Контакт

Hitech

Нова долна облека штити од зрачењето на мобилните

Објавено пред

Британска компанија произведе нова долна облека за мажи со „заштита од зрачењето на мобилните телефони“ кои стравуваат дека поради тоа ќе ја загубат плодноста.

dobivaj vesti na viber

Новата долна облека е намената во прв ред за мажите кои ги држат своите мобилни телефони во џебовите од панталоните, и веруваат во тврдењата дека зрачењето од мобилните може да предизвика неплодност кај мажите.

Така, овие гаќи дизајнирани од британскиот научник и претприемач Џозеф Перкинс се исткаени со сребрена мрежа за заштита на спермата од зрачењето коешто го емитуваат Wi-Fi уредите. Тој тврди дека неговиот производ наречен Wireless Armour, запира 99,9 отсто од наводното штетно електромагнетно зрачење (EMR) од паметните телефони, лаптоп компјутерите…

„Користењето на лаптопот и таблетот ме натера да размислувам за последиците од електромагнетното зрачење врз човековиот организам. Тоа ме поттикна да направам одредени истражувања и да читам литература на оваа тема“, вели Перкинс за списанието Dezeen.

Објаснува дека електричната спроводливост на металот го растура зрачењето и дејствува како непробојна заштита. Додава дека секој метал проводник може да се користи, но дека го избрал среброто пред бакарот поради тоа што тоа може да добие зелена боја при контакт со водата.

Сочинувајќи околу 35 отсто од ткаенината, среброто, исто така, го зајакнува материјалот и му дава издржливост. Перкинс појаснува дека сребрените влакна имаат и антимикробни својства, и го спречуваат ширењето на бактериите и другите микроорганизми кои предизвикуваат непријатни миризби. Тоа, на пример, го користи британската компанија „Shreddies“ којашто, исто така, дизајнира долна облека, пижами и фармерки кои наводно го спречуваат ширењето непријатна миризба откако оној што ги носи „ќе испушти гас“.

Перкинс минал една година во истражувањето и развојот пред да го лансира својот производ на пазарот. Неговите тестови покажале дека ткн RadiaTex ткаенината штити ткн од 99,9 отсто од зрачењето што се емитира меѓу 100MHz до 2.6GHz, кое ги опфаќа Wi-Fi и 4G сигналите./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Hitech

Шефот на „Епл“ најави нов производ: „Запознајте го новиот член на семејството“

Објавено пред

Извршниот директор на „Епл“ откри дека технолошкиот гигант набргу ќе претстави нов уред. Обично треба да почекаме до пролет за да ги слушнеме големите најави на „Епл“, но изгледа дека тие доаѓаат порано овој пат.

dobivaj vesti na viber

Исто така, се чини дека нешто сосема ново се појавува на хоризонтот.

Според Тим Кук, шефот на „Епл“, најновиот член на семејството на „Епл“ пристигнува в среда, 19 февруари. Тој објави видео на „Икс“ со холографско лого на „Епл“ со натпис: „Подгответе се да го запознаете најновиот член на семејството. Среда, 19 февруари. #AppleLaunch“.

Иако не откри за каков уред станува збор, се појавија шпекулации дека тоа би можело да биде ажурирана верзија на серијата iPhone SE. Иако тоа е само шпекулација, сѐ почна со изјавата на Марк Гурман, кој сугерира дека може да се појави iPhone SE 4 – и има добар аргумент за тоа.

Пишувајќи за „Блумберг“, Гурман рече: „iPhone SE 4 ќе го модернизира моделот со пониска цена за да поттикне раст и да ги привлече корисниците да се префрлат од други брендови на ‘Епл’“.

Тој тврди дека информацијата му била пренесена од луѓе што побарале да останат анонимни бидејќи објавувањето на „Епл“ е приватно.

Но, тоа не е сѐ бидејќи тој исто така верува дека во 2025 година ќе бидат претставени и други производи, вклучувајќи MacBook со чип M4 и надградби на моделите iPad Air, како и уредите на Apple Watch и новите модели на iPhone.

Луѓето на „Икс“ ја коментираат објавата на Тим Кук очајно барајќи трага.

Некој праша: „Можете ли да ни дадете поконкретни информации?“, „Едвај чекам да видам што е тоа!“, напишал друг корисник, а трет коментирал: „Возбудливо! Можеби е Apple Vision? Изгледа ќе треба да почекаме до 19 февруари за да дознаеме“.

Прикажи повеќе...

Hitech

Вештачката интелигенција покажува како ќе изгледаат луѓето за 1.000 години

Објавено пред

Науката никогаш не престанува да ги поместува границите, а сега, со помош на вештачката интелигенција, понуден е поглед во иднината кој го зачуди светот. Иако сме навикнати да гледаме футуристички филмови кои прикажуваат како би можело да изгледа човештвото во далечната иднина, сега имаме конкретни визуелни претстави кои се засноваат на научни претпоставки.

dobivaj vesti na viber

Вештачката интелигенција, користејќи Google ImageFX и предвидувања од водечките научници, создаде слики кои покажуваат како би можеле да изгледаат луѓето за 1.000 години, а резултатите предизвикаа многу контроверзии. Експертите веруваат дека неколку клучни фактори ќе влијаат на еволуцијата на човечката раса: технолошкиот напредок, климатските промени, мешањето на населението и можноста за живот во вселената.

