации“ – кога моделот измислува непостоечки информации – но и безбедносните ранливости, кои беа особено изразени во неодамнешните истраги како онаа на списанието „Вирд“.

Новиот модел, исто така, воведува можност за избор помеѓу четири предефинирани „личности“: циник, робот, слушател и гик, со цел дополнително прилагодување на стилот на комуникација на корисникот.

Сепак, и покрај помпезните тврдења, Алтман признава дека тие се уште се далеку од крајната цел – вештачка општа интелигенција (АГИ), термин што означува ниво на кое способностите на ВИ би ги надминале човечките.

„Искрено, го мразам терминот АГИ бидејќи секој го користи во различна смисла, но [ГПТ-5] е значаен чекор напред кон модели кои се навистина способни“, рече Алтман.

„Сè уште ни недостасува нешто клучно“.

Исто така, не е јасно дали ГПТ-5 ќе го реши проблемот познат како „Чат ГПТ психоза“, каде што некои корисници пријавиле чувство на губење на контакт со реалноста по долгите сесии за разговор со моделот. Засега, „Опен АИ“ најавува само воведување на „нежни потсетници за паузи“ за време на продолжена употреба.

Како и претходните генерации, ГПТ-5 се потпира на инфраструктура која бара огромни инвестиции и троши огромни количини енергија, што предизвика сè поголеми критики за неговото влијание врз животната средина. И покрај ова, „Опен АИ“ исто така објави два нови јазични модели со „отворена тежина“ претходно оваа недела – gpt-oss-120b и gpt-oss-20b – кои сега сигурно ќе паднат во втор план поради доаѓањето на ГПТ-5.

Компанијата, која започна како непрофитна организација, денес е една од највредните на пазарот. Во среда се појави информација дека „Опен АИ“ е во преговори за продажба на акции во секундарна понуда што би можела да ја процени на дури 500 милијарди долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет2 часа

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија2 часа

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа5 часа

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет5 часа

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа5 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...

Регион5 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет6 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на „томахавките“, состанокот Трамп – Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија6 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет17 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија20 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија24 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија1 ден

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија1 ден

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија1 ден

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија1 ден

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија1 ден

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија1 ден

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет1 ден

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...