Hitech
Почнува “Global Game Jam” во Скопје и Битола
Третиот по ред “Global Game Jam”, ќе се одржи од 23 до 25 јануари во Скопје и Битола.
Станува збор за интернационален настан за креирање на дигитални игри, којшто се одржува еднаш годишно, симултано на голем број локации низ целиот свет. “Global Game Jam” е 48 часовен маратон, во кој учесниците развиваат игри за иста тема, зададена на почетокот на настанот.
Во Македонија, креативците ќе можат да учествуваат во настанот со правење на игри на две локации, првата е во Seavus едукативниот центар во Скопје, а другата е во Бизнис Академија Смилевски во Битола.
Годинешниот натпревар за правење на игри ќе биде досега најголем во Македонија не само по бројот на учесниците, туку и по наградите. Двете локации ќе бидат отворени 48 часа нон-стоп. За учество во “Global Game Jam” Македонија, заинтересираните треба претходно да се регистрираат за да можат да се приклучат на тим којшто ќе изработува игри. На самиот крај од маратонот, секој тим поединечно ќе ја презентира играта пред публика, при што ќе можат да добијат награда.
Се очекува на „Global Game Jam” Македонија 2015 да се пријават 400 учесника на двете локации во Скопје и Битола. Од десегашното искуство, во „Global Game Jam” Македонија учествуваат професионалци и студенти, коишто се високомотивирани, тренд сетери и идни лидери во ИТ индустријата. Истовремено, станува збор за млади и амбициозни луѓе, кои се почитувани членови на он-лајн заедницата во Македонија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
(Видео) 7 милиони прегледи: Мајкрософт објави снимка со вештачка интелигенција на Мона Лиза како рапува
Мајкрософт ја претстави новата технологија за вештачка интелигенција наречена VASA-1, која може да комбинира фотографија и аудио клип и да генерира реални видеа.
Тие ја претставија новата технологија со видео на кое Мона Лиза рапува на песната Папараци, но ова не е хит на Лејди Гага, туку рап песна што Ен Хатавеј ја напиша и изведе во ток-шоуто на Конан О’Брајан во 2011 година.
Microsoft just dropped VASA-1.
This AI can make single image sing and talk from audio reference expressively. Similar to EMO from Alibaba
10 wild examples:
1. Mona Lisa rapping Paparazzi pic.twitter.com/LSGF3mMVnD
— Min Choi (@minchoi) April 18, 2024
Видеото набрзо стана вирално и беше прегледано повеќе од 7,1 милиони пати на само еден профил на „Икс“.
„Ова е толку смешно, плачев од смеење“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“, „Кога би можел Да Винчи да го види ова“, се дел од коментарите.
Hitech
Во Кина побарувачката за мобилни телефони на „Епл“ значително се намали, продажбата на „Хуавеј“ скокна за 70 отсто
Испораките на мобилни телефони на „Епл“ во Кина паднаа 19 отсто во првиот квартал, што ја одразува заканата за доминантната позиција на американскиот гигант во повисокиот сегмент по враќањето на „Хуавеј“ на пазарот, покажуваат податоците на пазарот. Уделот на „Епл“ на најголемиот пазар на паметни телефони во светот падна на 15,7 отсто во првиот квартал, од 19,7 отсто на почетокот на 2023 година. Ова го доведе американскиот гигант речиси на исто ниво со „Хуавеј“, чија продажба скокна 70 отсто, според истражувачката компанија Counterpoint.
„Виво“ ја презеде круната на „Епл“ како најголем продавач на паметни телефони во Кина. Американската компанија падна на третото место, зад „Хонор“, бренд на подостапни уреди. На четврто место е „Хуавеј“, чиј пазарен удел скокна од минатогодишните девет на 15,5 отсто.
„Враќањето на „Хуавеј“ на пазарот директно влијаеше на „Епл“ во премиум-сегментот. Треба да се додаде дека побарувачката за нови мобилни телефони на „Епл“ за замена на постарите модели беше малку придушена во споредба со претходните години“, рече аналитичарот на Counterpoint, Иван Лам, во соопштението за печатот.
Во меѓувреме, „Епл“ почна промотивни кампањи обидувајќи се да ги привлече потрошувачите со попусти, вклучувајќи субвенционирање одредени модели на „Ајфон“ до 1.300 јуани (168,29 евра).
Минатата недела „Хуавеј“ ѝ ја претстави на јавноста новата серија смартфони Pura 70. Во август минатата година, по долга пауза, ја лансираа серијата Mate 60, која некои аналитичари ја протолкуваа како триумф над американските санкции, врз основа на софистицирано домашно производство на чип.
Канадската истражувачка компанија TechInsights очекува Кинезите да купат повеќе од 50 милиони мобилни телефони оваа година, вклучително и 10 милиони од Huawei Pura 70. Тоа ќе го стави „Хуавеј“ на прво место, со пазарен удел од 19 отсто, што е повеќе од 12 отсто минатата година.
Во првиот квартал кинескиот пазар на паметни телефони порасна 1,5 отсто продолжувајќи го позитивниот тренд од крајот на 2023 година, според Counterpoint.
Hitech
„Воцап“ воведе суптилна промена, корисниците во светот бесни
Со оглед на тоа дека има две милијарди активни корисници, слободно може да се каже дека „Воцап“ е една од најпопуларните апликации во светот. Но, многумина останаа бесни по новата суптилна промена воведена во платформата за пораки.
Наместо „онлајн“ и „пишува“, зборовите што вообичаено се појавуваат под имињата на луѓето во вашите разговори, сега има големи почетни букви на тие зборови. Иако ова звучи како мала промена, корисниците во светот воопшто не се задоволни поради тоа и се жалат на социјалните мрежи.
The word “online” was capitalized on @WhatsApp this week. Tell me why this is bothering me so much 🫠 pic.twitter.com/SfYqw0JdQ9
— Rebecca Franks (@riggaroo) April 13, 2024
„Дали на некој друг му пречи што наместо ‘онлајн’ и ‘пишува’, ‘Воцап’ сега исфрла големи букви?“, „Ова страшно ме нервира, ме болат очите кога го гледам“, „Воопшто не е некоја промена, но мене ми е неверојатно иритирачки“, пишуваат тие на „Икс“.
@isabellemariewa Wieso schreibt ihr das auf ein mal groß Whatsapp? Ich habe Fragen #fyp #whatsapp #relatable #foryou ♬ Originalton – Isabelle Marie
За жал, се чини дека промената ќе остане, без достапна опција во поставките за враќање на претходната верзија. Меѓутоа, ако новите големи букви навистина ве излудуваат, ќе бидете среќни кога ќе слушнете дека постои лесен начин за решавање. Сè уште има мали букви на WhatsApp Web.
@oicaramba Did whatsapp always capitalize the first letter of “typing” and “online”? #fyp ♬ original sound – oicaramba
@sophiepetrucciohall #whatappstatus #whatsapp anyone else noticed? #fyp #mybrain ♬ оригинальный звук – •🎧🎤•