  • Како ќе се променат луѓето за 1.000 години?
    Пониска височина
  • Потемна кожа
  • Повеќе изедначени црти на лицето
  • Помалку генетска разновидност
  • Поголема технолошка интеграција
  • Помал мозок
  • Пониски стапки на промени во расположението
  • Потенцијална адаптација за живот во вселената

Луѓето ќе станат пониски
Професорот Марк Томас, генетичар на Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL), истакна дека постои можност луѓето во иднина да станат пониски. Тој објаснува дека раниот пубертет и помалата висина може да се поврзани, па ако луѓето кои порано созреваат имаат повеќе деца, таквите гени би можеле да станат доминантни кај популацијата.

Луѓето ќе станат попривлечни.
Научниците веруваат дека во следните 1.000 години би можело да дојде до промени во особините кои се сметаат за привлечни.

„Влегуваме во свет во кој жените ги избираат и ќе избираат мажи што им се допаѓаат – дали за интелигенцијата, успехот, физичкиот изглед или мускулестото тело. Како што расте женската селекција, се очекува овие особини да се зголемуваат“. Долгорочно, ова може да доведе до тоа просечниот човек да стане „малку поубав отколку што е денес“, вели професорот Томас.

Потемна кожа и порамномерен изглед
Се очекуваат големи промени и во однос на етничката различност. Научниците предвидуваат дека луѓето во иднина ќе имаат потемна кожа и порамномерни црти на лицето, бидејќи етничките групи се повеќе се мешаат. Д-р Џејсон Хоџсон, предавач по биоинформатика на Универзитетот Англиа Раскин, рече: „Една од работите што би можеле да ги видиме во иднина е рушење на границите меѓу популациите. Ако продолжат сегашните трендови, ќе видиме помала генетска структура на популациите“.

Технолошки подобрувања
Генетската модификација би можела да стане клучен фактор во еволуцијата. Д-р Хоџсон објаснува: „Ние веќе ја имаме технологијата за да овозможиме прецизно уредување на гени со помош на алатката CRISPR-Cas9“. Некои футуристи веруваат дека идните генерации ќе можат да селектираат специфични генетски особини – како што е поголема отпорност на УВ зрачење или подобрена физичка издржливост.

Смалување на мозокот!
Научниците предвидуваат и намалување на човечкиот мозок поради зависноста од технологијата. Професорот Роберт Брукс од Универзитетот во Нов Јужен Велс тврди дека компјутерите преземаат повеќе задачи, што ја прави предноста на поголем мозок помалку изразена. Д-р Николас Лонгрич, палеонтолог од Универзитетот во Бат, ги споредува луѓето со „самообучени мајмуни“, сугерирајќи дека тие би можеле да станат помалку когнитивно независни.

Еволуција за живот во вселената
Ако луѓето еден ден ја колонизираат вселената, би можеле да развијат сосема нова форма на телото. На планетите со мала гравитација, луѓето би можеле да станат повисоки, да имаат подолги раце и поголеми очи. НАСА веќе евидентира дека астронаутите растат за 3% за време на нивното време во вселената поради истегнување на ‘рбетот. Доколку дел од човештвото трајно се насели на Марс, не е исклучено тој да еволуира во нов вид – различен од луѓето на Земјата.

Иако е невозможно со сигурност да се предвиди како ќе изгледа човештвото за 1.000 години, едно е сигурно – еволуцијата не запира. Со брзиот технолошки напредок и промени во општеството, светот на иднината може да изгледа сосема поинаков од она што можеме да го замислиме денес.

Прикажи повеќе...

Hitech

(Видео) Најследената Хрватка на „Тик-ток“ плачеше поради забраната во Америка: „Губам пријатели“

Објавено пред

Мирта Милер, најследената Хрватка на „Тик ток“ со повеќе од 18 милиони следбеници, проговори за забраната на платформата во Америка. Оваа одлука ја растажи и се расплака на видеото.

dobivaj vesti na viber
@mimiermakeup

fyi: I’m in Europe and I’m staying 🧚🏻 love you American besties and see you soon! For the rest of us, in the clurb we all fam

♬ original sound – Mirta Miler

„Мразам да плачам на интернет. Луѓето кои ме познаваат знаат дека никогаш не плачам. Но, за мене, оваа забрана за „Тик ток“ во Америка значи дека губам пријатели. Навистина никогаш не сум ги гледала луѓето кои ме следат како само следбеници, не ги гледам како бројки, туку како заедница“.

