Hitech
iPhone-те станаа ‘шпионфони’

Последните надградувања ги претворија паметните телефони iPhone на американскиот технолошки гигант Apple во уникатни „шпионфони“, пишува британскиот весник The Daily Mail, потпирајќи се на оцената на водечкиот во Велика Британија експерт во сферата на компјутерските технологии, професорот Ноел Шарки, истовремено и активист за неприкосновеноста на приватноста.
Според оцените на професорот Ноел Шарки, сегашните способности на уредот за следење на однесувањето и навиките на луѓето станале „застрашувачки“. Станува збор за во последните верзии на апаратот интегрираните оперативни системи за мобилните уреди на Apple – iOS7 и iOS8, механизми кои го регистрираат секое преместување на сопствениците управувани со податоците од електронскиот софтвер. Тие го регистрираат, меѓу другото, и секој влез и излез, како и зачестеноста на посетите. Весникот ги опишува овие можност како „скриен систем за следење“.„Тоа е шокантно. Секое место, на коешто ќе појдете, каде што ќе пазарите, ќе консумирате пијалак, сето тоа се запишува. Тоа е едноставно сонот на секој адвокат во бракоразводните парници. Но она што ме плаши е степенот до кој тоа е тајно“, истакнува Шарки. Од своја страна, репортерот на The Daily Mail, Бен Спенсер, забележува дека програмот „тивко воведен од Apple пред една година“, го регистрира „точното време кога сте дошле или заминале до работа, каде сте купиле, како и каде претпочитате да одите во шопинг“.Функцијата „Чести локации“ имплементирана во најновите верзии на оперативниот системи од Apple се автоматски. За да се ограничи обемот на податоци, потребно е да се постави уредот на пет нивоа („тоа е причината зошто за тоа малку се знае“, забележува весникот), односно да се направи низа чекори. Потребно е да се исчисти „историјата“ во дадениот раздел (таа веднаш се прикажува на мапата, по градови и региони), како и да се одобри „Подобрување на мапата“, по што се деактивира „Чести локации“, се истакнува во прилогот на весникот.Се прецизира дека направените чекори „не го стопираат собирањето податоци“, тие едноставно престануваат да се зачувуваат на картичката“. За да се запре процесот на собирање ќе треба да се исклучат сите услуги во врска со локацијата (Location Services) а тоа ќе го лиши корисникот од моќноста за користење на мапираните програми на уредот.Како што инсистираат од Apple, информацијата „го напушта уредот“ само со согласност на корисникот, кој користи „подобрување на сервисот за мапирање“, се додава во написот. Меѓутоа, професорот Шарки предупредува дека доколку падне во „туѓи раце“, таквите информации можат да бидат моќни а понекогаш и опасни инструменти. Активистот за неприкосновеноста на приватноста стравува дека пристапот до таквите податоци кога се „копа“ по телефонот, можат да ги добијат, на пример, шефот, љубоморната сопруга или, пак, може да бидат одземени од страна на полицијата./крај/мф/сн
Извор: The Daily Mail
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech
Денеска се гаси „Интернет експлорер”

„Мајкрософт” ја исклучува својата програма „Интернет експлорер” по 27 години. Од денеска, „Мајкрософт” ќе престане да обезбедува техничка поддршка за најновата верзија на прелистувачот, „Интернет експлорер 11″.
Компанијата пред повеќе од една година објави дека „Експлорер“ ќе биде отстранет од повеќето верзии на оперативниот систем Виндоус 10. Не беше вклучен ниту во нејзината надградба на Виндоус 11, објавена минатата година.
„Интернет експлорер” првпат се појави во 1995 година како дел од оперативниот систем Виндоус 95. Во 2016 година,„Мајкрософт” престана да го развива на сметка на својот нов прелистувач „Еџ”.
„Експлорер“ порано беше најкористениот интернет-прелистувач, а врвот го достигна во 2003 година со 95% удел на пазарот.
Неговата употреба е значително намалена со лансирањето на други прелистувачи и зголемената популарност на мобилните оперативни системи како „Андроид” и „ИОС” кои не поддржуваат „Интернет експлорер”.
Hitech
Нова мобилна апликација со која ќе ги следите само оние вести што ве интересираат

Апликацијата my newz овозможува да ги следите најновите и актуелни вести од преку 250 македонски извори со посебна можност да одберете свои омилени медиуми и категории.
Новата мобилна апликација ви овозможува: Да се информирате брзо, селектирано, проверено и релевантно, да не губите време барајќи ги вестите што ве интересираат, да не прелистувате реклами што ве нервираат, да биде главен и одговорен уредник на вашите вести, да креирате сопствени категории спoред вашите интереси, да ги сочувате вестите и да ги прочитате подоцна.
И можеби најважното – со селекција на вести од релевантни медиуми, апликацијата ве штити од лажни вести.Доколку не сакате спорт, во апликацијата нема да има вести поврзани со спортот, ако политиката ви е напорна, повеќе нема да читате за дневнополитички настани.
Со само неколкуклика ќе го создадете вашиот персонализиран е-весник и во него секојдневно ќе ги следите единствено информациите од категориите и изворите кои вие ќе ги одберете.
Бесплатна, лесна и едноставна за употреба и со само неколку клика my newz ќе стане вашето единствено место во потрага по тоа што ве интересира.Апликацијата my newz е развиена со помош и поддршка од програмата за кофинансирање на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).
Оваа апликација е единствена во светот по своите карактеристики и може да се преземе од PlayStore, додека iOS верзијата ќе биде достапна до средината на февруари
Hitech
(Видео) Јапонски телевизор за лижење: Со сликата доаѓа и вкус

Јапонски професор развил прототип на ТВ-екран кој може да се лиже и кој може да имитира различни вкусови на храна, што наводно е уште еден чекор кон создавање мултисензорно искуство на гледање.
Уредот наречен „Taste the TV“ (TTTV) користи 10 канистри со различни вкусови кои во различни комбинации создаваат вкус на одредена храна. Примерокот на вкусот потоа се нанесува на површината на екранот за да може гледачот да го „вкуси“ јадењето претставено на телевизорот.
Во време на пандемија, овој тип на технологија може да го подобри начинот на кој луѓето се поврзуваат и комуницираат со надворешниот свет, вели Хомеј Мијашита, професор на Универзитетот Меиџи во Токио.
Мијашита вели дека направил прототип на TTTV во текот на минатата година и дека правењето комерцијална верзија би чинело околу 700 долари.
Потенцијалната употреба на оваа технологија би можела да биде за курсеви на далечина за готвачи и сомелиери, или за разни игри и квизови за дегустација, вели професорот.