Hitech
LG најави нов ’LG G3 Beat’ паметниот телефон
Компанијата „LG Electronics“ најави официјално лансирање на новиот модел на смарт телефон, LG G3 Beat, помала варијанта на популарниот G3 уред.
Овој модел нуди подеднакво квалитетно корисничко искуство како и неговиот претходник, а го задржа и софистицираниот металик Floating Arc дизајн и брзиот Laser Auto fokus. Разликата е во покомпактното пакување кое се одликува со екран со дијагонала од 12,7 сантиметри, пласирајќи се со тоа за класа над останатите телефони со средна големина. LG G3 Beat е креиран за растечкиот пазар на смарт телефони со мала и средна големина, како и за потребите на се поголем број корисници, кои сакаат помал уред, но доволно моќен да ги движи најпопуларните апликации. Моделот LG G3 Beat ги задржа најдобрите карактеристики и функции на G3 моделот, не правејќи компромис кога е квалитетот во прашање.Жив доказ дека и помалото може да даде повеќе, LG G3 Beat е опремен со HD IPS екран од 12,7 сантиметри што е најголем екран во сегментот на телефони со средна големина. LG G3 Beat поседува неверојатно тенка рамка и силна батерија со јачина од 2.540 mAh, додека неговиот изглед се карактеризира со Floating Arc дизајнот, премиерно претставен на LG G3 моделот.„Производителите на смарт телефони не можат да го занемарат растечкиот пазар на корисници кои сакаат најдобро компромисно решение кога се во прашање изгледот, карактеристиките, перформансите и цените на уредите“, рече Парк Јонг -Сеок, претседател на компанијата „LG Mobile Communications“.„LG G3 Beat е олицетворение на нашата посветеност на пазарот на телефони со средна големина, кој бара напредна технологија, силен бренд, иновација и атрактивна цена“, додаде ПаркМеѓу најважните карактеристики на LG G3 Beat смарт телефонот се Laser Auto fokus, што овозможува фокусирање на најважните моменти побрзо отколку кога и да е досега, мерејќи го растојанието меѓу субјектите и камерата со помош на ласерски зрак. Функцијата Touch & Shoot им олеснува на корисниците да ја фокусираат сликата и да фотографираат со едноставен допир на било кој дел од екранот, редуцирајќи ја на тој начин операцијата од два чекори на само еден. Gesture Shot опцијата овозможува со едноставно притискање на раката во тупаница пред екранот, автоматски да се започне одбројување од три секунди до фотографирањето, додека Smart Keyboard е тастатура која учи од вас, со цел да го редуцира бројот на грешки при пишување дури до 75 отсто. Функција QuickMemo+ им овозможува на корисниците брзо да бележат, цртаат и бидат креативно инспирирани.Уредот LG G3 Beat прво ќе биде достапен на пазарот на Јужна Кореја, и тоа од петок 18-ти јули, од каде ќе се дистрибуираат низ Европа, каде што ќе се продаваат под името LG G3 S. Цената и достапноста ќе бидат дополнително објавени./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
(Видео) Neuralink покажа како човек го движи курсорот на глувчето на екранот со своите мисли
Стартапот на Елон Маск, Neuralink, покажа како 29-годишен неподвижен човек, кому неодамна му бил вграден првиот чип во мозокот, игра шах на интернет преку своите мисли.
Целосно парализираниот Нолад Арбог играше шах на својот лаптоп движејќи го курсорот на глувчето со умот. Имплантот на стартапот на Маск му беше вграден пред два месеца.
— Neuralink (@neuralink) March 20, 2024
„Моето име е Ноланд Арбо, имам 29 години, имав нуркачка несреќа пред осум години и оттогаш сум квадриплегичар. Сакам да играм шах и тоа е една од активностите што ми ги овозможивте, нешто што не можев да го направам во изминатите неколку години, особено не вака. Порано користев глушец, но сега правам сè со мојот мозок“, изјави, меѓу другото, Ноланд.
Чипот на Neuralink е дизајниран да ја чита мозочната активност, да дешифрира какво движење има намера да направи личноста, а потоа да активира команда за извршување на таа акција. Арбо рече дека првично вежбал да се обидува да ја движи раката додека не станало интуитивно да се замисли како го движи курсорот.
Hitech
Остар пад на продажбата на „ајфон“ во Кина
Продажбата на „ајфон“ на „Епл“ во Кина падна 24 отсто во првите шест недели од оваа година во споредба со почетокот на 2023 година, според истражувачката компанија „Контерпоинт“, како одраз на се посилната конкуренција.
Американскиот технолошки гигант се соочува со жестока конкуренција од кинеските ривали. Така, продажбата на „хуавеј“ скокнала 64 отсто во истиот период, се наведува во извештајот.
Ниту „Ајфон“ ниту „Хуавеј“ веднаш не одговорија на барањето на Би-би-си за коментар на податоците.
Покрај обновениот раст на продажбата на „хуавеј“ во сегментот на поскапи телефони, „Епл“ е под притисок и од агресивната ценовна политика на кинеските „Опо“, „Виво“ и „Ксијаоми“, напиша Менгменг Џанг од „Контерпоинт рисрч“.
Според извештајот, падот на кинескиот пазар во целина е седум проценти. Кина е еден од најголемите пазари на „Епл“.
„Хуавеј“ со години е измачуван од американските санкции, но неговата продажба порасна кога во август минатата година ја лансира серијата 5Г-мобилни телефони „мате 60“, што ги изненади аналитичарите бидејќи му беше забранет пристапот до клучните чипови и технологијата потребни за 5Г-мобилен интернет.
Заедно со „Хуавеј“, само „Хонор“ забележа раст на продажбата меѓу првите пет брендови, според извештајот на „Контерпоинт“. Според „Контерпоинт“, „Виво“, „Ксијаоми“ и „Опо“ продале помалку мобилни телефони отколку во првите шест недели од 2023 година.
Извештајот исто така покажа дека уделот на „Епл“ на кинескиот пазар на паметни телефони паднал на 15,7 отсто од 19 отсто минатата година, што значи дека паднал од второто на четвртото место.
„Хуавеј“ се искачи на второто место, со пазарен удел од 16,5 отсто, речиси двојно повеќе од пред една година.
„Виво“ ја задржа позицијата на производител со најмногу продадени мобилни телефони и покрај падот на продажбата од 15 проценти.
Hitech
Илон Маск ги исмеа Инстаграм и Фејсбук: „Ако ја читате оваа објава…“
Сопственикот на апликацијата „Икс“ Илон Маск, се потсмеваше на својот профил поради неуспехот на Фејсбук и Инстаграм.
По цел ден корисници на Фејсбук, Месинџер и Инстаграм се жалеа дека не можат да пристапат до нивните сметки, медиумите објавија дека има дефект и дека не се знае кога ќе биде отстранет.
If you’re reading this post, it’s because our servers are working
— Elon Musk (@elonmusk) March 5, 2024
Поради оваа вест и прашањето на многумина, што всушност се случува, се огласи Илон Маск, сопственикот на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер), на кого корисниците на оваа мрежа масовно му поставуваа прашања за падот на апликациите на Мета.
— Elon Musk (@elonmusk) March 5, 2024
„Ако ја читате оваа објава, тоа е затоа што нашите сервери работат“, напиша Маск на својот „Икс“ профил.