„Јас, како некој од Хрватска, мала земја, добив можност да разговарам со сите вас во Америка и да ги создадам сите овие спомени. Ме видовте како пораснав, видовте многу од мојот живот. Нема да ти кажам каде да ме следите, навистина не ми е гајле за бројки, се грижам за тебе како личност и сега ќе те изгубам. Ќе ја изгубам нашата врска и тоа е многу болно за мене“, рече таа во видеото објавено на „Тик ток“.

Таа на своите следбеници од целиот свет им кажа дека ги сака, но дека има многу пријатели од Америка на „Тик ток“.

„Тука првпат станав вирална. Навистина сакам да ви се заблагодарам од се срце, тоа многу ми значи“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Кривична пријава за 10 лица: Поранешен директор и затворски полицајци обвинети за бегство на осудени лица

На 24.02.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против десет лица...

Македонија3 часа

Јас имам два сина и знам колку троши 4-члено семејство: Димитриеска-Кочоска со навреди до Петровска

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска ја навреди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, велејќи дека нема право да зборува за...

Македонија6 часа

Мицкоски: Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во Обвинителството и браник на минатата власт, друго не видовме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратеничка прашања истакна дека на јавниот обвинител Љупчо Коцевски му...

Македонија7 часа

„Во Стоматолошката комора владее целосен тоталитаризам и самоволие“: Стоматолозите бараат оставка од Денковски

Стоматолозите се загрижени за актуелните случувања во Стоматолошката комора на Македонија под водство на Маријан Денковски. Неговите одлуки и политики,...

Македонија8 часа

Трајановски не може да даде оставка оти е разрешен пред три месеци, велат од Град Скопје

Александар Трајановски не ја извршува функцијата заменик-градоначалник на град Скопје повеќе од три месеци, тврди Град Скопје. Оттука, како што...

Македонија9 часа

МНР: Амбасадорите се известени, Сиљановска ќе го потпише указот за нивното отповикување

Министерството за надворешни работи ја појасни постапката за отповикување на амбасадорите. Од тука информираа дека се во редовна и континуирана комуникација...

Македонија9 часа

Наредено уништување на 1.980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо од Полска

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведниот вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1.980...

Македонија10 часа

Отповикани осум амбасадори, кои беа назначени од Стево Пендаровски

Повлечени се осум амбасадори, кои беа назначени од поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски. Отповикани се амбасадорите Мето Белески –...

Македонија10 часа

Голема полициска акција, претреси на повеќе локации во Скопје

Затворски полицајци и дел од поранешното раководство на затворот во Шуто Оризари се под истрага за злоупотреби. Обвинителството потврди дека...

Топ11 часа

(Фото) Откриена и одземена поголема количина прехранбени производи во близина на Танушевци

На 25.02.2025 во 14.30 часот во близина на село Танушевци, скопско, при преземање мерки и активности, полициски службеници од Полициската...

Топ11 часа

Двајца 14-годишни малолетници од Скопје испраќале лажни закани за бомби во училишта

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното...

Европа13 часа

Стармер: Сè уште сме во разговори за евентуално испраќање британски војници во Украина

Британскиот премиер Кир Стармер повторно повика на американска безбедносна гаранција за Украина за да спречи нов руски напад додека се...

Свет14 часа

Хамас предаде четири тела на израелски заложници во замена за палестински затвореници

Хамас ги предаде телата на четворица израелски заложници во ноќна размена на палестински затвореници, објави „Ројтерс“. Израел прими четири тела,...

Свет14 часа

Северна Кореја испраќа повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Северна Кореја распореди дополнителни сили во Русија, но големината на контингентот се уште не е позната, објавија утрово јужнокорејските медиуми,...

Свет14 часа

Трамп: Украина може да заборави на влезот во НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на седницата на американската влада, дека Украина „може да заборави“ на влезот во...

Македонија23 часа

Спасен повреден чешки планинар на Шар Планина

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово информира дека денеска во 16.42 часот на Единствениот повикувачки број 112 на...

Свет1 ден

Трамп: Можно е да нема мировен договор меѓу Украина и Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска по првиот состанок на неговиот кабинет изјави дека постои можност да не биде постигнат мировен...

Свет1 ден

Зеленски му порача на Трамп: Нема да вратиме ниту 10 центи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека се надева оти првичниот договор за минерали со Соединетите Американски Држави ќе доведе до...

Македонија1 ден

Најсовесно и чесно ја извршував функцијата, не чувствувам ниту морална ниту професионална одговорност за да поднесам оставка, вели Чачарова- Илиевска

Тања Чачрова-Илиевска не чувствува одговорност за да поднесе оставка, како што очекува премиерот Христијан Мицкоски по поднесената интерпелација за членови...

Македонија1 ден

Антикорупциската комисија парично казни повеќе поранешени и актуелни функционери, меѓу нив Груби, Меџити, Крмов

Антикорупциската комисија достави информации за имињата на 86 поранешни и актуелни носители на јавни функции, кои се казнети со глоба...