Hitech
Самоуправувачкиот автомобил на Google во сообраќајка со настрадани

Автоматскиот самоуправувачки автомобил „Lexus SUV Google“, ја доживеа првата сообраќајна несреќа со повредени, откако одзади бил удрен од друго возило, објави на својот блог челникот на одделот за самоуправувачки возила на Google, Крис Урмсон.
Автоматскиот самоуправувачки автомобил „Lexus SUV Google“, ја доживеа првата сообраќајна несреќа со повредени, откако одзади бил удрен од друго возило, објави на својот блог челникот на одделот за самоуправувачки возила на Google, Крис Урмсон.
Во судирот тројцата вработени во компанијата, кои биле во автомобилот и го следеле движењето на пробното возило, се здобиле со полесни повреди. Повреден полесно бил и возачот на возилото кое се удрило во „Lexus SUV Google“, беше објавено во петокот.
Според Урмсон, станува збор за 14-ти инцидент во последните шест години и по речиси 1,9 милиони милји мината на тестирањето, но ниту еднаш причинител на инцидент не било возилото на Google. Единствениот случај кога самоодното возило удрило во автомобил кој се движел пред него, се случил која возилото не било ставено во режим на автопилот, туку со него управувал вработен во компанијата.
„Најверојатно, возачот го загубил вниманието и не го гледал патот. За среќа, сé е во ред, освен неколкуте гребаници на нашиот браник. Другиот автомобил имаше помалку среќа, неговиот браник целосно отпадна“, пишува во објавата на Урмсон./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech
Познатиот онлајн форум падна: корисниците ширум светот пријавија прекин

Интернет форумот Редит денеска „падна“, оставајќи илјадници корисници ширум светот без пристап.
На својата страница со статус, Редит соопшти дека истражува зголемен број грешки на страницата и апликацијата.
Според податоците од веб-страницата Downdetector, која ги следи прекините со собирање извештаи од различни извори, повеќе од 112.400 корисници пријавиле дека платформата била прекината во 11:39 часот по источно време.
Повеќето корисници пријавија проблеми со апликацијата, но потешкотии беа забележани и на самата веб-страница.
Се чини дека форумот оттогаш стана повторно достапен, иако не беше дадено објаснување за прекинот.
Hitech
Прекин на WhatsApp: корисниците ширум светот пријавуваат проблеми

Популарната апликација за пораки WhatsApp денеска се соочи со сериозен прекин, оставајќи илјадници корисници оневозможени да се поврзат, да испраќаат пораки или да остваруваат повици, и преку мобилната апликација и преку веб-верзијата.
Социјалните мрежи се преплавени со извештаи за корисници кои пријавиле тешкотии со WhatsApp. Најчесто се пријавуваат проблеми со испраќање пораки, неуспешно воспоставување врска, како и нефункционални повици.
Според веб-страницата Downdetector, која го следи статусот на дигиталните услуги, забележано е нагло зголемување на поплаките од корисниците.
На глобално ниво, околу 1.000 корисници пријавиле проблеми – 91% од нив навеле тешкотии со испраќање пораки, 6% со функционирањето на самата апликација, додека 3% од корисниците изјавиле дека не можат да примаат пораки.
Компанијата Мета, која е сопственик на WhatsApp, се уште нема објавено официјално соопштение во врска со суспензијата на услугата.
Hitech
(Видео) Илон Маск: За пет години ќе можете да купите 18+ роботи

Илон Маск се појави на поткастот на Џо Роган и се претстави како десна рака на Доналд Трамп и шеф на иницијативата DOGE (Одделот за владина ефикасност).
Една од темите беше вештачката интелигенција, а фокусот беше на неговата програма за вештачка интелигенција позната како „Грок“, до која луѓето може да пристапат преку „Икс“.
Роган се пошегува дека „Грок“ има валкан режим на разговор од 18+ и непресметлив режим нарекувајќи го многу чуден. Маск зборуваше и за можностите за развој на секс-роботи предвидувајќи го нивното доаѓање на пазарот за помалку од пет години. „Тоа е валкана вештачка интелигенција и тоа е вистински проблем“, се пошегува Роган додавајќи: „Тоа е чудно време и со вашата луда вештачка интелигенција нè туркате во сè почудни ситуации“.
„Набргу вакви роботи ќе се најдат на отворен пазар, во продавници“, повтори Маск. „Дали ќе бидат топли?“, го прашал Роган, на што Маск одговорил: „Веројатно ќе имаш што сакаш“.